Search This Blog

Thursday, February 14, 2013

КРЕВЕТ

Креветот е интересна и неопходна направија. Ама самиот збор „кревет„ уште поинтересна.


Читајќи го Еврипида (5 век пне),или во превод „Извонредниот Скокач„(човекот го подготвувале за атлета ама тој станал драмски писател) ќе умрев од досада бидејќи во неговите дела „спасени од забот на времето„ нема да сретнете траги од материјалната култура на „античките„.Човекот е толку апстрактен што е неверојатно.Мислам дека е намерно.Бидејќи читав англиски превод за некои зборови се посомневав и дека се плод на преведувачката фантазија.Сепак и преведувачот бил на мака, го разбирам.Но, не е без ич.


Еврипид.Човекот живеел во 5 век пне ,бистава е според „оригинал„ од 5 век не.Веројатно зделана во „ренесансата„.Сега сме 21 век НЕ.Џиновски скокови.


Така на пример во Алкестис(жива патетика и на патосот не обрнав внимание иако и тој говори од свое име дека човек не може да се занимава со патос и филозофија ако се бори за опстанок во сурови услови на нетехнолошко општество) имаме демек :лак,стрела,магично вино,големи богатства,сад за чиста изворска вода,руни во песок,порти на вечноста,зачин за жртвување,богата облека,соби,проточна вода (водовод?),сандак за облека од кедар,невестински кревет(постела),перница,прекривка,ланци,лаута(инструмент),некаков африкански кавал, скиптар(царски), весло, лира, исклесана надгробна плоча , гостински соби, мед, жито, рало, урна, бел мермер, замок, празна столица(?), орфички руни, тракиски свиток, железаен ланец, скитски меч, улици, зандани, олтари и уште неколку што сум ги промашил.

Од сето ова најинтересен ми беше креветот(постелата) бидејќи често се повторува .Де брачен ,де невестински , де празен итн.Си мислам,имале ли „античките Грци„  вистински кревет-кревет?

Кревет тоа е предмет или место на кое се спие или се одмара.Изборот од етимолошките речници е следниот.



Африкански: 'n bed
Дански: seng
Холандски: een bed
Германски: ein Bett
Англиски: a bed
Шведски: en säng
Норвешки: en seng
Исландски: rúm
Јидиш: אַ בעט < a bet> [a ˈbɛt]

Каталански: un llit [un ˈʎit]
Франсцуски: un lit
Италијански: un letto
Латински: lectus, lectulus, torus, stratum
Окситански: un lièch
Португалски: uma cama
Романски: pat
Шпански: una cama

Чешки: postel
Полски: łóżko [ˈwuʃkɔ]
Руски: кровать [krɐˈvatʲ]
Српски: кревет , постеља ~ postelja, лежај ~ ležaj
Словачки: posteľ

Грчки (современ): κρεβάτι <kreváti>, (или со двојна бета: κρεββάτι <krevváti>)
Грчки (Коине): κράββατος <krávvatos>
Грчки (Класичен): κλίνη <klíni>, σκίμπους <skímpous>, ἀσκάντης <askántis>, λέχος <léchos> λέκτρον <léktron>, εὐνὴ <evní>

Естонски: voodi, säng
Фински: sänky, vuode
Унгарски: ágy [ˈɒɟ]

Санскрит: खट्वा <khaṭvā> [kʰɐʈʋa:] , पर्यंकः <paryankaḥ> [pɐrjɐŋkɐh]
Хинду: पलंग <palang> [pɐlɐŋg], खाट <khāṭ> [kʰa:ʈ]

Арапски: سرير <sareer>
Хебрејски: מיטה. <mita> [mi'ta]

Турски: bir yatak

Јапонски: 寝台 <shindai>], ベッド <beddo>

Есперанто: lito  


Во германските јазици етимолошки веројатно од хебрејското бет -дом ,куќа или евентуално друга етимологија ,во „романските„ најмногу од атинското "lectus".Во „класичниот „грчки исто и лехос,клини но во современиот грчки и во коинето тоа е нашиот познат КРЕВЕТ.

Руски :крова́ть,Украински:крова́т

Словенската етимологија на кревет најверојатно доаѓа од КРВ или КРОВ-покрив.

Крв ,тоа асоцира на сродство,род,породување,сродување,спарување итн.интерсно е сродството со шведското,норвешкото,естонското санг,латински,крв= sanguis.Покрив,не треба да спомнуваме.

Најинтересно е од каде Грците во „антиката„ го зајмиле зборот „кревет„ додека „словените„ спиеле зад седум мориња и планини.

Јас не зборувам за кревет во современа смисла,дрвен со ногарки,со душек,прекривки и се по ред ,иако таков имало и кај античките па оттаму доаѓа и Прокрустов кревет,постела.

Интересно е и што краватос-κράββατος (на латински извртено во  grabatus-војнички кревет) се смета за македонски збор(се разбира на античките македонци).Наводно на античко-македонски  *γράβος (grabos) значело "даб",γράβιον факел.

Но и на „старословенски „-*gabrъ/*grabъ/*grabrъ.-„даб„ ,
Зборот кревет-κράββατος кој кобожем бил „коине„ и „античкомакедонски„ збор , е  чест во Новиот завет а го нема во „Септуагинтата„.

На пример


се растрчаа по целата таа околија и почнаа да донесуваат болни, на постели, каде што чуја дека е Тој.


 περιδραμόντες ♦ περιέδραμον } ὅλην τὴν { περίχωρον ♦ χώραν } ἐκείνην, { ἤρξαντο ♦ καὶ ἤρξαντο } ἐπὶ τοῖς {κραββάτοις♦κραβάττοις} τοὺς κακῶς ἔχοντας περιφέρειν, ὅπου ἤκουον ὅτι { ἐκεῖ ♦ - } ἐστιν.  


И како не можеа да го донесат до Него, заради народот, го открија покривот над местото каде што беше, и го пробија и ја спуштија постелата, на која лежеше фатениот.


Καὶ μὴ δυνάμενοι { προσεγγίσαι ♦ προσενέγκαι } αὐτῷ διὰ τὸν ὄχλον, ἀπεστέγασαν τὴν στέγην ὅπου ἦν, καὶ ἐξορύξαντες χαλῶσιν τὸν { κράββατον ἐφ’ ᾧ ♦ κράβαττον ὅπου } ὁ παραλυτικὸς κατέκειτο.  



И човекот оздраве веднаш, ја зеде својата постела и почна да оди. А тој ден беше сабота.


Καὶ εὐθέως ἐγένετο ὑγιὴς ὁ ἄνθρωπος, καὶ ἦρεν τὸν { κράββατον ♦ κράβαττον } αὐτοῦ καὶ περιεπάτει. Ἦν δὲ σάββατον ἐν ἐκείνῃ τῇ ἡμέρᾳ.  



Таму најде еден човек, по име Енеј, кој лежеше осум години парализиран на постела.


Εὗρεν δὲ ἐκεῖ ἄνθρωπόν τινα { Αἰνέαν ὀνόματι ♦ ὀνόματι Αἰνέαν }, ἐξ ἐτῶν ὀκτὼ κατακείμενον ἐπὶ {κραββάτῳ ♦ κραβάττου }, ὃς ἦν παραλελυμένος.  

Освен кај Марко,Јован и во Делата апостолски, во Окровението на Јован ,нема „краватон„ туку  „клино„.


Еве, ќе ја фрлам на постела, и со неа оние, кои прељубодејствуваа со неа, во голема неволја, ако не се покајат за своите дела.



κλίνη 1 κλίνω
[select] она на што се лежи,кауч,кревет

Клино во принцип значи да се наслониш,да се потпреш,да се навалиш ,наклон.


И им рече: „Затоа ли се внесува светилка за да се стави под вршник или под легло, а не за да се стави на светилникот?


Καὶ ἔλεγεναὐτοῖς ὅτι Μήτι ἔρχεται  λύχνος ἵνα ὑπὸ τὸν μόδιον τεθῇ  ὑπὸ τὴν κλίνην, οὐχ ἵναἐπὶ† τὴν λυχνίαν τεθῇ;

Треба ли да разбереме дека „старите Словени од зад карпатите„ учеле од „античките Македонци „ или обратно?

Наводно„коине„ било народен јазик на источниот медитеран од времето на Александар 4 век ПНЕ до 6 век НЕ кога се формирал „византискиот грчки јазик„.Тоа се 10 века во превод 1000 години.

А како да го разбереме „старословенскиот„ „даб„,како „факел„ или како „кревет„?
 На античко и новогрчки дрво-даб е „друс„-δρυς.
Од каде старите словени го смислиле даб како *gabrъ/*grabъ/*grabrъ?
Ги потсетил на даб зборот „факел„ од коинето?
Не ли е пологично од даб да се направи кревет и факел а не обратно?
Под претпоставка дека античките Македонци слушнале од словените дека   /*grabъ/=даб тие си смислиле збор кревет и факел направени од дабово дрво.

Ајде на кратко.Старите Словени доаѓаат на Балканот во 6 век и наместо „друс- дрис„  кверкус лигно, лектум„ им се слуша граб,грб,габр го одбрале баш „грабатус„.Шанса-никаква.

Постои и друга варијанта.Александар го оставил зборов кај Словените пред нашата ера.

Tрета варијанта,Словените смислиле збор за даб дури откако во 6 век ги виделе табличките од Игувиум од 3 век ПНЕ каде Јупитер и Mарс имаат епитет Grabovium.
Додуша табличките се од 15 век па можно е да се фалсификат.Да се потсетиме дека на латински даб е „quercus„ а дрво „arbor„ или „ligno",кревет е „lectum" а „grabatus„ е војнички кревет.Па, го  читале ли латиниве новиот завет ?Да видиме како тие го превеле креветот.

et percurrentes universam regionem illam coeperunt in grabattis eos qui se male habebant circumferre ubi audiebant eum esse



Буквално од грчкиот ,веројатно се чуделе што е тоа κραββάτοις.




Веројатно и на Сенека одовде му бил познат зборов. А исто така и на Катул,Цицерон,Марциал,Апулеј,Петрониј итн а по 10 века наеднаш го запознале  и „ренесансните„ писатели. 


Платон Сенека и Аристотел



λέχος 1 λέγω1
1.кауч,кревет, кај Хомер
2.Брачен кревет или воопшто брак,
σὰ λέχεα твојата жена,Еврипид
4.птичјо гнездо, Есхил,Софокле

Лехос,лего-И ние велиме „лега„„лежи„ тоа е и латинското „lectus„.

 Од прото словенски *ležati,од „протоиндовропејски„  *legʰ- (“лежи”).


Веројатно стариве Грци се сретнале со „Протоиндоевропејците“ бидејќи Словените во времето на Хомер сеуште не биле родени .


Лего е грчки збор и за „зборува„ „чита„,„вели„ но и да „собира„,„одбира„,„раскажува„ итн.


 „Столицата„ е „т(th)ронос„θρόνος


Friday, February 1, 2013

Теофилакт Охридски - Житие на Климент Охридски

Сентиментално-психолошки роман на новото време (17-18-19 век) под маска на 11 век


Спомнати се фрагменти од житието издадени во Рим 1665г, и целото житие издадено во Москополе (Денес Воскопоја, Албанија) - населено со Мацедоаромани - „влашкиот Ерусалим„, 1741г и Виена 1806г (веројатно според истото издание од 1741 г).
Подоцна, Виктор Григорович  пронашол во Охрид кодекс на пергамент од кобожем 13 , 14 век кој го содржи целото житие на Св.Климент. Многу е поверојатно житието напишано на пергаментот да било рачен препис од печатена книга така што ова житие никако не може да се „пресели„ во минатото пред 17 век.

Климент , Клеменс доаѓа од латинското „ clementia„ што значи милост, благост.

Живот, дејност, исповед и изложување на еден дел од чудата на нашиот светец охридски Климент, бугарски ( народен м.з) епископ, напишано од пресветиот и славен архиепископ на Прва јустинијана и на цела Бугарија господин Теофилакт, кој го имал звањето магистер на ораторите во Константинопол
I
Вовед


1.Елате чеда, чујте ме , елате сите кои се плашите од бога и ќе ви раскажам, за да дознае и другото поколение , синовите кои ќе се родат и целиот сознателен народ да го пофали Господа (тон кирион).

Ова го кажал Давид а ние денес го кажуваме заедно со него. Навистина треба насекаде и пред сите да раскажуваме за божјото величие не само поради тоа што нема граница на божјата пофалба, бидејќи веруваме, затоа што колку многу да соопштуваме и да говориме , некажаните нешта се многу повеќе, но и поради тоа што разгласеното величие на божјите чуда се јавува како некаква побуда за безгрижните кои се успале за извршување на добри дела.

2.Многумина сметаат дека нашиот век во извесна смисла отстапил од древноста, дека минатите времиња блескале со чудесии и биле украсени со животот на мажите, кои иако биле со тела живееле скоро бестелесно, а на нашето поколение ништо слично не му било дадено од Бога, затоа тие луѓе, кои лошо и прилично несигурно ја познаваат реалноста, на жален начин се покажале неприкладни за праведен живот, бидејќи денешната природа не го воспримила. Суштината на природата е една и иста и не се променила, и Господ во нашите времиња сочувал навистина многу мажи , кои, без да го свиткаат коленото пред ниеден човек, блескале со светлината на својот живот за слава на нашиот небесен татко и станале светила на светот, држејќи го цврсто словото на животот(Филипјани 2-15,16).


3.На истиот начин блажените отци и учители (патерес макари ке дидаскали) во последно време ја просветија бугарската земја (тон Вулгарон хоран) и блеснаа со своето учење и чудеса и се јавија силни пред бога со својот живот и своето слово. Јас имам желба да го опишам целиот нивни живот иако тоа ја надминува силата на моето слово. Но, дури и да понудам малку , сепак со ова ќе посведочам за човекољубието и божјата благодет, која е со нас и ќе биде со нас во сите денови се до крајот (MK - Библијa 1999 - Мт. 28:20 . И еве, Јас Сум со вас во сите дни до свршетокот на светот. Амин!”) како што вети , и ќе покажам на сите луѓе дека нашата природа не се изменила, туку се измениле нашите потреби.

II

Измислување на азбуката


4.Сигурно вие сакате да дознаете кои се овие отци?- Методиј, кој ја украсил Панонската епархија бидејќи станал архиепископ на Моравија и Кирил кој бил голем во паганската филозофија (егзо филозофиан, надворешна филозофија) а уште повеќе во христијанската ( едо-внатрешна ,црковна филозофија) и ја познавал природата на нештата а уште повеќе едниот постоечки од кого се' го добило постоењето од невидливото (MK - Библијa 1999 - Евр. 11:3

Преку вера разбираме дека вековите се создадени со Божјото слово, така што видливото произлегло од невидливото.Поради чистотата на својот живот тие го примиле бога во себеси и поради примањето на стравот во срцето се труделе да создадат спасителен дух (MK - Библијa 1999 - Ис. 26:18 Забременивме, во маки сме како да раѓаме ветер, не и донесовме дух на спасение на земјата, ниту паднаа жителите на светот.) и станале силни во учителното слово, кое се предавало на грчки јазик(елади глоти).Силата на таквата мудрост привлекла многумина.


