Search This Blog

Showing posts with label Ancient Rome. Show all posts
Showing posts with label Ancient Rome. Show all posts

Tuesday, January 8, 2013

Литоргија?

Етимолошкото толкување неретко се користи за да се замете трагот на некоја „непријатна„ вистина.

На пример „старозаветниот„ Исус Навин(НУН-риба,НАУН-Спасител) во англискиот јазик е „Џошуа„ а „новозаветниот„ е Џизс.




EN - King James - Jos. 1:1Now after the death of Moses the servant of the LORD it came to pass, that the LORD spake unto Joshua the son of Nun, Moses' minister, saying,

EN - King James - Jos. 1:2Moses my servant is dead; now therefore arise, go over this Jordan, thou, and all this people, unto the land which I do give to them, even to the children of Israel.
КНИГА НА ИСУС НАВИН
Глава  1


  1 По смртта на Господовиот слуга, Мојсеј, Господ му рече на Исуса, синот Навинов, на Мојсеевиот помошник:
  2 „Мојот слуга Мојсеј почина; затоа сега стани, помини преку тој Јордан, ти и сиот тој народ, во земјата што им ја давам на Израелевите синови.

EN - King James - Lu. 1:31And, behold, thou shalt conceive in thy womb, and bring forth a son, and shalt call his name JESUS. 

MK - Библијa 1999 - Лк. 1:31И ете, ќе зачнеш и ќе родиш Син, и ќе Му го дадеш името Исус.

Демек, непријатно ли било да се појави Спасителот-Исус од Новиот Завет рамо до рамо со старозаветниот Мојсеј?Секако.

Денес ,на пример, кога ќе се спомне зборот „оргија„ на сите им паѓа на памет некој порнич со групњак.

И тоа не е случајно.Зборот „оргија„ на „старогрчки„ -ὄργιον-оргион денес се опишува како форма на обожување на „старогрчките„ богови во „античките „ „старогрчки„ и „старолатинскоримски„ мистериозни култови.

Бидејќи никаква далечна „антика„ не постоела, (и не можела да постои во формата во која ни е претставена ), нормално е овие „пагански„ форми на поклонување на боговите да ги поместиме во „средниот век„ при што мора да имаме предвид и да прифатиме (колку и да ни е необично) дека тие егзистирале паралелно со Христијанството (не онакво какво што е денес) или биле дел од него .

Всушност суштината на ваквите „антички мистерии„ била да се надмине бариерата  помеѓу божеството и обичните луѓе-оргијашите-оргеонес.

Денес од средновековните фантазии  при описите на она што се се практикувало во овие  церемониитешко тешко може да разликуваме што е лага а што вистина (грчкото „оргија„ на латински е маскирано во „церемонија„) .

Тука имаме од опивање, дрогирање, жртвување на животни, фаќање змии, итн, па се до самокастрација, јадење живо месо(може и човечко) и слично.

Значи денешната употреба на зборот „оргија„ не е далеку од кобожемната „античка„ употреба на истиот.

Мене да ви кажам право зборот оргија ми звучи како дел од зборот литургија.

Иако „оргиите„ означувале мистериозни церемонии за поклонување на божествата, зборот „оргија„ се закочил во антиката.

Но затоа ( наводно) по осумсто години  се откочил  „античкиот „ збор Λειτουργία, заборавен во 4 век пред нашата ера (до времето на Свети Василиј Велики  329-379 г кој наводно во 4 век од нашата ера ја воспоставил христијанската „литургија„).

„Церемониите„ во современото Христијанство денес се нарекуваат „„Λειτουργία„  -литургија . 

Литургијата означува ритуал кој се практицира како „служба„ во православната,католичката, муслиманската и еврејската богослужба.

Многу тешко ќе се пробиете низ значењето на современиот поим „литургија„.

Наводно се работи за точно пропишани правила на „црковна служба„ а црквите кои немаат вакви правила се „нелитургиски„.

Литургијата во католичката црква кобожем означува церемонија во која се вклучени верниците (народот) па оттаму и превземениот збор кој во „античката„ Атина означувал „народна работа„ ( λειτουργία или  λῃτουργίαleitourgia, од λαός / лаос, "народ" и коренот ἔργο /ерго, "работа" ). Во православието литургијата била и „заедничарење„ односно гозба.

Гледаме дека античкото значење на поимот „литургија„ е всушност „res-publica" односно „република„.

Наводно во античката Атина богатите граѓани ја финансирале државата со свои сопствени средства (делумно доброволно,делумно присилно).

Kажано со прости зборови античката литургија означувала данок наметнат на богатите граѓани.

Нели е некако необично „републиката„ да излезе од пазувите на христијанската црква?
Нели е чудно „ре-публиката„ (на грчки „политис„-градска работа) ,да се преименува во „молитва„ ?

Како можело ,почитуван мој читателе, античкиот данок врз богатите или позамрсено -„јавна та обврска која вклучува  трошок„ , да добие значење на христијанска церемонијална молитва?

Ќе се сложите дека ова не е можно по природен пат.

Без да навлегувам во историјатот на значењето на латинскиот збор „република„, за да не ни дојде премногу ,само ќе забележам само дека зборот „лит-оргија„ има повеќе логика- тоа е „народна оргија„ односно зближување на народот со Бога преку „церемонијално рушење на бариерата„.

Намерното извртување на непријатната вистина е видливо во тн „Златоустова литургија„.


Ѓаконот
Μὲ εἰρήνη ἂς παρακαλέσουμε τὸν Κύριο.

Хорот
Κύριε, ἐλέησον.

„Кирие елеисон„ е фраза на грчки која означува „Господи помилуј„.ἐλέησον-од ἐλεέω ἔλεος што значи милост ,сожалување (или на англиски pity односно средновековно француски pite.Асоцира на името на пророчицата Питија кое божем доаѓа од  Πυθία-скапува)


Покрај тоа што „хорските приредби„ биле дел од античкоатинската „литургија„,како „антички драмски приредби„, зборот „елеисон„ е созвучен со „елеуса„ -„елефса„-„елевсински мистерии„ за кои "се признава" дека се одржувале до 4 век од нашава ера(?) кога императорот „Теодосиј„(Богдан) официјално ги забранил..



Елефса кобожем бил град во близина на „античката„ Атина каде се одржувале „мистериите„ .


                                                              Елефса во 1850 г.

До него водел „светиот пат„ .

Кога одиш по патот прво го гледаш гробот на  Антемокритус(Павсаниј,Опис на Грција),потоа гробот на Молотус,потоа гробот на Кефисодорус, противникот на последниот македонски цар со име Филип, потоа гробот на Хелиодорус Халис (чиј портрет (икона?) висел во големиот храм на Атина), потоа гробот на Темистокле,потоа светото место на Лациус(латињанецот?), потоа гробот на истакнатиот харфист Никокле, потоа гробот на Теодорус познат актер во трагедии од 4 век пред нашата ера (сеуште атракција ,во времето на Павсаниј, односно 2 век од нашата ера- по 600 години ), покрај реката имало статуа на Мнесимаха, потоа најголемиот и најубав старогрчки гроб на Питониче , куртизана во Атина и Коринт , направен од нејзиниот љубовник -македонецот Харпалус кој војувал со Александар.Потаму имало група скулптури на Аполо, Атина и Деметра и храм на Афродита од неделкан камен, потоа потоци од морска вода наречени Реити кои ја делат земјата на Елефсинците од онаа на Атињаните. Зад потоците бил гробот на тракиецот Еумолпус, потоа реката Кефисус и така натаму.
Елеуса доаѓало од името на херојот Елеус,син на Хермес и Даеира.

