Search This Blog

Showing posts with label Shakespeare. Show all posts
Showing posts with label Shakespeare. Show all posts

Tuesday, November 6, 2012

Вилијам Шекспир - Хамлет


Неконтраисторичен,средношколски пост :)


Помеѓу „да се биде„ или „да не се биде„







Толстој рекол за Шекспир дека „погубно делува на гледачите и читателите„ мислејќи првенствено на Хамлет.За Толстој „читателите и гледачите „била руската интелигенција која во Хамлет го видела прототипот на „славјанскиот„ чувствителен и беспомошен ,„одвишен човек„.

За современите „шекспиролози„ најтешко е прашањето зошто Хамлет веднаш не го послушал Духот и не спасил седум од осумте изгубени животи во дејството на драмата.

За Хамлет и околу Хамлет постојано се пишувало и се пишува.Хамлет не е само едно од најголемите дела на светската литература.Но помеѓу најголемите изгледа дека е најзагадочно.Затоа големиот великан на англиската поезија Томас Стернс Елиот ќе каже дека Хамлет е Мона Лиза на литературата.

Средиштето на драмата е хамлетовското основно и древно прашање на оклевањето.

Зошто тој од сите шекспирови јунаци најтешко носи одлуки?Зошто толку трагично и доцна се решава да делува?Тој го обожува својот татко велејќи дека неговиот татко личи на неговиот чичко како „Аполон на Сатир„.Штом од Духот ќе дознае за злосторството веднаш се колне дека ќе се одмазди.Дури и вели дека се друго ќе избрише од „табличката на мозокот„.Па сепак,не делува.Постојано го одложува својот план за одмазда.Тој го изведува својот план со „стапицата„ за Клаудиј и лично се уверува во злосторството а сепак мечот му останува во кориците.Додуша тој исцрпно теолошки ни објаснува дека кралот ќе биде помалку виновен на „оној свет„ ако е убиен за време на молитва.Неговото однесување е двосмислено.Ќе го убие Полониј.Ќе ги прати во смрт Гилденстерн и Розенкранц и ќе се врати во Данска ,зошто веднаш не го убие Клавдиј туку дозволува тој да му намести двобој со Лаерт?Не ли е „одмаздата„ на Хамлет само „случајност„ како што тврдел Доктор Џонсон?

Прашања се ројат во сите правци.Зошто Хамлет цинично ја брка Офелија во манастир?Зошто не ја прифаќа понудената помош од својот верен пријател Хорацио?Дали неговото„лудило„ е само маска пред непријателите или е состојба која е повеќе од „преправање„ а помалку од „лудило„. Сите овие прашања водат до централното прашање. Дали е Хамлет навистина трагичен јунак, голем во својата болка , како што е воздигнуван од романтичарите? Или тој е само човек соочен со гнасниот свет на практичната политика измачен од општиот апсурд на положбата на човекот во светот? Или е „пратеник на смртта„ кој не се сложува со животните ограничувања и тежејќи кон идеалното ги уништува основите на сопствениот живот и на туѓите животи?Дали Хамлет е жива спротивност на универзумот на здравиот , робустен живот, доброќудноста, хуморот, романтичната сила и благосостојбата?Не ли е Хамлет е затруен од злото кое постојано го набљудува како да е фасциниран од она што го осудува?

На сите овие прашања можеби никогаш нема да се даде дефинитивен одговор.Изгледа дека досега секое време во Хамлет барало свои одговори на своите прашања.Секоја генерација му се обраќала на Хамлет како на некоја Питија која ја има магичната формула на животот.Затоа вреди да се постави уште едно прашање,она кое им претходи на сите досега поставени.

Од каде му на Хамлет таков авторитет на Делфиско пророчиште?

Затоа што токму овде се најчестите прашања ,односно прашањата за смислата и бесмисленоста на живеењето?Со еден збор,зошто Хамлет толку не привлекува што не можеме да не се запрашаме за патиштата на неговата судбина,гатајќи ја сопствената судбина од неговата.

Во центарот на трагедијата на Шекспир стои човек кој многу бара од животот а секоја неправда ја чувствува како свој сопствен пад и пораз.Во Хамлет бие секој дамар на свеста и тој секое прашање го подига до висините на смислата на самиот живот.Шекспир го надарил својот лик со толкава чувствителност и ум што не постои движење од кое не трепери хамлетовото срце, нема вистина која неговото „духовно око„ не ја гледа, нема идеал кон кој неговата душа не се стреми.Таквиот човек Шекспир го изнесува на сцената за време на неговиот прв судир со смртта ,најцрната и најтешка животна вистина.

Хамлет го губи својот татко.Се враќа дома од школување и не го затекнува.Едноставна вистина која е тешко да се прифати и сфати.Ликот на неговиот татко сега живее само во неговата душа а за очите е неповратно изгубен.Каде и да погледне Хамлет неговиот татко го нема ,постојано и повторно го нема.Но тука е неговата мајка која го предава споменот на својот покоен маж и се мажи за неговиот чичко кој пак се топори со надувани политички говоранции за „општо добро„.Нивните ликови се такви што тешко дека Шекспир можел да смисли посоодветни мрдачи на „ ножот во грбот „ на Хамлет.

Искусен во политичките игри Клавдиј се обидува да му се додвори на својот внук и „син„,но Хамлет ја проѕира и презира таквата вербална блискост.„Внук,а не син ,неприроден татко„ вели тој.Кога и да проговори неговиот глас е глас на болката кој попреку стигнува до вистината „Слабост,жена ти е името!„,„да се биде или не?...„Пред крајот му вели на Хорацио „подготвен биди,тоа е се„ а неговите последни зборови се „Преостана молчењето„.