5.Бидејќи славјанскиот род (Стловенон генос) или Бугарски не го разбираше елинскиот јазик(беше глупав за молитвите на сложеното писмо на грчки јазик),светците го сметале ова за најголема загуба и ноѓале основа за својот неутешен јад во тоа што светилникот на писанијата не се пали во темното место(аухмиро топо-пустата земја, MK - Библијa 1999 - 2 Петр. 1:19И така имаме поцврсто пророчко слово; а вие правите добро што внимавате на него, како на светило што свети во темно место, додека не осамне денот и Деница засвети во вашите срца.)на Бугарите.Тие тагувале страдале и се откажувале од животот.


6.И така што да прават ,се завртеле кон утешителот, чиј прв дар се јазиците и помошта на словото ( глоса ке ту логу воитија ,помош во јазикот и зборот -ДЕЛА НА СВЕТИТЕ АПОСТОЛИ Глава 2) и ја измолиле од него оваа благодат-да пронајдат азбука која соодветствува на грубоста на бугарскиот јазик за да можат да ги преведат божјите писанија (теиас графас) на јазикот на народот(фонин ту етнус-јазикот на паганите?).

И навистина откако се предале на строг пост и долга молитва, на онемоќување на телото и на унижување и смирување на својата душа ,тие го постигнале саканото.

Затоа што пееше (Давид веројатно ) :Блиску е Господ ,за сите кои го повикуваат,и додека ти сеуште зборуваш,тој ќе каже : еве тука сум( MK - Библијa 1999 - Ис. 58:9 Ако викнеш, Господ ќе ти одговори, кога ќе извикаш, ќе рече: ‘Еве Ме!’ Ако ги отстраниш од својата средина јаремот, испружениот прст и безбожната беседа,), зошто јас сум бог кој се приближува а не сум бог кој доаѓа од далеку(πόρρωθεν).(MK - Библијa 1999 - Ер. 23:23 Та, зар Сум Јас Бог само од близу - говори Господ - зар од далеку веќе не Сум Бог?)

7.И така тие ја добија благодатта на духот како готово утро (MK - Библијa 1999 - Ос. 6:3Да се стремиме да Го запознаеме Господа; како утринската зора е Неговото јавување. Тој ќе ни дојде како есенски дожд, како пролетен дожд што ја натопува земјата.”) и светлина на знаењето се разлеала врз праведниците и радоста поврзана со овие нешта им ја потиснал почетната тага.Откако го добиле овој посакуван подарок тие ги откриле Словенските букви (Стловеника грамата), ги превеле божјите писанија од грчки на бугарски јазик (ен тис еладос глотис еис тин Вулгарикин), и се погрижиле да го предадат потребното знаење на поспособните од своите ученици. И многумина пиеле од овој утешителен извор , меѓу кои избрани корифеи на групата биле Горазд, Климент, Наум, Ангелариј и Сава.



III 


Кај Папата во Рим 

8.Бидејќи знаеле дека Павле соопштил во својата проповед (MK - Библијa 1999 - Гал. 2:2
А отидов горе по откровение и им го изложив Евангелието, кое го проповедам меѓу народите, но насамо на видните, можеби да не трчам или да не сум трчал напразно.) на апостолите и тие тргнале кај епископот во Рим за да го покажат на блажениот Папа(то макарио теуто папа) својот превод на писанијата.Патувањето им било успешно и тие не заминале напразно.

9.Адријан ,кој тогаш го красел апостолскиот престол, кога слушнал за нивното доаѓање, необично многу се израдувал.Оддалеку поразен од громот на славата на светците,тој посакал да го види и блесокот на нивната благодет,чувствувајќи го кон божествените мажи она кое го чувствувал Мојсеј кон Бога, кога посакал да му се покаже саканото лице (на бога) и да го види јасно (Господ прво разговарал со Мојсеја „лице в лице„ па после му кажал дека лицето никој не смее да му го види:MK - Библијa 1999 - Изл. 33:11Така Господ разговараше со Мојсеја лице во лице, како што човек разговара со пријателот. Потоа Мојсеј се враќаше во логорот, ама неговиот помошник Исус, синот Навинов, младец, не се помрднуваше од Шаторот.MK - Библијa 1999 - Изл. 33:18„Покажи ми ја Својата слава,” замоли Мојсеј.MK - Библијa 1999 - Изл. 33:20А ти - додаде - не можеш да го видиш Моето лице, зашто човек не може да Ме види Мене и да остане жив. )

Повеќе не можел да чека туку откако ги земал со себе сите свештеници и архиереите кои се наоѓале таму ,излегол да ги пресретне светците,при што ,според обичајот,пред него бил носен знакот на крстот и преку светењето на свеќниците ја искажувал својата радост,а може да се каже и сјајот на гостите кои доаѓаа, кои прославени од прославениот сред светците Господ,(MK - Библијa 1999 - 2 Сол. 1:10 кога ќе дојде, во оној Ден, да се прослави во Своите свети и да Му се восхитуваат сите верни, зашто вие му поверувавте на нашето сведоштво.), биле удостоени на направат многу чуда во време на своето влегување.Кога било покажано и нивното дело на Папата и тој видел дека преводот на писанијата на тој јазик е рожба на духовна благодат на вистинска апостолска душа, тој не знаел што да стори од радост: почнал да ги обожува мажите да ги нарекува со различни имиња -отци, сакани деца, своја радост, венец на верата, круна на славата и убавината на црквата.Потоа што направил?Откако ги земал преведените книги ,тој ги однел во божествениот жртвеник,ги посветил на Бога како некаков подарок,и покажал дека Бог се радува на таквите жртви,плод на словото (MK - Библијa 1999 - Евр. 13:15И така, преку Него да Му принесуваме постојано на Бога пофална жртва, односно: плод на усните, кои го исповедуваат Неговото име.) и ги прима таквите плодови приноси како благомирисна арома.Зошто што е попријатно за словото, Бог од словото кој ги ослободува словесните од бесловесие (ги ослободува од неписменост) ако подобното се радува на подобно (сличното се радува на слично)(Сирах,15Немилостив к себекто не удерживает себя в словах своихи он не убережет себя от оскорбления и от уз. )?

Тој во црквата ги прогласил мажите за рамноапостолни,бидејќи се зафатиле со подвиг(борба), рамен на оној на Павле(MK - Библијa 1999 - 2 Тим. 4:7 Извојував добра борба, го завршив трчањето, ја запазив верата.)и се грижеле да му принесат на бога совршен и свет принос од народи (пагани-незнабошци,MK - Библијa 1999 - Рим. 15:16 за да Му бидам служител на Исуса Христа меѓу народите, кој врши света служба на Божјото Евангелие, и да биде мојот принос од народите пријатен, и осветен преку Светиот Дух.)


10.Потоа оние од придружниците на светите мажи, за кои учителите посведочите дека имаат достатно искуство во словенската писменост (Стловеникон граматон) и се украсени со благочестив живот, папата ги удостоил едно со свештеничка титула, други со ѓаконска а трети како четци (ипоѓакони). А лично великиот Методиј , иако тој се откажувал и не се согласувал,папата го ракоположил (хиротонисал) за моравски епископ во Панонија,бидејќи сметал дека не е справедливо да се лишува од чин оној кој ова го заслужил со своето дело ,како што еднакво е неправедно некој кој е сосема далеку од делото да добие свештенички чин ,и кога се дозволува некој епископ по дела и достоинство да остане скриен меѓу мирјаните за како светилник да лежи под леглото на непознатоста (MK - Библијa 1999 - Лк. 8:16 ”Никој - кој запалил светилка - не ја покрива со сад ниту ја става под леглото, туку ја става на светилник, за да ја видат светлината оние, кои влегуваат. )Така римскиот архиереј го почестил Методиј со епископски чин односно го наложил епископството врз него.


11.А Кирил,кој бил вистински филозоф,Големиот архиереј (првосвештеник) го вовел во свјатаја свјатих (MK - Библијa 1999 - Евр. 9:3 А зад втората завеса на Шаторот беше другиот дел, наречен Светина над Светините) за да служи внатре во вистинската скинија(шатор,MK - Библијa 1999 - Евр. 8:2 како служител на Светилиштето и на вистинскиот Шатор, што го подигна Господ, а не човек.) и подуховно и побожествено да учествува во тајните и да се приклучи со новата чаша.Затоа што тој бил оставен во тело само за да ја пронајде азбуката и да ги преведе писанијата а бидејќи на тој начин и послужил на божествената волја , бил прибран од Бога кој го научил на знење.Когa го почувствувал крајот на животот тој примил монашка заклетва, која одамна ја посакувал, но поради скромност ја сметал за нешто големо кое ги надминува неговите сили.Откако поживеал со тоа звање десетина дена ,откако донел светлина на светлината,тој се преселил на небото, каде што е Христос, и ја напуштил долината на плачот (земјата), куќата на мракот, калното блато и земниот живот.Тој го предал духот на богот на духовите а неговото тело кое ја вкусило доброволната смрт пред определената од природата, почестено со песни од божествениот папа и целиот клир било погребано во храмот на Климент,оној Климент кој го придружувал Петар, првиот од апостолите, и кој ја потчинил елинската мудрост на Христовата како слугинка на господарката.И филозофот го примил филозофот, големиот учител го земал кај себе гласот на словото, наставникот на народите се преселил кај себе оној кој ги просветлил останатите народи со светлината на знаењето.


12.И Бог со знаци посведочил за славата која го очекувала Кирил на небото и на ваков начин ги направил видливите нешта гласници на невидливото.Душевно болни, штом доаѓале на неговиот гроб наоѓале исцелување а благодатта на светиот дух станалa бич-гонител на многу други болести.Затоа што , штом некој се доближувал до неговиот гроб или само почнал да го вика името на овој богоносен отец,тој им носел спасение од страдањето според верата своја. Затоа Кирил бил велик во устата на Римјаните (Ромеон)  а уште поголем во нивните души.Така чудесата биле основа на неговата слава а таа пак била причина за прилично големата почит, а почитта кон светецот -утврдување на божјата слава.



IV

Методиј во Панонија

13. Така смртта му дала на Кирил чест и од пребожествениот папа и од бога. Методиј, пак, откако го загубил својот соработник и сопатник, кој му бил во се вистински брат по тело и во господа, го предал своето срце на тага , искушувајќи го ова човечко чувство, скршен од љубов кон својот брат. Од друга страна, тој се тешел не помалку, дури и повеќе, бидејќи се надевал , дека ќе го има Кирил за помошник во својето учителско дело и дека колку Кирил е поблиску до бога по ослободувањето од телото, тој  ќе добие покорисно застапништво.

14. А кога настапило времето Методиј да тргне на пат за Панонија и требало конечно да го насочи погледот кон епископијата на оваа земја, тој го прегрнал гробот на својот брат, многу пати го извикал милото име Кирил, си ја исплакал телесната самотност, ја повикал на помош силата на неговото застапништво и тргнал на пат со своите ученици.

Кога пристигнал во Моравија, тој станал вистински епископ, бидејќи покажал во себе такви квалитети, како што се насликани од Павле во ликот на епископот (MK - Библијa 1999 - 1 Тим. 2:7за кое јас бев поставен за проповедник и апостол - вистина велам, не лажам - за учител на народите во верата и вистината. ), и ги надминувал сите со своето учителство . Бидејќи тој не го закопал својот талент (MK - Библијa 1999 - Мт. 25:18А оној, кој прими еден отиде, ископа во земјата и го сокри среброто на својот господар. ) и не ја продавал благодатта на својот духовен дар (Дејан, 8, 18; 1 Тим, 3,3; Тит 1.7), и не ја направил извор на раскош својата власт (Тит 1.9), но ги правел сите соучесници во доброто, бидејќи рамномерно го дистрибуирал сонцето на говорот (Мат. 4,45) и не престанувал да манифестира добра волја при раздавањето на одмерената евангелска храна (Лука 12, 42).

Оној кој и пред епископството се залагал за наставното слово, и тоа без да се фрла во опасност за делото кога веќе му било доверено ова дело и добил залог и го знаел кажаното за апостолот: "Тешко мене, ако не го проповедам Евангелието" (MK - Библијa 1999 - 1 Кор. 9:16Ако пак го проповедам Евангелието нема за што да се фалам, зашто неопходноста ми е наложена. И тешко мене, ако не го проповедам Евангелието! ),зарем тогаш не бил должен да се занимава со учителството да се приврзе кон него и цел ден да се грижи за божјите зборови, што му давале сладост повеќе од мед и медена пита?

15.Секако дека тој не само што не престанал секојдневно да го поучува тогашниот моравски кнез Ростислав и да ја воспитува неговата душа со божествените заповеди, но и ги воспитувал и му давал напатствија на владетелот на цела Панонија кој се викал Коцел за да има страв од господа , и разубедуван и воздржуван од него како од некаква узда, да избегнува секакви зла.

Покрстувањето на Борис

Освен тоа големиот Методиј тогаш постојано го дарувал со добрините на својот говор и бугарскиот кнез Борис, кој живеел во времето на византискиот император Михаил и кого претходно го направил свое духовно чедо и го привлекол преку својот прекрасен јазик во се.

1б. Овој Борис воопшто бил и со многу здрав ум и бил склон кон доброто. Во негово време и бугарскиот народ почнал да се удостојува со божественото крштевање и да се христијанизира. Кога овие светци, ги имам во предвид Кирил и Методиј, виделе дека има многу верници и дека многу деца на богот се раѓаат преку вода и дух (Јован 3,5), но дека тие целосно се лишени од духовна храна, тие ја изнајдоа азбуката како што рековме и ги превеле делата на бугарски јазик за да имаат новородените деца божји доволно божествена храна и да достигнат до духовен раст и до мерката на Христовата возраст (Евреите 4, 16; Кол. 2, 19; Ефес. 4, 13) .

Така бугарскиот народ, од скитските заблуди, го познал вистинскиот и најправиот пат - Христос (Јован 14, 6) - и иако подоцна, околу единаесеттиот или дванаесеттиот час, влегол во божјото лозје преку благодатта на оној кој го повикал (Мет 20,6; Гал. 1,15; 2 Тим. 1,10). Повикувањето на овој народ станало во 6377 година од создавањето на светот.(според „Византиската ера„ 6377-5508=869 г).

V

Религиозни спорови

17. И така големиот Методиј не престануваше постојано да дава секакви совети на кнезовите, кои ту ги упатувал кон побожен живот, ту им го нудел неизменетото учење на црквата како некоја царска и вистинска монета и неизопачено и непроменето го запечатил во нивните души .Зашто и тогаш имало такви луѓе кои ги изопачувале и менувале одредбите кои нашите отци ги утврдиле во црквата на Бога, и мнозина им наштетиле на своите души со изопачувањето воведено од Франките , кои тврделе дека синот е роден од Отецот, а Духот произлегува од Синот.