„Свет пат„ имало и во „антички Рим„.Тој бил кобожем дел од Виа Апија(веројатно целата улица се викала „свет пат„) и покрај неа се наоѓале гробовите на славните патрициски фамилии од „антички Рим„ но и на христијански светци и папи.


Повеќе од очигледно е дека „античката Елефса„ е „опишана„ на база на средновековниот Рим кога ходочасниците оделе по „светиот пат„ се до Колосеумеот кој веројатно до 12 век воопшто не постоел бидејќи е игнориран од античките (средновековни) писатели.


Виа Апија,фантазија на 19 век



                                 Вистинската Виа Апија (копија на античкогрчката Елеуса,Елефса) во 19 век

Други гробови покрај „светиот пат„-„Via Sacra"




Идеја на Пиранези(18 век) за тоа како се градел гробот на Цецилија Метела 100-69 година пред Христа,односно како и само како можел да се изгради.
Не се гледа каде завршуваат јажињата од макарата.Да не имале и чекрек античкиве?




Thursday, December 27, 2012

Античка таписерија

Еден од начините да дознаете како е фалсификувана историјата е да пребарувате обично-необични поими во  „античките пишани извори„.
На пример зборовите: кола , кочија, чаша, макара, чекрек, тепих, тули, час, часовник ,итн.
Нешта кои денес  изгледаат како секојдневна работа но биле мислена именка за 90% Македонци (и поголем дел од светот )  во 19-20 век а да не зборуваме за 18,17,16,15 и така натаму се до Адам.

Изборот ми падна на зборот „таписерија„ .Зошто?

Во средниот век (15-16 век)  вештината на ткаење го достигнала нивото на кое може да се изработи текстил кој раскажува приказна,практично- „слика од конец„.

Аристократијата која можела да си го дозволи овој луксуз -тотално полудела .Таписеријата била новото сликарско платно.Но ова сликарско платно имало и утилитарна функција.Во огромните средновековни замоци каде било влажно и студено таписериите не само што разубавувале туку и топлеле.Бидејќи просториите биле со гигантски големини, за изработката на овие таписерии,кои биле и завеси и слики и теписи и прекривки, требало да се користат огромни разбои,на нив работеле многу работници  и ова чинело многу. Затоа таписериите се изработувале само по нарачка.Сликите од конец биле приказ на богатството и моќта па за да замислиш дека некој масовно произведувал таписерии за продажба со векови пред или во времето на Исус (пред 20-тина векови ) треба да си голем морон.

Да не влегле таписериите во мода веројатно би задоцнила и „индустриската револуција„ која започнала со ставање во погон на првите ткајачки машини.

Како претходно се ткаеле секојдневни ткаенини за облека и кој и каква ткаенина можел да си дозволи знаеме од нашите баби и дедовци кои до 20 век (а некаде и денес) носеле тн „народна носија„-секојдневна облека која во голем дел сами ја изработувале.Во оваа смисла тие биле поназад и од библиските луѓе.

Дека шарениот текстил бил „чудо невидено„ докажува на пример Хенри VIII гордо „се сликал„ вака


Принцот Едвард,Хенри VIII и Џејн Сејмур околу 1545 година(16 век).Зад кралскиот престол -раскошна таписерија

Бидејќи сите до еден „антички автори„ се деца на „ренесансата„ не е чудо во својот восхит кон шарената таписерија тие несакајќи да „се издадат„ .Колку и какви кукавички  јајца положени на таписерија сум фатил ќе видите сега.

1.Хомер 850 г п.н.е

Дека Хомер не можел да се појави пред средновековните патувачки трубадури е повеќе од јасно и не само затоа што „ОДОС„ (на „словенски„ одам,ходи) има корен во библиско-античко- еврејско-арапскиот збор ХДМ-оди-Ὀδυσσεύς или латински Ulyssēs (слично на пример на нашето „улица„ кое на грчки се вели „одос„).  



Одисеј се враќа на Итака и итро разговара со својот татко да види дали тој ќе го препознае

Hom. Od. 24.3
Верувајте ми кога ви велам дека овој човек еднаш дојде  во мојата куќа додека уште си бев во мојата земја и никогаш кај мене не дошол човек кој повеќе сум го засакал.Тој ми рече дека е од Итака и дека неговиот татко се вика Лаерт, син на Арцесиус. Го пречекав домаќински и на располагање му го ставив  изобилството на мојата куќа а кога си замина му ги дадов сите ВООБИЧАЕНИ подароци.Му дадов седум таленти чисто злато, чаша од чисто сребро со изгравирани цветови. Му дадов 12 лесни наметки и исто толку парчиња ТАПИСЕРИИ ,12 еднослојни наметки,12 черги,12 убави мантии и ист број на кошули.

Значи ако занемариме што се е на број кабалистичко -астролошки по 12, „вообичаениве„ работи се чудесно нешто за периодот од пред 2900 години.Особено таписериите.
Хомер и во „Илијада„ исто така пее дека убавата Елена везела огромна таписерија со сцени од тројанската војна за време на истата таа војна.

2.Херодот 484-425 п.н.е

Се раскажува и ваква приказна. Кога Ксеркс избега од Елада, тој му ја остави својата куќа на Мардониус . Павзаниј, гледајќи ја куќата на Мардониус со изложеното злато и сребро и весело обоени таписерии, им нареди на пекарите и готвачите да подготват вечера, како што биле навикнати да прават за Мардониус . Тие ја извршија наредбата, но Павзаниј, кога ги виде златните и сребрени каучи богато тапацирани и маси од злато и сребро, и сета прекрасна послуга на банкетот, беше изненаден од сјајот пред него и на шега заповеда неговите слуги да подготват и вечера во лаконски стил. Кога тој оброк, толку различен од другите, беше подготвен, Павзаниј пукна од смеење и испрати да ги повикаат грчките генерали. Кога овие се собраа, Павзаниј им укажа на начинот на кој е сервирана секоја вечера и рече: "Мажи на Елада, јас ве донесов тука, бидејќи сакав да ви ја покажам глупоста на водачот на Мидијците, кој со вакви услови на живот, како што гледате, дошол тука за да ни ги одземе нашите имоти кои се толку бедни. "На овој начин, се раскажува, дека Павзаниј им зборувал на генералите на Грците.

