Search This Blog

Loading...

Friday, June 29, 2012

Разно


Јустинијан се родил во Илирик (грчко?! Име за северозападен Балкан, ИЛ-ЕЛ-бог , ЕЛАДА= ИЛИРИКА).Јустинијан всушност „Истинијан„ со мала промена на читањето на првите букви,веројатно додадено (у) а всушност латинскотo В=V се читало како в и како у, како ти одговара.Значи всушност „Вистинијан„.Flavius Petrus Sabbatius Iustinianus Augustus .Флавиус-е всушност Плавиус (светлокос,со жолта коса) Петрус-Камен,Саватиус-Сабатиус-Саботар, Вистинијан Август(Величествен).


Од натписот се чита:И -ФИ- ПЕТР -САББАТ -ИВСТИНИАН -ВИ со цртичка од горе(значи читај како број (ВИ=6)

+MVNERAPAR VA QVIDEMPRE TIO SEDHONO RIB AI(L)MA-+



Кој нормален може да поверува дека Петар Савов можел да зборува само „латински„? Јазик мртов веќе 200-300 години?Простиот војник, дивиот Словен- Вистинијан знаел само „латински„ ? Да,ако „латинскиот„ е дијалект на „словенскиот„,никако поинаку.

И за кого Вистинијан го издал Digesta(50 книги прочистени „антички закони„ за кои на 100 искусни правници би им требало 80 години да ги средат правните кодекси на 39 „антички автори„,се разбира,Вистинијан не се женирал -го направил тоа за 3 години.Единствениот „кодекс„ на овие закони е Литера Флорентина,кој „наеднаш„ се појавил наводно во 11-12 век,јас би рекол и подоцна )  на латински ?За своите диви сонародници?На мртов јазик?Со каква цел некој пишува закони на мртов јазик?За да не ги почитуваат оние за кои се наменети?Официјалната историја тврди дека Готите го прифатиле „латинскиот„ јазик. Како може див милионски народ да се научи да зборува на мртов јазик?Во школо?А кој им предавал? Античките римјани?Официјалната историја признава дека многу словенски народи ја ползуваат латиницата како свое писмо-тоа е факт. Но разликата меѓу официјалното појавување на Словените во Европа и крајот на „италијанскиот Рим„ е 200-300 односно 500-700 години.За да се надмине овој јаз измислен е Лацио-Латини,народ на кој официјалната историја не се ни осмелила да му создаде историја .Тоа е народ со комплетно митско потекло.Енеј дошол од Троја во 12 век ПНЕ ....бла бла бла.Читај за Латинус.

Кобожем во „антички „ Константинопол постоеле трки со кочии во кои биле впрегнати по 4 коњи-популарната квадрига (денес и пред нашето собрание,ох леле бре,кочија во тоа време не можело да има зашто во „антиката „не знаеле за тркало а камо ли за кола ).Најпопуларни „тимови„ на тркачи биле :Зелените (Прасини),Црвените(Русати),Белите (Алби или Албати),Сините (Венета ,Венети,Цoруле-Царле -coeruleus).
Наводно боите биле според 4те годишни времиња(Колку биле романтични ,бре)

Случајно да не биле тимовите поделени по племиња ?Особено се мразеле „Сините„ Венети(Словени?Царини,Цареви? ) со Зелените, Прасини (Рашани?ПРС-Персијанци-Турци?Во турско христијаните не смееле да носат зелено).Русати – Руси?, Алби-Албанци,хих?Готи нема?Па ова нели биле божем и првите „политички„ партии во Константинопол. Партии според годишните времиња направиле дури и граѓанска војна?Може(нот).


Зелените биле божем приврзаници на бившиот император Анастасиј (по потекло од Драч-Илир) а Венетите на ортодоксниот во верата Вистинијан (нели е очигледно).Во времето на „законодавецот„Вистинијан,-Сините носеле варварска облека ( широки одори со тесни ракави,многу ренесансно), имале долги коси како Хуните и ги малтретирале Зелените кај ќе стигнат.Силувале,пљачкале,убивале.



Вистинијан им велел на  Зелените вака.„Ќутете бре вие „Евреи,Самаританци,Манихејци„?„Што не кажал просто -Турци ем неверници?