Противејќи им се ним, светецот ту со зборовите на господа, ту со реченици на татковците ги демантирал нивните мислења и секое нивно произнесување подигнато против божественото знаење (2 Кор. 10, 5), и многумина заробувал во послушност на Христос (2 Кор. 10 , 5), бидејќи ги свртувал од лажното кон вистинското и нерасипано учење и ги правел достојни од недостојни, и затоа бил и се нарекува божја уста (MK - Библијa 1999 - Ер. 15:19 Затоа Господ зборува вака: „Ако се вратиш, ќе те пуштам да Ми служиш пак; ако го оддвоиш скапоценото од безвредното, ќе бидеш Моја уста. Тие ќе се свртат кон тебе, но ти затоа не смееш да се завртиш кон нив!).

Поради тоа секојдневно се случувало зголемување на верните и словото божја растело, што го знаеме и за учењето на апостолите според зборовите на Лука (MK - Библијa 1999 - Дела 6:7А Божјото слово растеше и бројот на учениците во Ерусалим се зголемуваше многу. И големо множество свештеници и се потчинија на верата. ), или ако претпочитате, заедно со мене според онаа древна реченица: Домот на Давид напредуваше, а домот на Саул опаѓаше, бидејќи стануваше секојдневно послаб (MK - Библијa 1999 - 2 Сам. 3:1Војната меѓу Сауловата куќа и Давидовата куќа траеше уште долго време, но Давид сè повеќе јакнеше, а Сауловиот дом стануваше сè послаб. )


18. Еретиците кои биле победувани од силата на словото и вистината, го правеле она кое единствено го можеле, или поточно кон што биле поттикнати од својот татко, кој е човекоубиец од почетокот (MK - Библијa 1999 - Јов. 8:44Вие потекнувате од вашиот татко - ѓаволот, и сакате да ги исполнувате желбите на татка си. Тој беше човекоубиец од почеток и не остана во вистината, зашто нема вистина во него. Кога зборува лага, зборува од своето, зашто е лажец и татко на лагата. ) и се фалел со своето злодејство, како го измачувал светителот со илјадници зла и искушенија.

Мамејќи со лукавство, тие целосно го беа спечалиле во своето учење Светополк, кој бил кнез на Моравија по Ростислав и бил груб човек и не го разбирал доброто. Како може овој кој робувал на телесните задоволства и се тркалал во калта на нечистите дела (MK - Библијa 1999 - Пос. 7:18 Ајде да се ситиме со нежности до утрото и да се насладуваме во љубовта. ), да не го потчини својот ум повеќе на оние кои му ја отворале секоја врата кон телесните наслади, отколку на Методиј, кој ја одрекувал душегубителната горчина на секое задоволство? Она кое го измислил познатиот Евномиј, основач на евномијската ерес за да привлече повеќе ученици, тоа го замислил и неразумниот франкски народ, т.е. да им простува на грешниците без работа и без мака, а само со согласност со нивното учење, и да им овозможи порочен живот само поради успехот на изопаченото учење, како некои кои разменуваат меѓусебно едниот ѓубре, а другиот кал, бидејќи се достојни за трговија со такви богатства, во која и стоката е валкана, и цената е одвратна.


19. Затоа од нив расипаниот Светополк, бидејќи се' му дозволиле , многу малку им обрнувал внимание на зборовите на Методиј , туку, напротив, дури се однесувал кон него како кон непријател, бидејќи "побожноста е срам за грешникот", вели Писмото (( Сирах,1.25 В сокровищницах премудрости - притчи разумагрешнику же страх Господень ненавистен ). Покрај се великиот (Методиј) што се пријатно не му зборувал на кнезот, со што ли страшно не му се заканувал? Од една страна, ја докажувал исправноста на учењето преку божествените списи и му наредил да им се довери, бидејќи тие даваат живот и се извор на спасение , бидејќи и самиот Господ не учи дека животот се состои во истражување на писанијата (MK - Библијa 1999 - Јов. 5:39 Вие ги проучувате Писмата, зашто мислите дека имате вечен живот во нив; и тие сведочат за Мене. ), а Исаија не советува да не црпиме вода од мочуриштето на ересите, но од изворите на спасението (MK - Библијa 1999 - Ис. 12:3И со радост ќе црпите вода од изворот на спасението. ). Од друга страна му се заканувал дека ако се приклучи на еретиците, ќе се погуби себеси и сите, кои се под неговата власт, бидејќи станува лесно достапен за непријателите и лесно победлив, бидејќи нечесноста, макар и да цвета за кратко време,  со текот на времето сама по себе овенува, за да не ја усвојат порочноста благочестивите. И тоа, рекол, ќе се случи со кнезот по неговата (на Методиј) смрт, што и се случило според предвидувањата на Светителот.

20. И навистина, додека Методиј бил жив, ниту кнезот ги покажувал замислите на своето срце, туку имал василиск (гуштер), кој се криел и се хранел во јајцата на змија (MK - Библијa 1999 - Ис. 59:5Лежат врз змијски јајца, ткаат пајакова мрежа; ако го изеде некој нивното јајце, умира, ако го скрши, од него излегува лутица. ), ниту правдата мафтала со својот бич, но макар и да држела оптегнат лак и остар меч (MK - Библијa 1999 - Пс. 7:12Ако не се обрати, Тој ќе го наостри Својот меч, ќе го оптегне и ќе го приготви Својот лак. ),  сеште не испратила стрела во срцето на непријателот и не ја засилила раката за удар . Сепак, кога Светецот престанал да живее и се размафтало секакво зло, кое веќе не ја криело својата одвратност под покривка и маска, туку како блудница дејствувало бесрамно и предизвикало гонење против православните, тогаш и Бог не задоцнил да го казни кнезот. Но ,за ова подоцна.

  
VI

Смртта на Методиј

21. Во тоа време Методиј му ја претскажал на тогашниот кнез својата сопствена смрт, која требало да настапи по три дни, и го направил ова претскажување како поткрепа на своите континуирани совети, како што сметам јас. Зашто, ако исполнетото претскажување го претставило како пророк и како таков, кој добил дар од духот да ја предвидува иднината, јасно е дека и поддржаното негово учење е духовно и боговдахновено.

22.Откако ги собрал своите ученици, имитирајќи го Павле или, повеќе , мојот Исус, тој почнал да ги утешува и да ги зајакнува со проштални зборови, бидејќи го прикажувал пред духовните деца убавото наследство, достојно за тешкотиите, кои ги понесол, за да заработи такво богатство. Сигурно сакате да дознаете што е наследството? - Словото Божјо, што е многу попожелно од злато и скапоцени камења , и мудроста, освојувањето на која е повредно од златни и сребрени богатства .

"Вие ја знаете мои мили, рекол тој, силата на еретиците во злото и како тие, бидејќи го извртуваат словото Божјо, на секој начин се обидуваат да ги наполнат ближните со нечистите извртувања на Писмото, примајќи и применувајќи два начини на дејствување: убедување и строгост, и го применуваат првото кон простите, а второто кон плашливите. Јас се надевам и се молам вашите души да се сочуваат од двете. Вие впрочем не ќе се вовлечете од убедителноста на зборови и нема да се измамите од празна измама , зашто сте прицврстени на скалата на апостолското исповедање и учење, изградената црква на неа (карпа) вратата на пеколот нема да ја победи (MK - Библијa 1999 - Мт. 16:18И Јас ти велам, дека ти си Петар,(дека си камен) и на тој Камен ќе ја изградам Мојата Црква, и портите на пеколот нема да надвладеат наспроти неа. ), зашто е верен оној од кој е е ветено тоа (MK - Библијa 1999 - Евр. 10:23Да го држиме непоколебливо исповедувањето на нашата надеж, зашто е верен Оној, Кој ветил ) и вие не ќе се покаете во тврдината на своите срца поради некаков страв, знаејќи: Не плашете се од силните на денот , ниту од оние што го убиваат телото, но не можат да погубат душата (MK - Библијa 1999 - Мт. 10:28И не бојте се од оние кои го убиваат телото, а душата не можат да ја убијат. Туку бојте се повеќе од Оној, Кој може да ги погуби и душата и телото во пеколот. ).

Нешто повеќе - помагајте и другите да го чуваат залогот кој го добивме од апостолите и своевремено од отците и кој тие ќе го побараат од нас на денот на одмаздата. Еве јас ви претскажав и преку предскажувањето ве направив одговорни за гревот. Зашто, ако не бев дошол, вели Христос, и ако не бев им рекол, не би имале грев (MK - Библијa 1999 - Јов. 15:22Да не дојдев и да не им зборував, немаше да имаат грев; но сега немаат изговор за својот грев. ). Јас сум невин за вашата крв, бидејќи не се плашев да ви зборувам (MK - Библијa 1999 - Дела 20:27зашто не пропуштив да ви ја соопштам целокупната Божја намера. ), но според пророкот Езекиел стоев на местото како стража (MK - Библијa 1999 - Езек. 33:6А пак, ако стражарот - гледајќи дека мечот доаѓа против земјата - не затруби во рогот и не го опомени народот, та мечот дојде и погуби некого од нив: тој, навистина, ќе биде погоден заради својот грев, но Јас ќе ја барам неговата крв од раката на стражарот.’ ).

Гледајте како внимателно треба да одите не како немудри, туку како мудри (MK - Библијa 1999 - Еф. 5:15 И така, внимавајте грижливо како живеете! Не како немудри, туку како мудри) и со сета своја внимателност зачувајте ги вашите срца и срцата на вашите браќа, бидејќи вие ќе минатата меѓу стапици и ќе се движите по врвовите на градските утврдувања ( Сирах 9.18 знай,что ты посреди сетей идешь и по зубцам городских стен проходишь.  ), зашто и по мојата смрт ќе навалат жестоки волци помеѓу вас, кои не го штедат стадото (MK - Библијa 1999 - Дела 20:29Јас знам дека по моето заминување, ќе навлезат меѓу вас свирепи волци, кои нема да го штедат стадото; ), за да го вовлечат народот, по себе.

 Силни со својата вера, вие да им се спротивставите. Павле ви го наредува тоа преку мене. Бог и Отец, кој е над се, и безстрастно родениот од него пред вековите син и свети дух, кој потекнува од таткото, ќе ве научи на секоја вистина (MK - Библијa 1999 - Јов. 16:13 А кога ќе дојде Тој, Духот на Вистината, ќе ве упати во сета вистина, зашто нема да зборува Сам од Себе, а ќе зборува она што слуша, и ќе ви навести за нештата што ќе дојдат. ) и ќе ве претстави непорочни за мојата пофалба во Христовиот ден "(MK - Библијa 1999 - Фил. 2:16 држејќи го цврсто словото на животот, за да имам со што да се фалам во Христовиот Ден, дека не трчав напразно и дека не се трудев напразно. ).


23.Откако го рекол ова и уште многу други такви нешта (кобожем), тој го предал својот дух на ангелите, кои го придружуваа и го чуваа во сите негови патишта за да го одведат откако блеснал во архиерејството 24 години и со голем труд и мака (MK - Библијa 1999 - 2 Кор. 11:27 во труд и тешкотија, многупати во неспиење, во глад и жед, во многу постење, на студ и во голота) приготвил спасение не само за себе, туку и за другите.

 Зашто тој се грижел не само за себе, туку и за другите, за да се спасат. И ноќ и ден живеел само за она кое им било корисно и на другите. За тоа сведочи и големиот број свештеници, ѓакони и чтеци, кои, 200 на број, тој, умирајќи, ги оставил во областа на својата црква. Ако биле толку многу само духовните лица, да си замислиме колку бил голем бројот на мирјаните.

Прво место меѓу нив заземал Горазд, кого нашиот расказ уште порано го вброи кон најпознатите Методиеви ученици и кој бил прогласен за архиепископ на Моравија од самиот светец, кога бил на крајот на животот .



VII
Вихинг на престолот на Методиј

24. Но премногу дрската толпа еретици не трпела Методиј да го има и по неговата смрт за свој жив противник, но "дојдете, рекле ,да извршиме насилство врз Горазд и да му направиме заседа, бидејќи неговиот живот не ни одговара нам и патиштата се му различни, и тој ни разобличува поради нашите гревови (MK - Библијa 1999 - Пос. 2:15 чии патеки се криви, и кои се опаки на своите патишта. ) и ако му се овозможи да живее, Методиј би оживеал за нас ".

 И тие го лишиле од епископска власт (Горазда) а го подигнале на престолот или поскоро го понижиле престолот преку некој Вихинг, кој бил пијан од чистото вино на ереста и бил способен да опива други и кој поради тоа бил предаден од Методиј на сатаната на одлачувањето заедно со неговата бесна дружина - о, трудови и подвизи на Методиј и ох, Троице, која се слеваш со своите лични квалитети. И колку што престолот бил прославен преку Методиј и надминувал многу други престоли, толку преку Вихинг паднал во бездната на безславието.



  VIII

Нови религиозни спорови

25. Така незаконски и без никакво право тој (Вихинг) го заграбил епископството, бидејќи си присвоил чест ((MK - Библијa 1999 - Евр. 5:4 И никој не ја зема оваа почест за себе, туку Бог го повикува, како и Арона. ) и извршил г р а б еж (MK - Библијa 1999 - Фил. 2:6 Кој, иако е во Божјо обличје, не го сметаше како грабнато - тоа што е еднаков со Бога, ), а повиканиот од Бога го истерал со насилството на раката на грешникот . Ереста надигнала глава и почнала да се однесува надмено со православното множество на Методиевите ученици. И кога подигнале врева и се побуниле против верните, тие рекле: "Зошто вие уште премногу благонаклоно сте расположени кон зборовите на Методиј, кои се замирисани и мртви, а не се приклучувате на живиот архиепископ и не исповедате дека синот е роден од таткото и духот потекнува од синот? "


 26. А тие (Методиевите ученици) одговориле преку Горазд и Климент: "Методиј уште е жив, ние целосно знаеме за тоа од господа, кој, од една страна, вели дека оние кои поверуваа во Него и да умрат, ќе живеат а, од друга страна, не учи дека бог се нарекува бог на Аврам, Исак и Јаков како на живите, а не како на мртви (MK - Библијa 1999 - Мт. 22:32”Јас Сум Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов”? А Бог не е Бог на мртвите, туку на живите!”). Во што навистина грешиме, ако го имаме за учител оној кој живее во Бога, духовно комуницира и разговара со нас и не поткрепува против вас? Бидејќи и сега сме убедени дека оваа ваша нова вера не е посведочена од некакво писмо, ниту била создадена од светите Отци, ние се плашиме дека ќе бидеме фрлени во проклетство, зашто апостолот Павле јасно вели: Ако некој ви благовестува повеќе од она што го примивте, да биде проклет (MK - Библијa 1999 - Гал. 1:9Како што рековме порано и сега пак велам: ако некој ви проповеда евангелие, што се разликува од она што го примивте, да биде проклет!).

