Search This Blog

Monday, June 4, 2012

Везув-каде што се бијат бесовите




Бидејќи одбивам секаква „антика„ во која нема „Словени„и „словенски јазик„ ми текна дека називот на вулканот Везув ми звучи некако по „словенски„ ако се замени некое „б„ со „в„ ,нешто што постојано се случувало, се случува и ќе се случува. 

Од ВЕЗУВ добив БЕЗУБ.

Прва асоцијација ми беше  ВЕЛЗЕВУЛ и БЕЛЗЕБУБ демон почитуван на блискиот исток.на иврит-ски(читај преселенички бидејќи „ивр„=„ебр„ значи преселеник,дојденец) בעל זבוב-Baʿal Zəbûb(БААЛЗЕБУБ)


БЕЛ-господар
ЗЕБУБ(СЕБУБ)-муви



Всушност „господар на мувите„.Самиот ѓавол.Демек мувите оделе на најгнасното па тој бил принц на најгнасното и на злото.(?) Логика.Велзевул е еден од највисоките демони.Велзевул е сврзан со седумте смртни гревови,некои тврдат дека е демон на горделивоста а некои на лакомоста.Некој Франсис Барет тврди дека е демон на лажните богови.



По проверка на македонската библија,стар и нов завет ,гледаме дека Велзевул е спомнат во Новиот завет и тоа:

Матеј: 10:25 Доста му е на ученикот да стане како неговиот учител и на слугата како неговиот господар. Ако стопанот на куќата го нарекоа Велзевул, колку повеќе неговите домашни!
12:24 А фарисеите, кога го чуја тоа, рекоа: „Овој ги изгонува демоните само преку Велзевул, владетелот на демоните.”
Лука: 11:15 А некои од нив рекоа: „Тој ги изгонува нечистите духови со помош на Велзевул, началникот на бесовите.
Матеј: 12:27 И ако Јас ги изгонувам демоните преку Велзевула, преку кого ги изгонуваат вашите синови? Затоа тие ќе ви бидат судии;
Марко: 3:22 Книжниците пак, кои дојдоа од Ерусалим, зборуваа дека го има Велзевула и дека со помош на демонскиот кнез ги истерува бесовите.
Лука: 11:18 И ако сатаната се разделил против себеси, како ќе се одржи неговото царство? Зашто вие велите дека ги изгонувам демоните со помош на Велзевула,
11:19 И ако Јас, пак, ги изгонувам демоните преку Велзевула, со чија помош ги изгонуваат вашите синови? Затоа тие ќе ви бидат судии.

и во Стариот и тоа како легитимен бог на некои „акаронци„ а не „„демонски кнез„:


2 Цареви: 1:2 Бидејќи Охозиј беше паднал низ прозорската решетка на својата горница во Самарија и се повреди, испрати пратеници, на кои им рече: „Одете, прашајте го Вал-Зевул, акаронскиот бог, дали ќе оздравам од оваа болест.” 
1:3 Но Господовиот ангел му рече на Тесвиецот Илија: „Стани! Оди во пресрет на пратениците на самарискиот цар и речи им: ‘Зар нема Бог во Израел те одите да се советувате со Вал-Зевул, акаронскиот бог?’ 
1:6 Тие му одговорија: „Нè сретна некој човек и ни рече: ‘Одете, вратете се пред царот, кој ве испратил, и речете му: „Господ вели вака: ‘Зар нема Бог во Израел та си испратил по совет кај Вал-Зевул, акаронскиот бог? Затоа нема да слезеш од постелата во која си легнал, туку ќе умреш.’”‘“ 
1:16 и му рече: „Господ вели вака: ‘Затоа што му праќаше гласници на Вал-Зевул, акаронскиот бог, по совет, не ќе слезеш од постелата, во која си легнал, туку ќе умреш.’”  


Велзевул-Белзебуб е „начелник на бесовите„(колку прикладно ќе видиме подоцна).Значи тој е „владетел на демоните„,„демонскиот кнез„.

Да го ѕирнеме грчкиот „оригинал„


Κατὰ Μαθθαῖον 12:24

Βεελζεβοὺλ *ВЕЕЛЗЕВУЛ ἄρχοντι АРХОНТИ  τῶν ТОН δαιμονίων. ДАИМОНОН.

Велзевул архонт(водач) на демоните.

