Search This Blog

Monday, June 25, 2012

„Спомените„ на јаничарот или Турска хроника




Интересна книга.Читај ТУКА (српски)

Кобожем некој јаничар од 15 век пишувал книга на свои спомени(спомнат е полскиот крал Јован I Алберт(Олбрехт) .Многу интересна историја.



„Во тоа време Тамерлен имаше пешадија од 600.000 луѓе а 400.000 коњаници.Големиот кан е татарски господар а престолнината му е во големиот град наречен Хајтај или Чатачач,лежи на север од истокот на сонцето.Тој е голем господар и слободен е од стари времиња, некогаш во старите времиња неговиот предок завзел многу земја на запад од сонцето па и денес постојат знаци онаму каде што бил, големи ритчиња по земјата кои тој наредувал да се насипат.
Римските цареви од дамнешни времиња владееле со целиот свет ,од излезот до западот на сонцето, се додека не дошол царот Константин Велики.Тој му го отстапил Рим на светиот папа Силвестер а самиот тргнал во арабанашката земја во местото наречено Драч а кога го изградил не му се допадна тука да живее и замина за Грција (бидејќи и самиот беше Грк) кон местото наречено Бизант и таму изгради познат град, сите оние убавини кои беа во Рим нареди да се направат и ја изнесе со себе сета римска сила водејќи ги сите седум господари кои во тоа време владееја со Рим.Од нивните домови секогаш по еден беше цар и ги нарекуваа Палеолози,што ќе рече Старославни.Тогаш какви што биле домовите на овие господари во Рим наредил да им се направат и во Бизант и на градот тој му даде име Стамбол,како кога би рекле „царска престолнина„ ама денес го нарекуваат Константинопол,то ест Константинов град.А целата македонска земја ,според Рим ,тој ја нарече Романија.
Во тоа време царевите доаѓаа од Рим како моќни господари на стотици народи бидејќи светата црква сеуште беше единствена.Потоа(по отприлика сто години) единството се измени по царот Лав.(Тогаш значи) Римјаните си го избраа за цар Карло Франачки а потоа си бираа цареви од германските кнезови како што е обичај до ден денес,оттогаш христијанскаото царство почна да се ниша и понижува спрема едно писмо кое вели„тешко си на тебе,седмоглав,бидејќи секое цзло ќе произлезе„.А „седмоглавиот„ значи Рим бидејќи од него излегоа седум домови,како што пишувавме претходно.„










Хм,чудесно ова за седумте Палеолози.

Еве и Википедија признава кога се родило монаштвото „Елините„ и античкиот „Платон„.


Под власт на Палеолозите, фрагментираната империја се уште тврди дека наследник на Римската империја, но почнала да се фокусира повеќе на грчкото наследство на империјата. Зборот "Елин" почнува да се користи повторно да се опише народот, откако многу векови бил синоним за "паганство". Династијата била покровител на литературата и уметноста, меѓу другите се истакнувал Јоргос Јемистос (Георгиос Гемистос) Плетон  (ова е веројатно „античкиот„ Платон). Контроверзиите на исихазмот , исто така, продолжиле за време на владеењето на династијата Палеолози.



НЕСТОР ИСКАНДЕР-Историја на завземањето на Цариград од Турците во 1453 година




No comments:

Post a Comment