Во времето на Кирил и Методиј главната борба била меѓу латинскиот и грчкиот.Императорот Михаил трети латинскиот го нарекол „варварски и скитски (готски) ? јазик„ во писмото до папата Никола (858-867)-„ а папата му пишал да се откаже од името „Римски император„ и да ја исфрли службата на „латински„ јазик од Константинопол. Затоа па немало проблем за Кирил и Методиј да дојдат на гости кај папата Никола и да проповедаат на „славјански„.
(На чудата крај им нема)
Ватикан го сочувал само одговорот на папата кон Михаил.А значи „латинскиот„ бил „варварски,скитски-готски„ јазик?А каков им бил мајчиниот јазик на Готите?Онаков „латински„ како „латинскиот„ на Јустинијан?Да не е тој јазик „славјански„ ?


Исидор од Севиља,Хроника

115. Justinian 527-565 ruled for thirty-nine years. Receiving the heresy of the Acephali, he compelled every bishop in his kingdom to condemn the three chapters of the Council of Chalcedon. In Alexandria, the Theodosian and Gaianan heresies appeared. In Spain the Roman "miles" was invaded by the tyrant Athanagild. The patricius Belisarius triumphed wonderfully over the Persians. From there he was sent by Justinian to Africa and destroyed the people of the Vandals. Also in Italy, Totila, king of the Ostrogoths, was overcome by Narses, the Roman patricius. At the same time, the body of St. Anthony the monk, discovered by divine revelation, was taken to Alexandria and buried in the church of St. John the Baptist.
116. Justin 565-578 the younger ruled for eleven years. He destroyed those who had spoken out against the Synod of Chalcedon and ordered the effigy of the 150 fathers to be burned by the people in the time of sacrifice. The Armenians first received the faith of Christ at that time. The Gepids were extinguished by the Lombards. At the same time Martin, bishop of Braga in Galicia, was regarded as illustrious in prudence and the teaching of the Catholic faith. The patricius Narses, after he had overcome King Totila of the Goths in Italy in the time of the Augustus Justinian, was frightened by the threats of the empress Sophia, wife of Justin, and so invited the Lombards from Pannonia and introduced them into Italy. At that time Leovigild, king of the Goths, brought back, under the power of his kingdom, certain regions of Spain that were rebelling against him.
117. Tiberius 574-582. ruled for seven years. The Lombards, expelled by the Romans, entered Italy. The Goths were divided into two by Hermenegild, son of King Leovigild, and they were devastated with mutual slaughter.
118. Maurice 582 -602. ruled for twenty-one years. The Suevi, held by King Leovigild, were subjected by the Goths. The Goths were also converted to the Catholic faith, having been summoned by that most religious prince, Reccared. The Avars, fighting against the Romans, were defeated more by gold than by iron. Thrace was seized by the Huns. At this time, Leander excelled in the teaching of the faith and the sciences for the conversion of the Gothic people in Spain.
119. Phocas  602 -610 ruled for eight years. Made emperor as the result of a military revolt, he killed the emperor Maurice and many of the nobles. In his time the Prasini and the Veneti waged civil war throughout the east and Egypt and prostrated themselves with mutual slaughter. In addition, very grave battles were fought against the republic of the Persians, in which the Romans were forcefully beaten and lost many provinces up to the Euphrates River as well as, they say, Jerusalem.
120. Heraclius 610 -641 has completed five years of his imperial rule. At the beginning, the Slavs took Greece from the Romans; the Persians took Syria, Egypt, and many provinces. Also in Spain, Sisebut, king of the Goths, took certain cities from the same Roman "militia" and converted the Jews subject to his kingdom to the faith of Christ.
121. 5,814 years have passed from the beginning of the world to the present era 654 [616 AD], that is, to the fifth year of the imperium of Heraclius and the fourth of the most glorious prince Sisebut.
122. The time remaining for the world cannot be ascertained by human investigation. Our Lord Jesus Christ forestalled every question about this matter when he said: "It is not for you to know times or the moment which the Father has fixed by his own authority." And elsewhere: "But of that day," he said, "and that hour no one knows, not even the angels of heaven, but the Father only." Each one, then, should think about his own passing, as holy scripture says: "In all works, be mindful of the most recent." When, therefore, any one passes away that moment is the end of his world.