 Ние веруваме во духот на синот, зашто е дух на живот и вистина, кои се и синот (Јован 14, 6), и исто во духот како ум Христов , но ние не сме учеле и нема да учиме дека тој потекнува од сина, и нема да се откажеме од својата вера, и нема да станеме полоши од неверниците (MK - Библијa 1999 - 1 Тим. 5:8 Ако некој не се грижи за своите, особено за домашните, се одрекол од верата и е полош од оној кој не верува).

Не! Се колнеме во осветувањето на благодатта на Светиот дух. Ние веруваме дека духот потекнува од таткото и дека таткото на синот е негов виновник и изводител, но дека е својствен и на синот и секогаш преку него се дели на достојните. Едно е сепак произлегувањето, а друго е подарувањето. Првото го појаснува начинот на постоењето на духот, бидејќи, бидејќи синот е од таткото по раѓањето, така и духот потекнува од него. Давањето не го објаснува начинот на постоењето, а покажува збогатување и раздавање.


27.За да го објасниме учењето со еден пример, доколку ова е возможно, замислете дека некој цар дава премногу големо богатство од своите азна, а неговиот син, откако го добил, го владее како сопствено и го дели на оние кои му се допаѓаат. Отец е царот; богатството, како што се вели во споредбата е духот, кој е даден од неизброивите богатства на отецот,царскиот син е синот на таткото, кому му припаѓа духот и преку кого се дели. Гледате дека духот, каков што го знаеме не поаѓа од синот, а се дели преку него. Но, ако те збунува дека синот дувнал на апостолите и рекол: "Прифатете го светиот дух" (MK - Библијa 1999 - Јов. 20:22Кога им го кажа ова, дувна во нив и им рече: „Примете Свети Дух! ), тогаш ти грубо си ги протолкувал евангелските зборови. Тој го дал на апостолите едниот од даровите на Духот, кој се однесува на простување на гревовите (MK - Библијa 1999 - Јов. 20:23На кои ќе им ги простите гревовите - простени им се; на кои ќе им ги задржите - задржани им се!” ), како што станува јасно од следните зборови и за Исаија е вообичаено да ги нарекува духови активностите на духот (MK - Библијa 1999 - Ис. 11:2 Господовиот Дух ќе почива на него, дух на мудроста и на разум, дух на совет и на сила, дух на знаење и на страв, Господен, ) но тогаш (Христос) не им го дал на своите ученици самиот дух. Зашто е јасно дека ако тогаш им дал духот, слегувањето на Духот потоа на Педесетница би било непотребно, или пак било слегување на друг дух, ако не било непотребно. Каков е навистина овој дух? Како што проповеда црквата , еден е светиот дух. Ако беа два, тогаш кој од нив не е свет? Ако е свет дадениот преку дувањето и господ го дал токму него, а не еден духовен дар, тогаш е јасно дека слегнатиот на Педесетница не е свет. Но оваа хула да падне врз вашите глави (MK - Библијa 1999 - Неем. 4:4„Чуј, о Боже наш, како нè презираат! Сврти ги нивните хули на нивната глава. Предај ги како плен во земјата на ропството. ). Признавајќи две начела - отецот за почеток на синот, а синот за почеток на духот - вие лудувате од нова манихејска лудост.


28.Ние имаме еден бог и Отецот е единствениот почеток на потекнатите од него: за синот е отец, а за духот е производител, како што едното сонце е почеток на зраците, на светлината и топлината. Светлината и топлината се својствени на зракот, како што духот е својствен на синот, и светлината припаѓа на зракот, како духот на синот а и двете се од еден почеток -од сонцето. Како во примерот, светлината и топлината се пренесува преку зрак на телесниот свет, така и светиот дух преку синот се раздава на духовното творба за се. Ако, пак, и вие како манихеите, кои покажувале евангелие од Тома, можете да ни покажете друго Евангелие, кое внело такво учење за духот, тогаш докажете дека тоа е канонизирано, и ние ќе замолчиме и дури ќе ве почитуваме како свои добротвори. Но, ако црковниот рај се наводнува од четири извори, кои излегуваат од еден извор (Битие 2, 10), тогаш, мислам ,вие сте ги признале Матеј, Марко, Лука и Јован. Секој кој воведува петто Евангелие, е три пати проклет.
Јован ни го претставува синот кога зборува за духот на вистината, кој произлегува од Отецот (Јован 15, 36). Престанете да го забивате против себе се повеќе спротивставениот меч, престанете да војувате против Божјиот Син, големиот евангелист, од кого, преку кого и за кого е целото Евангелие, и без духот да учите за духот, и да зборувате повеќе од спротивен дух. "

 IX

29. Приврзаниците на Вихинг не издржале кај овие зборови, и си ги затнале ушите (MK - Библијa 1999 - Дела 7:57 Тогаш извикаа со силен глас, ги затнаа своите уши и се нафрлија еднодушно на него), како оние кои некогаш го убивале со камења Стефан (MK - Библијa 1999 - Дела 7:59 И фрлаа камења на Стефана, кој повикуваше, велејќи: „Господи Исусе, прими го мојот дух!”), вистинскиот сведок на словото. Така тие го направија единственото можно за нив добро дело, бидејќи не беа достојни да ги слушаат овие зборови. Почнале да дигаат врева и да мешаат сè и само што не започнале тепачка со православните, претставувајќи ја силата на своите раце како сојузник на својот изморен јазик. На крајот тие забрзале и прибегнале кон последното прибежиште, кон долниот Светополк, и почнале да ги клеветат православните дека коваат заговор и сигурно ќе се надигнат против неговата власт, ако не се согласни со кнезот во учењето, зашто спротивното размислување е и противдејствие. Тој ги повикал следбениците на Методиј и им рекол: "Зошто се случува овој раскол помеѓу вас и зошто секој ден се карате како непријатели меѓу себе? Нели сте сите браќа? Нели сте христијани? Зошто не се договорите меѓу себе и зошто не се стремите кон единство? "

30. А тие одговориле користејќи ги Горазда и Климента како своја уста, зашто тие го воделе разговорот: "Кнеже, би требало да ти зборуваме премногу опширно за ова, бидејќи опасноста не им се заканува на најмалите и не повеќе незначителни нешта за нас, туку на црковните догми за блажената троица и за душата, што за нас е најценето од сè. Но бидејќи твоето непознавање на Писмата не ти дозволува да слушаш многу долги и премногу длабоки размислувања, нашиот одговор на твоето прашање е едноставен: ние се делиме, затоа што и Господ дојде да донесе меч и да го подели доброто од лошото (MK - Библијa 1999 - Мт. 10:34”Не мислете дека дојдов да донесам мир на земјата. Не дојдов да донесам мир, но меч.), а слушаме дека и Давид ги мрази они екои го мразат господа и многу го почитува пријателите на бога . Ние никогаш не би ги сметале за христијани оние кои не го прифаќаат евангелието, зашто, додека во него еден од Троица, синот Божји, рекол: "Духот на вистината, Кој излегува од Отецот" (MK - Библијa 1999 - Јов. 15:26”А кога ќе дојде Утешителот, Кого Јас ќе ви Го испратам од Таткото, Духот на Вистината, Кој излегува од Таткото, Тој ќе сведочи за Мене), овие велат дека духот произлегол од синот. Ако впрочем тоа беше навистина така, што му посметало на господа да каже: "Духот на вистината, кој излегува од мене?" Ова е едно. А другото е дека се изјаснил за светиот дух вториот вселенски собор на собраните архиереи од целиот свет во Константинопол, бидејќи тој за тоа бил свикан и - да го побие духоборецот Македониј.
 Соборот го составил симболот на верата не за да го одрече оној составениот на Никејскиот собор, туку она што првиот собор го пропуштил, бидејќи споровите за духот тогаш уште не биле покренати, вториот го дополнил и ќерката го довршила започнатото од мајката.
И така да видиме според овој симбол, кој, преведен од грчките книги, и ти, кнеже, секој ден го произнесуваш в црква, дали да се согласиме да веруваме во духот, кој поаѓа од својот син, или во духот, кој поаѓа од отца.

Како да се согласиме со оние кои мудруваат против евангелието и учењето на Отците, кое е изложено со помош на духот, со оние кои викаат од земјата како лажни предсказатели ? "Што има заедничко меѓу светлината и темнината?" - вели божествениот апостол (2 Кор. 6, 14).
 И така, ако тие го променат своето мислење и се согласат со евангелието и со отците, ние ќе одиме кај нив трчешкум како браќа, ќе се обединиме и ќе се прегрнеме. Но ако тие, негирајќи го единствениот наш наставник, Христа, тргнат по својот ум и останат заблудени во своите помисли (MK - Библијa 1999 - Рим. 1:21Зашто, иако Го познаа Бога, не Го прославија како Бог, ниту покажаа благодарност; туку станаа суетни во своите мисли и нивното неразумно срце се помрачи), ние тешко ќе се согласиме да ја усвоиме догмата (учењето) за Троица од таквите наставници ". Тоа го одговори православното мноштво, кое се што служи со Горазд и Климент како со говорници.

X


  31. Кнезот едвај разбрал малку нешто од кажаното, затоа што бил сосема тап, за да може да разбере нешто од божествените работи, а, од друга страна, бидејќи бил не само премногу грубо и, општо кажано, многу неразумно воспитан, но си го помрачил разумот си со нечисто задоволство, како што се веќе реков. Како би можел навистина да загледа во мислите за Троица човек кој целосно е лишен од светоста на целомудрието, без кое никој нема да види господа (Евреите 12, 14)?

    32. Побуден сепак од еретиците, бидејќи им бил целосно предаден, тој на православните им дал ваков одговор: "Јас ја знам својата голема необразованост и сум неук во однос на догмата. Нели сум и неписмен? Но христијанството го прифаќам и ќе го прифаќам. Сепак, јас не сум во состојба да ги разрешам со зборови овие спорови кои вие ги подигнавте, ниту можам да ги разликувам лажните учители од православните. Затоа јас ќе ви судам како христијанин. Се разбира, и за оваа догма ќе решам, како што обично решавам и за другите нешта: кој ќе се приближи и прв и прв ќе се заколне дека верува правилно и православно, според моето правосудие тој ништо не греши против точноста на верата. Нему и ќе му ја предадам црквата и во согласност со справедливоста ќе му го предадам црковното свештенство. "


XI

33. Тогаш Франките, кои биле целосно подготвени за клетвата, без да го чекаат крајот на речта на кнезот, се заколнаа и го потврдија своето лажно учење, и така ставија соодветен крај на неразумниот суд. Со помош на таквите судии ереста се овенча со победа над православието и доби целосна власт да мачи да ги грабне вистинските слуги на Христа и чувари на верата. 
"Ако некој се открие, рекол , дека не верува според исповедувањето на Франките, тој ќе им биде предаден за да прават со него што сакаат."


34. Кој говор може да раскаже за злата кои следеа , кои ги изврши изопаченоста, откако доби власт? Тоа било навистина како пожар во гора, кој се шири од ветрот. Франките ги принудувале учениците на Методиј да се приклучат на лажното учење, а тие пак ја бранеле верата на отците. Првите биле подготвени да извршат се, а вторите да поднесат сè. Франките нехумано мачеле едни , на други им ги разграбале домовите, бидејќи ја додале алчноста кон својата нечесност , а трети, и тоа стари и кои ја надминале Давидовата возраст, ги влечеле голи низ трње. Тие, достојни за судбината и бесилката на Јуда, на Евреите (Јудеите) им ги продавале помладите свештеници и ѓакони.

Зашто, како оној кој го продал Христа, така овие продавале на евреите кои секогаш носат горчина на слугите Христови или, подобро, неговите пријатели, како што тој самиот ги нарекува (MK - Библијa 1999 - Јов. 15:15 Не ве наречувам веќе слуги; зашто слугата не знае што прави неговиот господар; а вас ве нареков пријатели, зашто ви соопштив сè што чув од Мојот Татко.), а јас би се осмелил да ги наречам помазаници. Тие воопшто не биле малку, бидејќи само вработените во олтарот биле двесте души, како што веќе кажавме.


XII

Гонење на Методиевите ученици

35. Оние кои имале должност на наставници, каков што бил познатиот Горазд, за кого често споменувавме и кого Методиевата добродетел го поставила на престолот, бидејќи потекнувал од Моравија и одлично ги знаел двата јазика - словенски и грчки - а злобата на еретиците со симнувањето на овој маж го лишила престолот од украсот, исто така и свештеникот Климент, многу учен маж, Лаврентиј , Наум и Ангелариј, нив и уште многумина други славни мажи ги оковале во железни вериги и ги ставиле во затвор, во кој им била одбиена било каква утеха, зашто ниту роднини, ниту познати не се осмелувале на каков било начин да ги посетат. Но Господ, кој ги утешува понизните (MK - Библијa 1999 - 2 Кор. 7:6 Но, Бог, Кој ги утешува потиштените, нè утеши со доаѓањето на Тит), ги лечи скршените по срце и ја радува душата со утешенија, кои се во согласност со многобројноста на маките , ги утешил светците, бидејќи им испратил помош од светиот .

36. Макар и измачени од железните окови, тие и во таква ситуација не ја изоставиле молитвата,туку откако ги испеале песните на третиот час, потоа почнале припев на псалмите со кои се молиме да ни се даде повторно сесветиот дух, кој бил испратен на апостолите во третиот час, бог, откако погледнал на земјата, ја натерал да се потресе и настанал голем земјотрес, како некогаш, кога окованиот апостол Павле се молел, и откако се појавил шум од небото, оковите паднале (MK - Библијa 1999 - Дела 16:25 Околу полноќ, Павле и Сила се молеа и со песна Го славеа Бога, а затворениците ги слушаа. MK - Библијa 1999 - Дела 16:26 Но одеднаш стана силен потрес, така што се стресоа основите на темницата: во истиот миг се отворија сите врати, и на сите им паднаа оковите. ) и окованите тогаш станале слободни, бидејќи биле нераскинливо врзани само со својата љубов кон Христа.