И сето ова звучи како некоја филозофија во која трепери грчот на болката од која е родена.По ова гласот на Хамлет е препознатлив и поинаков од гласот на сите други шекспирови јунаци.Истовремено тој е некако најопштиот шекспировски глас бидејќи тој глас се слуша далеку од рамките на шекспировската драма.Во многу литературни дела овој глас на несреќниот дански принц одново се раѓа и се размножува.Гласот роден од најтемната болка и зафатен со граничните вистини на постоењето.Овој глас од бол-непребол уште повеќе изострен со интелигентниот ум е неодолив и длабоко човечки .

Хамлет е лишен и од она кое го теши човека кога ќе му почине некој близок.Луѓето тогаш се собираат ,се тешат меѓусебно.Така е полесно.Блиските ја подметнуваат и својата душа за ожалостениот да го поднесе товарот на болката.Во тие мигови најобичниот утешителен збор многу значи.Но Хамлет е сам во својата болка.Тој дури и со Хорацио не може  да подели се' бидејќи „има нешта на небото и земјата„ за кои Хорацио не ни сонува а Хамлет е опседнат со нив.А што да се каже за мајка му и чичко му.За мајката смртта на таткото е „обична работа„ која ја дели целото човештво.Што да каже Хамлет одвоен од својата мајка со ѕид рамнодушност освен „да Госпоѓо,обична„.Така болката на Хамлета останува само негова болка.

Кога ќе му вети на Духот дека се ќе избрише од помнењето,бришењето го започнува од онаа која му е најтешко да ја избрише.Од Офелија.Каква љубов кога неговиот татко е подмолно убиен?Каква смисла има љубовното умилкување за оној кој добил улога на одмаздник?Освен тоа ,Офелија е жена како неговата мајка која брзо го заборавила својот сакан сопруг.Зарем и на Офелија „слабоста„ не и е име?Зарем таа не е послушна „ќерка на тато„ преку која го шпиунираат?Тој сето ова ќе и го каже со горчина на некој кој „некогаш сакал„.

Тој не може да смета ниту на своите пријатели Розенкранц и Гилденштерн,тој започнува да им се исповеда но наскоро сфаќа дека пред него стојат бедни доушници кои се дојдени да го шпиунираат.Конечно Хамлет ќе го открие во себе и оној кој „подобро мајка да не го родила„.Во средба со актерите тој малку ќе се заборави и ќе се израдува.Шекспировата љубов кон театарот кој на луѓето им помага да и се насмеат на непријатната стварност за миг на Хамлета му носи заборав.Но кога ќе остане сам станува свесен и за тој „животински заборав„ и самиот себе се обвинува дека е подлец и „низок роб„ поради тоа.

Така од неговата душевна мака светот на Хамлет се распаѓа на парчиња.Делото на Шекспир расте до моќна слика на потполното и дефинитивно соочување со смртта кое сиот живот го фрла во бесмисленост и ништожност.Во огледалото на хамлетовскиот ум се повеќе не се гледаат живи луѓе туку костури.Приказната на злосторството во данскиот дворец се повлекува во втор план и станува рамка на подлабока драма.Во воздухот лебдат најстрашни прашања.Ќе издржи ли Хамлет или ќе се убие?Има ли потпора и оружје за ваква нерамноправна борба?Како тој,згрозен од животот, да не ја посака смртта?Во средишниот монолог тој е на меѓата „да се биде„ или „да не се биде„.И така се до крајот.Со черепот на Јорик  на гробиштата ја одмерува ништожноста на животот со оглед на неминовноста на смртта.Ете,ќе му рече тој на Хорацио како човек по трагата на преобразувањето би можел да исфантазира како Александар Македонски се претвора во обична затка за пиво.

Хамлет не само што и гледа на смртта в очи,тој ја разгледува од сите страни.Ја открива нејзината мрачна привлечност.Со голо ноже можеш да „се ослободиш„ вели тој.Слобода,крајната точка во која запира измачувачката мисла за сопствената смртност.

Во хамлетовските кризи има некоја чудна негативна величина.Тој оди по земјата сиот свртен кон небото, рушејќи се пред себе.Шекспир има и други трагични јунаци.Но Отело на пример,сета вина ја фрла врз Дездемона за разлика од Хамлет кој гледа вина во сите но и во себе.Затоа неговата болка е подлабока и универзална.

Човекот е ремек дело со неограничени способности според разумот сличен на Бога но под товарот на злото и страдањето  се распаѓа во прав.Храброста на човекот е хамлетовската храброст да си го постави крајното прашање,без да заобиколува затоа што е опасно да се мисли на него.

Во прочуениот монолог „да се умре...да се спие„Хамлет запира на границата од која се враќа назад разбирајќи дека „никој оттаму не се вратил„ и дека тој за смртта фантазира како за идеал кој не е тоа.

Тогаш добива малку цврста почва под нозете.Навистина ,реалноста е изменета пред можноста за сопственото небитисување.Тогаш тој ги прави првите чекори во изменетата ралност и следува вториот дел на драмата.Во него Хамлет повеќе не очекува ништо.Најмалку пак очекува животот да биде на висина на неговите животни идеали.Тој ќе ја понижи Офелија обидувајќи се да и ја пренесе неговата сопствена нова реалност.Ќе се обиде мајка му да ја одвои од чичкото без само да се згрозува над нејзиниот неморал. Ниту пак ќе им се жали на Розенкранц и Гилденштерн туку ќе им скреска дека тој не е„свирче„на кое тие можат да музицираат по желба.