 Очигледен пример дека историјата е копирана и продолжувана наназад.Римскиот Император Јулијан 4 век НЕ и Јулиј Цезар.Сијамски близнаци поделени на пола.Обајцата војувале во Галија ,обајцата имале другар -соборец Салуст(иус).„Преведувачите„ на историјата во француските и италијанските манастири го испратиле Јулијан да војува на Североистокот на Франција.Кога се ослободил императорскиот трон Јулијан измарширал со армијата во Константинопол(?!) на 2500 км ( авионска линија- по земја околу 3000) .По планини Алпи,Балкани и реки: Дунав,Рајна.Теоретски по авионска линија Јулијан да прошол по 25 км на ден тоа се 100 дена.Имено,со цела армија а не сам на коњ па да јури 100 км на саат.Без армија нема да те познаат дека ти си тој што треба да седне на тронот.Значи сите претенденти на престолот го чекале Јулијана 3-6 месеци да дојде од Франција?Да не војувал Јулијан во Галатија а не во Галија ?Галатија е провинција во Мала Азија.Ви текнува на скулптурата „Ранетиот Галат„?(Galata Morente)Насекаде пишува дека тоа вил „Ранетиот Гал„.А што е вистината?Луѓето не прават разлика.А меѓу Галите и Галатите има божем 2500 километри-авионски.Од каде таква небрежност или глупост?Или се е намерно?









 Јулијан од официјалната западна историја е наречен Отстапник а тој го поддржувал едиктот на Константин за рамноправност на религиите (но не им давал на Христијаните да кршат скулптури и да убиваат свештеници-пагани).
Официјалната историја не се осмелила да му смисли детство и младост на Јулиј Цезар а на Јулијан му е одземена зрелоста.Поделено пола-пола?
И во Библијата се опишани некои Галати.Пред нивни очи Исус бил распнат на крст.Војна со Галатите во 4 век НЕ?Значи римската империја не владеела со цел познат свет,дури ни со Мала Азија не владеела целосно?А постоела ли „римска империја„ воопшто?

Мотивот е создавање голема европска античка историја.Древност.На смешен начин за нас- денешните луѓе.Од каде боеви слонови во Северна Африка?Од Африка и Индија.Но проблемот е што африканските слонови тешко се тренираат за борба.На гравурите за походот на Ханибал кон Рим има слонови со мали ушиња.Тоа се индиски слонови.Како ги доставиле до Картагина?Би умреле по пат низ пустина.Најмногу слонови употребувала Персија.Грците немале слонови,Египќаните немале а Картагињаните имале?Ханибал го напаѓа Рим а главната борба е во Иберија (Шпанија).Ако италијанскиот Рим всушност е Константинопол веќе е полесно.Борбите се водат во Иверија ,походот на Ханибал е околу Црно Море(како Дариј) за стратешки важниот премин преку Кавказ.Откако не го завзел Рим Ханибал божем оди на Југ на Италија и еден од градовите кои ги минал е Помпеи.Град Помпеи имало и на сред Мизија (исто половината пропаднал заедно со жителите) а и во Пафлагонија.Уништувањето на Помпеи-за кој град всушност станувало збор?А на кое место Ханибал преминал од Африка во Европа?И како?На едно место пишува дека немал флота, на друго имал 60 кораби, 5- палубни . Корабите во 3-4 век собирале максимум 80 луѓе.50 х 80 = 4000, 80 х 80 = 6400 луѓе.А во 2 век ПНЕ? Римските триреми наводно собирале до 200 луѓе а Ханибал имал 58 слонови.како ги кажиле како ги превезле со брод на 5 палуби.ЧУдо.Брод со 5 палуби 5Х3=15 -20 м висок?Кој веслал од најгорната палуба?Во битката кај Кана не се спомнати слонови.Им заостанале по пат?Ај да речеме слоновите ги преминале Алпите.А Пиринеите(должина 450 км ,висина 3404 м)?Ги скокнале?


Хамил-кар,Хани-бал .Завршетокот на името често се среќава кај персиските цареви.И по поразот Ханибал бега во Персија.Мајка му ја бара таму?


„Дионисиј Халикарнаски„ тврди дека во 500 г ПНЕ двата брата Тарквинии направиле заговор против Рим и за награда добиле 20000 драхми сребро.Како тоа?Римјаните имале персиска валута?Имало надворешна трговија и девизен пазар?Од каде им персиска валута?Што извезувал Рим во Персија во 6 век ПНЕ?Златните драхми се чеканеле во Персија,сребрените ги чеканеле сатрапите во своите сатрапии.Божем во 519-512 г ПНЕ персиецот Дариј ја освоил Тракија и Македонија,во 499-494 имало востание против Персијците во Јонија,Милет,Атина,Еритреја.Значи заговорот да не бил во Константинопол а не во италијанскиот Рим?


Тарквин ТРКВН-ТУРКВЕН?


