Денес скоро сите знаат дека Троја е град кој постоел преку 4000 години и бил центар на античката цивилизација.Се до 19 век се верувало дека овој град е град од приказните.Во 1822 Чарлс Мекларен предлага дека урнатините на Хисарлик во близина на Чанаккале се всушност урнатините на Троја.Германскиот археолог Хајнрих Шлиман врши ископувања од 1870 до 1890.Сите пронајдоци од локалитетот си ги зема со себе .По Шлиман ископувањата ги врши Вилхелм Дорпфелд.Од 1988 германски тим работи на случајот да ги изгради одново руините на Троја со користење на современа технологија .
Во„Троја„ се идентификувани 9 нивоа.Ниво I-V -ран Бронзен век(3000-1900 ПНЕ).Во овој период неговите жители се идентификуваат како Тројанци.Троја VI-VII среден и доцен Бронзен век.Троја VIII-IX хеленистички и романски Илион-Илиум.
Во Бронзениот век,Троја била голема сила поради стратешката локација меѓу Европа и Азија.Помеѓу 3000-2000 г ПНЕ троја била културен центар.По Тројанската војна градот бил напуштен (1100-700 ПНЕ).Околу 700 грчки доселеници го населуваат регионот на Троја.Троја е повторно населена и преименувана во Илион.Александар Македонски владее во овој регион во 4 век ПНЕ.Римјаните ја завземаат Троја(Илиум) во 85 ПНЕ,таа е делумно реставрирана од римскиот генерал Сула и е наречена Нов Илиум(Илион).
Во времето на Византија Троја ја губи својата важност и постепено„исчезнува„.
Троја е најпозната од приказните на Хектор,Ахил и Грците Ахајци,Хелена,Парис,Агамемнон и Пријам.Приказната за Троја е преведена на сите јазици.Хероите на Троја ,Ахил и Хектор се опеани во многу поеми.Од Александар Велики до Лордот Бајрон многу историски фигури се идентификувале со хероите на приказната.Но луѓето секогаш (се до 19 век) се прашувале дали постоела Троја или не постоела,имало ли дрвен коњ или немало.
Има малку или поинаку кажано воопшто нема докази за историското постоење на ликовите од приказната на Хомер.Како највреден „доказ„ се смета спомнување то на андолскиот водач бунтовник Piyama-Radu (можеби Пријам) и неговиот наследник Alaksandu (можеби Александар, другото име на Парис),обајцата од Вилуса ,Wilusa (можеби Илион, Илиос).Се спомнува и богот Apaliunas (можеби Аполон).
Друг квази доказ се линерните Б таблици.20 од 58 машки имиња се истотака познати преку Хомер,вклучувајќи го и Екото e-ko-to(Хектор) како тројански војници.Требало со ова да бидеме задоволни дека вакви имиња навистина постоеле во Микенска Грција.
Наводно ,кога Павсаниј ја посетил Теба во Беотија,во 2 век НЕ, му го покажале гробот на Хектор и му рекле дека дека коските на Хектор се пренесени во Теба на барање на пророчиштето во Делфи.Ова како оправдување што и Тебанците го сметале Хектор за свој локален херој.
Сцена од тројанската војна -Илијада ,средновековен манускрипт.
Приказната за тројанската војна можеби сте успеале да ја запаметите од Илијадата а можеби и не.Читајќи хексаметар по хексаметар се губи целосната слика.Па еве ја на кратко.
Тројанската војна се водела помеѓу Грците и Тројанците.Кралот Пријам од Троја бил богат и моќен,од својата сопруга Хекуба и конкубините имал 50 сина и 12 ќерки.(Вистински Султан,ќе се сложите)
Неговиот Син Парис (поинаку крстен и Александар) бил поканет да пресуди која од божиците , Афродита, Хера или Атена е најзаслужна да го добие златното јаболко од божицата Ерис(неслога), како најубава.Сите три се обиделе да го подмитат Парис за да го добијат јаболкото и титулата „најубава божица„. Но Афродита му ја ветила најубавата жена на светот и Парис попуштил.И го дал златното јаболко.Тогаш заминал за Грција каде се вљубил во Елена (Хелена), жената на Менелај, кралот на Спарта и ја зел со себе во Троја.
Лукас Кранах Постариот (1472 - 1553) Пресудата на Парис
За да ја вратат Елена Грците организирале експедиција на чело со братот на Менелај, Агамемнон, кралот на Аргос или Микена.Тројанците одбиле да ја вратат Елена.Грците успеале да ги ограбат населбите во околината на троја,тн Троада,но самата Троја со помош на своите сојузници опстојала 10 години под грчка опсада.