37.Бог ја потресе земјата и ја вознемири . Природно и жителите на тој град се стресоа и толку се уплашиле од случката, што се чуделе и размислувале што значи овој божји знак. Но кога се доближиле до затворот и виделе што се случило со светителите и дека по падот на оковите тие биле целосно слободни, и откако ја чуле божествената радост , како што вели Давид, трчајќи отишле кај кнезот и му рекле: "Што е тоа? До кога ќе се противите на силата на бога? До кога нема да гледаме кон светлината на вистината? Но ние имаме очи и не гледаме, имаме уши и не слушаме , како идолите кај Давид, или ако сакате, како оние луѓе кај пророкот Исаија, кои добиле дух на премалување (MK - Библијa 1999 - Ис. 29:10 Господ излеа на вас дух на премалување, ги затвори вашите очи - пророците, ја прекрши вашата глава - гледачите.). Зар не ќе го разбереме слученото чудо? Зар не ќе се уплашиме од божествениот знак? Нема ли да биде подобро за нас да бидеме обврзани со почит кон оние кои се ослободени од оковите? "

 38. Но јазикот на еретиците се обидел повторно да го наклевети чудото, како што јазикот на фарисеите ги клеветел некогаш извршените чуда од господа. Тие рекле: "Тоа се измами и познати трикови на волшебници" , со други зборови – му ја припишувале на Велзевула необичната случка, бидејќи и самите беа исполнети од силата (MK - Библијa 1999 - Лк. 11:15
А некои од нив рекоа: „Тој ги изгонува нечистите духови со помош на Велзевул, началникот на бесовите.( MK - Библијa 1999 - Мк. 3:22 Книжниците пак, кои дојдоа од Ерусалим, зборуваа дека го има Велзевула и дека со помош на демонскиот кнез ги истерува бесовите.).

Потоа, бидејќи природно било неразумниот кнез да не разбере што се случило, повторно ги оковале светците со потешки од првите окови и уште побезутешно отколку пред тоа ги мачеле во затворот. Минале три дена и повторно, кога тие ја извршиле молитвата во третиот час, се случило истото, што и претходно: земјотрес со шум од небото и окови кои паѓаат. И богоборците повторно, без да кажат на кнезот, ништо за она што се случило, ги фрлиле светците на истите мачења, за кои тие самите биле целосно достојни според судот на вистината.

39. Но бог станал предмет на ривалство на двете страни: од една страна било делото на злобата, а од другата - учењето за душевното спокојство. Откако минале десет дена, по трет пат подвижниците повторно биле посетени од Истокот од горе (MK - Библијa 1999 - Лк. 1:78
преку милостивото срце на нашиот Бог, со кое ќе нè посети Зората од висините, ), но бесчувствителните еретици и сега останале со истата ожесточеност. Кривото не се исправало и недостатокот во нивниот ум за познавање на доброто не се исполнил (MK - Библијa 1999 - Проп. 1:15 Што е криво не може да се исправи; тоа што го нема, не може да се изброи. ). Така тие им задале покрај болката на повредите уште поголемо страдање на светиите. Бидејќи добиле дозвола од кнезот да постапуваат според своето разбирање, тие ги извеле од затворот, ги измачувале со нечовечни удари, како што се вели, не пројавиле милост ниту кон нивните бели коси, ниту кон нивната немоќ, која континуираното измачување ја предизвикало на телата на светците .

40.Природно кнезот, кој бил роб на еретиците, не знаел ништо за овие работи, бидејќи случајно отсуствувал. Но, ако тој бил таму, тие не би предизвикале такви нешта на исповедниците на вистината, бидејќи, иако бил предаден илјада пати повеќе на Франките и иако бил полудив и жесток, сепак тој се плашел од силата на светите мажи, особено откако бог го извршил чудото и по трет пат. По оваа нечовечна тортура и без да им овозможат на светителите да земат храна, бидејќи не давале на никого да подметне дури една трошка леб на Христовите слуги, поточно - на Христа (спореди MK - Библијa 1999 - Мт. 25:42 Зашто огладнев и не ми дадовте да јадам; ожеднев и не Ми дадовте да пијам,), ги предале на војници за да ги одведат одделно во различни места во крајдунавските области, бидејќи ги осудиле небесните граѓани на вечно прогонство од својот град.

41. Војниците, жестоки луѓе , бидејќи биле Немци кои и по природа поседуваат суровост која ја зголемиле и поради заповедта, ги зеле светците, ги извеле надвор од градот и откако ги соблекле, почнале да ги влечат голи, и преку една постапка тие им предизвикале две зла: бесчестие и страдање од ледено студената магла, која секогаш лежи во крајдунавските земји. Покрај тоа, тие ги допреле мечевите до нивните вратови, подготвени да ги удрат,и своите копја до нивните гради , подготвени да ги окрвават, за да не умрат само еден пат, но да искусат смртен ужас онолку пати ,колку пати што очекувале удар. И тоа им било наредено на војниците од непријателите. Кога биле далеку од градот, тие ги оставиле и тргнале по патот назад кон градот.


XIV

Заминување кон Бугарија

42. Исповедниците Христови, бидејќи знаеле дека Господ им заповеда на гонетите од таков град да бегаат во друг град (MK - Библијa 1999 - Мт. 10:23 Кога ќе ве гонат во градов, бегајте во друг; зашто вистина ви велам, нема да ги обиколите израелевите градови додека дојде Синот Човечки.”), закопнеле за Бугарија, за Бугарија мислеле и се надевале, дека Бугарија е подготвена да им даде спокојство. Но и неа немало да ја достигнат, ако не се криеле по патот. Затоа се труделе да останат незабележани од секое око, и поднесувале лишување од храна и облека и трпеле секакви катастрофи. Така тие биле принудени од страв да се разделат еден од друг и се распрснале низ различни земји и тоа по волјата на Бога, за да привлечат повеќе области во кругот на евангелското учење.

XV

43. Климент, откако ги зел со себе Наум и Ангелариј, се упатил по патот, кој водел кон Дунав, и стигнале до едно село, надевајќи се дека ќе најдат поддршка за своите тела, настрадани од недостаток на храна и облека. Тие се распрашувале кој во селото е богољубив и гостопримлив и е познат со благочестив живот и затоа е син на Христовиот мир , и кога нашле таков тие биле прифатени од него да му бидат гости. Тој имал единствен син, убав и во расцветана возраст. Штом туѓинците влегле во неговата куќа, им умрел синот, убавец, единствена утеха на својот татко, чудесно расцветан потомок на родот.


44. Што мислите, што почувствувал таткото? Што ли не им рекол тој на туѓинците, поднесувајќи со мака таква тага за своето дете? "Добра отплата за моето гостопримство! Затоа ли ви ја отворив вратата, за да се затвори мојата куќа, откако таа загуби својот наследник ? Затоа ли ви протегнав десницата за да ја загубам својата единствена десна рака? О, тажен ден во кој приближивте во нашето село ! О, оваа мрачна светлина која ве насочи кон мојот дом! Сигурно вие сте волшебници и непријатели на едниот бог и јас ја добивам од него оваа казна, бидејќи ги прифатив под својот покрив оние кои тој ги мрази . Јас сум прифатил во својата куќа и многумина други, принесувајќи дар на Бога од својот имот, и ги пречекував според своите можности. Но Господ го зголемуваше мојот имот, кој не се намалуваше а трошокот ми стануваше профит, и семето поради благословите стануваше благословена жетва, преизобилна нива (MK - Библијa 1999 - 2 Кор. 9:10 Оној Кој му дава семе на сејачот, ќе му даде и леб за храна; и ќе го умножи вашето семе и ќе направи да израстат плодовите на вашата правда). А сега? ... Но, о, прескап сине мој, најубав и помил од сите мои имоти , дури и помил од моето сопствено срце и посакан од самиот мој живот, ти беше погубен со доаѓањето на овие безбожници! Нема сомнение дека тие се завистници, зли духови-убијци, кои уживаат во смртта на децата. Но вие не ќе ја избегнете казната, дури и да се обидете да маѓепсате се, зашто сте паднале во рацете на татко, кој  жали по својот син поради вас- убав и единец. Сега ќе добиете достојна казна за сè што сте направиле. "И побарал за нив синџири и уреди за мачење.

(овде му се размафтала фантазијата на „Теофилакт„ на база на  воскреснувањето на Лазара па побарал и инквизиторски „уреди за мачење„ за мачење уште во 9ти век )


45. А и тие самите страдале не помалку од таткото. И што ли друго можеле да почувствуваат нивните сочувствителни и човекољубиви души? А при тоа доживеале и срам. Потпрени на верата, за која, според зборовите на господа, се е можно, дури и невозможното (Марко 9, 23; Лука 18,27), тие одлучиле да се свртат кон молитвата, се обиделе кротко да го намалат пламенот на татковиот гнев и да ја ублажат жестокоста на неговото справедливо негодување. "Ние, велеле тие, о човеку Божји, не сме волшебници, но настапуваме со најлути клетви против оние кои се занимаваат со тоа и му служиме на вистинскиот бог, за кого знаеме и веруваме дека е страшен дури и за чуварите на пеколот (Јов 38,17). Тој само со допирање на раката ја победува смртта и само со збор дава живот на мртовец од шетири дена и веќе замирисан(MK - Библијa 1999 - Јов. 11:39 Исус рече: „Поместете го каменот!” Марта, сестрата на покојниот, Му рече: „Господи, веќе смрди, зашто е четири дни во гробот.” MK - Библијa 1999 - Јов. 11:44Умрениот излезе, завиткан со повои по рацете и нозете, а лицето му беше забрадено со крпа. Исус им рече: „Одвиткајте го и оставете го да оди!”).

 Ако навистина мислиш дека ние сме виновни за смртта на твојот син, имај доверба во нас, бидејќи ние сме убедени дека господ ќе му подари живот поради нас. "И откако се помолиле за детето - о ново чудо, о, вечно сјае твојот благодат, Спасителу Христе! - Му го претставиле синот жив на тажниот татко.

(Алелуја!,секој кој верува дека умрениот може да стане со молитва нека верува и во другите басми  на „Богољубецот„односно „Теофилакт„ за животот на Свети Кирил,Методиј ,Климент и други, прешишани до збор од Библијата,сосема сигурно по измислувањето на печатарската преса).

46. А што направил таткото? "Светци, служители на бога, спасувачи на мојот дом!" - почнал да вика силно, наоѓајќи се во необично состојба од радост, но надвор од себе и во занес тој повторуваше гласно: "простете ми, преподобни отци, простете ми, зашто бев во целосно незнаење за вас, што ја надминува секоја одговорност. Но јас ви предавам се што имам, ви се предавам и себе си, за да бидам ваш слуга. Користете го мојот имот, правете со мене што сакате, само да можам да го гледам својот син, кого вие сега ми родивте. "


XVI

Кај кнез Борис

47. А тие, задоволни од верата на човекот и брзајќи за претстојниот пат ја ограничиле неговата љубезност само на патните трошоци и тргнале по патот што води кон Дунав, испратени со голема чест од оној што бил удостоен со ова чудо. Кога стигнале до брегот на Дунав и виделе голема и непроодна река, поврзале три дрва со липово лико и ја поминале реката, чувани од небесна сила. Бегајќи од потопот на ересите, тие се спасиле со дрвјата по божествена промисла. Стигнале во Белград - овој град е најпознат од крајдунавските градови - и се јавиле при Боритакан, кој тогаш го чувал. Тие му раскажале за се 'што се случило со нив, бидејќи тој сакал да дознае. А откако тој слушнал се и разбрал, дека тие се велики и блиски на Бога мажи, решил дека треба да ги испрати туѓинците кај бугарскиот кнез Борис, чиј воен наместник бил тој, затоа што знаел дека Борис жеднее за такви мажи. Затоа тој ги оставил да се опорават од долгото патување и потоа ги испратил на кнезот како скапоцен дар и му соопштил дека овие мажи се токму такви, "какви што барал тој со голема желба „.

(Борис ги испратил Кирил и Методиј а сега ги пречекал нивните ученици.Алелуја!)


48.Кога пристигнале кај Борис, тие биле примени со почит и како што треба да сепречекаат чесни во секој поглед и почитувани мажи и биле испрашувани за она што се случило со нив. Тие раскажале се 'од почеток до крај, без да пропуштат нешто. Откако кнезот ислушал се , тој многу заблагодарил на бога дека му испратил такви служители како добротвори на Бугарија и дека и подарил наставници и устроители на верата (1 Сол. З, 10) не случајни лица, а исповедници и маченици.Им дал погодна облека за свештеници , ги удостоил со секаква почит и  наредил да им се дадат живеалишта, кои биле одредени за првите од неговите пријатели. Им обезбедил целосно изобилство на она кое им било неопходно, зашто добро знаел дека оддавањето на грижа за било каква телесна нужда навистина многу ги свртува размислувањата од Бога.
А и него самиот го опфатила силна желба да разговара секој ден со нив, да учи од нив древни приказни и житијата на светиите и преку нивните усти да ги чита светите писанија.


49. Но и оние од неговите блиски соработници, кои се разликувале од другите со достоинството на својот род и со големо богатство, дошле  кај светците како деца во домот на наставниците и ги распрашувале за сето она што се однесува на спасението, и црпејќи од овие непресушни извори , самите пиеле и им давале од водата и на своите домови. Тие се труделе напорно пред светците, како секој од нив да ги убеди да ја посетат неговата куќа, сметајќи го присуството на наставниците за осветување и верувајќи дека, каде се тие тројцата кои се соединети во сè со телото и со духот, таму присуствува и Господ (MK - Библијa 1999 - Мт. 18:20 Зашто каде се двајца или тројца собрани во Мое Име, таму Сум и Јас посреде нив.” ). Светците, избегнувајќи го мноштвото народ и истовремено трудејќи се пријатно да му угодуваат на кнезот, не се решавале да ги посетуваат домовите на многумина освен кога овој богољубив кнез им дозволувал.


50. Затоа и еден од Бугарите по име Есхач (Εσχατζησ), по чин сампсис, отишол кај кнезот и го замолил да му дозволи да прими во својот дом пресветиот Климент и преподобниот Наум. Тој со задоволство дал согласност, бидејќи барателот му бил драг, но рекол: "прими ги учителите со секоја почит, додека да го приготвам за нив целосно она што треба да се направи".
51. Се осветил и и домот на Часлав(Τζασελαβως) со посетата на Ангелариј(Αγγελαριωσ), зашто кнезот му покажал милост, кога тој побарал да го прими овој учител. Но Чеслав не можел долго време да ужива во неговото присуство во животот. Ангелариј откако поживял малку време кај него, со радост ја предал својата душа во рацете на светите ангели.
52.Климент (Κλημησ ) и Наум (Ναουμ) живееле кај Есхач (Εσχατζησ), удостоени со секаква почит, но самите го удостојувале со поголеми и поскапоцени дарови, зашто сеејќи духовни семиња, ги жнееле материјалните блага (MK - Библијa 1999 - 1 Кор. 9:11Ако ние посеавме во вас духовни добра, дали е нешто големо ако ги жнееме вашите телесни добра?) на овој човек.