И средбата со храбриот Фортинбрас ќе му даде малку снага.Ќе сфати дека разумот не му е даден на човека за да остане во него „мемлосан,неискористен„и за прв пат своето постоење ќе го одвои од неговата етичка срж.Од тогаш тој не е повеќе заробеник на сопствениот разум.Тој во забуна наместо на Клавдиј ќе го потегне мечот на Полониј а со своите божемни пријатели ќе се пресмета по кратка постапка.Трагично но тој не се заморува повеќе со „крајната смисла„ на сето тоа. Тој е активен.Пред крајот на Хорацио ќе му го открие своето гесло „да се биде подготвен,тоа е се„.Тој го прифаќа двобојот со Лаерт не размислувајќи за опасноста,исходот и крајната цена на ситуацијата.

Шекспир постојано не потсетува дека животот не не' чека добро да се подготвиме за борба со него.А да се биде подготвен , истовремено пркосејќи на „претскажувањата„ за смртта , не е лесно.Најтешко е да се распрсне површинското „меуресто знаење„кое е „мода на времето„ во кое живееме и кое може да ни ги заврзе рацете за делување.Замрсена плева на која животот не треба да и се покори само затоа што е облечен во неа.Животот треба да се погледне в очи бидејќи

„Кога некој не знае што остава,каква врска има што го остава?„


Кратка содржина


Плоштатка пред замокот Елсинор. На стража се Марцел и Бернард, дански офицери. Кон нив подоцна се придружува и Хорацио,школски другар на Хамлет, данскиот принц. Тој дошол да се увери во раскажувањата за ноќното појавување на дух , сличен на неодамна починатиот дански крал.Хорацио смета де ка се работи за фантазија. Полноќ е. Грозниот призрак се појавува во полна воена опрема .Хорацио,потресен се обидува да разговара со него.Хорацио, размислувајќи за привидението,го смета неговото појавување за«некакви невољи во државата». Тој решава за видението да му раскаже на принцот Хамлет, кој го прекинува студирањето во Витемберг поради смртта на татка си. Болката на Хамлет е зголемена поради тоа што мајка му наскоро по смртта на неговиот татко се омажила за неговиот чичко.Таа уште „неизносувајќи ги чевлите„ со кои одела на погребот, се фрлила во прегратката на недостоен човек.


Хорацио му раскажува на Хамлет за призракот.Хамлет не се колеба и се среќава со него.Духот му раскажува за страшниот злостор.Кога кралот мирно спиел во градината, неговиот брат во увото му налеал смртоносен отров. Духот на кралот го моли Хамлета да се одмазди и да не го заборави и исчезнува.

На Хамлета му се превртува светот.Тој има намера да го одмазди својот татко.Ги моли пријателите да ја чуваат средбата со духот во тајност.

Блискиот великодостојник на кралот,Полониј,го испраќа својот син Лаерт на учење во Париз.Тој ја советува својата сестра Офелија и така дознаваме за чувствата на Хамлет од кого Лаерт се обидува да ја оттргне Офелија.

На неговите зборови се придружува Полониј, тој и вели да стои подалеку од Хамлет. Офелија му раскажува дека Хамлет бил кај неа , но како да не е при себе.Хамлет ја фатил за рака и ја погледнал со поглед во кој животот бил изгаснат.

Полониј решава дека однесувањето на Хамлет е поради тоа што тој е безумен од љубов. Полониј сака за ова да му раскаже на новиот крал. Кралот, чија совест е нечиста поради убиството, се онеспокојува од однесувањето на Хамлет.Што се случува со него, полудел ли? Или нешто друго е во прашање? Тој ги повикува Розенкранц и Гилденштерн ,стари школски другари на Хамлет, и ги моли да ја дознаат неговата тајна.За ова тој им ветува „кралска милост„.Доаѓа Полониј и раскажува дека лудилото на Хамлет е предизвикано од љубов.
Како потврда за ова тој го приложува писмото на Хамлет кое го земал од Офелија.

Полониј ветува дека ќе ја испрати Офелија на галеријата каде често се шета Хамлет за да се увери во неговите чувства.

Розенкранц и Гилдештерн безуспешно се обидуваат да ја дознаат тајната на Хамлет.
Хамлет сфаќа дека се испратени од кралот.

Хамлет дознава дека во дворецот пристигнала актерска група и добива идеја да ги искористи актерите за да се увери во вината на кралот.Тој се договара со нив кога ќе играат претстава за смртта на Пријам (Тројанска војна) тој да стави неколку свои стихови во драмата. Актерите се согласни. Хамлет го моли првиот актер да чита монолог за убиството на Пријам. Актерот чита извонредно. Хамлет е вознемирен.Тој размислува насамо. Треба да знае точно за убиството.

Кралот ги праша Розенкранц и Гилдештерн дали дознале нешто.Тие признаваат дека ништо не дознале и дека Хамлет итро се преправа дека е луд.Тие му кажуваат на кралот дека дошла актерската трупа и дека Хамлет подготвува претстава за кралот и кралицата.

Хамлет се шета осамен и го говори својот познат монолог „Да се биде или не...?„

Полониј ја испраќа Офелија кај Хамлет кој брзо сфаќа дека нивниот разговор се прислушкува и дека Офелија дошла по наредба на својот татко.Тој ја игра улогата со лудилото и и' дава совет да замине во манастир.

Малодушната Офелија е убиена од неговите зборови.Кралот се уверува дека лудилото а не љубовта е причина за неговото однесување.

Хамлет го моли Хорацио да го набљудува кралот за време на претставата.Претставата почнува.Хамлет ја коментира пиесата дека убиството на кралот е за доброто на државата а исто и женидбата со кралицата.Сцената со труењето е всушност сцената на убиството на неговиот татко.Кралот не издржува,тој се онесвестува.Полониј моли да се прекине претставата.

Сите си одат .Остануваат Хамлет и Хорацио.Тие се сега убедени во вината на новиот крал.

