Search This Blog

Showing posts with label Beard. Show all posts
Showing posts with label Beard. Show all posts

Monday, June 18, 2012

Голобрадите „победници„



Ахил(без брада),ПАТРОКЛО (со брада)


Ахил го преврзува Патрокло 500 г ПНЕ


Ахил пред умирање,Кристоф Вејрие 17 век


Ахил,Тишбајн 19 век

Гневот на Ахил,Жак Луј Давид -19 век

Бред пит како Ахил во филмот Троја ,21 век


Вистински садизам е, да простите, да му наредиш некому да се бричи во Бронзено Време (3600-600 ПНЕ) кога не  постоеле жилети туку најмногу што можело да има (се разбира доколку некому му паѓало на памет да се бричи) се некакви полутапи бронзени ножиња.
Неколку пати сум пишувал за „античката брада„ и фасцинираноста на „античките„(всушност средновековни) автори со истата.

На пример зборовите:Барбар,Бербер,Варвар -сите означуваат брадосан човек.Овој збор сигурно има тесна врска и со зборот БРАТ (FRATER,BRUDER,BROTHER,FRERE итн ) но и со зборот ТАТКО (ПАТЕР).

Нема да го најдете Ахила небричен на ниедно место.Педантно се избричени и Александар Македонски а и повеќето римски императори.

Верувам дека и во денешни услови кога мажите имаат „д бест дет мен кен гет„ услови за бричење-бричењето им претставува товар.
Да си замислиме сега дека Ахил станува наутро под ѕидините на Троја( 13 век ПНЕ) , се огледува во бронзениот  штит ( немало  огледала)  се сапуњави со нешто (немало сапуни и пена за бричење) и се бричи со тапо бронзено орудие.
Си замисливте?
Садизам парекселанс.
Безбрадост без мака-тоа е ќосавост.Ќосав може да биде некој поради некаква генетска девијација ( ретко) инаку пубертетот си го прави своето.Безбрадост без мака и тенок глас имаат и кастратите.Безбради се момчињата пред пубертет.

                                                                     Хектор,Троја 2004

Пријам и Хектор

Хектор ,6 век ПНЕ



Ахил(горе),хектор(долу) итн

Ахил го влече со коњи телото на Хектор


                             Делфи,Енеј и Хектор(со бради) против Менелај и Ајакс-без бради, 6 век ПНЕ



Римска чаша I  век ПНЕ,Пријам (со брада) му бакнува рака на Ахил(без брада)


Брадосаниот,тоа е силен човек обично непријателски настроен.Кога би гледале онака широко метафорично брадосаниот е татко и постар брат (Патрокло е постар од Ахил).Победата на голобрадиот над брадосаниот е предпубертетски занес во кој малолетникот си замислува како ги победува возрасните мажи.

Но нешто не штима во оваа слика.Како на возрасни луѓе кои пишувале „историја„ им влегла чивијата со „победата на голобрадиот над брадосаниот„(во Библијата, Давид и Голијат) како идеал за култура,храброст и мажественост ?Храброст можеби,мажественост,можеби но сеуште не.

Но,култура?


Давид со главата на Голијат Доменико Фети,17 век

Џузепе Калети,Давид со главата на Голијат,17 век

Да се потсетиме и дека Александар значи „бранител на  мажите„.Романтичниот Александар не е маж и токму затоа е голема неговата слава.Тој е голобрадо момче кое го освоило светот.Сетете се дека неговиот татко Филип насекаде се гордее густа брада.


                                                               Филип II Македонски

Алегоријата со „победникот над мажите„ е некако разбирлива. Но срамнувањето на културни достигнувања со безбрадост (Грците -Елини,ги нарекувале некултурните народи варвари-барбарос) е многу,многу необично .

Мое убедување е дека зборот „варварин„ во грчкиот јазик влегол во средниот век од латинскиот исто како и зборот Вулгар (Бугар) кој значи „обичен прост народ„(веројатно и брадосан народ,ВЛГ БЛГ БРГ БРД БРК БЛД БЛК)

Голобрадите, тоа е одбрана елита.Можеби кастрирана елита,можеби само обрежана елита. Денес делува малку чудно некој Зумбуљ-ага со пискав глас да издава наредби на огромна војска и да освојува села и градови.Но ако се задлабочите во историските извори на „антиката„ и средниот век- тие се преполни со храбри евнуси-скопци.