Зошто сум цврсто убеден дека Херодот е средновековен лажго? Покрај кукавичките јајца положени врз ѕидни таписерии и раскошен тапацирунг на златни сребрени каучи него го предава и изјавата дека има намера да докаже дека територијата на Македонија е „дел од Грција„ а Македонците се Елини.Зошто и кому тој му го „докажува„ ова во 5 век пред Христа?(да напоменам и дека „книгата„ на „Хер-одот„ те „Кир-одотус„-„господинот што одел  насекаде„ а која се однесува токму на Македонија е „изгубена„).

Mакедонија е библиско-арапско име кое значи „напаѓа ,навлегува„ а тоа овој „антички лажго„ не го знае.Или Херодот е ренесансен или библијата е пишувана во ренесансата.Или двете.Четврто нема.


מ ג י ד ו

МГИДУ

א ר מ גדון

АРМГДУН


Цитати од Стариот завет за илустрација.Новиот завет не го земаме предвид бидејќи е подоцнежен апокриф кој може разумно да се датира најнајнај-рано во 9 век од нашата ера.
Исус Навин: 17:11 На Манасиј му припаѓаа во Исахар и во Асир; Вет-Сан со своите села, Ивлеам со своите села, жителите на Дор со своите села, жителите на Мегид со своите села; и така: три подрачја. 

Судии: 1:27 Манасиј не ги освои Вет-Сан и неговите села, ни Тахана и нејзините села. Не ги изгони ни жителите од Дора и од неговите села, ни жителите на Ивлеам и на неговите села, ни жителите на Мегида и на нејзините села. Така Ханаанците останаа и живееја во земјата. 

1 Цареви: 4:12 Вана, синот Ахилудов, во Тенахом и во Мегидон, и во сиот Вет Сан, што е покрај Сартана подолу од Езраел, од Вет Сана до Авел Меол, и до преку Јокмеам. 
9:15 Вака беше со принудната работа што Соломон ја создаде за да ги изгради Господовиот Дом, својот дворец, Милон и ѕидовите на Ерусалим, Хасор, Мегидон и Гезер. 

2 Цареви: 23:29 Во негово време фараонот Нехаон, египетскиот цар, тргна против асирискиот цар, на реката Еуфрат. Царот Јосиј тргна пред него, ама тој го уби во Мегидон, при првата средба.  
23:30 Неговите слуги му го пренесоа телото со кола од Мегидон, го префрлија во Ерусалим и го погребаа во неговата гробница. Сиот народ на земјата го прими Јоахаз, синот Јосиев; го помазаа и го прогласија за цар место неговиот татко.
1 Летописи: 7:29 Во рацете на Манасиевите синови беа Вет-Сан со своите села, Танах со своите села, Мегидон со своите села, Дор со своите села. Во нив живееја синовите на Израеловиот син Јосиф.

Захарија: 12:11 Во оној ден ќе настане голем плач во Ерусалим, како плачот во Ададримон, во Мегидонската Рамница. 

Судии: 5:19 ”Дојдоа цареви, војуваа, бој водеа ханаанските цареви, во Танаха, во Мегидската Вода(?), но не добија ни малку сребро.

Исус Навин: 12:21 танашкиот цар, еден; мегидскиот цар, еден; 

2 Летописи: 35:22 Но Јосиј не го одврати лицето од него, туку се охрабри за да се бие со него; не послушувајќи ги Нехаовите зборови од Божјата уста, дојде да се бие на Мегидонското Поле

2 Цареви: 9:27 Кога јудејскиот цар Охозиј го виде тоа, избега кон Вет Хаган (Градинска Куќа), но Јуј го гонеше и нареди: „Погубете го и него во колата!” Го ранија во колата на брдото Гур, што се наоѓа кај Ивлеам. Но избега во Медигон, и таму умре. 

Откровение: 16:16 И ги собра на местото на еврејски наречено Армагедон” (Рид на Мегидо)
3.Плаут 254-184 п.н.е

Pl. Ps. 1.2

Сега, значи, освен ако сите не обрнете внимание на ова обвинение, ако не ги отстраните поспаноста и мрзеливоста од градите и очите, ќе направам вашите грбови да бидат темелно обележани со драсканици, толку многу што ќе бидат пообоени од кампанијска(!) прекривка и од александриска таписерија од пурпур извезена целата со ѕверови .



4.Катулус 84-54 п.н.е.

Овој веќе зашол

Но, овој замок, низ неговите најскриени скривалишта за богатите членови на кралското семејство, блеска во сјај на злато и со сребро. Слоновата коска се белее на седиштата; пехарите светкаат на полиците; целата куќа воодушевува во раскошот на кралско богатство. Поставен во средината на зградата е невестинскиот кревет на божицата, сјајен од индиската слонова коска и покриен со црвено, обоен со розова боја на рибата- школка. Оваа ТАПИСЕРИЈА извезена со фигури на луѓе од античкото (!!!) време со воодушевувачка уметност ја отсликува храброста на хероите.
„Рибата школка„ всушност е полжав тн „Мурекс„ од кој се добивала црвена-пурпурна боја(која денес ја нарекуваме лилава или слично,а нашите стари ја нарекувале „пембе„) која била недостапна за простите народни маси и се користела само украс на  царската облека.

Пурпурна боја од полжавот Мурекс


5.Тит Ливиј 59 п.н.е.-17 н.е


  1. Заробените кралеви, Персеј и Гентиус, со нивните деца, најпрво беа донесени во Рим, и ги ставија во притвор а потоа и другите затвореници, потоа оние од Македонците и главните мажи на Грција , на кои што им беше наредено да дојдат во Рим, бидејќи од овие, не беа повикани со писмо само оние кои  си седеа дома , туку  дури и оние за кои се вели дека биле во дворците на кралевите.

    По неколку дена откако Паулус беше однесен по реката Тибар до градот, во кралска галија со чудесна големина која беше движена од шеснаесет нивоа на весла и украсена со македонскиот плен кој се состоел не само од убави оклопи, ТУКУ И ОД ТАПИСЕРИЈА, која била сопственост на кралот;...

Персеј е македонскиот крал а Гентиус-илирскиот.Победени од „Римјанинот„Емилиус Паулус.Мила моја мори мајчице.Овој Персеј имал и таписерија како Хенри осми.


6.Плутарх (царот) 46-120 н.е.Александар

Да не знаеш дека е „Плутарх„ ќе се заколнеш дека е „Шекспир во приказни„:


Plut. Alex. 49

Како резултат на ова тој беше уапсен и доведен на испрашување, другарите на царот стоеја наоколу за време на тортурата а Александар слушаше позади една обесена таписерија . Тука, како што се раскажува, слушајќи го Филота како му се заканува на Хефестион со бедни и плачки и молби, тој рече: "Со толку слабо срце си бил, Филота, и така мекушав, како си можел да ставиш рака во ваков голем потфат?„   
Откако Филота бил казнет со смрт, Александар веднаш го испратил и Парменио во Медија, човек чии достигнувања со Филип беа многу и кој беше единствениот од постарите пријатели на Александар, или главниот од нив, кој се заложи за неговиот премин во Азија, а кој од своите три сина, виде двајца убиени на претходната експедиција и сега замина во смрт заедно со третиот.
     