Самиот збор „демон„ во смисла на „бес„ ,„лудило„ кое влегува во луѓето и се „гони„ од нив е ексклузивност на Новиот завет.Исто и зборот „ѓавол„.Во Стариот завет вакви карактери едноставно нема.Ниту пак се спомнати некакви муви во целата Библија.

 Τότε ТОТЕ Ἰησοῦς ИСУС ἀνήχθη АНЕХТИ εἰς ЕИС τὴν ТИН ἔρημον ЕРМОН ὑπὸ ИПО τοῦ ТУ πνεύματος, ПНЕВМАТОС , πειρασθῆναι ПИРАСТЕНЕ ὑπὸ ИПО τοῦ ТУ = διαβόλου.ДИАВОЛУ
Матеј: 4:1 Тогаш Духот Го одведе Исуса во пустината, за да биде искушуван од ѓаволот.

Да го оставиме демонот Велзевула и ѓаволот настрана и да се вратиме на Везув во чие подножје се затрупани моите омилени антички Помпеи во 79 г НЕ.

Везув е многу активен вулкан.Тој еруптирал и пред 79 г но по 79 г нагло се активирал (за претходно не знаеме).Тој наводно еруптирал многу пати подоцна,но никогаш со таква сила  и штета како во 79г.Последната ерупција била во 1944г со 49 жртви.За ерупцијата 44та прочитај ТУКА(англиски)


Името ВЕЗУВ



„Старогрчки„Οὐεσούιον ,Οὐεσούιος
латински : Vesaevus, Vesevus, Vesbius , Vesvius


Бидејќи е мнооооогу античко ,има непозната етимологија(потекло на зборот).За да наречеш планина од која излегува чад (а понекогаш и лава и камења) „Везув„ ,зборов треба некако да ја отсликува.



Поглед на Везув од Помпеи(изгледа прилично далеку)

Во македонската Википедија вели вака:

Името на Херкулес, син на Зевс често се наоѓа и како Huesou hios (син на Хеус), со транслитерација на ou во V и на неколку други слогови како hy го дава зборот VESVVIVS - Vesuvius Исто така значаен е и зборот од осканскиот јазик festf што значи чад, и прото-индиско-европскиот корен ves што значи карпа (најверојатно магматска карпа).  

Демек Син на Хеус =,Οὐεσούιος .Ц.Глупости.„Транслитерација„ на триста глупости.

Во англиската Википедија имаат многу други идеи:


σβέννυμι = "I quench", in the sense of "unquenchable"(гасам оган,неизгасиво)
ἕω "hurl" and βίη "violence", "hurling violence", *vesbia (излегува насилно)
ИЕ *eus- < *ewes- < *(a)wes-, "shine" sense "the one who lightens", (свети,тој што осветлува,латински оскански)
ИЕ t *wes = "hearth" (compare e.g. Vesta)(огниште)

Натпис од капуа велел вака IOVI VESUVVIO



VESVVIO бес ув(био)ио
bezebus besebus bes-bius bes-vius

БЕС (В)БИЈУС? БЕС УБИ-О?







Бог на огнот за „латините„ бил Вулкан.Малку „транслитерација„ еве ти Булкан-Балкан.






Или ,кога дискутиравме за „фалангата„, ИЕ *b(h)elg nomen actionis од *b(h)olgo-изговара,вика,Староанглиски bealcan-рика ,ждрига.Вулканот рика и ждрига-лава.



Измислена слика на Помпеи



Бидејќи мое лично убедување е дека луѓето пред писменоста не давале имиња на планини(освен генерички:планина река поле село)едноставно, бидејќи немале имиња ни за себе .Веројатно Везув го добил името пред или по  големата „средновековна „ерупција која го затрупала „Помпеи„.

Логиката вели дека се налутиле боговите.Или богот Балкан или едноставно се бореле „бесовите„ (БЕС -БИЈУС) па настанале големи проблеми.

Повеќе за Белзебуб (во апокрифата,демон во ранг на Серафим што  на хебрејски значи „лоша змија„) Може да си прочитате во

1.Евангелието според Пилат
2.Тестаментот на Соломон

Везув,Змија, Бахус,фреска од Помпеи.Идилата со пиленца без чад над вулканот покажува дека пред да рикне Белзебуб,жителите немале појма дека се работи за некаков вулкан.Едноставно,местото си било погодно за лозја.


No comments:

Post a Comment