Се враќаат Розенкранц и Гилдештерн .Тие објаснуваат колку кралот е огорчен и колку е нервозна кралицата поради постапките на Хамлет.Хамлет зема флејта и му предлага на Гилдештерн да свири на неа.Гилдештерн одговара дека не знае да свири на флејта.Хамлет гневно прашува како може некој кој не знае да свири на флејта да сака да свири на него за тој да ги издаде своите намери.

Полониј го вика Хамлет кај неговата мајка-кралицата.

Кралот го мачи нечистата совест.Тој клекнува на колена да се моли.Доаѓа Хамлет.Тој тргнал кај неговата мајка.Се обидува да се воздржи да не го убие кралот додека се моли.

Полониј се крие зад завеса во собата на кралицата за да го чуе нивниот разговор.
Хамлет е гневен и дрско разговара со својата мајка.Забележува дека има некој зад завесата и го прободува со мечот. Сфаќа дека тоа е Полониј а не кралот како што си мислел. Кралицата го моли да ја поштеди. Се појавува духот. И тој моли да се поштеди кралицата. Кралицата не го гледа и слуша призракот. Таа мисли дека Хамлет е луд и разговара со себеси.

Кралицата му раскажува на кралот дека Хамлет во напад на лудило го убил Полониј и се кае. Кралот решава веднаш да го испрати Хамлет за Англија при што ќе го придружуваат Розенкранц и Гилдештерн на кои тој ќе им даде тајно писмо во кое пишува дека Британците треба да го убијат Хамлет.Полониј го погребуваат тајно за да се избегнат гласини.

Хамлет и неговите другари-предавници брзаат кон бродот.Среќаваат вооружени војници на чело со храбриот воин Фортинбрас.Хамлет ги праша каде одат.Тие велат дека се Норвежани кои одат да војуваат со Полска за парче земја.Хамлет се чуди што не можат да се договорат за такво пусто парче земја туку војуваат за него.

Тој размислува и сфаќа дека него го мачи сопствената нерешителност.Треба да се делува.Фортинбрас е храбар и делува,не е како него.

Дознавајќи дека неговиот татко починал ,од Париз се враќа Лаерт. Го чека друга невоља. Офелија полудела поради болката за својот татко и зборовите на Хамлет.

Лаерт сака да се одмазди.

Вооружен,доаѓа кај кралот.Тој го убедува дека Хамлет е виновен за се.Во тоа време доаѓа писмо со кое Хамлет соопштува дека се враќа.

Кралот сфаќа што се случило. Но тој кова нов гнасен план во кој го вовлекува Лаерт.

Тој предлага двобој меѓу Хамлет и Лаерт а за да биде убиството извршено со сигурност врвот од мечот на Лаерт да се намачка со смртоносен отров.Лаерт е согласен.

Кралицата со тага соопштува дека Офелија се удавила.

Се појавуваат Хамлет и Хорацио.Хамлет размислува.Го погребале Александар Македонски,тој станал прав,правот е земја од земјата прават глина и зошто со таа глина да не зачепат буре со пиво?

Се приближува погребната поворка. Кралот,кралицата, Лаерт, дворјаните. Ја погребуваат Офелија. Лаерт скока во гробот и вели да го погребаат со сестра му. Хамлет се кара со Лаерт сметајќи дека е лицемерен и вели дека самиот  ја сакал Офелија повеќе од илјада браќа. Тоа е искрено и длабоко чувство.

Кралот ги разделува.Тој му вели на Лаерт да се стрпи до двобојот.

Хорацио и Хамлет се сами.Хамлет му раскажува на Хорацио дека го прочитал писмото на кралот до Британците. Провидението го спасило и со помош на татковиот печат тој го сменил писмото и во него напишал да се убијат Розенкранц и Гилдештерн . Бродот го нападнале разбојници и Хамлет бил заробен па донесен во Данска.

Сега е подготвен да се одмазди.

Се појавува Озрик, близок на кралот и соопштува дека кралот се кладел дека Хамлет ќе победи во двобојот.Хамлет претчувствува предавство.

Пред двобојот тој бара извинување од Лаерт.Го уверува дека неговата постапка била во лудило.

Кралот за секој случај подготвил и пехар со отров кој ќе му го даде на Хамлет кога тој ќе посака да пие.

Лаерт го ранува Хамлет.Тие ги менуваат мечевите.И Хамлет го ранува Лаерт со отровниот меч.

Кралицата пие од пехарот со отров за здравје на хамлет.Кралот не може да ја сопре. Лаерт признава дека кралот е виновен за се.

Хамлет со отровниот меч го прободува кралот и самиот умира. Хорацио сака да го допие виното од пехарот но Хамлет го моли да остане жив за да ја раскаже неговата приказна. 

Хорацио на Фортинбрас и англиските пратеници им соопштува за смртта на Хамлет.Фортинбрас наредува Хамлет да се погреба со воени почести како вистински крал.