Lucius Tarquinius Priscus Tarquin I -(етрускин )петти крал на Рим 616-579 ПНЕ.Дошол во Рим со кочија (леле бре) орел му ја грабнал капата па му ја вратил на глава.LivyAb urbe condita 

Словените се појавиле наеднаш на огромна територија:Панонија,Моравија,Дакија,цел Балкан,Тракија Мизија,Македонија,Тесалија,Ахаја,Епир,Константинопол,Илирик,јужниот брег на Јонско море,Киклади,дел од Азија,со еден збор- огромна територија.
Нема ни збор дека „Словените„ воделе војна за освојување на овие територии,со исклучок на ретки судири каде биле сојузници на главните актери:Умните исполичари,пардон историчари, смислиле „мирно доселување на празен простор„(античките изумреле).

Западните историчари си ја завршиле задачата,на западните народи им создале древна историја.на „Словените„ заборавиле,Грците-Ромеи ги преправиле во „Византијци„ за да ги одделат од „древната„ историја.Но не можело никако да се дојде до современата слика ако не им се дозволело на „Словените„ да „дојдат некако„ во 6-7 век.


Словените  меѓудругото се и  „античките„ Латини и Готи.

Од беседата на Св.Јован Златоуст(347-407)откако Готите прочитале на својот јазик

Каде е учењето на Платона, Питагора, и старите во Атина? Изгасна. Каде се рибарите и градителите на шатори? Не само во Јудеја, дури и на туѓи јазици, како што слушнавте денес, тоа сјае посветло од сонцето: Скитите, Тракијците, Савроматите, Маврите, Индијците, па дури и населените во најекстремните граници на вселената - сите филозофираат, преточувајќи ги на нивниот мајчин јазик истите искази, и тоа дури и во сон не беше предвидено од брадосаните Елини, за кои нивните придружници важно ги туркаа настрана пресретнатнатите , со зачудувачки кадрици на главата слични на лав а не на човек.
На кој тоа јазик на Скитите,Траките,Савроматите ,Маврите и Индијците словото „сјае посветло од сонцето„?Абе до Кирил и Методиј има уште 5 века.

Маврите тогаш не биле муслимани,неееее,биле муслимани од 8 век натаму а дотогаш биле христијани како Тертулијан и Свети Августин на кои мајчин јазик им бил „чистиот латински„.За Индијците ќе си ќутам.Мудро.


Monday, June 25, 2012

„Спомените„ на јаничарот или Турска хроника




Интересна книга.Читај ТУКА (српски)

Кобожем некој јаничар од 15 век пишувал книга на свои спомени(спомнат е полскиот крал Јован I Алберт(Олбрехт) .Многу интересна историја.



„Во тоа време Тамерлен имаше пешадија од 600.000 луѓе а 400.000 коњаници.Големиот кан е татарски господар а престолнината му е во големиот град наречен Хајтај или Чатачач,лежи на север од истокот на сонцето.Тој е голем господар и слободен е од стари времиња, некогаш во старите времиња неговиот предок завзел многу земја на запад од сонцето па и денес постојат знаци онаму каде што бил, големи ритчиња по земјата кои тој наредувал да се насипат.
Римските цареви од дамнешни времиња владееле со целиот свет ,од излезот до западот на сонцето, се додека не дошол царот Константин Велики.Тој му го отстапил Рим на светиот папа Силвестер а самиот тргнал во арабанашката земја во местото наречено Драч а кога го изградил не му се допадна тука да живее и замина за Грција (бидејќи и самиот беше Грк) кон местото наречено Бизант и таму изгради познат град, сите оние убавини кои беа во Рим нареди да се направат и ја изнесе со себе сета римска сила водејќи ги сите седум господари кои во тоа време владееја со Рим.Од нивните домови секогаш по еден беше цар и ги нарекуваа Палеолози,што ќе рече Старославни.Тогаш какви што биле домовите на овие господари во Рим наредил да им се направат и во Бизант и на градот тој му даде име Стамбол,како кога би рекле „царска престолнина„ ама денес го нарекуваат Константинопол,то ест Константинов град.А целата македонска земја ,според Рим ,тој ја нарече Романија.
Во тоа време царевите доаѓаа од Рим како моќни господари на стотици народи бидејќи светата црква сеуште беше единствена.Потоа(по отприлика сто години) единството се измени по царот Лав.(Тогаш значи) Римјаните си го избраа за цар Карло Франачки а потоа си бираа цареви од германските кнезови како што е обичај до ден денес,оттогаш христијанскаото царство почна да се ниша и понижува спрема едно писмо кое вели„тешко си на тебе,седмоглав,бидејќи секое цзло ќе произлезе„.А „седмоглавиот„ значи Рим бидејќи од него излегоа седум домови,како што пишувавме претходно.„










Хм,чудесно ова за седумте Палеолози.