Шекспир „Скротување на фуријата„
         Комбинација на „Плутарх„ , „Плаут„ и „Катулус„
Gre.
First, as you know, my house within the city
Is richly furnished with plate and gold;
Basins and ewers to lave her dainty hands:
My hangings all of Tyrian tapestry;
In ivory coffers I have stuff'd my crowns;
In cypress chests my arras counterpoints,
Costly apparel, tents, and canopies, 

Fine linen, Turkey cushions boss'd with pearl,
Valance of Venice gold in needlework, 

Pewter and brass and all things that belong
To house or housekeeping: then, at my farm
I have a hundred milch-kine to the pail, (360)
Sixscore fat oxen standing in my stalls,
And all things answerable to this portion.
Myself am struck in years, I must confess;
And if I die to-morrow, this is hers,
If whilst I live she will be only mine. 

Често пати учените глави се прашуваат како можел прост човек како Шекспир да испрочита толку антички автори.„Какви бре антички „е точниот одговор на ова главоломно прашање.Веројатно многумина од „античките„ автори препишувале од самиот „Шекспир„.


Колку за илустрација.Еве го нивото на „таписериство„ во 11 век (но и ова датирање не е сигурно).

Таписеријата од Бајо-Безо,Bayeux Tapestry


Таписерија од Гирона ,Шпанија12 век

Детал од таписеријата

Monday, December 24, 2012

Двојници

                                  Папата Пиус IV 1499-1565 виден од Бартоломео Пасароти

                        Гробот на истиот Пиус (Џакопо Медичи). Папата е претставен како „римски император„ ем „понтифекс максимус„

Папата Пус е познат по тн Тридентинско кредо во кое е вклучено и познатото „филокве„ односно дека „светиот дух „потекнува и „од Синот„,наводно „каменот на сопнување„ за спојување на Источната со Западната црква.
Туку, друго ми беше зборот. Ајде што папата Џакопо и е претставен на вечноста како „римски император„ ама па и натписот на гробов е чист „антички„ -со кратенки. А за кого го напишале  натписот кога во 16 век се зачетоците на латинската античка „епиграфија„ т.е. читање на „антички„ натписи кои никој не ги разбирал?
Идиоти.

Гроплан на Папата-Цезар




PIUS .IIII PONT .MAX.FRA.B.FIERI.I
Битс ми

Monday, September 10, 2012

Ханибал=Слон

Ханибал со слоновите ( Annibale, duce Cartaginensis), Тит Ливиј историја, кобожем околу 1450

После Ханибал (247-182 ПНЕ) слоновите не стапнале во Рим се до саботата 12 март,1514 г кога португалскиот крал Емануел му испратил на папата Лав X на подарок еден слон.Слонот ,предизвикувајќи попатна атракција (делумно и со рушење на по некој конак) влегол во „Вечниот Град„во 2 часот попладне. Луѓето се качувале по покриви за да го видат португалскиот пратеник кој бил воден од искусен тренер (Индус) и на грбот носел еден црн Мавар (кој во рацете држел сребрено кофчеџе со подароци за папата). Возможно е некаде од толпата на овој спектакл да му се насладувал и славниот Леонардо Да Винчи.
Папата Лав X радосен како дете заедно со своите кардинали свечено го пречекал слонот-пратеник,кој при средбата му се поклонил дури три пати.По неколку дена слонот бил сместен во градините на Белведере,неговото идно постојано живеалиште.
Погодете како римјаните го крстиле знаменитиот слон. Погодивте. Името на слонот било Хано.(Hanno,Anno). Нагалено од многуте Ханибали во „античката„историја . Сите во 15 век знаеле античка историја . Кобожем.
Многу поверојатно е дека кога народот го прашал Индусот како се вика животното,тој на малајамски (индиски дијалект) им одговорил „Ана„(слон).
За жал во епитафот по смртта на слонот не е напишано неговото име.


На епитафот на слонот пишувало Д(Деус) М (Максимус)

Овде долу лежам закопан јас ,огромниот слон,кој кралот Емануел,освојувач на истокот ,го испрати како заробеник на Лав десетти на кој му се одушевува римскиот народ кој долго време такво животно не видел и виде во него човечки интелект(сенс).Судбината ми позавиде на мојот среќен дом во Латиус и не ми дозволи да му служам на мојо господар повеќе од 3 години.Затоа БОГОВИ,дадете му ги годините од животот кои таа ми ги одзеде на  големиот Лав.
Живееше седум години 
умре од ангина
беше висок дванаесет шаки
Споменикот е поставен од Џовани Батиста Бранкониус Аквилианус,папски коморник и чувар на слонот 1518(?) (јуни)
четврта година од понтификатот на Лав X  
Она што природата го открадна,Рафаел од Урбино со својата уметност го овековечи.


А слонот кобожем умрел 1516 и кои црни БОГОВИ  кога БОГ е кобожем еден во 16 век,не е јасно.Нејсе.

Една од најславните презентации на Хано била на 27 септември 1514 кога тој се појавил на забавата на прославата на празникот на Св.Кузма и Дамјан заштитници на семејството Медичи(семејството на папата Лав x).Папата на зафрканција качил на слонот некој поет кој очекувал да биде крунисан со ловоров венец на Капитол како „втор Петрарка„ ама слонот не сакал да помине преку мостот па несудениот носец на ловорики морал да се симне.

За голема жал на папата слонот наскоро починал а прославите за празниците на светците морале да продолжат без него.

Најважно е дека дознавме од каде доаѓа името Ханибал.Значело „слон„.Ама на индиски  а Ханибал кобожем  бил Африканец.

Ако не верувате,читајте ТУКА за посетата на првите слонови во средновековна Европа.


Monday, August 27, 2012

Стрижен,бањат,нецеливан

Уметнички приказ на „антички„ аквапарк


Огромните базени во кои уживале античките се нарекувале „нататио„ (natatio).


Базенот(natatio) 56 x 24 м , „Бањите на Каркала„ почеток на 3 век НЕ.Имајќи предвид дека „натус„ значи раѓање,создавање,веројатно по искуството на бањата „античките„ се осеќале како повторно родени.


Влезот во античките аквапаркови бил бесплатен.

Главните бањи биле оние на Агрипа,Нерон,Домицијан,Антонинус Каркала и Диоклецијан.Она кое денес ни е познато како „Пантеон„ било всушност предворје ( vestibule)на бањите на Агрипа и тој на „римскиот народ„му дозволил бесплатен влез.Шампион.

До 33 г ПНЕ само во Рим имало 170 „бањи„(базени).До крајот на 4 век НЕ имало 11 јавни и 926 приватни „бањи„.Во „бањите на Диоклецијан“ (356 x 316 м) изградени во 305 г НЕ можеле да се капат околу 3000 капачи(според зборовите на Олимпиодорус) .Во бањите (thermae)имало базени со врела,топла и студена вода .Бањите на Маркус Красус(оној кој се борел против Спартак) рекламирале дури и слатка и солена вода.(спред откриен натпис од 1749 дека некој си Јануариус ги „снабдувал„ бањите на Красус со топла и студена вода,а на кој начин -мистерија до денешен ден.)
Бидејќи античките не знаеле за сапун а систем за прочистување на водата бил сеуште мислена именка,можеме да си го замислиме доживувањео на античките бањи. Наместо сапун тие наводно се триеле меѓусебно (од маслотосо кое се мачкале ,замена за сапун) со нож наречен„стригил„(strigil)(од имево ми личи како нешто за стрижење што не е чудно бидејќи името веројатно му е „етруско„)






Апоксиоменос-гребач со стригил,класичен предмет на „античката„ скулптура.Овој откриен 1849та е изработен од Лисип 330г ПНЕ.Барем така треба да мислиме.


