Search This Blog

Thursday, July 5, 2012

Поделбата на Македонија 168 ПНЕ



Titus Livius (Livy)
The History of Rome, Book 45 
Rev. Canon Roberts, Ed.

Тит Ливиј(59 ПНЕ-17 НЕ),историја на Рим,книга 45(?)

За една книга на пергамент од 300 страни требало да се убијат 200 говеда.Па видете вие.Стилот на Ливиј е посебна приказна.Делото на Ливиј било од 142 книги.

Ливиј е претставник на „златното време„ на латинскиот јазик.Во средниот век интересот за Ливиј бил никаков а во ренесансата наводно „се разгорел„.Некој поет дури и продал вила за да купи копија од манускрипт на Ливиј(која му ја доставил познатиот Поџо Брачолини,махер за пронаоѓање антички манускрипти).Mакијавели дури напишал и Дискусии за Ливиј во кои се изјаснил дека идејата му е да ја „прероди„ „античката „република бидејќи се друго се „преродувало„ (уметноста,законодавството,медицината).

Ливиј е прозниот пандан на Виргилиј.Постоел и некој си средновековен тип по име Тито Ливио Буратини кој се занимавал со пронаоѓање летечки змаеви (17 век) но и еден од кватрочентото (15 век) Тито Ливио Фруловизи кој во Англија малку се занимавал со историја.





Емилиус ги извести советите на десетмината од сите градови да се соберат во Амфиполис и да ги донесат со себе сите архиви и документи каде и да биле депонирани (документите-?!- м.з.) како и сите пари кои и ги должат на царската ризница.Кога дојде денот тој замина во трибуналот каде седна заедно со десетте комесари опколени со голема толпа Македонци.

Иако тие беа навикната на демонстрирање на царска моќ ,овој нов начин на покажување авторитет ги исполни со страв , трибуналот, расчистувањето на патот до него низ масата народ, гласникот, апариторот („античкоримски„ службеник м.з) ,сето ова беше чудно за нивните очи и уши и можеби дури им импонираше на сојузниците на Рим, да не речат ништо за уништениот непријател.Откако гласникот повика за тишина , Паулус, говорејќи на Латински, објасни што е договорено од сенатот и од него во согласност со десетте комесари, Кнаеус Октавиус, кој исто така присуствуваше, го пренесе обраќањето на Грчки.

Прво, беше решено дека Македонците треба да бидат слободни луѓе,кои ќе ги поседуваат своите градови и полиња како порано, ќе уживаат во сопствените закони и обичаи и ќе ги одбираат годишно своите магистрати.Тие треба да му плаќаат на Рим половина од данокот кој му го плаќале на кралот (македонскиот крал м.з.).

Второ, Македонија треба да се подели на четири посебни кантони. Првиот ќе ја опфати областа помеѓу Стримон (Струма) и Несус (Места),и додатно, позади Несус на исток, тврдините, градовите и селата кои ги држеше Персеус (Персеј), со исклучок на Енус , Маронеа и Абдера а зад Стримон на запад, сета Бизалтика заедно со Хераклеа, која област локалните жители ја нарекуваат Синтице.Вториот кантон ќе се ограничи на исток со Стримон, со исклучок на Синтице, Хераклеа и Бизалтика а на запад од Аксиус(Вардар), вклучувајќи ги и Пеонците,кои живеат на исток од Аксиос.Третиот дел ќе биде областа затворена помеѓу Аксиос (Вардар) на исток и Пенеус на запад, планините Бора ќе ја затвораат од север.Овој кантон ќе се зголеми со додавање на дел од Пеонија кој се протега на запад зад Аксиус (Вардар), Едеса и Берија се доделени на оваа област. Четвртиот кантон лежи на другата страна од планините Бора, граничејќи се со Илирија на една и Епир на друга страна.

Емилиус потоа ги одреди главните градови каде ќе треба да се држат советите во различните кантони,Амфиполис беше одреден за првиот, Тесалоника за вториот,Пела за третиот а Пелагонија за четвртиот.Таму ќе се собираат советите, ќе се депонира данокот и ќе се бираат магистратите еднаш годишно.

Неговата следна изјава беше дека мешани бракови помеѓу жителите на различните кантони се забранети, исто како и поседување на земја и куќи во повеќе од еден кантон.

Рудниците за злато и сребро не е дозволено да работат,но дозволено е да работат рудниците на железо и бакар.Оние кои работат во рудниците треба да плаќаат половина од сумата која му ја плаќале на кралот.