Еве и Википедија признава кога се родило монаштвото „Елините„ и античкиот „Платон„.


Под власт на Палеолозите, фрагментираната империја се уште тврди дека наследник на Римската империја, но почнала да се фокусира повеќе на грчкото наследство на империјата. Зборот "Елин" почнува да се користи повторно да се опише народот, откако многу векови бил синоним за "паганство". Династијата била покровител на литературата и уметноста, меѓу другите се истакнувал Јоргос Јемистос (Георгиос Гемистос) Плетон  (ова е веројатно „античкиот„ Платон). Контроверзиите на исихазмот , исто така, продолжиле за време на владеењето на династијата Палеолози.



НЕСТОР ИСКАНДЕР-Историја на завземањето на Цариград од Турците во 1453 година




Thursday, June 21, 2012

Изградба на кула вавилонска со помош на чекреци од 15 век

Нели божем „средновековните„ ги цртале и сликале античките ама во сопствено„средновековно„ опкружување и облека бидејќи немале фантазија да замислат како изгледале на пример ѕидарите на кулата вавилонска (3000-4000 години пред Христа).ОК
„Окружувањето„ зборува дека чекрекот,рачната количка и колата билo непозната работа пред да речеме 13-14 век.На подоцнежните илуминации гордо се насликани механичките достигнувања така што не може да веруваме дека луѓето од 15-16 век биле поглупи од оние во 9-14 век.
Инаку ,зборот „чекрек„ е турцизам .На турски „чикрик„.Англиски windlass од „винда„ винта-врти.Зборот „windlass„кај англичаните е прв пат употребен во 13 век. веројатно претходно немало потреба од него.Чекрек не постоел.
Колку време ти треба ако знаеш за тркало и дури и изработуваш коли на тркала, а имаш и јажиња и ланци, да се сетиш да изработиш рачна количка или чекрк?
Според современата хронологија-повеќе од 1000 години.


Mosaic
Basilica di San Marco (San Marco Cathedral)
Venice, Veneto, Italy
9 век мозаик,нема чекрек,нема тркала



Изградба на кула вавилонска,нема чекрк ,нема тркало ,11 век
Cotton Claudius B. IV folio 19r
British Library, London, England
England, circa 1025–1050






The mosaic floor in the center nave of the cathedral of Otranto. Construction workers building the cathedral, mosaic by the monk Pantaleone, 1166.
12 век.Изградба на катедралата во Отранто,нема чекрек,нема тркало

Hortus delicarium.Изградба на кула вавилонска,1170-12 век .Нема чекрек ,нема тркало

The Morgan Picture bible,13 век.чекрек ,тркало.А всушност не се знае точно :
The Morgan Bible (The Pierpont Morgan Library, New York, Ms M. 638) is a medieval picture bible of 44 folios. This book was probably created under the direction of Louis IX of France in the mid-1240s. Originally it probably contained only paintings, organized in a consistent visual rhythm from page to page. Within 150 years, the book acquired marginal inscriptions in Latin. Cardinal Bernard Maciejowski, Bishop of Cracow, had the book given as a gift to Abbas I (Shah of Persia) in 1608.




Bible Historiale,France,14th MS 59,fol.17 recto.
Изградба на Вавилонската кула,14 век.Нема чекрек,нема тркало,материјалот се носи по скали


Part of a fresco by Giusto di Giovanni de Menabuoi (c.1320 - 1391) at Padua Baptistery, Padua, Italy
1376–1378 14век,нема чекрек,нема тркало







Velislav Bible, c.1340 (vellum), Czech School, (14th century)  14 век.Чекрек



Meister der Weltenchronik, Construction of the Tower of Babel, c. 1380.14 век,чекрек ?(макара)


illustration by Petrus Gilberti to the Bible Historiale of Guyart des Moulins
Royal 15 D. III folio 15v
British Library, London, England
early 15th century
15 век,нема чекрек ,ни макара,нема тркало
  


Tower of Babel, The Bedford Master, Book of Hours 1423.15 век, чекрек


Illustration to a History Bible
KB, 78 D 38 I folio 16v
Koninklijke Bibliotheek, The Hague, Netherlands
Netherlands (Utrecht), circa 1430
15 век,чекрек

Illustration to Des cas des nobles hommes et femmes by Giovanni Boccaccio (1313–1375)
Add. MS 35321 (Book I chapter iii folio 4v)
British Library, London, England
circa 1475
15 век,чекрек?(макара)