Откако главен град на „римското царство„ станал Константинопол,базените биле заборавени.Нови не се граделe а старите се распаѓале.Безобразните варвари им ги рушеле аквадуктите(не знаеле за што служат).

Нема да се задржуваме околу техничката изведба на античките аквапаркови.Сугестијата дека античките имале пумпи за вода а истовремено не знаеле да кројат и шијат облека и не постоел ни најобичен џеб( па металните парички кујзнае кај ги пикале додека се бањале) ,не знам за вас ама за мене е премногу.

Фактот пак,дека сите антички аквапаркови биле претворани во цркви не ме зачудува премногу.Мојата теорија е дека тие и биле изградени како цркви .Но не онакви цркви какви што гледаме денес .Веќе видовме дека во доцниот среден век свештенството имало чуден обичај да биде овековечено во друштво на голишави капачици.




Monday, August 13, 2012

Античкиот „историчар„ и „ренесансниот„ кардинал







Asinius Pollio, a man of a warm and ardent temperament, was determined that the buildings which he erected as memorials of himself should be made as attractive as possible; for here we see groups representing, Nymphs carried off by Centaurs, a work of Arcesilas:77 the Thespiades,78 by Cleomenes:79 Oceanus and Jupiter, by Heniochus:80 the Appiades,81 by Stephanus:82 Hermerotes,83 by Tauriscus, not the chaser in silver, already84 mentioned, but a native of Tralles:85 a Jupiter Hospitalis86by Papylus, a pupil of Praxiteles: Zethus and Amphion, with Dirce, the Bull,87 and the halter, all sculptured from a single block of marble, the work of Apollonius and Tauriscus, and brought to Rome from Rhodes.




Доказ дека „ренесансните„ пронаоѓачи на „антиката„ имале голема смисла за хумор е создавањето на ликот на тн Гајус Асиниус Полио (Gaius Asinius Pollio, 75 ПНЕ-4 НЕ).Бидејќи сите „антички„ имиња нешто значат името на овој значи „магарешки стап„ ,Asinus-магаре,polus-poli-стап,врв на стап.

Овој „магарешки стап„ бил војник,поет,драматург,политичар,литературен критичар и историчар во 1 век пред нашата ера.Неговата „историја„ била основа на „историите „ на Апијан(Пчелар) и Плутарх(Богаташ).Тој бил патрон на Виргилиј(Невин,Девствен) и пријател на Хорациј(Саатчија).Го измислил читањето на авторот  сопственото дело пред публика.

Наводно „стапов на магарево „од парите од воениот плен здобиен во борбите рамо до рамо со Цезар,Помпеј,Марк Антониј ,Октавијан и други ја изградил првата јавна библиотека во Рим тн Atrium Libertatis.Библиотеката имала две „крила,грчко и латинско и била украсена со прекрасни статуи на познатите „антички„ херои.Една од скулптурите кои ја украсувале „веројатно непостоечката ) античка библиотека била Фарнескиот бик-Торо Фарнезе.



Ова е колосална мермерна скулптура која наводно во 1546 ја „откопал цела„ папата Павле III бидејќи му требало нешто за да ја украси Палатата Фарнезе.


Папата павле III претставен на ѕидовите на банкет салата во Палатата Фарнезе.папа опколен со голи женски е многу честа слика во „ренесансата„.Некои папи си имале и свој харем.Да не ги спомнуваме другите перверзии .


Не биле сите ренесансни претстави религиозни.Борба со бикови(!) пред Палатата Фарнезе ,средина на 16 век.Би рекол дека „религозноста„ во 16 век поинаку се сфаќала и вриела од голи женски.


Неверојатна среќа што се пронашол „Бикот„.Исто како сега во двор да си ископаш комплетно функционален точак .За потребите на палатава истата година и на исто место( „Бањите на Каркала„) бил„ пронајден„ и познатиот Херкулес фарнезе.



Всушност внукот на папата Павле III ,кардиналот Алесандро Фарнезе (1520-1589)имал голема љубов кон уметноста.


Алесандро Фарнезе (Асиниус Полио?).неговиот гроб е во Црквата на Гезу(Chiesa del Gesù) главниот храм на Езуитите


Градината Фарнезе(гравура 1761)првата ботаничка градина направена од Алесандро Fарнезе врз „античките„ руини,денес во слична состојба како Колосеумот.



Monday, August 6, 2012

Трето лице еднина


Наводно своето „најголемо и најславно„ дело „Коментари за галската војна„Commentarii de Bello Gallico Гај Јулиј Цезар „го напишал„ ВО ТРЕТО ЛИЦЕ .

„Галија „е современа Франција ,Белгија и дел од Швајцарија.Делото е од 8 книги,секоја по околу 15000 зборови.Од каде толку папирус и пергамент  никогаш не ми било јасно (исто така не ми е јасно како грците имале прво збор за хартија а потоа смислиле збор за пергамент.Хартија,карта,chart во својата уштина значи договор,уредба.На што пишувале договори ,ем романи, ем историја ,ем географија  „античките„ Грци кои немале збор за пергамент а папирус (вивлос) не им растел по двор -останува вечна мистерија).

Нејсе,кобожем по смртта на Цезар осмата книга е допишана од некој Аулус Хиртиус(аула-дворец,дворски,хиртус-влакнест,груб,прост во превод дворски сељак,дворски простак,при смислувањето на „античките„ имиња не може да се каже дека „ возрожденците„ немале смисла за хумор.).

Дека никаков Гај Јулиј Цезар не пишувал за некакви  „галски војни„ е повеќе од јасно.Кој знае кој пишувал.

Ако не сте имале шанса да прочитате на македонски еве еден извадок од ова „дело на Јулиј Цезар„(100 — 44 г. ПНЕ).


Книга 5, Глава 1

Бидејќи Луциј Домициус и Апиус Клаудиј беа конзули, Цезар, кога заминуваше од своето зимско престојувалиште кон Италија, како што беше навикнат да прави еднаш годишно, им нареди на послушниците кои ги назначи над легиите да се погрижат во текот на зимата да изградат колку е можно повеќе бродови, а старите да ги поправат. Тој ја испланира големината и обликот на бродовите. Заради испорачување на стоката и за нивно полесно влечење кон брегот, тој ги направи малку пониски од оние кои ние сме навикнати да ги користиме во нашето море, а направи и многу повеќе, бидејќи знаеше дека, на сметка на честите промени на плимата, таму имаше помалку бранувања, па за превоз на товар и голем број на коњи, [тој ги направи] малку пошироки од оние што ние ги користиме во другите мориња. Сето ова тој го нареди да да се изгради заради леснотија и експедитивност за што во голема мера придонесуваше тоа што беа пониски....