Да се потсетиме дека Ахил влегувал во женските одаи и се преправал дека е жена(се облекувал во женска облека) и дека Светониј за Цезар рекол дека бил „маж на сите жени „но и „жена на сите мажи„.Се сеќавате и дека Брут (БРТ) го уби ќосавиот Цезар .Брутус од Троја е и легендарниот основач на Британија.

Ахил на дворот на Ликомед,Помпео Џироламо Батони 1746 г
Ахил(со мечот)облечен како жена „служи „ во женските одаи.Во женските одаи се знае кој служи.Зумбуљ.


Според зборовите на Исус има три вида скопци.


ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ
Глава  19


 7 И Му рекоа: „Зошто тогаш Мојсеј заповеда да и се даде разводно писмо на жената и да се остави?”
  8 Им рече: „Заради вашето закоравено срце, Мојсеј ви дозволи да ги оставате вашите жени, но во почетокот не беше така.
  9 Туку ви велам: „Кој ќе ја остави својата жена - освен за прељубодејство - и се ожени за друга, прави прељуба; и кој ќе се ожени со напуштена, прави прељуба.”
10 Учениците Му рекоа: „Ако е тоа причината меѓу мажот и жената, подобро да не се жени.”
11 А Тој им рече: „Сите не можат да ги сфатат тие зборови, туку оние, на кои им е дадено.
12 Зашто има скопци, кои се родени така од мајчината утроба, и има скопци, кои се скопени од луѓе, и има скопци, кои самите се скопиле заради небесното царство. Кој може да прими, нека прими!”
13 Тогаш доведоа дечиња при Него, за да ги положи рацете над нив и да се помоли; но учениците ги укорија.
14 А Исус рече: „Оставете ги децата и не им пречете да дојдат при Мене, зашто на таквите им припаѓа небесното царство.”
15 И ги положи рацете на нив, и си отиде оттаму.


Скопството е рамно на невиност-девственост (во Русија во 19 век постоела христијанска секта тн Скопци)

И евнуштвото,скопството има синусоидна историја.Се воздига па опаѓа па се воздига па опаѓа итн.
Наводно во „антиката„ тие се слуги со ниско (варварско)потекло.Амијан Марцелинус ја опишува „римската куќа „ како „преполна со слуги -евнуси стари и млади„.А наводно „западните римјани„ не негувале ваква традиција туку таа им дошла заедно со луксузот "од Азија".Константин Велики во 4 век со закон го забранил кастрирањето но најголемата слава на евнусите е од 2-5 век.Во 14 век кастрирањето било и казна и медицински третман и знак на побожност.Кастрирање за потребите на црковните хорови и италијанската опера имало до 19-20 век.

Има тони литература за „третиот род„ и нема да предам детали.Мене ме интересира кој  ги претвори скопците во симбол на култура и цивилизација?Веројатно средновековните монаси-скопци со бујна фантазија.

Thursday, May 17, 2012

Варваринот Барбароса


The beards of Hercules and frowning Mars;









Барбароса

Барбароса (во средина )со синовите







Фредерик Барбароса има милијарда лица.Веројатно затоа што е легенда.Буквално.



Барбароса од приказните


Папата Александар III и Фредерик Барбароса.Забележете ги шеширчињата-галеро.


Барбароса пред смртта,не можел да чека ред за да го премине мостот и се удавил во река




(1122 - 10 Јуни, 1190 година) бил германски император на Светата римска империја.
Избран за Крал на Германија и Франкфурт на 4 Март 1152,крунисан во Ахен на 9 март.

Крунисан за крал на Италија во Павија во 1155

Крунисан како римски император од папата Адријан IV, на 18 јуни 1155 година.

Две години подоцна во 1157 терминот "сакрум" (т.е. "свети") прв пат се појавува во документ во врска со неговата империја.

Официјално бил крунисан за Крал на Бургундија во Арл на 30 јуни 1178 година.

Името Барбароса доаѓа од северните италијански градови тој се обидел да владее, и значи "црвена брада"на италијански - знак на  нивниот страв и почитување (?)

Во Германија тој бил познат како Кајзер Ротбарт, што има исто значење.

Божем постојат и писма кои си ги разменувале Фредерик Bарбароса и папата Адријан ТУКА.Смешни работи.