Illustrations to the Cologne Chronicle (Kölnische Chronik) pages C3a and C4a
2 Inc.s.a. 302
Bayerische StaatsBibliothek, Munich
Cologne: Johann Koelhoff der Jüngere, 1499

15-16 век,чекрек  




Illustration to the Le recoeil des histoires de Troyes by Raoul Lefèvre
Royal 17 E II folio 8
British Library, London, England
Netherlands (Bruges), circa 1475–1483
15 век Чекрек,рачна количка 


Illustration to the Revelations of Methodius (Revelationes Methodii) page a6b
4 Inc.c.a. 1523Bayerische StaatsBibliothek, Munich
Basel: Michael Furter, 1498
15-16 век чекрек








From the Mass of the Virgin, Book of Hours illustrated by Gerard Horenbout. S. Netherlands (Bruges or Ghent), circa 1500. Shelfmark: Add. 35313 Page Folio Number: f.34
Изградба на Вавилонската кула ,16 век.чекрек во позадината  тркала за кола



Tower of Babel Object: Panel Place of origin: Zurich, Switzerland (probably, made) Date: 1631 (made) Artist/Maker: Unknown (production) Materials and Techniques: Clear and flashed glass, painted with enamels and silver stain
 17 век.чекрек ,кола на тркала





Се разбира,технологијата не се сликала гордо насекаде.Или можеби Етиопците и во 18 век не знаеле за чекрек?


Illustration to an Ethiopic hymnary, Tabiba Tabiban
Or. 590 folio 10
British Library, London, England
Ethiopia, 18th century  


Во 15 век чекрек технологијата се користела и за самострели а и за лесно вадење вода од бунар.


Моќен катапулт со чекрек технологија ,балиста,16 век

Бунар 15 век

Но и справа за мачење 15-16 век

Појасни сликички ТУКА


Така оди тоа.Човек кога ќе најде во пустиња шише од кока кола,не смее да го испушти од рака.

Wednesday, June 20, 2012

Песна за Тито ама не Броз

Тито или Титус Дугович е легендарен војник на Јанош Хуњади.
Другарот Тито го избрал својот псевдоним според овој лик уште кога КПЈ била во илегала.

Песна за Тито


Илирство или Словенство ,прашање е сега?

Даница Илирска бр 45,1841





Саксонска „историја„ и „географија„


Многу суптилно од Бога што научил грчки кога посакал да стане писател .
Ниче (Над доброто и злото, 1886) 




Widsið maðolade,
wordhord onleac,
se þe monna mæst
mægþa ofer eorþan,
folca geondferde;
oft he on flette geþah
mynelicne maþþum.
Him from Myrgingum

Widsith spake,
he unlocked his treasure of words.
He who among men
had travelled most in the world,
through peoples and nations;
he had often in the hall
earned valuable treasures.
He was one of the Myrgings.



Видсид(скитач на широко?) говореше
отворајќи ја вреќата со зборови
Тој кој меѓу луѓето
патуваше најмногу по светот
низ народи и племиња
често по патот
заработи многу богатства
и беше еден од Миргингите.


Видсит е англо-саксонска трубадурска песна датирана во 7 век (анонимен автор) a запишана во 10ти ,која веројатно служела како географски атлас.Видсит е преведено како „далечно патување„.

Песната ги наведува познатите народи и племиња ,краишта и кралеви мешајќи современи и „антички„ места и личности.

Како при „патувањата„ „Видсит„ „сретнал „ личности од пред 1000 и повеќе години,не е баш јасно.Ниту пак за некои племиња кои ги сретнал и народи некој слушнал.


На пример никој немал појма дека постоело Саксонско племе Миргинги.А се работи за10 век.А на пример се е јасно за 1 век.Како низ магла.

Имено најинтересно во Видсит е што тој вели дека Цезар е владетел на Грците-CREACUM , над Римското царство -Wala ( Валахија ?) и владее  голем град и харем.Абре Цезаров е султан.(во или пред 10 век).Бог да чува.

Casere weold Creacum ond Cælic Finnum, 
Hagena Holmrygumond Heoden Glommum.
Witta weold Swæfum, Wada Hælsingum,
Meaca Myrgingum, Mearchealf Hundingum.
þeodric weold Froncum, þyle Rondingum, 

Caesar ruled the Greeks and Caelic the Finns, 
Hagena the Holmrycgas and Henden the Glomman.
Witta ruled the Swaefe, Wada the Haelsingas,
Meaca the Myrgingas, Mearc the Hundingas.
Theodric ruled the Franks, Thyle the Rondingas, 


Mid Sercingum ic wæs ond mid Seringum;
mid Creacum ic wæs ond mid Finnum ond mid Casere,
se þe winburga geweald ahte,
wiolena ond wilna, ond Wala rices. 