И така натаму и така натаму.Кога јас би пишувал лично за моето учество во некоја војна,тешко дека би користел трето лице.И би внел понекоја емоција во пишувањето.Или барем ситни детали кои му се непознати на ТРЕТОТО ЛИЦЕ.Кој има желба нека чита ТУКА(англиски) за „галските војни„.

Иронично е што овој прв и легендарен Цезар кој се родил кобожем на 13 Јули (месецот го добил името според него) има директна врска со традиционалната хронологија. Имено тој го измислил и „јулијанскиот календар„ кој се користел од 45 годнина ПНЕ се до 1582 г НЕ.Многу долго.При пресметувањето на должината на годината згрешил само за 11 минути.Чудесно.

Кој знае дали воопшто имало некаква „галска војна„ или се е фантазија на средновековните фантазери.Еве што пишува „Плутарх„ за Цезар

„Тој покори (во Галската војна и др) повеќе од осумсто градови,покори триста(!) народи,се бореше со 3 милиони луѓе(?!) од кои еден милион уништи во борба (!!!???).„

„Јулиј Цезар„ е легенда.Неговата биографија е или литературна фантазија или збирштина на биографски детали од животот на други луѓе.Неговите „дела„ се дела на трети лица кои за жал засекогаш ќе останат анонимуси.


Јулиј Цезар во својот камп.Минијатура од 14 век

Thursday, July 5, 2012

Поделбата на Македонија 168 ПНЕ



Titus Livius (Livy)
The History of Rome, Book 45 
Rev. Canon Roberts, Ed.

Тит Ливиј(59 ПНЕ-17 НЕ),историја на Рим,книга 45(?)

За една книга на пергамент од 300 страни требало да се убијат 200 говеда.Па видете вие.Стилот на Ливиј е посебна приказна.Делото на Ливиј било од 142 книги.

Ливиј е претставник на „златното време„ на латинскиот јазик.Во средниот век интересот за Ливиј бил никаков а во ренесансата наводно „се разгорел„.Некој поет дури и продал вила за да купи копија од манускрипт на Ливиј(која му ја доставил познатиот Поџо Брачолини,махер за пронаоѓање антички манускрипти).Mакијавели дури напишал и Дискусии за Ливиј во кои се изјаснил дека идејата му е да ја „прероди„ „античката „република бидејќи се друго се „преродувало„ (уметноста,законодавството,медицината).

Ливиј е прозниот пандан на Виргилиј.Постоел и некој си средновековен тип по име Тито Ливио Буратини кој се занимавал со пронаоѓање летечки змаеви (17 век) но и еден од кватрочентото (15 век) Тито Ливио Фруловизи кој во Англија малку се занимавал со историја.





Емилиус ги извести советите на десетмината од сите градови да се соберат во Амфиполис и да ги донесат со себе сите архиви и документи каде и да биле депонирани (документите-?!- м.з.) како и сите пари кои и ги должат на царската ризница.Кога дојде денот тој замина во трибуналот каде седна заедно со десетте комесари опколени со голема толпа Македонци.

Иако тие беа навикната на демонстрирање на царска моќ ,овој нов начин на покажување авторитет ги исполни со страв , трибуналот, расчистувањето на патот до него низ масата народ, гласникот, апариторот („античкоримски„ службеник м.з) ,сето ова беше чудно за нивните очи и уши и можеби дури им импонираше на сојузниците на Рим, да не речат ништо за уништениот непријател.Откако гласникот повика за тишина , Паулус, говорејќи на Латински, објасни што е договорено од сенатот и од него во согласност со десетте комесари, Кнаеус Октавиус, кој исто така присуствуваше, го пренесе обраќањето на Грчки.

Прво, беше решено дека Македонците треба да бидат слободни луѓе,кои ќе ги поседуваат своите градови и полиња како порано, ќе уживаат во сопствените закони и обичаи и ќе ги одбираат годишно своите магистрати.Тие треба да му плаќаат на Рим половина од данокот кој му го плаќале на кралот (македонскиот крал м.з.).

Второ, Македонија треба да се подели на четири посебни кантони. Првиот ќе ја опфати областа помеѓу Стримон (Струма) и Несус (Места),и додатно, позади Несус на исток, тврдините, градовите и селата кои ги држеше Персеус (Персеј), со исклучок на Енус , Маронеа и Абдера а зад Стримон на запад, сета Бизалтика заедно со Хераклеа, која област локалните жители ја нарекуваат Синтице.Вториот кантон ќе се ограничи на исток со Стримон, со исклучок на Синтице, Хераклеа и Бизалтика а на запад од Аксиус(Вардар), вклучувајќи ги и Пеонците,кои живеат на исток од Аксиос.Третиот дел ќе биде областа затворена помеѓу Аксиос (Вардар) на исток и Пенеус на запад, планините Бора ќе ја затвораат од север.Овој кантон ќе се зголеми со додавање на дел од Пеонија кој се протега на запад зад Аксиус (Вардар), Едеса и Берија се доделени на оваа област. Четвртиот кантон лежи на другата страна од планините Бора, граничејќи се со Илирија на една и Епир на друга страна.

Емилиус потоа ги одреди главните градови каде ќе треба да се држат советите во различните кантони,Амфиполис беше одреден за првиот, Тесалоника за вториот,Пела за третиот а Пелагонија за четвртиот.Таму ќе се собираат советите, ќе се депонира данокот и ќе се бираат магистратите еднаш годишно.

Неговата следна изјава беше дека мешани бракови помеѓу жителите на различните кантони се забранети, исто како и поседување на земја и куќи во повеќе од еден кантон.

Рудниците за злато и сребро не е дозволено да работат,но дозволено е да работат рудниците на железо и бакар.Оние кои работат во рудниците треба да плаќаат половина од сумата која му ја плаќале на кралот.

Беше забрането и користењето на увозна сол.

Дарданците (?!) ја побараа Пеонија на основа на тоа дека некогаш им припаѓала ним и дека имаат заедничка граница, конзулот им одговори дека тој им гарантира политичка слобода на сите кои биле под власт на Персej.

Бидејќи тој ги одби за Пеонија  им даде право да купуваат сол и му нареди на третиот кантон да ја носи својата сол во Стоби , одредувајќи ја истовремено цената по која ќе се продава.

Тој им забрани на Македонците самите да сечат дрво за бродоградба или да им дозволат на други да го прават тоа. Тој им даде дозвола на оние кантони чии граници се во близина на варварите да задржат вооружени сили на своите граници.

Оваа изјава дадена во првиот ден од конференцијата предизвика измешани чувства кај слушателите.Неочекуваната политичка слобода и намалувањето на годишниот данок беа големо олеснување за нив, но забраната за меѓусебни бракови помеѓу различни кантони им изгледаше како распарчување на нивната земја, како животно на кое му се отсечени крајниците при што секој крајник му е потребен на другиот, колку игнорантни беа кон големината на Македонија, колку лесно беа подложени на поделба и колку самодоволен беше секој дел за себе.