Што е интересно за „светиот римски император„?

6 пати ја напаѓал Италија.

Се борел против Норманите стационирани во Сицилија.

Ги донел моштите на тројцата светци(кои му се поклониле на Исус на раѓањето) во Келн.

1188-1189 организира крстоносна војна заедно со Филип Август од Франција и Ричард Лавовско Срце од Англија.

Крстоносците ја минуваат Унгарија ,Србија и Бугарија и есента 1189 пристигнуваат во Константинопол.Византиски император е Исак II Ангелос.Тој е во сојуз со Саладин,султан на Египет и Сирија,во чии раце е Ерусалим.Фредерик загинува минувајќи низ Анадолија.Се дави во реката Салеф.Нетрпелив да чека премин преку мостот изграден од крстоносците решава реката да ја помине на коњ.
Неговото тело по смртта е поделено на три дела.Месото му останало во Црквата Св.Петар во Антиохија,коските му ги однеле во актедралата во Тир а внатрените органи во Тарсус.Зошто така,не се знае.Мистика и езотерија.



Саладин.Не знаеш Барбароса ли е Саладин ли е.

Фредерик го „оживеал„ проучувањето на законите на Јустинијан.

Првата легенда за Фредерик Барбароса е дека тој не е мртов туку спие во пештера на планината Унтерсберг во Баварија.Кога гавраните ќе престанат да летаат околу планината,тој ќе стане и ќе и ја врати античката слава на Германија.Хитлер се сметал себеси за разбуден Барбароса.

Втората легенда( од италијанска провиниенција) е дека кога Барбароса го освојувал Милано 1158, граѓаните ја заробиле неговата сопруга Беатрис и ја прошетале низ Милано гола,качена на магаре.Барбароса се одмаздил со тоа што ги натерал од газот на магарето да извадат смоква со заби и да речат „Ecco la fica"-еве ја смоквата.Велат дека навредувачкиот гест со издигнат среден прст кој Италијаните го викаат "fica" потекнува од овој настан.

Ова не е единствениот Барбароса во историјата.




Хајредин Барбароса
(1478-1546),Khair ad-Din - Hızır Hayreddin (Hayrettin) Paşa

Наречен Хајредин (арапски-добар,најдобар за верата-Исламот) Името Хајредин го добил од Сулејман Величествениот.
Името Барбароса наводно го наследил од својот постар брат Баба Оруч.






Аруч(Оруч) Барбароса(1474-1518)



Браќата Барбароса се родени на грчкиот остров Лезбос од татко Јакуп Ага.Биле познати пирати.Наводно името Барбароса Оруч го добил од Италијаните кога ја пљачкосувал јужна Италија.

Баба Оруч звучело Барба Роса.

Како да не.

Барбароса ја изгубил левата рака во битка во 1512 што му го донело и прекарот Ѓумуш Кол (на турски „сребрена рака„) бидејќи наместо рака имал сребрена протеза.
Барбароса е веројатно прототип и за Капетанот Кука од познатиот Петар Пан на Џемс Метју Бари но и за Хектор Барбоса од Пирати од Карибите.








Во 1533 Франсоа I  го испратил својот амбасадор Јахан де ла Форет(Јован од Шумата) кај  Хајредин Барбароса, барајќи ја неговите поморска поддршка против Хабсбуршката монархија започнувајќи со зборовите:

"Жан де ла Форет, кого кралот ги испраќа да се сретне со Гранд Сињор [Сулејман Величенствениот], прво ќе одат од Марсеј до Тунис, во Барбарија(Берберија), да го сретне господинот Харадин, царот на Алжир, кој ќе гоупати кон Гранд Сињор .  ... итн „.


Барбароса го освоил Тунис,во Берберија,Барбарија.Барбарија била северна Африка.


Карта на Барбарија 1707


Битката за Тунис(Берберија,Барбарија)1535

Барбароса го освоил Тунис,во Берберија,Барбарија.

Врската меѓу името Барбароса и Барбарија,Берберија е многу интересна.
Италијански ,тоа е БАРБА-брада и РОСА-црвена БАРБАРОСА-Црвена брада.Се е јасно.

Но терминот барбар,варварин - βάρβαρος (barbaros) е со непозната етимологија.Наводно во „антиката„ значело „секој кој не е грк„.