XVII

Климент во Кутмичевица

53. Потоа, бидејќи вистинскиот Божји помошник Михаил, кого нашиот расказ го нарече претходно и Борис, не престануваше да ги насочува сите свои мисли на тоа како да се создаде на светите мажи целосна можност за Божјото дело, откако бог му даде сугестија за таа мисла, тој ја одвои Кутмичевица(Κουτμιτζινιτζα повеќе -Кутмициница или Кутмичинича или Кутмичиница) од Котокиј( Κοτοκιοσ), и го постави за нејзин управител Домета, и откако го ослободил од областа (διοικησεωσ-диоцеза ), го предал блажениот Климент на Домет или повеќе Домета на Климент, а уште попрецизно да кажеме ги предаледен на друг: едниот како послушен во се а другиот - да се служи со првиот како со помошник при своите одлуки. Климент се испраќал за учител во Кутмичевица и се издала наредба до сите жители на "оваа земја да ја прифатат светецот со почит, да му обезбедат преизобилно и великодушно од се, да го удостојуват со дарови и преку видливите нешта да зборуваат меѓу сите за богатството на љубовта, што е вложено во душата„.
54.И за поголемо охрабрување (на другите) самиот Борис му предал како дар на триблажениот Климент три куќи во Девол(Διαβολει-Ѓаволи), кои се одликувале по својот раскош и припаѓале на комитски род. Освен тоа, му подарил и места за одмор околу Охрид(Αχριδα) и Главиница(Γλαβηνιτζα-Главеница).



XVIII

55. Ете такви и толку големи биле делата на кнезот. Чудната неговата душа на тој начин ја излевала, колку може, својата љубов кон Христа на Христовиот слуга и им давала и на другите пример за ваква пофална ревност.
56. А какви биле делата на Климент? Не ли тој се возгордеал од почести и не ли се замислил за нешто повеќе од она што бил? И потоа не почнал ли да живее раскошно, сметајќи дека постигнал се ? Сосема не. Но ,бидејќи со ништо не бил послужил на Христа, тој ги поставил овие почести како почеток на својот подвиг во учењето и грижата во проповедта и никогаш не престанал да се грижи да не го измами кнезот во надежите кои тој оги полагал на него. И навистина, обиколувајќи ги сите области кои ги споменавме, тој гласно им го проповедал на паганите Божјото спасение и разговарал со сите општо за спасувачките божји заповеди и за божествените догми и убедувал дека побожниот живот без здраво учење е во суштина мртов и замирисан а така и учењето без живот не води кон вечен живот. Тој го споредувал првото со слепец со нозе и раце, а второто - на човек со очи, но со отсечени раце и нозе.

57. Тој имал во секоја енорија избрани меѓу другите и тие воопшто не биле малку, бидејќи се броеле до три иљади и петстотини. Со нив тој го поминувал повеќето време и им ги откривал подлабоките места од Писмата.

58. А нас смирените и недостојните поради својата срдечна добрина тој не беше направил поблиски од другите и ние секогаш бевме со него, присутни во се што правеше, што зборуваше и на што учеше со едното и другото. Ние никогаш не го видовме да безделничи, но тој или учеше децата, и тоа на различни начини - на едни им ги покажуваше формите на 6уквите, на други им ја објаснуваше смислата на напишаното, а на трети им ги местеше рацете за да пишуваат, и не само дење, но и ноќе, или се оддаваше на молитва, или се занимаваше со читање, или пак пишуваше книги, а понекогаш во исто време вршеше две работи: пишуваше и им предаваше на децата некакво знаење, зашто знаеше дека безделието е учител на секое зло, како што кажала мудроста е рекол преку еден од своите служители(Сирах33.28 употребляй его на работучтобы он не оставался в праздностиибо праздность научила многомухудому;  ),учителката на секое добро.

(Значи сето ова го пишувал некој ученик на Климент кој живеел и учел од него кобожем  во времето кога подучувал Климент )

59. Затоа и неговите ученици биле најдобри од сите по живот и знаење. Навистина потребно било така добро насадените и така грижливо поливаните да пораснат со божја помош (1 Кор. З, 6-7). Од нив тој поставувал четци, ипоѓакони, ѓакони и свештеници. Во секоја област тој служел со триста ученици без нивните помошници и тие не му плаќале ништо на кнезот, но му служеле на Бога и биле одредени нему да плаќаат или поскоро да му отплаќаат. Овие дела ги извршил Климент во текот на цели седум години.


XIX 
Смртта на Борис

60. Веќе настапила осмата година од неговото учителството и таа била последна од животот на Божјиот слуга Михаил-Борис (кобожем починал на 2 мај 907,значи Климент учителствувал од 899-907 г), почитуван кнез на Бугарија. Кнежевската власт ја наследил неговиот син Владимир, кој владеел четири години и умрел. Наследник на се станал неговиот брат Симеон, кој прв бил прогласен за цар на Бугарите. (911 г)
Михаил го родил по свој образ и свое подобие (Битие 1, 26) и тој ги зачувал неизменети цртите на неговата добрина. Тој бил добар кон сите , но најмногу кон оние кои покажувале чистота на карактерот и целосно христијански начин на живот, пројавувал топла вера и се измачувал од ревност кон Божјиот дом . Затоа тој го завршил недовршеното од својот татко, ја зајакнал божествената проповед, непоколебливо го утврдил православието со насекаде изградените цркви и дал широк и отворен пат на божјиот закон.



XX

Климент станува епископ

61. Кога гласот што го правел Климента голем и постојано го претставувал поголем од славата за него и како таков, кој всушност го поставил во своето срце во искачување ,завладеала целосно , и цар Симеон го направила љубител на доблеста на учителот, тогаш царот го повикал кај себе светецот, при што стапил во разговор со него и откако примил осветување од самата негова надворешност - бидејќи блажениот бил премногу почитуван дури и од своите непријатели поради својата надворешност, почнал многу да фали земјата на Бугарите и да го ублажува своето царство , бидејќи добило такво големо добро од Бога.

62.Потоа, откако се посоветувал со помудрите од своите блиски кои сите биле расположени кон Климент како кон свој татко, верувајќи дека само тоа му се допаѓа на Бога, со кое тој се почитува , го назначил за епископ на Дрембица( Δρεβενιτζασ-Древеница,Дрвеница) или Велика(Βελιτζασ-Велица,Белица) и така Климент станал прв епископ на бугарски јазик (вулгаро глоти протос епископос). Кога му било доверено епископското дело, тој го направил величието на достоинството како потпора за подигнување до Бога и додал многу нови трудови на првите.

63. Соломон вели: "Кој додава знаење, додава грижи" (MK - Библијa 1999 - Проп. 1:18 Многу мудрост - многу јад; што повеќе знаење, тоа повеќе болки. ). Симеон, додавајќи му чест на Климент, му додал грижа, бидејќи, изнаоѓајќи го народот на оваа област целосно незапознат со божественото слово и списи и невоспитан во ништо од она што ја краси црквата  го раководел народот со духот на послушноста и смирението, тој не им давал сон на своите очи, ниту дремка на клепките , но грижата за народот ја правел своја храна и задоволство.
Тој секогаш поучувал и секогаш распоредувал, откако го поправал незнаењето и безредието воведувал ред, станувајќи за сите се (1 Кор. 9, 22) според потребата на секој еден. Тој го учел клирот на црковниот ред и на она што се однесува до пеењето псалми и молитви, та ги направил свештениците на својата епископија да не отстапуваат со ништо никому од прославените во овие работи, а тие се бореле дури повеќе од сите во сè што е достојно за пофалба. На народот му го зајакнувал разумот и ја поставувал основата на верата (Кол. 2, 5) на скалата на вистинската христијанска религија, бидејќи тие биле сосема неуки и, општо кажано, слични на животни.

64. И што уште? Тој ги хранел на овој начин со словото, што е вистински леб и навистина ги зајакнува  срцата . Но зарем пропуштал да ги нахрани и телесно оние за кои сметал дека имаат потреба од духовна храна? Во спротивно, тој само до половина би се угледал на својот Исус, за кого знаел дека е храна за незнајковците ,со учење и со леб (Јован 6, 16, 66). Затоа тој бил и татко на сираците и заштитник на вдовиците , грижејќи се за нив на било кој начин. Вратата му била отворена за секој бедник и туѓинецот не ноќевал надвор (Јов. 31, 32).


  XXII

Kнижевна дејност

65.Тој си го поставил за образец на својот живот великиот Методиј и се грижел и се молел да не се измами кога ќе оди по неговите стапки. И поставувајќи ги како основа за сопственото однесување неговиот живот и дела, како некоја слика од некој живописец (зографон) искусен во уметноста, тој усрдно се трудел да се наслика себеси според него. Зашто, како никој друг, тој го знаел неговиот живот, бидејќи од детски и младешки години го придружувал и ги видел со свои очи сите дела на својот учител.

66.Бидејќи ја знаел грубоста на народот и неговата целосна тапост за разбирање на Писмата и откако видел дека многу бугарски свештеници мачно го разбираат напишаното на грчки јазик, чии букви ги користеле само за читање и затоа биле прости како добиток (со други зборови- не знаеле да пишуваат на грчки), бидејќи на бугарски јазик (вулгарон глоси) немало дури ни пофални слова,и  еве зошто, свесен за ова, тој изнашол средства и против ова и го разурнал ѕидот на незнаењето со своето дело.

Тој составил едноставни и јасни слова за сите празници кои не содржат ништо длабоко и многу мудро, но кои се разбирливи дури занајпростиот бугарин. Со нив ги хранел душите на најпростите Бугари, поејќи ги со млеко оние кои не можеле да прифатат потврда храна, и станал нов Павле за новите  Бугари- Коринтјани (1 Кор. З, 2).

Преку овие слова може да се научат сите тајни на празнувањата, кои се вршат за Христа и преку Христа. Во чест на пречистата Богородица, чиј спомен, како што знаете, често се прославува во текот на годината, Климент со своите слова напишал пофалби и приказни за нејзините чуда. Ти ќе најдеш дека и Крстителот не е оставен непофален, но ќе научиш дури и за чудесните пронаоѓања на неговата глава. Ќе ги најдеш опишани животите и патувањата на пророците и апостолите и преку подвизите на мачениците ќе се издигнеш до тој што ги примил кај себе поради нивната крв. Го сакаш ли и животот на преподобните отци и приврзаник ли си на речиси бестелесниот и бескрвен живот? Ќе го најдеш и него грижливо предаден на бугарски јазик од мудриот Климент. Познато е впрочем, дека сето ова се чува од вредни луѓе. Што друго? Тој богато ја снабдил црквата со псалмоподобни песнопејанија, од кои едни се составени за многу од светите, а други, пак, молитвени и благодарствени, се во чест на непорочната божја мајка. Воопшто, Климент ни предал НА НАС БУГАРИТЕ се што се однесува на црквата и со кое се прославува споменот на бога и на светиите и со кое се допираат душите.

И сето ова на ГЛАГОЛИЦА?Демек таа била „поразбирлива„ за простиот Бугарин?

Ви се молам,гркот Теофилакт,кој кобожем пишувал коментари на целата библија ,не се сомневам и на книгата за „Мудроста на Исус -синот Сирахов „ себеси се сместува во Бугарите ?
Истите оние кои ги нарекува тапи,прости и неписмени?
Неверојатно.
Втора очигледна реченица која докажува дека ова сентиментално -психолошко романче за животот на  Климент (Клемент) Охридски не го пишувал никаков Грк -Теофилакт каков што ни предлагаат.

67.Ова тој го оставил во манастирот, кој го изградил во Охрид додека сеуште бил жив блажениот Борис и пред да ја прифати целосно Величката епископија. Кога видел дека овој кнез ја опашал целата подвластена Бугарија со седум соборни храмови и небаре запалил со верата светилник со седум свеќи(старохрамската Менора,седум свеќи,Откровение- седум Цркви на Азија итн), посакал и тој самиот да изгради во Охрид свој сопствен манастир. 

Кон него додал и друга црква, која подоцна ја направиле архиепископска катедрала. Така во Охрид имало три цркви: една - соборна и две - на свети Климент, кои биле по големина многу помали од соборната, но поубави од неа со својата тркалезна и сферична форма. 

На било кој начин тој се трудел да ја отстрани рамнодушноста на Бугарите кон божествените нешта, да ги собира, привлечени од убавините на постројките, и особено да ја ублажува жестокоста, суровоста и грубоста на нивните срца во богопознанието. И воопшто не е чудно што тој се трудел да го измени мислите на луѓето кон кроткост и човечност.


  Калемење на дрвја

И бидејќи по целата бугарска земја растеле диви дрвја и недосувале благородни овошки, тој и го подарил и ова добро, бидејќи пренел од земјата на Грците секаков вид облагородени дрвја и преку калемење ги направил плодни дивите дрвја, за да ги воспита луѓето, мислам ,и на тој начин да ги прифатат соковите на добрината и да го принесуваат како плод на бога исполнувањето на Божјата волја, која единствено тој ја сметал за храна на себе (Јован 4, 34). Така тој целосно им бил корисен на душите и се грижел на секој начин да ја прошири црквата на Господа, не обрнувал никакво внимание на телесните потреби и не го сметал својот живот вреден по себе според божествениот апостол , но бил загрижен за спасението на другите.



 XXIV

Климентови чуда

69. Мали ли биле сведоштвата дека бил сакан од Бога оној кој имал таква љубов кон него и кој како син го љубел небесниот татко? Сосема не. Но бог го прославил и со дар да врши чуда. А чујте сега на кој начин.
70.Климент се враќал од Велика во Охрид и за да види дали жителите на земјата се силни во духот и дали се потпираат на стравот од Бога како на некаков жезол, исто така и за да остане во смиреност и општење со Бога во својот манастир , чија убавина ја сакал и за кој тагувал кога се оддалечен на друго место. Додека патувал, двајца парализирани, од кои едниот освен тоа бил лишен и од вид, што е најскап за сите, му излегле пред очите и ја трогнале до тага неговата премногу сочувствителна душа. Но, колку што бил подготвен за сочувство, толку бил склон и кон смирение. Дури , грижата да остане скриен, кога прави чуда, била поголема од желбата парализираните да добијат исцелување. Затоа тој се обѕрнал наоколу и кога не видел никого, ги упатил очите кон небото, ги издигнал светите раце за молитва (1 Тим. 2,8) и измолил божествена помош. Со истите раце со кои ја изведувал молитвата, тој се допрел до парализираните тела и допирот станал за нив спој и поврзување. И ете, според кажаното од Исаија, секој еден од нив скокнал како елен (Исаија 35, 6), иако пред тоа бил не само куц и  не само еден дел од телото му бил оштетен, но целиот бил неподвижен и со ништо не се одликувал од земјата врз која лежел. И за слепиот наскоро настанало исцелување и гледајќи ја светлината, тој започнал со висок глас да го велича Господа. Сепак чудото не треба да остане целосно скриено за човековите очи. Еден од слугите на Светителот го видел. Потоа, кога Климент забележал и разбрал дека тој бил невидлив гледач и дека набљудувал, скриен во ќелијата , негодувал против него, зашто извршил лошо дело, и со заплашување му заповедал да не кажува никому за она што се случило додека самиот тој Климент е жив.


