После Ханибал (247-182 ПНЕ) слоновите не стапнале во Рим се до саботата 12 март,1514 г кога португалскиот крал Емануел му испратил на папата Лав X на подарок еден слон.Слонот ,предизвикувајќи попатна атракција (делумно и со рушење на по некој конак) влегол во „Вечниот Град„во 2 часот попладне. Луѓето се качувале по покриви за да го видат португалскиот пратеник кој бил воден од искусен тренер (Индус) и на грбот носел еден црн Мавар (кој во рацете држел сребрено кофчеџе со подароци за папата). Возможно е некаде од толпата на овој спектакл да му се насладувал и славниот Леонардо Да Винчи.
Папата Лав X радосен како дете заедно со своите кардинали свечено го пречекал слонот-пратеник,кој при средбата му се поклонил дури три пати.По неколку дена слонот бил сместен во градините на Белведере,неговото идно постојано живеалиште.
Погодете како римјаните го крстиле знаменитиот слон. Погодивте. Името на слонот било Хано.(Hanno,Anno). Нагалено од многуте Ханибали во „античката„историја . Сите во 15 век знаеле античка историја . Кобожем.
Многу поверојатно е дека кога народот го прашал Индусот како се вика животното,тој на малајамски (индиски дијалект) им одговорил „Ана„(слон).
За жал во епитафот по смртта на слонот не е напишано неговото име.
На епитафот на слонот пишувало Д(Деус) М (Максимус)
Овде долу лежам закопан јас ,огромниот слон,кој кралот Емануел,освојувач на истокот ,го испрати како заробеник на Лав десетти на кој му се одушевува римскиот народ кој долго време такво животно не видел и виде во него човечки интелект(сенс).Судбината ми позавиде на мојот среќен дом во Латиус и не ми дозволи да му служам на мојо господар повеќе од 3 години.Затоа БОГОВИ,дадете му ги годините од животот кои таа ми ги одзеде на големиот Лав.
Живееше седум години
умре од ангина
беше висок дванаесет шаки
Споменикот е поставен од Џовани Батиста Бранкониус Аквилианус,папски коморник и чувар на слонот 1518(?) (јуни)
четврта година од понтификатот на Лав X
Она што природата го открадна,Рафаел од Урбино со својата уметност го овековечи.
А слонот кобожем умрел 1516 и кои црни БОГОВИ кога БОГ е кобожем еден во 16 век,не е јасно.Нејсе.
Една од најславните презентации на Хано била на 27 септември 1514 кога тој се појавил на забавата на прославата на празникот на Св.Кузма и Дамјан заштитници на семејството Медичи(семејството на папата Лав x).Папата на зафрканција качил на слонот некој поет кој очекувал да биде крунисан со ловоров венец на Капитол како „втор Петрарка„ ама слонот не сакал да помине преку мостот па несудениот носец на ловорики морал да се симне.
За голема жал на папата слонот наскоро починал а прославите за празниците на светците морале да продолжат без него.
Најважно е дека дознавме од каде доаѓа името Ханибал.Значело „слон„.Ама на индиски а Ханибал кобожем бил Африканец.
Ако не верувате,читајте ТУКА за посетата на првите слонови во средновековна Европа.
ме расплака мајке ми.
ReplyDelete