Беше забрането и користењето на увозна сол.

Дарданците (?!) ја побараа Пеонија на основа на тоа дека некогаш им припаѓала ним и дека имаат заедничка граница, конзулот им одговори дека тој им гарантира политичка слобода на сите кои биле под власт на Персej.

Бидејќи тој ги одби за Пеонија  им даде право да купуваат сол и му нареди на третиот кантон да ја носи својата сол во Стоби , одредувајќи ја истовремено цената по која ќе се продава.

Тој им забрани на Македонците самите да сечат дрво за бродоградба или да им дозволат на други да го прават тоа. Тој им даде дозвола на оние кантони чии граници се во близина на варварите да задржат вооружени сили на своите граници.

Оваа изјава дадена во првиот ден од конференцијата предизвика измешани чувства кај слушателите.Неочекуваната политичка слобода и намалувањето на годишниот данок беа големо олеснување за нив, но забраната за меѓусебни бракови помеѓу различни кантони им изгледаше како распарчување на нивната земја, како животно на кое му се отсечени крајниците при што секој крајник му е потребен на другиот, колку игнорантни беа кон големината на Македонија, колку лесно беа подложени на поделба и колку самодоволен беше секој дел за себе.

Првиот дел ја вклучуваше Бизалтија, нација на војници кои живееја на другата страна на Несус и околу Стримон каде имаше многу особени видови на овошје и минерали и градот Амфиполис, кој беше толку погодно ситуиран,контролирајќи ги сите приоди од исток.

Потоа пак,вториот дел се состои од многу населените градови Тесалоника и Касандрија како богатата област со пченица , Палена. Постројки за поморски сообраќај стоеја во многубројните пристаништа, некои во Тороне под Планината Атос, во Енеја и Акантус, други гледајќи кон Тесалија и Еубоија а трети се лесно пристапни од Хелеспонт.

Третиот кантон ги вклучува славните градови Едеса, Берија и Пела, воинствените племиња Вети како и голем број народи од Галите и Илирите кои се посветени на земјоделството и сточарството (Галите? Французите ли ?! и Илирите се земјоделци и сточари а Македонците изгледа не се?!  м.з). Четвртиот кантон е населен од Еордеите, Линкестите и Пелагонците а има и три града Атинтанија, Тимфаи и Елимиотис.

Целиот овој појас од земјата е студен и тежок за култивација а карактерот на селаните коренспондира со нивната земја. Нивните варварски соседи ги прават уште подиви , понекогаш запознавајќи го со војната а понекогаш во мир претставувајќи им ги своите церемонии и обичаи.При оваа поделба на Македонија,значи,секој дел имаше свои сопствени и различни предности.

Откако конституирањето на Македонија беше вака објавено а конзулот ја искажа својата намера да обезбеди и законик, беа повикани Етолците. Истрагата беше повеќе насочена кон откривање на тоа кој бил за Римјаните а кој за кралот отколку за откривање која страна предизвикала а која страдала од неправди. Убијците беа ослободени, за прогонетите и убиените се сметаше дека си ја заслужиле судбината а единствен кој беше најден за виновен беше Емилиус Бебиус бидејќи дозволил неговите војници да бидат инструмент за масакрот.

Резултатот на случајот на Етолците предизвика вообразеност  на приврзаниците на Римската страна (партија) во сите заедници и народи на Грција се до неподнослива ароганција и секаде каде имаше сомнеж дека некој го фаворизира кралот, неговите противници го фрлаа на земја.

Водачите на различни градови припаѓаа на три класи, две се состоеја од луѓе кои , додека инсинуираа дека се на страна на Римјаните или на страна на кралот(?) ,се величеа себеси на сметка на своите сограѓани а третата страна се бореше да ги одбрани своите слободи и своите закони со опонирање на двете други страни.Колку што беше голема приврзаноста кон нивните сонародници дома,толку малку тие беа ценети надвор.

Занесени од успехот на Римјаните,поддржувачите на оваа страна( партија) единствени ги поседуваа магистратите и единствените претставници на нивните Држави.Голем број од овие луѓе доаѓаа од Пелопонез, од Беотија, од другите национални совети во Грција да бидат присутни на конгресот и им ги полнеа ушите на комесарите со нивните поплаки.Тие велеа дека поддржувачите на Персеј ги вклучуват не само оние кои во дух на безработна горделивост отворено се фалеле дека му се пријатели и интимни другари, туку и огромен број такви кои тајно ја поддржуваат неговата кауза и под изговор дека ги бранат своите слободи секаде ги тераат советите директно да делуваат непријателски кон Рим.