Варварија-βαρβαρία "земја на варварите" .

Античките Грци Персијците ги нарекувале „барбари„(на античкогрчки в =б) или  црвенобради.

Дури и Хомер го употребил зборот барбарин како барбарофонос(Илијада)βάρβαροΦώνος -неразбирливо зборува со барбарски јазик.Некои сугерираат дека бидејќи сите во Илијадата зборувале грчки „барбарофонос„ кај Хомер значело „оној кој не зборува добро Грчки„.

Но сите знаеме дека и Македонците на почетокот биле „барбари„.Ама за да не биде дека не зборувале добро Грчки на зборот му се наметнува културен плашт и тој добива значење на „недоволно цивилизиран„.Значи „барбарин„ може да е :

1.Оној кој не зборува Грчки
2.Оној кој лошо зборува Грчки
3.Простак,сељак за разлика од „политисот„ кој е цивилизиран,граѓанин (на пример на Атина)

Грчки,грчки,грчки... а зборот нема грчки корен.Нема никаков корен освен нам добро познатиот-италијанскиот.Црвена Брада.

Ако кажеме право и ден денес морнарите ги викаат „барба„-брадосан.Самиот збор „рос„„ роса„ е вишок во мојава анализа.Барба ,барбар,варвар-значи брадосан.

Наводно, Цицерон ги опишал планинските области на Сардинија како "земја на барбарите",а нејзините жители погрдно како latrones mastrucati ("крадци со груба облека од волна",ова потсеќа на описот на „Теофилакт„ на „Бугарите„ околу Охрид). Регионот е до денес познат како "Barbagia" (во Сардинија "Barbàgia" или "Barbaza").

Зборот очигледно има латинско потекло.Доколку зборот е латински ,целата „античкогрчка„ историја ,вклучувајќи го и Хомер е измислица на доцниот „среден„ век.

Наводно Индусите во Антиката за „барбари„ кажувале Млеча.Но „Млетачкиот трговец„ е Венецијанец.Млечаните „барбари„ се „Венецијанците„ или општо сите Италијани-Латини?

Кобожем на Санскрит barbarāh (множина) тј. „оние кои пелтечат„.Санскрит,знаеме е Свето Писмо направено од језуитите за Индусите.Во него е нормално да има „млетачки„ зборови. 

Античката брада е феномен сам за себе.Како се бричел Александар и неговата војска во време кога немало огледала  е мистерија до денешен ден.

Заборавен е уште еден Барбар-оса.Египетскиот султан Закир Рук-ал-дин Бејбарс(1223-1277) ,можеби уште еден двојник на Хајрудин Барбароса.

(al-Malik al-Zahir Rukn al-Din Baibars al-Bunduqdari).Неговите „мемоари„ се запишани во Сират ал Бахир Бејбарс.Бејбарс бил Кипчак роден на Крим.Витешка поема во која Бејбарс се бори против пиратите од Ѓенова и други Аџамии-крстоносци.Средновековен Флеш Гордон.

Повеќе за „античката брада„ и тасма и као „научниците„ шаманизирале на оваа тема -сум пишувал ,ТУКА .

Да си замислиш дека „Варварите„ го освоиле и разрушиле „Римското царство„ е како да си замислиш дека Американските Индијанци го преминале Океанот и ја освоиле Европа.
Ваквите фантазии се можни само во главите на шаманите-историчари.




Thursday, March 8, 2012

Античка брада




Се што секогаш сте сакале да дознаете за брадата а не сте смееле да прашате.


Меѓутоа,Македонците изгледа ги бричеле брадите пред овој период.Бидејќи Филип,таткото на Александар и Аминта и Архелаус неговите претходници се претставени на медали без брада.Причината која ја дава Плутарх, зошто Александар им наредувал на војниците да се бричат , е дека непријателот не би требало да дојде до нивните бради на денот на битката.Пред една од битките на Александар, се вели, кога Парменио дошол пред Александар да добие задачи за битката,прашал дали останало уште нешто да се стори?

Ништо-рекол Александар,освен да се избричат војниците.

Дали Александар ја бричел брадата ама оставал по некој зулуф(како на сликата горе),засекогаш ќе остане мистерија.


The Edinburgh encyclopaedia, 1823,Volume 3