Monday, November 5, 2012

Теренциј Шекспировски










          Светониј по  3-4 века „открива детали„ за животот на Теренциј
Светониј (1-2 век НЕ) за Теренциј (ус)(2 век ПНЕ)
Публус Теренциус Афер , роден во Картагина, во Рим беше роб  на сенаторот Теренциус Луканус , кој одушевен од неговите способности и убавина не само што му даде либерално образование во младоста туку и слобода по полнолетството. Некои велат дека бил заробеник во војна , но ова, како што не информира Фенестела, сигурно не било така, бидејќи неговото раѓање и смрт биле помеѓу втората и третата Пунска војна.
Дури и да претпоставиме дека бил заробеник од Нумидиското или Гетулиското племе , како можел да падне во рацете на римски генерал кога немало трговски врски помеѓу Италијаните и Африканците се до падот на Картагина. 
Теренциј бил многу близок со луѓе на високи позиции а особено со Сципион Африкански и Кајус Делиус а дури и се смета дека нивната наклоност ја купил на валкан начин. Но , Фенестела го отфрла ова велејќи дека Теренциј е постар од обајцата. Корнелиус Непос пак, не информира дека сите тројца биле на приближно иста возраст а Порциас се сомнева во некаква нечиста активност во следниот пасус
„Додека Теренциј намерно игра со големците и се препорачува себеси со најдоблестни украси на сопствената личност, додека со алчни уши  ја пие мелодијата на гласот на Африканус, додека размислува да биде постојан гостин на масата на Фуриус и убавиот Лаелиус, додека смета дека е сакан нежно од нив и често е покануван кај Албанум поради неговата младешка убавина, ќе се најде соголен од неговиот имот и сведен на најниска состојба на беда.
Потоа , повлекувајќи се од светот, тој ќе замине за Грција (немало други земји,каде да оди м.з.) каде ќе умре, во Стримфалос, град во Аркадија. Каква корист имаше тој од пријателството со Сципио или Лаелиус или Фуриус, тројцата највлијателни благородници на неговото време? Тие дури не ги задоволуваа неговите нужни потреби за да му обезбедат куќа под наем во која би се вратил неговиот роб по смртта на својот господар„
Пишувал комедии, од кои прва била Андрија која требало да се игра на јавните спектакли приредени од едилите и му било наредено да ја прочита пред Каекилиус. Претставувајќи му го на Каекилиус додека тој вечерал и бил лошо облечен (што имал, тога со дупки?м.з.), се вели дека му го читал почетокот на драмата седнат на ниско столче во близина на каучот на големецот.
Но откако прочитал два-три стиха го поканиле да седне на масата и вечерајќи со својот домаќин ја дочитал драмата на негово големо задоволство. Оваа драма и пет други биле дочекани од публиката со сличен аплауз иако Волкатиус во својата нумерација(и нумерирале ли ?цццц) на драмите вели дека „Хекира не треба да се смета помеѓу нив„(?).Комедијата Евнух била играна дури два пати дневно и заработила повеќе пари од било која друга комедија, без разлика од кој автор , било кога претходно (значи била антички блокбастер м.з.) и тоа осум илјади сестерции , покрај сумата која му била доделена на авторот за делото.
Но Варо го сака уводот во Аделфи (Браќа м.з) повеќе од Менандер. Обично се вели дека на Теренција во пишувањето му помагале и Лаелиус и Сципио со кои живеел многу блиско. И тој дава сугестии во оваа насока и не се обидува да се одбрани, освен скромно, во својот пролог на Аделфи.
Hunc adjutare, assidueque una scribere;
Quod illi maledictun vehemens existimant,
Eam laudem hic ducit maximam: cum illis placet,
Qui vobis universis et populo placent;
Quorum opera in bello, in otio, in negotio,
Suo quisque tempore usus est sine superbia.
-- -- -- -- За ова,
Злобните велат дека некои благородници
му помагаат на бардот, и пишувале заедно со него,
она кое тие го велат како злобна забелешка, 
тој го почитува со голема пофалба: на нивно задоволство
и на задоволство ваше на светот и на народот
на оние чија чија работа е во војна,во мир, како советници,
времето им е искористено без ароганција

Изгледа дека протестирал неискрено поради оваа импутација, бидејќи идејата им била далеку од непријатна на Лаелиус и Сципио.И затоа фатила корен и долго преовладувала.
Квинтус Мемиус , во говорот во своја одбрана, вели , „Публиус Африканус кој од Теренција позајми карактер кој го глумеше во приватниот живот, го донесе на сцената во свое име.Непос вели дека во некоја книга(?!)  пронашол дека К.Лаелиус, кога во некоја прилика бил во Путеоли, на мартовските календи (1 Март,м.з.) неговата жена побарала од него да стане рано а тој замолил да не го мачи да станува рано бидејќи доцна си легнал, ангажиран во пишување со успех поголем од вообичаено. Кога го прашала што пишувал тој ги пoвторил зборовите од Еавтонтиморуменос (Себеизмачувач,грчки-инаку драма на Теренциј .м.з)
Satis pol proterve me Syri promessa -- Heauton. IV. iv. 1.
I'faith! the rogue Syrus's impudent pretences --
           Сантра смета дека ако на Теренција му била потребна некаква помош во      компонирањето,тој немало да бара помош од Сципио и Лаелиус, кои тогаш биле многу млади мажи, туку од Сулпициус Галус, докажан научник кој прв ги вклучил неговите драми во игрите приредени од конзулите или од Квинтус Фабиус Лабео или Маркус Попилиус, обајцата од конзуларен ранг, како и поетите.
Поради ова, алудирајќи на помошта која ја добил, тој не говори за своите коавтори како за многу млади луѓе туку како луѓе чии услуги народот комплетно ги почувствувал во мир , војна и раководење.
Откако му ги подарил своите комедии на светот,пред да ја мине триесет и петтата, за да избегне сомневања, бидејќи открил дека други ги публикуваат своите дела под негово име* (како ги „публикуваат„,на восочни таблички или на вратата од „базиликата„? м.з.)или пак за да се запознае со начинот на живот и обичаите на Грците, за да им ги покаже своите драми, се повлекол од дома и никогаш повеќе не се вратил (одјавал кон зајдисонцето? м.з.).
Волкатиус вака ја опишува неговата смрт.
Sed ut Afer sei populo dedit comoedias,
Iter hic in Asiam fecit. Navem cum semel
Conscendit, visus nunquam est. Sic vita vacat.
Кога Афер напиша шест драми за публикатаТргна за Азија; но од моментот кога се качи на бродотникогаш повеќе не го видоа. Така го заврши животот.
К.Консентиус тврди дека исчезнал на море на патот назад од Грција и дека сто и осум (1+8=9 секогаш или деветка или шестка ,не знам зошто,м.з. ) драми , верзии на Менандер , биле изгубени со него.
Други велат умрел во Стимфалос, во Аркадија или Левкадија, за време на конзулството на Кнаус Корнелиус Долабела и Маркус Фулвиус Нобилиор, истрошен од јака болест и со жалење и каење за изгубениот багаж (господе боже, кај му заскитале куферите  ? м.з.) кој претходно го испратил со брод кој потонал (еве ви зошто! м.з) и во кој багаж се наоѓале последните нови драми кои ги напишал.
Како појава, се вели дека бил прилично низок и слаб, со темен тен (па „подгорен„ од сонцето на Африка каков да биде? м.з.). Имал една ќерка која подоцна ја омажил за некој римски витез (кога побрзо до 35 години омажи ќерка?м.з.) а имал и 20 акри градина крај Виа Апија, кај Вилата на Марс.
Затоа уште повеќе се чудам како Порциус можел да ги напише следните стихови:
            -------- nihil Publius           Scipio profuit, nihil et Laelius, nihil Furius,
          Tres per idem tempus qui agitabant nobiles facillime.
          Eorum ille opera ne domum quidem habuit conductitiam
          Saltem ut esset, quo referret obitum domini servulus. 
Ништо на Публиус (Теренциј м.з.не му даде Сципио, ништо Лаелиус, ништо Фуриус,Тројцата во свое време најголеми благородницибарем за неговото дело да му најмеа куќа .За да може во неа да се врати неговиот роб.
Африканус го сместува на чело на сите комични автори,изјавувајќи во неговата Компиталија
Terentio non similem dices quempiam.
Еднаков на Теренциј наскоро не ќе се најде.
Од друга страна Волкатиус го смета за инфериорен не само на Наевиус,Плаут и Кајкилиус,но исто и на Лициниус.Цицерон му дава голем комплимент ,во својот Лимо-

