Search This Blog

Tuesday, September 18, 2012

Дали Турците се античките Тројанци?(2)


Кон крајот на летото на 1462, девет години по освојувањето на Константинопол, султанот Мехмед II Освојувачот ги посетил "урнатините на Илион и остатоците од античка Троја" на својот пат кон островот Лезбос. Тој бил заинтересиран за " гробовите на хероите Ахил и Ајакс ", како што вели “vir doctus et Imbriota nobilis Hermodorus Michael Critobulus"(Михаил Критовулос)во неговата историја, напишана пред 1466. Критовулос продолжува дека Мехмед ги пофалил хероите на антиката за што успеале поет како Хомер да биде нивни панегирист(портпарол) (Критовулос за себе очигледно ова не го очекувал) а Мехмед ,очигледно го имитирал Александар Македонски, кој кога го посетил гробот на Ахил наводно извикал:. "О Ахил !, Како голем човек сте пронашле голем гласник кај Хомер ".

Но, тогаш говорот на султанот се променил во политички и во неговата изјава ја срочил својата идеологија и својата улога во историјата:

„Бог го резервира за мене, низ толку долг период повеќе години, правото да го одмаздам овој град и неговите жители. Зошто ги покорив неговите непријатели и ги ограбив нивните градови и ги направив на "плен на Мизијците". Хелените и Македонците и Тесалијците и Пелопонесците го пустошеа ова место во минатото, а нивните потомци сега, по долг период на години, преку моите напори ја платија казната за неправдата извршена врз нас Азијатите и во тоа време и многу често во подоцнежните времиња. „

Оваа изјава е интересна од повеќе аспекти и покренува различни прашања.

Зошто освојувањето на Византија, а особено на Константинопол може да се толкува како казна?
Слично на другите религии, со развиена есхатологијата, Евреите, Христијаните и Муслиманите веруваат дека несреќите од сите видови мора да се толкуваат како божја казна за гревовите. Познати примери во византиската историја се современите описи на немирите Ника или освојувањето на Константинопол од крстоносците во 1204 година , а подоцна византиските неуспеси во политичките односи на западните држави.

Интерпретацијата на триумфот на Отоманите над Византија во 1453 година како казна што е испратена од Бога е потврдена од страна на многу извори. Општото мислење на византиските историчари и други современици било дека Бог го дозволил освојувањето на Константинопол од страна на Турците во 1453 година како казна.

Историчарот Дукас на пример, верува дека нивниот најголем грев било прекршувањето на заклетвата во корист на унијата на црквите, која тие ја дале на Советите во Лион (1274) и Фиренца (1438/9), додека за Лаоникус Халкокондилес , навистина поради падот на Троја под Грците ,поради пред-христијанскиот грчки бес, следувала одмазда преку опсадата и освојувањето на Константинопол од страна на Турците. Според Критовулос ова последново било пострашно од освојувањето на Троја од страна на Грците (1209/8 година п.н.е.?!?), на Вавилон од Асирците (689 п.н.е.),на Рим од страна на Галите (387 п.н.е.), на Картагина од Римјаните (146 п.н.е.) и на Ерусалим од страна на Римјаните (70 н.е.). Толкувањето на Халкокондилес и Критовулос е поддржано и од Нестор Искендер, божем очевидец на освојувањето, кој вели дека Мехмед "ги уништил истребувачите на величествената Троја".

Од каде му дошла на Големиот Турчин,Мехмед идејата за оправдување или објаснување на неговите дела преку приказните за митското минато?Знаеме дека султанот бил заинтересиран во историјата,Критовулос раскажува на пример за посетата на Мехмед на Атина во 1458:



„Тој беше во голема мера вљубен во тој град и на чудата во него(?!?,какви чуда имало во Атина во 15 век само тој си знае), бидејќи тој слушал многу убави работи во врска со мудроста и доблеста,и за многуте прекрасни дела кои тие ги направиле во своето време кога се бореле и против Грците и против варварите(?!,кој се борел Атињаните против Грците?). Потоа тој беше нестрплив да го види градот и да ја научи приказната за него и за сите негови објекти, особено за самиот Акропол, и за местата каде тие херои го владееле и ги оствариле тие работи. Тој сакаше да научи за секоја локација во регионот, за нејзината сегашна состојба, а исто така и за фактите во врска со морето во близина , нејзините пристаништа, нејзините арсенали, и, на кратко, сè. Тој виде се и беше воодушевен, и го пофали, а особено Акропол, додека си заминуваше од таму. Од урнатините и остатоците, тој ментално ги реконструира старите згради(?! ментално?), бидејќи беше мудар човек и Филхелен и голем крал, и тој заклучи како тие мора да изгледале оригинално(?!? мозок бре) Тој го истакна со задоволство почитувањето на жителите на градот кон нивните предци, и ги награди на многу начини. Тие го добија од него она што го побараа. „