Во војната за Троја и боговите завземале страна.Па така Хера,Атена и Посејдон биле на страна на Грците а Афродита(која имала син Енеј од тројанецот Анхисес внук на Асархус),Аполон и Арес на страна на Тројанците.Илијадата која се случува во 10тата година од војната,раскажува за кавгата помеѓу Агамемнон и Ахил,кој бил најдобриот грчки војник,и за смртта во борба на пријателот на Ахил ,Патрокло и најстариот син на Пријам, Хектор.
По смртта на Хектор (најхрабриот тројански војник кој убил 30 Ахајци-Грци во борба), на Тројанците им се приклучиле два егзотични сојузници.Пентесија ,кралицата на Амазонките и мемнон , кралот на Етиопите и син на божицата-зора Еос.
Ахил ги убил сојузниците на Троја, но Парис подоцна успеал да го убие Ахил со стрела , погодувајќи го во петата која му била единствено ранливо место на телото.Пред да ја освојат Троја,Грците морале од светилиштето да ја украдат дрвената слика на Атена Палада (Паладиум) и да ги донесат стрелите на Херкул како и да го доведат болниот стрелец Филоктет од Лемнос и Ахиловиот син Неоптолемос(Пир) од Скирос.Сето ова го направиле Одисеј и Диомед.
На крајот ,со помош на Атена,Епиус изградил голем дрвен коњ.неколку грчки војници влегле во него,а остатокот од грчката војска заминал за блискиот остров тенедос,преправајќи се дека ја напуштаат опсадата.И покрај предупредувањата на ќерката на Пријам,Касандра,Тројанците биле убедени од Синон,Грк кој се преправал дека е дезертер,да го внесат коњот внатре во ѕидините на Троја како подарок од Атена.Свештеникот Лаокон,кој се обидел да го уништи коњот,бил убиен од морски змии.
Вечерта откако бил внесен коњот,грчката флота се вратила а грците кои биле скриени во коњот и ги отвориле вратите на Троја.Следело тотално уништување .Пријам и сите негови преживеани синови биле убиени.Тројанските жени биле земани во ропство во различните градови на Грција.
Авантурите од враќањето дома на грчките војници е раскажано во два епа, Враќањето(Ности,изгубени) и хомеровата Одисеја.
Малкумина Тројанци преживеале, вклучувајќи го и Енеј, чии наследници продолжиле да владеат со Тројанците.Подоцнежната традиција го носи Енеј од Троја во Италија каде тој станува најстариот предок на античките Римјани(Енеида).
Сцена од римски саркофаг божем од 2- 3 век ПНЕ.Телото на Хектор го носат во Троја
Во мај 2004 година на премиерата на филмот Троја,огромен број луѓе се туркаа да го видат овој американски блокбастер кој екранизира настани кои се одиграле во нивната држава пред илјадници години.На 16 мај ,кратко по премиерата,осамна напис во турскиот весник „Радикал„,под наслов „Дали Тројанците биле Турци?„
Можеби овој наслов шокирал многумина но прашањето дали Турците се Тројанци ,тешко дека е од нов датум.Во средниот век (пред 15 век) постоело општо прифатено гледиште дека водачот на група Тројанци,Торкватус или Туркус бил предок на современите (за тоа време) Турци. Приказната била дека тој ги одвел своите луѓе во срцето на Анадолија,каде тие живееле многу векови се до отоманската експанзија кога потомците на Тројанците се вратиле да го казнат Западот за изгубената војна и да си го вратат наследството.Можеби ќе се зачудите,но ова стојалиште не било турско туку западно.Католиците се солидаризирале со Турците,бидејќи тие се бореле против„декадентните Грци„.
Но кога Западот забележал дека Отоманите нема да застанат на Грците ,туку имаат поголеми апетити ,во Ренесансата сите сили се вложуваат да се „разведат„ Турците од Тројанците.
Така од 16 век заедничкото минато на Муслиманите- Турци и Католиците-Европјани е анатемисано.
Така од 16 век заедничкото минато на Муслиманите- Турци и Католиците-Европјани е анатемисано.
Дека и самите Турци сметале дека се потомци на Тројанците укажува и фактот што Мехмед Освојувачот се интересирал за делата на Хомер.А дворскиот историчар Критовулос од 15 век ,го цитирал султанот кој по освојувањето на Константинопол рекол„Го одмаздивме Хектор!„
Можеби овие зборови се апокрифни исто како и зборовите на Ататурк кој турската победа на Британците и Французите на Дарданелите ја нарекол „уште една одмазда за тројанската војна„.Но,факт е дека еден од британските воени бродови на Галиполе бил наречен Агамемнон.Успехот да се потопи ова ремек дело на воената флота било една од големите пресвртници во битката.
Шекспир до 17 век ја задржал симпатијата кон Турците-Тројанци во своето најамбициозно дело од 1602 г. Троил и Кресида
ИСЛАМСКИТЕ ДРЖАВИ ВО РЕНЕСАНСНАТА МИСЛА
Liber Chronicarum,Нирнберг 1493.Полумесечина на кубињата на Троја
No comments:
Post a Comment