Conversum expressum que Latina voce Menandrum
In medio populi sedatis vocibus offers,
А вака вели Кајус Цезар (Гај Јулие Цезар?):

Tu quoque tu in summis, O dimidiate Menander,
Poneris, et merito, puri sermonis amator,
Lenibus atque utinam scriptis adjuncta foret vis
Comica, ut aequato virtus polleret honore
Cum Graecis, neque in hoc despectus parte jaceres!
Unum hoc maceror, et doleo tibi deesse, Terenti.
Ти кој ја делиш честа со Менандер,ќе земеш место помеѓу поетите од највисоk степен,и праведно, бидејќи таква е чистотата на твојот стил.Ако на твојата благородна дикција додадеше повеќе комика,твоите дела ќе беа еднакви со грчките ремек-делапод „комична сила„ Цезар веројатно подразбира прдење, ждригање и слично м.з.), а твојата инфериорност во ова нешто немаше да те изложи на цензура.За ова жалам јас, Теренциј, жалам што мора да кажам дека имаш недостатоци.
Nam quod isti dicunt malevoli, homines nohiles
Tu quoque, qui solus lecto sermone, Terenti,
Само ти,Теренциј,го преведе на латински и го облече по свој избор јазикот на драмите на Менандер, и го донесе пред публика, која во толпи тивко аплаудираше восхитена од секоја линија и шармирана од секоја пауза.

Мои забелешки за „Животот на Теренциј „од "Светониј"



Луциус Фенестела, е писател спомнат од Лактантиус, Сенека, и Плиниј, кои велат дека умрел кон крајот на владеењето на Тибериј. Штом сите го знаат „Фенестела„-прозорче (инаку обично долап во црква), типично италијанско некако неантичко име, сите се фалсификувани и исцицани од малиот прст на „Фенестела„.

Втората Пунска војна завршила во 218 ПНЕ а третата почнала 149 ПНЕ, Теренциј „веројатно „ се родил околу 195 ПНЕ

Свети Јероним„ исто така тврдел дека Теренциј му ја читал својата драма „Андрија„ на Каекилиус (220-166 ПНЕ) кој бил комичен поет во Рим, што е „анахронизам„ бидејќи тој наводно бил мртов во тоа време. Предложено е од „стручњаците„ наместо Каекилиус да стои „едилот Ацилиус „кој тогаш сеуште бил „жив„(видете  што мудро „предлагаат„ ,м.з.). Бидејќи „Свети Јероним „ знаел за анегдотата со Теренциј тој е исто така исцицан од малиот прст било на „Каекилиус„ било на „Ацилиус„.


Дека Сципион Африканецот кој тогаш имал 21 година му помагал на „Теренциј„ спомнал Цицерон (106-43 ПНЕ).
Откривањето на „писмата„ на Цицерон од Петрарка во 14 век го означило почетокот на „Ренесансата„.Цицеро значи Грав.Англиското име на Гравот о во тјудорска Англија било Master Tully.(Учителот Турски Грав? ). Штом „Гравот„ го читал „Теренциј„тој е продукт на тјудорското време (1485-1603) а веројатно самиот „Теренциј „е претходник или современик на Шекспир (1564-1616), ако не е  смислен според  Шекспир (или обратно) бидејќи наводно оставил многу драми во кои видни благородници му помагале во пишувањето а самиот биз нешколуван , има дубиози околу тоа дали бил богат или сиромав, имал ќерка која добро ја омажил за доктор итн. Ова ја турка „биографијава„ на Светонија накај 18-19 век.

1 март(мартовските календи) бил празник на мажените жени

„Сантра„ бил писател кој пишувал биографии на познати „антички„ личности а Св Јероним го спомнал како „учен човек„ во својата книга за црковните автори.

