Marcus Aurelius
Antoninus Augustus ,скратено Марк Аурелиј,
Маркус Аврелиус,бил кобожем „римски
император„ од 161-180 и истовремено важен
филозоф-стоик.
Наводно помеѓу 170-180 тој напишал дело во 12 тома наречено Медитации(Размислувања) или „Златна книга „на „академски„грчки тн Коине.
Ќе биде смешно сега јас
да напишам биографија за фиктивен
карактер ама спред „традиционалистите„
кои кобожем од купот фикција ја извлекле
„вистината„, роден е на 26.04 121 г (?) во
Укуби на територија на денешна Шпанија. Во
127г. на 6 години го вовеле во коњаницата
(?) а во 128 се запишал во „свештенички
колеџ„ (?) и така натаму.
Преобемна и прездодевна е „биографијата„ на императорот филозоф.Починал на 17.03.180 г во Виена (тогашна Виндобона).Своите размислувања кои ги насловил едноставно како Τὰ εἰς ἑαυτόν,Ta eis heauton, (За мене) ги пишувал за време на кампањата во Панонија.
Преобемна и прездодевна е „биографијата„ на императорот филозоф.Починал на 17.03.180 г во Виена (тогашна Виндобона).Своите размислувања кои ги насловил едноставно како Τὰ εἰς ἑαυτόν,Ta eis heauton, (За мене) ги пишувал за време на кампањата во Панонија.
Бидејќи делото е личен
дневник се наметнува прво прашањето
„како преживеало„ 1200 години до неговото
прво печатење во Цирих 1559г? Манускриптот од кој се печатело се разбира се „изгубил„ .Класика.
Читајќи ги неговите
медитации нормално дека си останав
подзинат.Еве зошто.
Во шестата книга „Маркус„
длабоко размислува вака:
Азија, Европа се аглите на универзумот: сето море- капка во универзумот; Света Гора (Athos) зрно земја во универзумот: сето сегашно време , точка во вечноста. Сите нешта се мали, променливи, расипливи. Сите нешта доаѓаат оттаму од таа универзална моќ или директно или едно по друго. И согласно на ова широките вилици на лавот, иона кое е отровно, и секое штетно нешто, како трн, како кал, се нус-производи на големото и убавото. Тогаш не мисли си дека тие се од друг вид од оној кој го обожуваш, но се форма на исправното мислење на изворот на се'.
За кој ѓавол , да простите, била битна Света Гора ( Athos) во 2 век кога дури и според најоптимистичните прогнози монасите се населиле таму во 3-4 век ?А според логиката најрано во 10 век .Божем таму имало храм и статуа на Зевс Атонски.Па такви храмови и статуи имало насекаде.
Затоа што покрај Европа и Азија кои се „краиштата„ на „универзумот„ за негов центар ,веројатно „Марк Аврелиј„ ја сметал Света Гора.Но наводно во негово време Христијаните биле жестоко прогонувани па дури биле уништувани и цели заедници .
Но кој би ја сметал Света Гора за центар на универзумот?И кога?
Доколку воопшто постоел немаме поим што размислувал ,за себе ,императорот Марк Аврелиј.
Делото со неговите размислувања ,е веројатно дело на некој средновековен монах, вешт во „коинето„.
Кликни за зголемување
No comments:
Post a Comment