I was with the Sercings and with the Serings.
I was with the Greeks and Finns, and also with Caesar,
who had the power over prosperous cities,
riches and treasure and the Roman Empire.(?)

или алтернативен превод

With the Greeks I was and with the Finns and with Caesar,
he who a grand city possessed, treasures and female slaves,(харем?)
and the Roman Empire.

Уште еден превод ТУКА

Интересен е називов за грците-CREACUS.Би требало да стои GRAECUS.Наводно Креки(К им звучело како Г) е германско извитоперување на зборот Греки.  

Прв кој „Елините„(Hellenes) ги поистоветил со Грци (Graikhos) бил „Аристотел „ ("Meteorologica"I.xiv).
Се сеќавате на Аристотел.Учителот на Александар.Пред нашата ера?
Наводно така Илирите(читај Словени) ги нарекувале Дорците во Епир од некој народ Граи(Сиви)-племе во Епир.
Друга теорија е дека некои Грци жители на Graia (Сива) се преселиле од Беотија  во Италија во 9 век пред нашата ера (ццццц) и така „Римјаните„ кои прв пат ги сретнале Грците ги нарекле сите Грци -Сивоњи.(теорија на некој Георг Бузолт 1850-1920,Griechische geschichte(1893), дел 1, глава 11,параграф 7 )
Абе нешто овде не штима и тоа е.
Ако CRЕАCUS на Видсит го преведеме од латински добиваме интересни работи. Не постои Creacus ама има Creatus.Измислено.Јеах :) 
Некои Викаат дека кај Видсит нити Цезар е Цезар нити Краекус се Грци ама нејсе.Сосема е доволен харемот и Власите во божем 7-ми век.





Monday, June 18, 2012

Голобрадите „победници„



Ахил(без брада),ПАТРОКЛО (со брада)


Ахил го преврзува Патрокло 500 г ПНЕ


Ахил пред умирање,Кристоф Вејрие 17 век


Ахил,Тишбајн 19 век

Гневот на Ахил,Жак Луј Давид -19 век

Бред пит како Ахил во филмот Троја ,21 век


Вистински садизам е, да простите, да му наредиш некому да се бричи во Бронзено Време (3600-600 ПНЕ) кога не  постоеле жилети туку најмногу што можело да има (се разбира доколку некому му паѓало на памет да се бричи) се некакви полутапи бронзени ножиња.
Неколку пати сум пишувал за „античката брада„ и фасцинираноста на „античките„(всушност средновековни) автори со истата.

На пример зборовите:Барбар,Бербер,Варвар -сите означуваат брадосан човек.Овој збор сигурно има тесна врска и со зборот БРАТ (FRATER,BRUDER,BROTHER,FRERE итн ) но и со зборот ТАТКО (ПАТЕР).

Нема да го најдете Ахила небричен на ниедно место.Педантно се избричени и Александар Македонски а и повеќето римски императори.

Верувам дека и во денешни услови кога мажите имаат „д бест дет мен кен гет„ услови за бричење-бричењето им претставува товар.
Да си замислиме сега дека Ахил станува наутро под ѕидините на Троја( 13 век ПНЕ) , се огледува во бронзениот  штит ( немало  огледала)  се сапуњави со нешто (немало сапуни и пена за бричење) и се бричи со тапо бронзено орудие.
Си замисливте?
Садизам парекселанс.
Безбрадост без мака-тоа е ќосавост.Ќосав може да биде некој поради некаква генетска девијација ( ретко) инаку пубертетот си го прави своето.Безбрадост без мака и тенок глас имаат и кастратите.Безбради се момчињата пред пубертет.

                                                                     Хектор,Троја 2004

Пријам и Хектор

Хектор ,6 век ПНЕ



Ахил(горе),хектор(долу) итн

Ахил го влече со коњи телото на Хектор


                             Делфи,Енеј и Хектор(со бради) против Менелај и Ајакс-без бради, 6 век ПНЕ



Римска чаша I  век ПНЕ,Пријам (со брада) му бакнува рака на Ахил(без брада)


Брадосаниот,тоа е силен човек обично непријателски настроен.Кога би гледале онака широко метафорично брадосаниот е татко и постар брат (Патрокло е постар од Ахил).Победата на голобрадиот над брадосаниот е предпубертетски занес во кој малолетникот си замислува како ги победува возрасните мажи.

