"Iésous o Nazóraios o Basileus tón Ioudaión "
Во библискиот Стар завет никаде не се спомнува град Назарет
Матеј: 2:23 и откако дојде се насели во градот наречен Назарет, за да се исполни реченото од пророците дека ќе се нарече Назареец.4:13 И откако го напушти Назарет, дојде и се насели во Капернаум, крај морето, во пределите Завулонови и Нефталимови,21:11 А народот говореше: „Овој е Исус, Пророк од Галилејски Назарет.”
Марко: 1:9 И во тоа време, Исус дојде од Назарет во Галилеја, и Јован Го крсти во Јордан.Лука: 1:26 А во шестиот месец, Бог го испрати ангелот Гавриел во галилејскиот град, по име Назарет,
2:4 Така и Јосиф отиде од Галилеја, од градот Назарет, горе во Јудеја, во Давидовиот Град, кој е наречен Витлеем, зашто беше од Давидовиот дом и семејство,2:39 И кога свршија сè според Господовиот Закон - се вратија во Галилеја во својот град Назарет.2:51 И слезе со нив и дојде во Назарет, и им беше послушен. А Неговата мајка ги чуваше сите тие зборови во своето срце.4:16 И дојде во Назарет, каде што беше пораснал; влезе во саботен ден во синагогата, според Својот обичај, и стана да чита.
Јован: 1:45 Филип го сретна Натанаила и му рече: „Го најдовме Оној за Кого пишува Мојсеј во Законот и Пророците: Исуса, синот Јосифов од Назарет.”1:46 ”Може ли да излезе нешто добро од Назарет?”, му рече Натанаил. „Дојди и види”, му одговори Филип.
Дела Ап.: 10:38 Го знаете Исуса од Назарет, како Бог Го помаза со Светиот Дух и со сила, Кој помина правејќи добрини и оздравувајќи ги сите, кои ѓаволот ги измачуваше, зашто Бог беше со Него.
, но затоа се спомнуваат некакви „назиреи„-божји луѓе.Назиреј може да бидеш цел живот а може и привремено да се заветуваш на „назарејство„.Назиреите не пиеле вино и производи од вино ,како на пример оцет,и не ја стрижеле косата.
БРОЕВИ
- ЧЕТВРТА КНИГА МОЈСЕЕВА
Глава 6
1 Господ му рече на Мојсеја:2 „Зборувај им на Израелевите синови и кажи им: ‘Ако некој, било маж или жена, се заветува за назирејство па ако Му се посвети на Господа,3 нека се воздржува од вино и од секаков жесток пијалак. Нека не пие ни скиселено вино ниту скиселен опоен пијалак; а нека не пие ни некаков сок од грозје, нека не јаде грозје, ни свежо ни суво.
4 За цело време на своето назирејство не смее да јаде ништо што раѓа виновата лоза - од зрното до лушпите.’5 ‘Сè додека трае неговиот назирејски завет, нека не поминува брич преку неговата глава; додека не се исполни времето што Му го заветувал на Господа, нека биде посветен и нека остави косата да му расте слободно на главата.’6 ‘За сето време на својот завет пред Господа нека не се доближува до ниедно мртво тело.7 Нека не се онечистува ни заради татка си, ни заради мајка си, брата си или сестра си, ако би умреле, зашто на својата глава го носи посветувањето на својот Бог.8 Тој Му е посветен на Господа за сето време на своето назирејство.’9 ‘Ако некој умре одненадеж покрај него, онечистувајќи ја на тој начин неговата посветена глава, нека ја избричи својата глава на денот на своето очистување - нека ја избричи на седмиот ден.10 А на осмиот ден нека му донесе на свештеникот, при влезот на Шаторот на средбата, две грлици или две гулапчиња.11 Свештеникот нека го принесе едното како принос за грев а другото како паленица, со тоа нека направи покривање на престапот за него, бидејќи згрешил заради мртовецот и ќе му ја освети неговата глава во тој ден.12 Потоа наново нека Му ги заветува на Господа деновите на своето назирејство и нека принесе едногодишно јагне како жртва за престап. Нека не биде сметано поранешното време, зашто неговото назирејство беше онечистено.’13 ‘Ова е Закон за назиреец: нека го доведат при влезот на Шаторот на средбата во денот кога ќе се исполни времето на неговото назирејство.14 Нека Му донесе