Првиот дел ја вклучуваше Бизалтија, нација на војници кои живееја на другата страна на Несус и околу Стримон каде имаше многу особени видови на овошје и минерали и градот Амфиполис, кој беше толку погодно ситуиран,контролирајќи ги сите приоди од исток.

Потоа пак,вториот дел се состои од многу населените градови Тесалоника и Касандрија како богатата област со пченица , Палена. Постројки за поморски сообраќај стоеја во многубројните пристаништа, некои во Тороне под Планината Атос, во Енеја и Акантус, други гледајќи кон Тесалија и Еубоија а трети се лесно пристапни од Хелеспонт.

Третиот кантон ги вклучува славните градови Едеса, Берија и Пела, воинствените племиња Вети како и голем број народи од Галите и Илирите кои се посветени на земјоделството и сточарството (Галите? Французите ли ?! и Илирите се земјоделци и сточари а Македонците изгледа не се?!  м.з). Четвртиот кантон е населен од Еордеите, Линкестите и Пелагонците а има и три града Атинтанија, Тимфаи и Елимиотис.

Целиот овој појас од земјата е студен и тежок за култивација а карактерот на селаните коренспондира со нивната земја. Нивните варварски соседи ги прават уште подиви , понекогаш запознавајќи го со војната а понекогаш во мир претставувајќи им ги своите церемонии и обичаи.При оваа поделба на Македонија,значи,секој дел имаше свои сопствени и различни предности.

Откако конституирањето на Македонија беше вака објавено а конзулот ја искажа својата намера да обезбеди и законик, беа повикани Етолците. Истрагата беше повеќе насочена кон откривање на тоа кој бил за Римјаните а кој за кралот отколку за откривање која страна предизвикала а која страдала од неправди. Убијците беа ослободени, за прогонетите и убиените се сметаше дека си ја заслужиле судбината а единствен кој беше најден за виновен беше Емилиус Бебиус бидејќи дозволил неговите војници да бидат инструмент за масакрот.

Резултатот на случајот на Етолците предизвика вообразеност  на приврзаниците на Римската страна (партија) во сите заедници и народи на Грција се до неподнослива ароганција и секаде каде имаше сомнеж дека некој го фаворизира кралот, неговите противници го фрлаа на земја.

Водачите на различни градови припаѓаа на три класи, две се состоеја од луѓе кои , додека инсинуираа дека се на страна на Римјаните или на страна на кралот(?) ,се величеа себеси на сметка на своите сограѓани а третата страна се бореше да ги одбрани своите слободи и своите закони со опонирање на двете други страни.Колку што беше голема приврзаноста кон нивните сонародници дома,толку малку тие беа ценети надвор.

Занесени од успехот на Римјаните,поддржувачите на оваа страна( партија) единствени ги поседуваа магистратите и единствените претставници на нивните Држави.Голем број од овие луѓе доаѓаа од Пелопонез, од Беотија, од другите национални совети во Грција да бидат присутни на конгресот и им ги полнеа ушите на комесарите со нивните поплаки.Тие велеа дека поддржувачите на Персеј ги вклучуват не само оние кои во дух на безработна горделивост отворено се фалеле дека му се пријатели и интимни другари, туку и огромен број такви кои тајно ја поддржуваат неговата кауза и под изговор дека ги бранат своите слободи секаде ги тераат советите директно да делуваат непријателски кон Рим.

Лојалноста на различните Држави (какви „држави„?!  биле тие во време кога немало држава баш ме интересира м.з.)можеше да се обезбеди единствено со кршење на овие партии и зајакнување на авторитетот на оние чија единствена цел е да се поддржи моќта на Рим.Беше обезбедена листа на имиња од овие луѓе а писма (на пергамент на папирус на восочни таблички ,на што ли напишани ? м.з) од командантот беа испратени во Акарнанија, Етолија, Епир и Беотија, со наредба именуваните да го следат во Рим за да се одбранат.

Двајца од комесарите К.Клаудиус и Кнаеус Домитиус заминаа лично во Ахаја да ја публикуваат (Како?Да го закачат пергаментот на вратата од храмот на Јупитер?!) наредбата. Имаше две причини за ова. Една беше нивното убедување дека самодовербата и тврдоглавоста на Ахајците ќе ги спречат да се покорат на наредбата а можно е и животите на Каликратес и другите доушници да бидат во опасност.

Друга беше дека додека писмата од лидерите на другите Држави (се мисли на грчките држави или секакви држави или што? м.з)  беа откриени во кралските архиви, не беше најдено ни едно од Ахајците и за обвинувањата против нив недостигаа докази.

Откако се повлекоа Етолците,беше повикана Акарнинската делегација .Во нивниот случај не беше направена никаква промена освен отстранувањето на Леукас како член на нивната лига.Потоа комесарите го растегнаа опсегот на истрагата дури до Азија.Лабео беше испратен да го уништи градот Антиса на островот Лезбос (Лезбос е во Азија ? м.з.) а населението да го пресели во Метимна, причината за овој чекор беше што тие го примија морскиот командант на кралот , Антенор, во своето пристаниште и му помогнаа да обезбеди залихи додека крстареше околу Лезбос.

Двајца од нивните лидери беа обезглавени (како ,со секира?! многу средновековна казнава). Андроник ,синот на Андроник, Етолец,бидејќи го следел својот татко и кренал оружје на Рим и Нео, Тебанец, кој бил поттикнувач на формирањето на нивниот сојуз со Персеј.

Конгресот на Македонците кој беше прекинат поради овие истраги беше повторно продолжен.

Прво, беше дефиниран статусот на Македонија.Сенаторите кои беа познати како „синедри„,беа избрани да формираат совет за администрација на власта.

Потоа беше прочитана листата на оние македонски лидери за кои беше решено да одат како претходница во Италија заедно со сите свои деца над 15 години.

На прв поглед ова беше сурова мерка но наскоро на Македонците им стана јасно дека ова е направено за да се заштитат нивните слободи.(како?!)

Имињата на листите биле оние на пријателите на дворот и дворските благородници на кралот, генералите на неговите армии, командантите на неговите бродови и гарнизоните навикнати на потчинетост кон него а диктаторска дрскост кон другите.Некои беа претерано богати а други чии богатства не беа еднакви на оние на првите сепак живееја исто толку екстравагантно, нивната маса и облека беа на кралско ниво и тие немаа идеја за граѓанство и беа неспособни да се потчинат на законот или на слободите еднакви за сите.(ја набркале македонската „аристократија„ која не давала петпари за „граѓанство„?!!.Незамисливо за времето за кое се работи но нормално за времето на Макијавели,да речеме)

Значи на секој кој беше вработен во кралска служба дури и оние кои беа испраќани како пратеници ,му беше наредено да ја напушти Македонија и да продолжи кон Италија,а на сите кои одбија послушност им се заканија со смрт.(Како да продолжи во Италија?!Ги натовариле на воз?!Кој водел сметка дали заминале во Италија и каде во таа Италија пристигнале?Какви глупости невидени)

Законите кои Емилиус им ги даде на Македонците беа толку внимателно срочени што можеше да се помисли дека не му се даваат на уништен непријател туку на сојузник кој извршил добра услуга и дури по долга практична примена -единствениот сигурен водичкон правни реформи -беше откриено дека се потребни извесни промени(ова како да се работи за денешните „правни реформи„ кои ги бара ЕУ.Незамисливо но ете така пишува .)