Но нешто не штима во оваа слика.Како на возрасни луѓе кои пишувале „историја„ им влегла чивијата со „победата на голобрадиот над брадосаниот„(во Библијата, Давид и Голијат) како идеал за култура,храброст и мажественост ?Храброст можеби,мажественост,можеби но сеуште не.

Но,култура?


Давид со главата на Голијат Доменико Фети,17 век

Џузепе Калети,Давид со главата на Голијат,17 век

Да се потсетиме и дека Александар значи „бранител на  мажите„.Романтичниот Александар не е маж и токму затоа е голема неговата слава.Тој е голобрадо момче кое го освоило светот.Сетете се дека неговиот татко Филип насекаде се гордее густа брада.


                                                               Филип II Македонски

Алегоријата со „победникот над мажите„ е некако разбирлива. Но срамнувањето на културни достигнувања со безбрадост (Грците -Елини,ги нарекувале некултурните народи варвари-барбарос) е многу,многу необично .

Мое убедување е дека зборот „варварин„ во грчкиот јазик влегол во средниот век од латинскиот исто како и зборот Вулгар (Бугар) кој значи „обичен прост народ„(веројатно и брадосан народ,ВЛГ БЛГ БРГ БРД БРК БЛД БЛК)

Голобрадите, тоа е одбрана елита.Можеби кастрирана елита,можеби само обрежана елита. Денес делува малку чудно некој Зумбуљ-ага со пискав глас да издава наредби на огромна војска и да освојува села и градови.Но ако се задлабочите во историските извори на „антиката„ и средниот век- тие се преполни со храбри евнуси-скопци.

Да се потсетиме дека Ахил влегувал во женските одаи и се преправал дека е жена(се облекувал во женска облека) и дека Светониј за Цезар рекол дека бил „маж на сите жени „но и „жена на сите мажи„.Се сеќавате и дека Брут (БРТ) го уби ќосавиот Цезар .Брутус од Троја е и легендарниот основач на Британија.

Ахил на дворот на Ликомед,Помпео Џироламо Батони 1746 г
Ахил(со мечот)облечен како жена „служи „ во женските одаи.Во женските одаи се знае кој служи.Зумбуљ.


Според зборовите на Исус има три вида скопци.


ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ
Глава  19


 7 И Му рекоа: „Зошто тогаш Мојсеј заповеда да и се даде разводно писмо на жената и да се остави?”
  8 Им рече: „Заради вашето закоравено срце, Мојсеј ви дозволи да ги оставате вашите жени, но во почетокот не беше така.
  9 Туку ви велам: „Кој ќе ја остави својата жена - освен за прељубодејство - и се ожени за друга, прави прељуба; и кој ќе се ожени со напуштена, прави прељуба.”
10 Учениците Му рекоа: „Ако е тоа причината меѓу мажот и жената, подобро да не се жени.”
11 А Тој им рече: „Сите не можат да ги сфатат тие зборови, туку оние, на кои им е дадено.
12 Зашто има скопци, кои се родени така од мајчината утроба, и има скопци, кои се скопени од луѓе, и има скопци, кои самите се скопиле заради небесното царство. Кој може да прими, нека прими!”
13 Тогаш доведоа дечиња при Него, за да ги положи рацете над нив и да се помоли; но учениците ги укорија.
14 А Исус рече: „Оставете ги децата и не им пречете да дојдат при Мене, зашто на таквите им припаѓа небесното царство.”
15 И ги положи рацете на нив, и си отиде оттаму.


Скопството е рамно на невиност-девственост (во Русија во 19 век постоела христијанска секта тн Скопци)

И евнуштвото,скопството има синусоидна историја.Се воздига па опаѓа па се воздига па опаѓа итн.
Наводно во „антиката„ тие се слуги со ниско (варварско)потекло.Амијан Марцелинус ја опишува „римската куќа „ како „преполна со слуги -евнуси стари и млади„.А наводно „западните римјани„ не негувале ваква традиција туку таа им дошла заедно со луксузот "од Азија".Константин Велики во 4 век со закон го забранил кастрирањето но најголемата слава на евнусите е од 2-5 век.Во 14 век кастрирањето било и казна и медицински третман и знак на побожност.Кастрирање за потребите на црковните хорови и италијанската опера имало до 19-20 век.

Има тони литература за „третиот род„ и нема да предам детали.Мене ме интересира кој  ги претвори скопците во симбол на култура и цивилизација?Веројатно средновековните монаси-скопци со бујна фантазија.