Оставка пред Симеон

71.И веќе подгрбавен од старост и испразнет од работа, тој одлучил да се откаже од епископијата, не затоа што бегал и се откажувал од службата во која светиот дух го поставил да ја пасе црквата на бога , но поради блажено и боговдахновена усрдност, бидејќи се плашел да не би поради неговата немоќ да се вознемири Божјото дело (Рим. 14, 20). И тој отишол кај царот и му рекол: "Преблагочестиви царе, додека телото ми ги издржуваше црковните трудови и грижи кои се потешки од државните, како што сум убеден ,мислев ако ја напуштам црквата на Бога, која ти самиот ми ја довери, служејќи се со твојата власт како со своја рака, дека тоа дело е целосно за осуда и не е достојно дури ни за наемник, иако нему му е својствено да бега и да ги остава овците (Јован. 10, 12), кога волкот се приближува.

А каква основа имам јас да го оставам Божјото стадо, кога не гледам никаков волк? Затоа и не го напуштив до овој миг. Бидејќи тие гледаат како староста ме потиснува и како многу големите трудови ми ја одзедоа сета сила, погрижи се за црквата и постави во домот на господа таков служител кој има добра телесна и духовна сила и е млад, за да ги преземе врз себе црковните грижи . Исполни ми ја оваа последна желба! Дај ми ги овие малку денови да ги поминам во разговор со себе и со бога! За тоа манастирот ми е добро живеалиште. Дозволи ми да умрам таму! Што имам јас уште заедничко со грижата, која има потреба од здраво тело? Ако сум слаб за црковните грижи, зошто да си го припишувам тоа достоинство? Павле го нарекол епископството дело (1 Тим. З, 1), од кое треба да се воздржи неспособниот за работа. Ти нема да посакаш да ја видиш црквата, која процвета повеќе од многу други под моја управа, повторно овената при истото тоа управување. Но, како што реков, задржи ја нејзината убавина преку други помлади и посилни, затоа што има голема опасност да се растројат работите и поради мојата немоќ. "


72. Царот останал ужаснат од ова неочекувано барање, бидејќи кога ќе се чуе неочекуваното несаканото,тоа ужаснува, и рекол: "Зошто го зборуваш ова, оче?(патер) Како би можел јас да гледам друг да седи на овој престол, додека си жив? Како можам да го лишам царството од тебе и од твоите архиерејски благослови? Твоето заминување од епископски престол е лошо предскажување за моето симнување од царскиот престол. Но ако сум го нажалил со нешто твоето преподобие, ако сум згрешил несвесно, бидејќи не знам да сум згрешил во нешто, а ти, штедејќи не како татко, не сакаш да го огласиш моето лошо држење кон тебе и ја прикриваш вистинската причина под изговор на немоќ , кажи, те молам, јас сум подготвен да дадам отчет и како син да ја излечам болката на таткото. Ако пак немаш ништо, за кое не обвинуваш, зошто сакаш да ги измачуваш оние кои со ништо не те нажалиле? Не можеш да го обвиниш ни свештенството како непослушно и непокорно, зашто, како што ги роди сите преку евангелието, ти ги избра за себе и за бога, ниту можеш да не обвиниш нас самите дека лесно отстапуваме од твоите заповеди, и ништо друго од твоите дела не заслужува одрекување. Зошто тогаш дозволуваш твоите деца да го жалат твоето повлекување без причина? Но или потчини се, оче, или во спротивно зборот ми е решителен: што и да зборуваш, не ќе се потчинам, што и да правиш, не ќе попуштам, бидејќи заминувањето, мислам ,е дозволено само за недостојните, а ти си по погоре од секое достоинство. "


XXVI



Последни трудови



73. Старецот се склонил при овие зборови и без да додаде ништо кон зборовите на царот за оставка, се вратил во манастирот, но таму нашол дека небесниот цар се согласува со неговата намера. Истовремено со враќањето тој се разболел. Бидејќи ја предосетил смртта, поднел последен дар на бугарските цркви и го додал кон триодот она што му недостигало, зашто тогаш го завршил оној дел, која се пее од новата недела до Педесетница. Подосетливите нека си изведат заклучок од ова каков би бил, ако беше телесно здрав тој што дури и при болест се измачуваше со активности. Но всушност внатрешниот човек во него се обновувал во толкава мера, во колкава слабеел надворешниот(2 Кор. 4, 16) и тој можел да каже, како Павле: "Кога сум слаб, тогаш сум силен" (MK - Библијa 1999 - 2 Кор. 12:10Останувам со добра волја во: слабостите, навредите, неволјите, прогонувањата, притеснувањата заради Христа, зашто кога сум слаб, тогаш сум силен. )





 74. Што уште? Тој си направил завет, и тоа според каноните, како за книгите кои ги напишал, така исто и за својот имот, повеќе за имотот на бога, преку кого имал сè и со кого само се обидувал да се збогати како мудриот трговец со прекрасен бисер (MK - Библијa 1999 - Мт.13:45”И пак, царството небесно е слично и на трговец, кој бара убави бисери.), бидејќи малку се грижи за школката. Откако го разделил сиот свој имот на два дела, тој ја оставил едната половина на епископијата, а другата на манастирот, давајќи јасен пример и во случајот како треба да се заработува и како да се употребува спечаленото и дека и едното и другото се по божја промисла . Тој имал имот од верни кнезови и цареви, кои впрочем не би требало да отуѓуваат со откажување, особено попростите по природа. И Господ дал пример за тоа бидејќи не само што не ја игнорирал познатата жена-мироносица, но ја прифатил и ја поставил во Евангелието (Мат. 26, 6-13). Не е можно некој да се откажал од својот имот на друг попофален начин отколку што тоа го направил големиот Климент.


 XXVII



Смртта на Климент



75.Така живеел тој и така го овенчал престолот кој му бил даден од Бога . А откако поставил крај која одговарал на почетокот, и покрив, кој целосно бил во согласност со основата, тој се преселил кај господа. Неговото божествено тело, еднакво во чест на неговата душа, како свето на свет начин било опеано и очатено, иако помалку отколку што заслужувал, но не и помалку од можностите на оние кои го почестиле. Тоа било погребано во времето на бугарскиот цар Симеон на на 27 јули 6424 година (6424-5508=916 г) во манастирот, во гроб, што тој сам со своите раце си го приготвил од десната страна на предниот дел на тремот.





  XXVIII

Чуда кај гробот на Климент

76. Но јас прескокнав не малку докази за меѓусебното општење меѓу душите на светителите. Пред неговата смрт некои од неговите ученици виделе на сон дека Кирил и Методиј дошле при блажениот и му го прорекле крајот на животот.

77. Но, изгледа дека тој тогаш  се оддалечил од нас и го напуштил овој живот, а неговата благодат не престанала и останките на наставникот и сега уште прават добрини бидејќи го лекуваат секое страдање и секоја болест (Мат. 10, 1). За кажаното сведочи оној човек со исушени раце и нозе, кој дошол во храмот, кога се извршувало божественото свештенодејствие и нашол исцелување. Присутните не знаеле кој е и од каде е .Кога почнал да се заблагодариува за своето исцелување, постојано повторувајќи ја својата благодарност,ги подигнал своите излекувани раце и со викотниците дури почнал да станува досаден за оние кои се наоѓале во храмот, тој бил запрашан за причината на својата благодарствена молитва и раскажал сè. И самиот тој бил од Охрид и го поднесувал многу години страдањето од оваа болест. Затоа, принуден не помалку поради очајот, колку од својата болест, одлучил да се поклони на светиот гроб, та семоќниот преку Христа Климент да му стане утеха. Влечејќи се на раце и нозе, тој дошол до гробот на преподобниот, потоа паднал во екстаза и видел некој старец кој му ја допрел косата и му заповедал да стане, а заедно со зборовите во неговото тело настанала бучава, како при судир на коски (MK - Библијa 1999 - Езек. 37:7И јас почнав да пророкувам како што ми беше заповедано. И додека проповедав стана шушкање и помрднување, и коските почнаа да се собираат. ). Изгледало дека неговите крајници се составувале и жилите му се поправале за движење. Потоа, кога дошол на себе, бил здрав, не бил веќе со исушени раце, не бил веќе со исушени нозе,ја немало повредата на телото. "И сега ги кревам рацете кон оној кој ми ги исправи, и стојам на нозете." Ова го рекол тој, кој претходно бил фатен, поливајќи од длабочината на своето срце зборови на благодарност, а присутните му пристапиле и го прославиле преподобниот со благодарни зборови.



78.Но, зошто е потребно јас да набројувам овие работи? Кој не знае на колку бесни и на колку настрадани од други несреќи им е подарено избавување од измачувачките страдања, штом ќе се приближеле до неговиот гроб или само откако ќе го повикале неговото име, додека имале вера во себе, вистинската силна помошничка? Затоа и Бугарите од секоја возраст, вкусувајќи од благодатта на Светителот, тешко е да се каже колку голема усрдност пројавуваат при неговото почитување, бидејќи секој принесува според своите можности .


  
  XXIX




Заклучок



79. О, божествена и света глава врз која духот си создаде непоколебливо седиште! О, светило, што водиш не само дење или само ноќе , а ноќе и дење ни осветуваш со благодатни дарови! Ако се бориме со искушенија и мракот на искушенијата не завиткува како некоја ноќ или ако се насладуваме на тишината и се развеселуваме како од некаква светлина, и во двата случаи ние се удостојуваме со твоите благодатни дарови. О, трубо, преку која не повика Утешителот! О, добар пастиру , кој ја пожртвува светата душа за нас, твоите овци , и преку многу грижа ти собра стадо на богот, насели ни на тревесто место - објаснетите со твојот јазик списи, не отхрани врз тивката вода на божественото крштевање и не изведе на патеките на правдата , за да правиме добри дела. Преку тебе целата бугарска земја го позна Бога! Ти сам ги снабди богато црквите со песни и псалмопејанија, а празниците ги објасни со поуки. Преку тебе со житијата на светиите монасите се напатствуваат кон аскетизам! Преку тебе свештениците се учат да живеат во согласност со каноните! О, земен ангел и небесен човек! О, маслино, која со ништо не е подолу од предодредената од пророкот (MK - Библијa 1999 - Ер. 11:16
‘Зелена маслинка со убаво растење,’ така те нарече Господ. А сега со голем шум со пламен го гори нејзиното лисје, изгорени се нејзините гранки. ), зашто си создал многу повеќе синови на благочестието! О, водачу на слепци, без разлика какво слепило и раководство би имал некој во предвид! О, ти, кој приготви на господа избран народ, ревносен во добрите дела (MK - Библијa 1999 - Тит 2:14Кој се даде Самиот Себе место нас, за да нè избави од секакво беззаконие и да очисти за Себе сопствен народ, кој Му припаѓа, кој ревнува за добрите дела. ), кои тие ги видоа во тебе!



80. Но се повеќе и повеќе гледај во своето наследство, зашто сега очигледно имаш повеќе и поголема сила отколку кога беше жив. Изгони ја погубната ерес која по твојата смрт во Христа како заразна болест се вметнува среде твојата паства и која ги распрснува и ги погубува овците од стадото твое кое што ти го зајакна, о свети и предобри Пастиру! Зачувај не нас, твоите питомци, незасегнати од варварските напади како што не чуваш секогаш, но особено сега кога тагата е блиска, а немаме помошник, кога скитскиот меч е натопен со бугарската крв, кога рацете на безбожниците ги фрлиле труповите на твоите деца за храна на небесните птици. Уништи ги овие раце преку десната рака на Бога, кому ти си му служел за да подариш мир на својот народ, за да ти го славиме празникот во целосна радост, прославувајќи го преку тебе таткото и синот, и светиот дух, едниот бог, кому му прилега секоја слава, чест и поклонение сега, и секогаш и во вечни векови. Амин.

_________________________________________________________________________________

Кобожемниот автор на ова дело Теофилакт од Охрид (1055-1107 г) дури и да постоел ,никогаш не го видел Св.Климент .Како можел тој да напише:

58А нас смирените и недостојните поради својата срдечна добрина тој не беше направил поблиски од другите и НИЕ СЕКОГАШ БЕВМЕ СО НЕГО, итн итн „ или пак „66.Воопшто, Климент ни предал НА НАС БУГАРИТЕ се што се однесува на црквата и со кое се прославува споменот на бога и на светиите и со кое се допираат душите....итн итн„.

Не знам навистина за што се водело сметка при пишувањето на апокрифите односно при нивното припишување на извесни автори .

Можно ли е грчки свештеникили било кој Грк во 11-12 век да знае за „Немци„(Nemiitzoi) типично руско име за Германците ?
41. Војниците, жестоки луѓе , бидејќи биле Немци кои и по природа поседуваат суровост која ја зголемиле и поради заповедта, ги зеле светците, ги извеле надвор од градот и откако ги соблекле, почнале да ги влечат голи, и преку една постапка тие им предизвикале две зла: бесчестие и страдање од ледено студената магла, која секогаш лежи во крајдунавските земји
Кои се Скитите кои напаѓале (1080-1092г) на Ана Комнена (1083-1153г) а веројатно истите на Теофилакт ? Истите ли оние кои преживеале под исто име од времето на Херодот, 5 века пред нашата ера, истите со кои се борел Александар итн или некои други „Скити„.Името „Скити„ е разбирливо само на „словенски„ јазик ,оние кои не седат во место,номади кои скитаат.Белки Херодот не ги прашал за име,тоа е кобожем грчки назив за тоталниот антипод на „градските„ Атињани?

Овде тие се интерпретираат или како Унгарци ,Печенези(исчезнати од лицето на земјата),Руси и сл за да може Скитите без да се сетат власите да се напикаат во 10 век.Таа и става знак на еднаквост меѓу Скитите и Печенезите .Печенезите пак вели,имале ист турки јазик со Куманите.

„Ана„ спомнува и Ишмаелити,„робови на пијанството ,виното и Дионис„ кои се под контрола на Дионис и Ерос и не се обрежани „ни во месо ни во страсти„.Врз овие Ишмаелити (односно Хагарени) ќе паднел гневот на Франките како што било „претскажано„ со уништувањето на виновата лоза од скакулци.Обрежани ли биле православните „Римјани„ака „Грци„ на Ана?Пиеле ли вино?Скакулците не го ни допреле житото-кое ги означувало „христијаните„ и од кое вино- вели таа-не се прави.Па како може ви се молам 4 века после настанокот на мохамеданството односно исламот сеуште да постојат „Ишмаелити„ кои претходно ги видовме и како „Сарацени„ ?Сеуште нема Арапи?Неверојатно.


                                                                  Еден век подоцна,1190г

„Зачувај не нас, твоите питомци, незасегнати од варварските напади како што не чуваш секогаш, но особено сега кога тагата е блиска, а немаме помошник, кога скитскиот меч е натопен со бугарската крв, кога рацете на безбожниците ги фрлиле труповите на твоите деца за храна на небесните птици.„

Кај Теофилакт и  Ана Комнена Бугари=Словени .Нели се овие Бугари всушност простиот  народ,кој зборувал на прост,груб недоделкан јазик на латински кажано- „volgare„ или „vulgare„.Етимологијата на германското Volk англиското Folk тоа е еден ист збор.