Откако се посвети на овие посериозни работи тој ги прослави Игрите, за кои подготовките течеа веќе долго време, со голем сјај. Известувања за нив беа испратени до градовите во Азија и до краловите(како и колку време требало да ситгнат „известувањата„ а подоцна и да дојдат „гостите „од Азија?) а за време на неговата тура низ Грција Емилиус ги извести главните раководители .

Се собраа вешти артисти во секој вид на сценски претстави ,огромен збир на спортисти од сите делови на светот (?!)и коњи кои победиле во многу трки.Имаше и граѓански делегации со нивните животни за жртвување(како гио донеле животните дури од Азија не е јасно),се' всушност, кое обично претставуваше дел од овие егзибиции на чест и кон луѓето и кон боговите.Претставите беа толку добри така што не само величественоста на претставата туку и вештината покажана при нејзиното изведување предизвикаа восхит кај сите , Римјаните во овие денови не беа приврзаници кон вакви претстави.Истата грижа беше превземена за богатите банкети приредени за граѓанските делегации. Често е цитирана забелешката на конзулот , дека, човекот кој знаеше како да добие војна знаеше и да направи забава и да ги подготви Игрите за покорените.

Кога сите претстави беа завршени и бронзените штитови беа оставени на палубите на бродовите, остатокот од пленот беше собран во огромни купови.

Потоа командантот им кажа молитви на Марс и Минерва и Луа Матер и други богови на кои мора свечено да им се посвети пленот запленет од непријателот.Потоа тој со факел го запали купот а секој од воените трибуни кои стоеја околу купот фрлија по нешто да изгори во него.Факт кој вреди да се забележи е дека при ова големо среќавање меѓу Азија и Европа, каде мноштво народ беше дојдено од сите страни на светот, некои да честитаат (чиниш свадба е ? м.з), некои да го гледаат спектаклот, каде беа собрани големи поморски и воени сили ,сепак имаше големо изобилство на се' и стоката беше толку ефтина што генералите од ова изобилство им подарија многу на индивидуалци, градови па дури и нации(?! во тоа време), доволно за да го користат таму но и да си однесат дома (храна ли што? Од каде? Од опљачканите богати Македонци испратени во Италија ли било изобилството? м.з)

Гледачите не беа толку заинтересирани за сценските претстави и за спортските натпревари и трки со коњи колку за изложениот плен од Македонија.

Ова беше изложено да се види-статуи, слики, ткаенини, предмети од злато, бронза и сонова коска изработени со голема вештина, сите најдени во палатата каде не служеа само како декорација, како во палатата во Александрија, туку беа за постојана и секојдневна употреба.Сите беа ставени на палубата на бродот под команда на Kнаеус Октавиус за да бидат транспортирани во Рим.

Откако пријателски се раздели од разните делегации Паулус (малиот м.з.) го премина Стримон и го постави својот камп на еден километар од Амфиполис.Пет дена подоцна маршот го донесе во Пела.

Марширајќи крај градот тој стигна део едно место наречено Спилаеум, каде остана два дена.За време на престојот тој ги испрати по П.Насика и неговиот син К.Максимус да го ограбат оној дел од Илирија од каде му беше испратена помош на Персеј а потоа тие го сретнаа во Орикум.Самиот тој тргна по патот кон Епир и по петнаесет дена марш стигна во Пасарон.

Livy. History of Rome. English Translation by. Rev. Canon Roberts. New York, New York. E. P. Dutton and Co. 1912. 1. Livy. History of Rome. English Translation. Rev. Canon Roberts. New York, New York. E. P. Dutton and Co. 1912. 2.



Friday, June 8, 2012

Маркус Аурелиус од Света Гора




Marcus Aurelius Antoninus Augustus ,скратено Марк Аурелиј, Маркус Аврелиус,бил кобожем „римски император„ од 161-180 и истовремено важен филозоф-стоик.

Наводно помеѓу 170-180 тој напишал дело во 12 тома наречено Медитации(Размислувања) или „Златна книга „на „академски„грчки тн Коине.

Ќе биде смешно сега јас да напишам биографија за фиктивен карактер ама спред „традиционалистите„ кои кобожем од купот фикција ја извлекле „вистината„, роден е на 26.04 121 г (?) во Укуби на територија на денешна Шпанија. Во 127г. на 6 години го вовеле во коњаницата (?) а во 128 се запишал во „свештенички колеџ„ (?) и така натаму.

Преобемна и прездодевна е „биографијата„ на императорот филозоф.Починал на 17.03.180 г во Виена (тогашна Виндобона).Своите размислувања кои ги насловил едноставно како Τὰ εἰς ἑαυτόν,Ta eis heauton, (За мене) ги пишувал за време на кампањата во Панонија.

Бидејќи делото е личен дневник се наметнува прво прашањето „како преживеало„ 1200 години до неговото прво печатење во Цирих 1559г? Манускриптот од кој се печатело се разбира  се „изгубил„ .Класика.

Читајќи ги неговите медитации нормално дека си останав подзинат.Еве зошто.

Во шестата книга „Маркус„ длабоко размислува вака:


Азија, Европа се аглите на универзумот: сето море- капка во универзумот; Света Гора (Athos) зрно земја во универзумот: сето сегашно време , точка во вечноста. Сите нешта се мали, променливи, расипливи. Сите нешта доаѓаат оттаму од таа универзална моќ или директно или едно по друго. И согласно на ова  широките вилици на лавот, иона кое е отровно, и секое штетно нешто, како трн, како кал, се нус-производи на големото и убавото. Тогаш не мисли си  дека тие се од друг вид од оној кој го обожуваш, но се форма на  исправното мислење на изворот на се'.

За кој ѓавол , да простите, била битна Света Гора ( Athos) во 2 век кога дури и според најоптимистичните прогнози монасите се населиле таму во 3-4 век ?А според логиката најрано во 10 век .Божем таму  имало храм и  статуа на Зевс Атонски.Па такви храмови и статуи имало насекаде.

Затоа што покрај Европа и Азија кои се „краиштата„ на „универзумот„ за негов центар ,веројатно „Марк Аврелиј„ ја сметал Света Гора.Но наводно во негово време Христијаните биле жестоко прогонувани па дури биле уништувани и цели заедници .

Но кој би ја сметал Света Гора за центар на универзумот?И кога?




Според претставата на светот 1200-1500 г НЕ и не грешел многу.
Доколку воопшто  постоел немаме поим што размислувал ,за себе ,императорот Марк Аврелиј.

Делото со неговите размислувања ,е веројатно дело на некој средновековен монах, вешт во „коинето„.


 Кликни за зголемување