Но одејќи чекор понатаму, сепак, ние ќе го прочитаме она што било вистински фокус на интерес за Мехмед:

„Кога тој ...веќе ги имаше под своја власт најголемите и најдобрите делови од Азија и Европа, не веруваше дека овие се доволни за него, ниту тој беше задоволен со она што го имаше: наместо ова тој во своите пресметки веднаш го покори сиот свет и беше решен да владее со него и да ги надмине и Александар и Помпеј и Цезар и кралевите и генералите од нивната сорта ... Неговата физичка сила многу му помогна . Неговата енергија беше заинтересирана за сè, и моќта на неговиот дух му даде способност да владее и да биде крал. Во ова, исто така, му помогна неговата мудрост , како и неговото убаво познавање на сите работи за античките. Бидејќи тој ги студираше сите списи на Арапите и Персијците, и оние дела на Грците кои биле преведени на јазикот на Арапите и Персијците-мислам особено на делата на Перипатетиците и Стоиците. Така ,тој ги искористи најважните филозофии на учителите на Арапите и Персијците.„

Гледаме дека Мехмед многу се интерсирал за „античките„.А знаел и јазици.Џакомо Лангусто(Јакопо,Џакомо Лангуши) не уверува дека Мехмед знаел три јазици :Турски,Грчки и Словенски.Султанот наводно имал „скрипториум„ кој произведувал (?!?)манускрипти на грчки за неговата библиотека.

Во Јули 1453 хуманистот Лауро Квирини запишал дека Мехмед себеси се сметал за нов Александар но и го читал Аријан „скоросекој ден„.Еве што пишувал Аријан

Но Александар рече дека сака да им се одмазди на Персијците,како одговор на нината инвазија на грција,кога ја срамниле Атина до земја и ги изгореле нејзините храмови.Тој сакаше да ги казни Персијците и за другите дела кои тие ги извршиле врз Грците.Но ми изгледа дека Александар овој пат не делувал мудро,ниту пак сметам дека ова воопшто беше соодветна казна за античките Персијци.

Мехмед воопшто не се идентификувал со Ксерксес или Персијците.Наводно ,не сакал да биде тој кој губи бидејќи во „античките „приказни секогаш победуваат Грците.Затоа Мехмед се идентификувал со Грците.

Ќе се сложите дека ова нема никаква логика.Мехмед освојувачот кој се идентификува со Грците им се одмаздува на Грците(?!?)

Максим Планудес наводно во 1305 ги превел „Метаморфозите„ на Овидиј а Мехмед едвај дочекал.Дознавајќи дека Рим е основан од неговите сонародници -Тројанците ,едвај чекал да го освои.
Дека Турците се античките Тројанци односно хомеровите „Теукри„ било општо прифатен факт.Исто така, Турците биле именувани и со други имиња како на пример Скити,Перси и др.

Веројатно Мехмед бил многу збунет околу своето „античко „ потекло.Од една страна морал да ја симне статуата на Јустинијан која стоела во Константинопол затоа што ја обележувала неговата победа над Персијците(Турци),а од друга страна да биде втор Александар.на пример тој сакал Европјаните да го нарекуваат „Кајзари Рум„-римски цезар а муслиманите Хакан или Султан ал бараин вал бахраин(Владетел/Султан на два континенти и две мориња).

Својата „историја „Критовулос му ја посветува вака:

Најголемиот Император,Крал над Кралевите,Мехмед Среќниот,Освојувач на трофеи,Триумфатор,Непобедливиот,Господар на Земјата и Морето според вољата на Бога„

имитирајќи ги(?) титулите на „античките„ римски императори.

Зошто Критовулос и други Грци(божем христијани),но и западни автори од 15 век со подготвено ги прифаќаат аспирациите на Мехмед ?Зошто директно ги охрабруваат неговите победи и им даваат екуменска историска димензија?Зошто грчките но и западните автори го опишуваат Мехмед како толку ингениозен карактер и личност?

Можеби затоа што христијанството и муслиманството се две сеуште млади фиданки од ист корен?

Еве дел од поезијата на Мехмед Освојувачот тн Диван:

Оној кој ја видел Галата не се вљубува во Фирдаус
Оној кој ја видел тенката и грациозна сакана не го спомнува повеќе името на друг љубовник
таму ја видов љубената како си го дава животот како Исус,со европски шарм,
Виталноста и живоста на нејзините усни ја прават да личи на Исус Христос,
------------------------------------------------------------------
Авни* зне дека тоа е саканата која те тиранизира
Кој ќе ја види нејзината коса на нејзиниот појас и нејзината локна на нејзиниот врат,не може да го негира ова

*Авни-поетски псевдоним на Мехмед.




No comments:

Post a Comment