Лојалноста на различните Држави (какви „држави„?!  биле тие во време кога немало држава баш ме интересира м.з.)можеше да се обезбеди единствено со кршење на овие партии и зајакнување на авторитетот на оние чија единствена цел е да се поддржи моќта на Рим.Беше обезбедена листа на имиња од овие луѓе а писма (на пергамент на папирус на восочни таблички ,на што ли напишани ? м.з) од командантот беа испратени во Акарнанија, Етолија, Епир и Беотија, со наредба именуваните да го следат во Рим за да се одбранат.

Двајца од комесарите К.Клаудиус и Кнаеус Домитиус заминаа лично во Ахаја да ја публикуваат (Како?Да го закачат пергаментот на вратата од храмот на Јупитер?!) наредбата. Имаше две причини за ова. Една беше нивното убедување дека самодовербата и тврдоглавоста на Ахајците ќе ги спречат да се покорат на наредбата а можно е и животите на Каликратес и другите доушници да бидат во опасност.

Друга беше дека додека писмата од лидерите на другите Држави (се мисли на грчките држави или секакви држави или што? м.з)  беа откриени во кралските архиви, не беше најдено ни едно од Ахајците и за обвинувањата против нив недостигаа докази.

Откако се повлекоа Етолците,беше повикана Акарнинската делегација .Во нивниот случај не беше направена никаква промена освен отстранувањето на Леукас како член на нивната лига.Потоа комесарите го растегнаа опсегот на истрагата дури до Азија.Лабео беше испратен да го уништи градот Антиса на островот Лезбос (Лезбос е во Азија ? м.з.) а населението да го пресели во Метимна, причината за овој чекор беше што тие го примија морскиот командант на кралот , Антенор, во своето пристаниште и му помогнаа да обезбеди залихи додека крстареше околу Лезбос.

Двајца од нивните лидери беа обезглавени (како ,со секира?! многу средновековна казнава). Андроник ,синот на Андроник, Етолец,бидејќи го следел својот татко и кренал оружје на Рим и Нео, Тебанец, кој бил поттикнувач на формирањето на нивниот сојуз со Персеј.

Конгресот на Македонците кој беше прекинат поради овие истраги беше повторно продолжен.

Прво, беше дефиниран статусот на Македонија.Сенаторите кои беа познати како „синедри„,беа избрани да формираат совет за администрација на власта.

Потоа беше прочитана листата на оние македонски лидери за кои беше решено да одат како претходница во Италија заедно со сите свои деца над 15 години.

На прв поглед ова беше сурова мерка но наскоро на Македонците им стана јасно дека ова е направено за да се заштитат нивните слободи.(како?!)

Имињата на листите биле оние на пријателите на дворот и дворските благородници на кралот, генералите на неговите армии, командантите на неговите бродови и гарнизоните навикнати на потчинетост кон него а диктаторска дрскост кон другите.Некои беа претерано богати а други чии богатства не беа еднакви на оние на првите сепак живееја исто толку екстравагантно, нивната маса и облека беа на кралско ниво и тие немаа идеја за граѓанство и беа неспособни да се потчинат на законот или на слободите еднакви за сите.(ја набркале македонската „аристократија„ која не давала петпари за „граѓанство„?!!.Незамисливо за времето за кое се работи но нормално за времето на Макијавели,да речеме)

Значи на секој кој беше вработен во кралска служба дури и оние кои беа испраќани како пратеници ,му беше наредено да ја напушти Македонија и да продолжи кон Италија,а на сите кои одбија послушност им се заканија со смрт.(Како да продолжи во Италија?!Ги натовариле на воз?!Кој водел сметка дали заминале во Италија и каде во таа Италија пристигнале?Какви глупости невидени)

Законите кои Емилиус им ги даде на Македонците беа толку внимателно срочени што можеше да се помисли дека не му се даваат на уништен непријател туку на сојузник кој извршил добра услуга и дури по долга практична примена -единствениот сигурен водичкон правни реформи -беше откриено дека се потребни извесни промени(ова како да се работи за денешните „правни реформи„ кои ги бара ЕУ.Незамисливо но ете така пишува .)