Скитиве современици на Теофилакт да не се истите Скити од времето на Климент?

Скитите не биле до толку безбожни.Го обожавале „Залмоксис„-Ζάλμοξις преведено на „бугарски„ Замолчиш, или Салмолчиш (си молчи и толку).Тој бил божество и на „Гетите„ кои се  и „Даки„ и се  претци на „Готите„.Според Херодот,Замолчиш учел дека неговите поданици никогаш нема да умрат туку ќе заминат на место каде „вечно убаво ќе живеат„.

Скитите според Херодот знаеле и да свират на гајда направена од вулва од кобила и се „најмлада од сите нации„(во времето на Херодот,значи 15-16 век).На сите имињата им завршувале на -чиш,Липочиш,Арпочиш,Колачиш, а кај Ана Комнена се викале,Борилус(ш) ,Германус(ш) .Овие Борилуш и Германуш Ана ги нарекува „словенски варвари„.
Како тоа „Ана Комнена„ нема поим ли за тоа што е „словенски„ јазик ако неколку века веќе тој бил и богослужбен јазик?Се разбира дека знае,дури и коментира како Голем Преслав го добил името на „варварски јазик„ од Мокрус до Самоил „последниот од бугарската династија како С( З)едекија на Еврејската„

MK - Библијa 1999 - 2 Цар. 25:7Ги закла Седекиевите синови пред неговите очи, на Седекија му ги ископа очите, го окова во окови и го одведе во Вавилон. 
Сега може ви е појасно од каде доминираат  „ископаните очи„ во големата слика за „цар Самоил„.




Црквата на Свети Климент на Плаошник„Свети Пантелејмон„.


Што се однесува до житието,дали е можно авторот да не знаел дека Св.Кирил ги однел моштите на латинскиот папа Климент во Рим?Не само што нема ни еден збор за моштите туку наводно папата бил„оддалеку поразен од громот на славата на светците„ во времето кога  нити тој бил папа а нити тие биле светци или свештеници ,Св.Кирил бил закопан во црквата на Св.Климент како „филозоф при филозофа„ и бил кобожем внесен да служи во „скинијата„ како мирјанин.„Новата чаша„ е веројатно „словенското писмо„.

„оној Климент кој го придружувал Петар, првиот од апостолите, и кој ја потчинил елинската мудрост на Христовата како слугинка на господарката. 
И филозофот го примил филозофот, големиот учител го земал кај себе гласот на словото, наставникот на народите се преселил кај себе оној кој ги просветлил останатите народи со светлината на знаењето„
Зборот „папа„ како титула на римскиот патријарх кобожем бил во употреба некаде од 6 век (негде ќе најдете и 9,10 во англискиот јазик  од 950 г) но црно на бело и официјално од 11 век ,поточно 1075 г кога папата Хилдебранд, Грегориј VII, кобожем ги диктирал своите „Папски диктати„ каде стои дека оваа титула единствен на светот ја носи римскиот Понтифекс Максимус и дека оној кој не е во мир со римската црква ,не може да се нарече католик.

Не само што кобожемниот Теофилакт пишува за штотуку воведената титула „папа„(по 1075г) и  го нарекува и „пребожествен „ тогашниот римски патријарх туку е глув за решението на  Екуменскиот совет  од 17 јули 1054 г  со кое римскиот патријарх (не папа) е анатемисан како еретик.Префрлањето на сегашноста во минатото и спомнувањето на некаква „ерес на Франките„ во 9 век е анахронизам парекселанс.

Спорното „филокве„ (светиот дух произлегува и од синот) потекнува од времето на римскиот патријарх Сергеј IV (1009-1012г) кога тој наводно го вметнува во „никенското кредо„ а нему му се спротивставува константинополскиот и екуменски патријарх Сергеј II (1001-1019 г)- познатата шизма на „двајцата Сергеевци„(ако и ова не е измислено според подоцнежен настан).Приказните за овој спор во времето на Кирил и Методиј,Фотиј Игнатиј, Михаил се смешни бидејќи не е можно 150 години „филоквето„ да не е проблем  а наеднаш во 11 век  да стане најголемата  причина за раскол во црквата.

„...мнозина им наштетиле на своите души со изопачувањето воведено од Франките , кои тврделе дека синот е роден од Отецот, а Духот произлегува од Синот.„
 И кога подигнале врева и се побуниле против верните, тие рекле: "Зошто вие уште премногу благонаклоно сте расположени кон зборовите на Методиј, кои се замирисани и мртви, а не се приклучувате на живиот архиепископ и не исповедате дека синот е роден од таткото и духот потекнува од синот? "


Сергеј инаку е кобожем античкоримско„етруско „ име и значи „слуга„.
"O,Голема е Ефеската Артемида„ бидејќи името Сергиус често кај античките римјани (римски генс, Сергии)е и библиско име (на римски конзул на Кипар преобратен од апостол Павле раскажано од докторот евангелист Лука),име на конзул од времето на Марк Аврелиј(161г) раскажано од докторот Гален),и еден од авторитетите кои придонеле кон создавањето на „природната историја„ на Плиниј Постариот(23-79 г).Прашање е кој од кого препишувал.

Сепак имињата на двајцата Сергеевци поверојатно доаѓаат од маченикот Сергеј кој кобожем  заедно со неговиот другар Бахус настрадал во времеето на „Галериј„(305-311) или можеби од името на Св .Сергеј од Кападокија(304г).


Сергеј и Бахус,кобожем геј светци,икона од 7 век

Сликата на пречекот на Кирил и Методиј во „Рим„ е опис на фреската од црквата на Св.Климент во Рим

„..откако ги земал со себе сите свештеници и архиереите кои се наоѓале таму ,излегол да ги пресретне светците,при што ,според обичајот,пред него бил носен знакот на крстот и преку светењето на свеќниците ја искажувал својата радост,а може да се каже и сјајот на гостите кои доаѓаа, кои прославени од прославениот сред светците Господ,... „
Од описов  сфаќаме дека оној пред кого се носи знакот на крстот со големата тијара е папа.
За жал ,авторот на ова дело не знаел латински инаку ќе прочитал дека на фреската е насликан погребот на папата Никола.


Долу пишува :овде во(од) Ватикан го носи папата (скратено ПП) Никола со божествени химни и ароми го погребува.Прашање е кој кого погребува?Преводот на HUC како тоа ,него е бесмислен HUC=HIC и значи -овде." a vaticano" може да  е „ од Ватикан„.Споредете со преводот на Лакус куртиус замен од овде.Тотална бесмислица.

Наивниот составувач на житието на Климент можел да ја види фреската,но бидејќи „тап „ за латинските букви,да си ја протолкува по свое.Свети Кирил и Методиј,лево го носат Свети Климент во мошти ама на нозе со голема папска тијара на главата(најстарата тијара е од 16 век).Оној со брадата и хало е Методиј а тој без халото е Св.Кирил.Папата Никола е веќе умрен а  крајно десно седнатиот со книга е папата Адријан кој се радува на моштите (извонредно сочувани и во погон).Но оваа фреска може да означува нешто сосема друго,бидејќи папата Адријан има хало но нема тијара на главата, човекот кој го водат кобожемните „Кирил и Методиј„ веројатно е новиот папа.А новиот папа е кој? Најверојатно „антипапата„ Климент III.

Мене ми се чини вака.Новиот папа (Климент III) лево го носи и го закопува папата Никола а крајно десно е Св.Климент на тронот со отворена книга во раката.Светецот крајно лево со брада и другиот брадосан кои го држат новиот папа за рацете (од истокот бидејќи се брадосани) може да бидат Св.Кирил и Методиј,но само ако од деветти скокнат во 11 век.

Официјално,кобожем по смртта на папата Никола II(1059-1061г),во јули 1061 г (ќе забележите дека ова е многу блиску до времето на „големата шизма „ меѓу источната и западната црква) две групи се состанале да го одберат новиот Папа (односно римски патријарх бидејќи папа , скратено ПП е официјална титула дури по 1075г). Кардиналите на чело со Хилдебранд (подоцна Папа Григориј VII,кобожем реформаторот поверојатно- основач на Латинската црква во денешна смисла) го одбрале папата Александар II (1061-1073). Германските и ломбардските бискупи кои се противеле на „реформата„ се собрале во Базел и си одбрале друг Папа-Онориус II(1061-1072)..
На 14 април 1062 силите на Александар II и Онориус II крваво се пресметале на улиците на Рим.Победиле „контрареформаторите„ и Онориус ја завзел „столицата на Св.Петар„.Германскиот крал Хенри IV требало да го реши спорот но и во Германија се случила револуција .Малолетното кралче било грабнато од моќниот архиепископ Ано од Келн и тој се инсталирал како владетел.Веднаш штом се инсталирал го прогласил реформаторскиот Александар II за „вистински„ римски патријарх (не „папа„).Но Онориус не се откажал и си се претставувал за папа се до смртта во 1072.Во 1073 нов папа на местото на Александар  станал Хилдебранд како Грегориј VII а на местото „антипапа„ на Онориус нов „антипапа„ станал Климент III .
Овие матни настани на „грегоријанските реформи„  за суверена власт на Папите кои ќе имаат ексклузивно право за поставуваат свештенство и борбата на папството со кралевите на „светатата (германска) римска империја„ кулминираат во 1085 кога папата Грегориј ги повикува Норманите во Рим да го спасат од пораснатиот Хенри IV и тие за да го направат ова кобожем  го уништуваат античкиот-раносредновековен Рим и го срамнуваат со земја (се смета дека кобожем  и црквата Св.Климент е запалена во процесов).Римјаните лути на Грегориј го бркаат и тој си заминува со Норманите на југ а нешто подоцна и умира.

Зошто е важно ова?Бидејќи траги од горење на затрупаниот дел од црквата Св.Климент кои ги „откриле„ наеднаш фрескосани,нема, може ли да си помислиме дека и остатокот заедно со „палењето на Рим„ е измислица?

Човекот кој „ја открил„ затрупаната базилика со овие фрески е ирскиот доминикански фратар Џозеф Мулоли кој околу 1850 напишал и книга со опис на „откриеното„.Така тој овие фрески ги интерпретира на свој начин во кој папата Никола е претставен како младо голобрадо момче.Еве го описот на фреската од отец Мулоли.

Погребот на Св.Kирил,апостол од Склавонија (Schiavonia).

Под елегантниот фриз кој ја затвора оваа голема фреска има натпис од кој се гледа дека донаторка е Марија Мацеларија „Поради страв од Бога и лек за мојата душа„.Едноставен јазик на вистинската вера.Еден друг натпис долу поподробно го објаснува предметот на сликата„Тој овде се пренесува од Ватикан од Св.Кирил(?) во црквата на Св.Климент.(???-дефинитивно не пишува така под фреската а каде пишува,не знам) 
Тој овде има ауреол на главата,наметка на рамениците а од вратот е покриен со скапоцена  драперија извезена со крстови.(Свети Кирил ли?)Кај главата и нозете има еден туриферариј кој сo десната рака мафта со кандило а во левата носи кутиче со аромат.Младич кој во тага ги крева рацете кон небото и постар припадник на клерот одат веднаш позади ковчегот.Потоа доаѓа папата помеѓу двајца бискупи.Пред него и од ауреолот на главата и од тажниот израз на лицето се гледа дека тоа е братот на починатиот,Св.Методиј.Двајцата браќа ги пренеле моштите на Св.Климент од Херсон во Рим и едниот од нив потоа мора да го положи во земја својот најсакан.Еден ѓакон на крајот го носи крстот на Папата а во средина на толпата се креваат два епископски крстови(оние завитканите) и три лабаруми или обесени знамиња(стандарди) со грчки крстови на врвот.Ова е најстарата слика во Рим со ваква форма на крст и  без сомнение ваквите крстови се воведени како потсетник на Константинопол и првата мисија на Св.Кирил која тргнала од овој град под императорот Михаил(ма немој?).Добро е забележлив и контрастот помеѓу ориенталните (источните) бискупи насликани со брада,и латинските попови кои се потполно избричени.Исто така е претставен папата на олтарот   а пред него се мисалот и чашата од која само постољето е сочувано.Свртен со лице кон народот и раширени раце ги поздравува со следните зборови „Мир Божји нека биде  секогаш со вас „(Pax Domini sit semper vobiscum).




Фреска од истиот автор(и) во истата базилика.Долу пишува:„ јас Бено од Рапиза со Марија(Марија Мацеларија),мојата жена, (pamore di et) за љубов Божја (веројатно) и на  Свети Климент„




Овие фрески се сликани кобожем на крајот на 11 век.Тогаш,о голема Артемидо,го имаме  во игра и некој си антипапа Климент III(1080-1100 г) .Не само можеби туку со голема сигурност  „беати Клеменс„ на сликава е антипапата бидејќи во времето на првиот Климент (96 г)под темелите на истава базилика немало ни светилиште на Митра.Тоа била обична куќа која му припаѓала на некој си Титус Флавиус (кој ако не ) КЛЕМЕНС.

Климент III бил осуден на deletio et damnatio memoriae што го објаснува затрупувањето на црквата која кобожем била изгорена од Норманите.Траги од горење, за жал, никаде не се пронајдени.По смртта од својата паства Климент III бил сметан за светец.

„Ватикан„ е непознат етруски збор .Наводно од етруски бог на првиот плач на новороденчето „ватиканус„ или „вагитанус„.Бебето кога ќе се родело почнувало да вика „vagitus„ ,„ва,ва„ и така.Можеби од латинскиот збор "vates" -пророци. Од кога зборот Ватикан почнал да се употребува како топоним синоним за Латинската црква е прашање кое бара додатна проверка.Со „сигурност„ се тврди дека  Ватикан е перманентно седиште на папите дури по враќањето на „пленетото папство„ од Авињон-Франција,а тоа е 14 век (1376г).Самото киднапирање на папството и неговиот пренос во Авињон исто така го направил некој папа Климент V,лош и поради тоа што ги уништил Витезите темплари.Нивните симболи и ритуали во 18 век ќе ги превземат масоните.



                              Светилиште на Митра и официјално датирано во 2-4 век НЕ

Лесно било се да се измеша.„Нумерацијата„ на папите е воведена во 18 век.Првиот зборник на тн „словенска библија„ е составен на крајот на 15 век.Дотогаш не постоела канонизирана „збирка на библиски книги„ а кирило-методиевите преводи (кобожем на глаголица) од „грчки„исто така никаде ги нема.
Фреските се наоѓаат во тн Долна базилика повторно откриена во 1818г а веројатно претходно  затрупана или некористена поради „непријатни„ асоцијации.


По најново,портрет на Св.Кирил(Константин Филозоф)