Теренциј бил кобожем африкански роб па затоа му требало помош при пишувањето (така велат и за Шекспир) додека Федрус (кобожем 15 ПНЕ-50 НЕ) кој пишувал басни на латински исто бил „тракиски„ роб од македонска Пидна, па никој не сметал дека му помагале во пишување.

Цицерон за Сулпициус Галус рекол дека е одличен оратор и елегантен учен човек.Тој бил конзул кога Теренциј ја напишал „Андрија„. Турскиот грав -Цицеро од тогата не сипувал само грав во форма на знаење , туку цели тикви. На пример Цицеро знаел дека Питагора многу мразел грав така што кога му ја запалиле куќата па Питагора морал да избега во поле со грав, тој преферирал да биде запален.Паметно.

Кобожем Теренциј ги превел од грчки на латински сите комедии на Менандер.Верувам дека „Менандер „всушност не ни можел да напише толку колку што Теренциј можел да „преведе„.
Градината„ на Теренциј на Виа Апија на латински се вика „Hortulorum„(множина) и значи ниви насадени со лозје, овоштарници од смокви (многу ги сакале античките), праски , лубеници, дињи, пченка, грашок и тикви кои се одгледувале за продажба на пазар.Откако ќе го завршиш говорот малку продаваш на тезгата.




Како„ Виа Апија„ си ја „замислувал„ Пиранезе




Кратка содржина на „Евнух„ од Теренциј


Драмата кобожем е превод на латински од грчки на драма на „Менандер„ (3-4 век ПНЕ, значи ако се сетиме на Аристофан, би требало античките „Атињани„ сеуште да пишуваат на восочни таблички.Менандер бил кобожем обожавател и имитатор на „Еврипид„)

Некој граѓанин на Атина имал ќерка по име Памфила и син наречен Кремес. Памфила била украдена додека била новороденче и била продадена на трговец од Родос кој ја подарува на една куртизана од Родос и таа ја одгледува заедно со својата ќерка Таис , која е малку постара. Таис во текот на годините , следејќи го занаетот на својата мајка, се сели во Атина. Нејзината мајка умира, имотот и се дава на продажба а Памфила е купена како робинка од Трасо, официр и обожавател на Таис , кој случајно го посетува Родос. Во отсуство на Трасо, Таис се запознава со Федрија, момче од Атина, син на Лахес. Таа се запознава и со Кремес кој живее во близина на Атина и кој дознава дека Памфила е всушност неговата украдена сестра.

Трасо се враќа во Атина со намера да и даде подароци на девојката,но не го прави тоа додека таа не го отфрли Федрија. Откривајќи дека девојката со капетанот е Памфила, Таис не знае што да стори бидејќи го сака Федрија а сака и да ја спаси Памфила .

За да го задоволи капетанот таа го брка Федрија,но следниот ден пак го повикува и му ги објаснува своите причини , истовремено молејќи го да дозволи Трасо да доаѓа во нејзината куќа во следните два дена а откако ќе ја спаси девојката, ќе го отфрли.

Федрија се согласува и решава тие два дена да ги мине на село а истовремено му наредува на Парменио, да и испрати на Таис еден евнух и една етиопска девојка кои ги купил за неа. Капетанот ја испраќа Памфила, во која се вљубува помладиот брат на ФедријаХереја, веднаш штом ќе види колку е убава. Хереја инсистира Парменио да го внесе во куќата на Таис преправен како евнух.(Како човек се преправа во евнух  не ми е јасно ама добро , наводно евнухот носел шарена облека уште 3-4 век пне додека во среден век само царот можел да носи црвено.Изгледа ткаењето и фарбањето во антиката исто било многу понапредно од она во среден век.Ццццц.).Откако го пуштаат во куќата на Таис тој ја силува девојката.Подоцна Трасо се расправа со Таис и доаѓа во нејзината куќа со своите слуги за да побара Памфила да му се врати , но се разочарува.На крајот Памфила ја препознава нејзиниот брат Кремес и му ја ветува за жена на Хереја а Трасо се смирува со Федрија преку посредништво на Гнато неговиот Паразит.

Цитат од Прологот (антички состојби во театарот,о мој антички Боже)

Откако Едилите ја купијаЕвнух „на Менандар, претстава, која ние сега ќе ја одиграме, тој (Теренциј м.з.) успеа да добие можност да ја разгледа. 
Кога дојдоа магистратите да ја погледнат тој извика дека крадец  а не поет го произвел делово, бидејќи тоа всушност е „Колакс„,стара драма на Плаут и дека оттаму се земени ликовите на паразитот и капетанот.
Ако ова е грешка а грешката произлегува од незнаењето на поетот а не дека тој имал намера да биде виновен за кражба. Дека е така, сега ќе биде можно да пресудите. 
Но Колакс е драма на Менандер, и во неа постои Колакс (вовлекувач,ласкавец м.з), Паразит и фалбаџиски Капетан: тој не негира дека ги зел овие ликови во својот Евнух од грчкиот, но со сигурност негира дека бил свесен дека овие драми веќе биле преведени на латински .(цццц
Но, ако не е дозволено да се користат истите ликови како во другите драми, како може да се дозволи да се претстават забрзани слуги (servi), да се опишaт доблесни матрони, подмолни куртизани, лакоми паразити, или фалбаџиски капетан, истепано дете, старец измамен од слугата, љубовта, омразата, сомнежот? На крајот, ништо не е кажано сега што не било кажано претходно. 
Затоа праведно е, да го знаете ова, и да дозволите, модернистите(?) да го направат она што го правеле античките(од античките имало и поантички ? м.з.). 
Дајте ми го вашето внимание во тишина за да разберете што значи Евнух.