Откако се посвети на овие посериозни работи тој ги прослави Игрите, за кои подготовките течеа веќе долго време, со голем сјај. Известувања за нив беа испратени до градовите во Азија и до краловите(како и колку време требало да ситгнат „известувањата„ а подоцна и да дојдат „гостите „од Азија?) а за време на неговата тура низ Грција Емилиус ги извести главните раководители .

Се собраа вешти артисти во секој вид на сценски претстави ,огромен збир на спортисти од сите делови на светот (?!)и коњи кои победиле во многу трки.Имаше и граѓански делегации со нивните животни за жртвување(како гио донеле животните дури од Азија не е јасно),се' всушност, кое обично претставуваше дел од овие егзибиции на чест и кон луѓето и кон боговите.Претставите беа толку добри така што не само величественоста на претставата туку и вештината покажана при нејзиното изведување предизвикаа восхит кај сите , Римјаните во овие денови не беа приврзаници кон вакви претстави.Истата грижа беше превземена за богатите банкети приредени за граѓанските делегации. Често е цитирана забелешката на конзулот , дека, човекот кој знаеше како да добие војна знаеше и да направи забава и да ги подготви Игрите за покорените.

Кога сите претстави беа завршени и бронзените штитови беа оставени на палубите на бродовите, остатокот од пленот беше собран во огромни купови.

Потоа командантот им кажа молитви на Марс и Минерва и Луа Матер и други богови на кои мора свечено да им се посвети пленот запленет од непријателот.Потоа тој со факел го запали купот а секој од воените трибуни кои стоеја околу купот фрлија по нешто да изгори во него.Факт кој вреди да се забележи е дека при ова големо среќавање меѓу Азија и Европа, каде мноштво народ беше дојдено од сите страни на светот, некои да честитаат (чиниш свадба е ? м.з), некои да го гледаат спектаклот, каде беа собрани големи поморски и воени сили ,сепак имаше големо изобилство на се' и стоката беше толку ефтина што генералите од ова изобилство им подарија многу на индивидуалци, градови па дури и нации(?! во тоа време), доволно за да го користат таму но и да си однесат дома (храна ли што? Од каде? Од опљачканите богати Македонци испратени во Италија ли било изобилството? м.з)

Гледачите не беа толку заинтересирани за сценските претстави и за спортските натпревари и трки со коњи колку за изложениот плен од Македонија.

Ова беше изложено да се види-статуи, слики, ткаенини, предмети од злато, бронза и сонова коска изработени со голема вештина, сите најдени во палатата каде не служеа само како декорација, како во палатата во Александрија, туку беа за постојана и секојдневна употреба.Сите беа ставени на палубата на бродот под команда на Kнаеус Октавиус за да бидат транспортирани во Рим.

Откако пријателски се раздели од разните делегации Паулус (малиот м.з.) го премина Стримон и го постави својот камп на еден километар од Амфиполис.Пет дена подоцна маршот го донесе во Пела.

Марширајќи крај градот тој стигна део едно место наречено Спилаеум, каде остана два дена.За време на престојот тој ги испрати по П.Насика и неговиот син К.Максимус да го ограбат оној дел од Илирија од каде му беше испратена помош на Персеј а потоа тие го сретнаа во Орикум.Самиот тој тргна по патот кон Епир и по петнаесет дена марш стигна во Пасарон.

Livy. History of Rome. English Translation by. Rev. Canon Roberts. New York, New York. E. P. Dutton and Co. 1912. 1. Livy. History of Rome. English Translation. Rev. Canon Roberts. New York, New York. E. P. Dutton and Co. 1912. 2.



Monday, July 2, 2012

Прото Индо Европејци -абе ајде

1.Сите свети песни нека го слават Индра,експанзивен како морето
најдобрите воини родени на коли,Бог,вистинскиот Бог на силата
4.Рушителу на тврдини(?),млад,умен,со неизмерна снага,не беше ли роден
како држател на секоја религиозна церемонија,Индра,Громовникот,многу-славениот.




Или скратено Ариевци-Арјани.

Овaa јазична заедница која комуницирала на тн Протоиндоевропски јазик ,скратено ПИЕ,живеела во тн „бронзено време„(бронзен век ,3600-600 г ПНЕ).Арјаните живееле во Иран Афганистан и северниот дел на Индија.Тие си компонирале две творби ,Риг Веда и Авеста од кои дознаваме како живееле и на кои богови им се молеле.Чувале волови,бикови,овци,прасиња и кучиња.Знаеле за коњи ама не се знае дали им биле припитомени.Живееле во патријархат,по мажењето жената живеела со семејството на мажот(веројатно),имале поглавици кои делувале како заштитници (патрони) и пружачи на гостопримство,имале воени дружини,практикувале ритуално жртвување на стока и коњи,ВОЗЕЛЕ КОЛИ,признавале машко главно божество,од ритуални причини не го спомнувале зборот „мечка„,божественото се разбирало во смисла на свето и забрането.