на Господа како свој принос: едногодишно јагне, без недостаток, за принос за грев; еден овен, без недостаток, за помирителна жртва;15 натаму: кошница со пресни погачи од чисто брашно, замесени со масло и непотквасени колачи, намачкани со масло, со нивниот лебен принос и со налевница.16 Откако свештеникот ќе го донесе тоа пред Господа, нека ги принесе неговите: приносот за грев и паленицата.17 Потоа нека Му го принесе на Господа овенот како помирителна жртва заедно со кошницата со пресни погачи. Свештеникот нека ги принесе и неговиот лебен принос и неговата налевница.18 При влезот во Шаторот на средбата, назиреецот нека ја остриже својата глава и - откако ги земе влакната од својата посветена глава - нека ги стави во огнот под помирителната жртва.19 Потоа свештеникот нека земе варена плешка од овенот, една незаквасена погача од кошницата и еден пресен колак и нека го положи тоа во рацете на назиреецот, откако овој ќе ја остриже главата на своето назирејство.20 Свештеникот нека го принесе тоа како движен принос пред Господа. Тоа е светина што му припаѓа на свештеникот, освен градите на движниот принос и бедрото на воздигнатиот принос. Потоа назиреецот може да пие вино.’21 „Ова е Закон за назиреец, не сметајќи го она што би можела уште да принесе неговата рака. Ако освен своето назирејство ветил некаков дар, освен обредот на своето назирејство, нека направи како што се заветувал.”
Судии
Приказната за Самсон.Ангелот и се јавува на неговата мајка и најавува дека ќе роди син кој ќе биде долгокос Божји Назореј(Назареј,Назиреј)
13:5 Зашто, ќе заносиш, еве, и ќе родиш син. И брич нека не помине преку неговата глава, зашто детето, од мајчината утроба, ќе Му биде посветено на Бога - ќе биде Божји Назиреј, и тој ќе почне да го избавува Израел од рацете на Филистејците.”13:7 Но ми рече: ‘Ти ќе зачнеш и ќе родиш син. Отсега не пиј вино ни жестоки пијалаци, и не јади ништо нечисто, зашто твоето дете ќе биде Божји Назиреј од мајчината утроба до смртта.’”
Амос
2:12 „Но вие ги натеравте назирејците да пијат вино, а на пророците им заповедавте: ‘Не пророкувајте!’
Јован
19:19 А Пилат напиша и натпис и го стави на крстот; а беше напишано: „Исус Назареец, Јудејски Цар.”
Назорејството е еден вид на аскетизам,доброволно земање завет на воздржување за да се постигне повисоко духовно ниво.Назир(Насер) е и еден од епитетите на пророкот Мухамед( не пиел вино и ракија од грозје) а и муслиманско име.
Дека Исус бил Назареј а не Назареец од градот Назарет како што погрешно сфатиле „новозаветните„ прикажувачи се гледа од следното.Жедниот Исус не сака ни на крстот да се напие вино за да не го прекрши заветот.
Матеј:
27:34 Му дадоа да пие вино, измешано со жолчка, но кога вкуси, не сакаше да пие.
Марко:
15:23 И Му даваа вино со смирна, но Тој не прими.
Лука:
1:15 Зашто ќе биде голем пред Господа - нема да пие ни вино ни опојни пијалаци; и ќе се наполни со Светиот Дух уште во утробата на својата мајка;
7:33 Зашто дојде Јован Крстител, ниту јаде леб, ниту пие вино, а велите: „Бес има!”
Како што гледаме и Јован Крстител бил Назареј.Современото име за христијаните на современ еврејски е notzrim.
Спорната забелешка од евангелието според Јован
1: 46 ”Може ли да излезе нешто добро од Назарет?”, му рече Натанаил. „Дојди и види”, му одговори Филип.
Може да се сфати само во смисла дека не може да дојде ништо добро од некој Назареец.Аскетизмот не е својствен и е спротивен на духот на јудеизмот и тој до денес го отфрла назарејството .
Не постојат ниту археолошки ниту било какви други докази дека пред 2 век НЕ постоел било каков град Назарет на местото и во близина на денешниот .Исус бил Назареец ама не граѓанин на назарет ниту роден таму туку аскета-Назореј,божји човек.
No comments:
Post a Comment