Евнух е комедија на карактери,слуги,старци ,матрони,куртизани.Се тоа во „антички„ стил -пред нашата ера.Всушност се работи за познатата „комедија дел арте која кобожем никнала од земја во 16 век.Да, тука го има и „Лошиот капетан„ (il false bravado) .

Таис  на пример е името на куртизаната Таис која кобожем му била љубовница на Александар Македонски и го придружувала на неговите походи а тука е и името на Парменион- генерал во војската на Филип II и Александар.Теренциј живее и работи во време кога славата на „Александар„ веќе била помината.Еве како таис му помогнала на Александар да го запали дворецот на Ксеркс:
"Кога кралот [Александар] се запали од нивните зборови, сите скокнаа од своите каучи и се договорија заедно за да формираат победничка процесија во чест на Дионис. Веднаш беа собрани многу факели . На банкетот беа присутни женски музичарки, па кралот ги натера сите да излезат надвор од комусот на звукот на гласовите и флејтите и гајдите.Куртизаната Таис ја водеше целата претстава. Таа беше првата, по кралот, која го фрли нејзиниот пламнат факел во палатата. Бидејќи и другите го сторија истото, целата палата веднаш беше стопена, толку голем беше пожарот. Чудесно е што незнабожниот чин на Ксеркс, кралот на Персија, против Акропол во Атина требаше да се отплати во ваков вид по многу години од страна на една жена, граѓанка на земјата која настрадала,и тоа од забава. "-
 Диодор од Сицилија (XVII.72)

Необичен е мотивот на „куртизаната со златно срце„ кој е максимално експлоатиран од Теренциј и наводно ги преживива „вековите„ прво како  Света Таис ,потоа преку драмите на калуѓерката Хросвита(Розвита)  кои се очигледен фалсификат подметнат во 10 век, па се до Анатол Франс .






Само да напоменам и дека античкиот „Плаут„ не пишувал на академски латински туку на „колоквијален, секојдневен говор„ преполн со „латински архаизми„ што би требало да е незамисливо за антиката бидејќи „народниот говор„ започнал да се цени дури во ренесансата.Исто како Шекспир тој ја обожавал играта на зборови.Всушност Шекспир многу „позајмувал„ од Плаут.Гледаме дека и Теренциј исто така „позајмувал„ од Плаут а Плаут од „Еврипид„ и „Менандер„.Се тоа убаво звучи само прашање е како во време во кое немало печатница можело до идентичност да се копираат имињата,ликовите ,карактерите и ситуациите и да не проработи „расипаниот телефон„.

Телефонот проработел дури во 14 век.На пример, Таис се пече во Пеколот на Данте кој немал појма за Света Таис ниту за драмите на Розвита туку наводно од Гравот Цицерон го позајмил и Теренциј со се  Таис па ја бутнал во Пеколот да се гребе со нечисти нокти ,малку грчејќи се  а малку стоејќи на нозе.Нејзиниот најголем грев е всушност ласкањето.Можеби делумно и подведувањето.

Пеколот ,Песна 18

Appresso ciò lo duca «Fa che pinghe»,
mi disse, «il viso un poco più avante,
sì che la faccia ben con l’occhio attinghe
di quella sozza e scapigliata fante
che là si graffia con l’unghie merdose,
e or s’accoscia e ora è in piedi stante.
Taïde è, la puttana che rispuose
al drudo suo quando disse "Ho io grazie
grandi apo te?": "Anzi maravigliose!".

E quinci sian le nostre viste sazie».
Евнух,чин трети сцена прва

THRASO. Magnas vero agere gratias Thais mihi?
GNATHO. ingentis.





Трасо(Тракиец?) е „војникот фалбаџија„(„miles gloriosus„ кај Плаут) односно „лошиот капетан„ на комедијата деларте.Гнато е неговиот придружник и паразит-ласкавец.Кога Трасо прашува „Добив ли големи благодарности од мојата Таис?„ Гнато лицемерно одговара„Ма огромни„.

Кај Данте „Тоа е Таис(Таиде,Thaidis) која што му одговорила на својот љубовник кога ја прашал „Имам ли огромна благодарност од тебе?„ „Ма огромна„!


Ако Данте го читал „За пријателството„ на Цицерон ќе знаеше дека Таис никогаш не  кажала„Ингентис!„ ласкајќи му на Трасо.Напротив, самиот „Цицерон„ вели дека ласкањето на сцена е смешно затоа што паразитот му ласка на „надуваниот римски војник„.„Очигледно„ дека нашиот „Цицерон-Граф„ го читал Теренција „во оригинал„.Но тоа не може да го кажеме за Данте.
Данте делува како слабо да знаел латински иако експертски на овој мртов јазик пишувал  цели книгишта. На латински. Гледам дека тој Цицерона не го разбрал добро. Веројатно некогаш го читал иако на прв поглед така изгледа.Ласкање.Лоша работа.Теренциј.Куртизани.

Ама веројатно човекот си ја гледал претставата  ,па нешто му останало.Тој рече така...таа рече вака,за ова беше претставата, за она.

Теренциј наводно бил екстремно популарен во среден век постојат повеќе од 650 манускрипти датирани од деветти век па нагоре.како се датирани во 9 век е друго прашање.веројатно според фризурата на „Теренциј од 9 век„.


Кодекс Ватиканус 3868,кобожем 9 век.


Маски од претставата


Гадни музи,гаден Теренциј.Фризурата на Теренциј на цртежов наводно била популарна во трети век па „научниците „ заклучиле дека овој манускрипт  е „прецрт„ од манускрипт од 3 век.Не се смејте.Жива вистина е ова.





Како минувало времето така и Теренти Афер „се разубавувал„




Убав Терентија на тато,зинати музи на фалсификувањето