Во што е проблемот?

Прво:Ова се лингвистички изведувања.Ништо од ова археолошки не може да се потврди.

Второ:Археолозите не веруваат ниту деке ПИЕ лексиконот воопшто може да се реконструира.„Реконструираниот„ ПИЕ речник ,тие не го прифаќаат како реален.

Трето:постојат несогласувања околу периодот кога точно овој „јазик„ се користел.Некои „тврдат„ 8000 години ПНЕ,некои 2000 години ПНЕ а трети тврдат дека ПИЕ постои само во главите на лингвистите и не може хронолошки да се тврди дека точно во одредено време бил говорен јазик.

Четврто:археолозите ги игнорираат лингвистите и предлагаат теории кои дијаметрално се косат  се косат со лингвистичките докази.

Петто:археолозите немаат развиен метод со кој би се потврдила било која лингвистичка заедница.Луѓе со различни јазици може да имаат слична материјална култура ,садови,алати куќи,но важи и обратно, ист јазик,различна материјална култура.

Шесто:археолозите си ги употребувале миграциите за секоја промена на материјалната култура.Ако наеднаш ќупчето А станало ќупче Б,значи се доселиле на истото место некои луѓе кои знаат да прават само ќупче Б и толку.А оние кои правеле ќупче А правеле само такво и толку.Кога сфатиле дека ќупчињата ги претвориле во луѓе и дека ова е тотално без врска од 80тите на минатиот век миграциите се комплетно исфрлени од археолошките објаснувања.Иако постоеле.

Седмо и најважно:најстарите индоевропски јазици се империјалниот Хититски,микенскиот Грчки и Староиндискиот (античкиот Санскрит).Што е заедничко за овие јазици?Сите наводно им припаѓеле на народи кои биле милитаристички настроени општества кои правеле попара низ античкиот свет на бронзеното време со боеви кочии-коли во кои биле впрегнати брзи коњи. Наводно 1700-700 ПНЕ бојните коли биле омилено оружје на фараоните и кралевите на античкиот свет ,почнувајќи од Грција па се до Кина.По 800 ПНЕ бојните коли биле „напуштени„ поради појавата на нова воена сила :коњаницата .Замислете!Луѓето научиле да јаваат коњи откако претходно само се возеле на коли.
Ова ,да простите, е тешка глупост.

Мојата теорија е дека луѓето можеби до 12 век не знаеле за тркало.За кола- веќе не станува ни збор.

Обидете се да размислувате вака.Ако луѓето илјаднициии години знаат за тркало и илјаднициии години за јаже и ланец, колку време им требало да смислат обична направија како чекрек?Многу згодна направија во секој аспект на животот.За копање во рудник,вадење вода,кревање товар."Ќе речете,со гаранција „античките„ знаеле за чекрек.

Но не е така.Појма немале.Си правеле бојни коли ама чекрекот за нив бил нуклеарна физика.Им требало 20 века да сконтаат чекрек.Чекрекот е измислен во 14 век.Повторувам пак:ЧЕКРЕКОТ Е ИЗМИСЛЕН ВО 14 ВЕК.Проблемот бил во смислување на рачка за чекрекот.(?)Остатокот бил „стара вест„.

Херон Александриски(1 век НЕ) се ова убаво го опишал ама немало кој да го користи сееее до 14 век.Боже ме прости.

„Рачката„ всушност е во тоа што „античките извори„ како Риг Веда и Авеста или делата на Херон Александриски воопшто не се толку „антички„.

Квиз.

На што ве потсеќа овој „антички „ симбол?




Тоа е кормило на брод,ќе речете.А тие тврдат дека е „тркало за кола„.Па какво тоа тркало за кола може да има вакви рачки?

Ц,тоа е будистичка„дарма чакра„.Дарма чакра тоа е средновековното „тркало на фортуна-живот-среќа„.
Некоја идеја за тоа од кога потекнува „дармачакрава„?
Измислена по големите откритија кога античките Индуси виделе некоја шпанска галија.

Еве споредете