Search This Blog

Showing posts with label Slavs. Show all posts
Showing posts with label Slavs. Show all posts

Friday, March 15, 2013

Маскирани Словени

Веќе пишував дека Римјани всушност значи Славјани. Ова доаѓаше од името на АВРАМ односно АБ РМ-славен , возвишен, висок татко.

Сосема случајно, читајќи го „Филон Александриски„ (околу 20-50 г НЕ ), наводно современик на Исус а всушност ренесансен автор, барем судејќи според она кое го „напишал„, сфаќам дека тој исто така размислувал како мене.

          Слика на Филон (Philo Iudeus)според Нирнбершката хроника-Liber Chronicarum 1493
Слика на „разубавен„  и „постар„ Филон сто години подоцна,1584 г


Имено, секогаш сум се сомневал дека авторот на библијата (според средновековните „мислители„ вклучувајќи го и Филона),„ Мојсеј законодавецот„ имал на ум некакви „џинови„ и дека овде (Битие 6,4) се работи за некаква грешка во преводот. Еве го спорното место за кое Филон, уште додека Исус одел по земја, напишал цел „трактат„ наречен  „За Гигантите„"Περι γιγαντων. De gigantibus „, збунет од земните „џинови„ и обидувајќи се да сфати и образложи „што сакал да каже авторот„.


 БИТИЕ 6


  1 Кога луѓето почнаа да се множат по земјата и им се народија ќерки,
  2 Божјите синови гледаа дека човечките ќерки се убави, па си ги земаа за жени, кои ќе ги избереа.
  3 Тогаш Господ рече: „Мојот Дух нема да остане довека во човекот; човекот е телесен, па векот нека му биде сто и дваесет години.”
  4 Во оние времиња - а и подоцна - на земјата беа Нефили(џинови), кога Божјите синови општеа со човечките ќерки, па тие им ги раѓаа оние деца. Тоа се оние, од стари времиња, по сила прочуени луѓе.
  5 Господ виде колку е голема човековата расипаност на земјата и дека секоја мисла во неговата памет секогаш е само зло.
  6 Господ воздивна и се натажи во Своето срце дека го создаде човекот на земјата.
  7 Господ рече: „Ќе ги истребам луѓето што ги создадов од лицето на земјата - од човекот до ѕверот, ползачите и птиците во воздухот - зашто се покајав што ги создадов.”

Можеби ќе се смеете ако ви кажам дека целиот овој дел означува дека монасите(божјите синови) се фрлиле на разврат со„паганките„ за да се родат деца како што мислеле тие во „стари времиња„ по сила прочуени луѓе(Херкулеси,итн) но тоа е најнајнајверојатната претпоставка..Еве така смета и „Филон„ само во поблага форма:


XIII.(58) "И имаше гиганти на земјата во тие денови." Можеби некој тука ќе помисли, дека законодателот зборува загадочно и алудирајќи на бајки изречени од страна на поетите за гиганти, иако тој е човек кој е колку што е можно далеку од било какво измислување на бајки и  човек кој смета дека е пристојно да се оди исклучиво по патеките на вистината

(59) па како последица на овој принцип, тој ги протерал од својот закон, кој го воспоставил, оние славни и убави уметности на вајарство и сликарство, бидејќи тие, лажно имитирајќи ја природата на вистината, кријат измами и примки, со цел, преку медиумот на очите, да ги измамат душите кои имаат природа да бидат лесно придобиени.
(60) Затоа тој не раскажува приказни во врска со гигантите, но тој сака да го поставите овој факт пред вашите очи, дека некои луѓе се родени од земјата, а некои се раѓаат од небото, а некои од нив се родени од Бога: тие кои се родени од земјата, се ловци на задоволствата на телото, посветувајќи се себеси на уживањето и неговото реализирање, и се желни да си ги обезбедат сите работи кон кои тежнее секој од нив. Оние кои се раѓаат од небото се мажи на вештината и науката и посветени на учењето, бидејќи небеснииот дел од нас е нашиот ум и умот на секој еден од оние лица кои се родени од небото ги проучува енциклично гранките на образованието и секоја друга уметност на секој опис, острејќи се , и практикувајќи, и вежбајќи се себе си, и прикажувајќи се себе си постојано во сите оние прашања кои се предмет на интелектот.
(61)И на крај, оние кои се родени од Бога се свештеници и пророци, кои не размислувале дека е соодветно да се измешаат со поредокот на овој свет, и да станат космополити, туку кои себе се издигнале над сите предмети на чисто надворешните сетила, заминале и ги насочиле своите погледи кон оној свет кој е воочлив само со интелектот, и се населиле таму, обележани во состојба на нераспадливите бестелесни идеи.

 Да не заморувам со филозофирањето на Филон како „родените од Бога„се женеле со  „човечките ќерки„-„родени од земјата„ и од нив порано се раѓале „полубогови„ (луѓе прочуени по сила)па тоа на Бога не му се допаднало и ги потопил.

Она кое најмногу ми се допадна е следното:

XIV. (62) Според тоа, Авраам, додека тој беше постојано во земјата на Халдејците, така да се каже, по мое мислење, пред тој да го добие своето ново име, и додека сè уште беше наречен Аврам, беше човек роден од небото, ги испитуваше на возвишените нешта во височините (нели Аврам,„висок татко„ м.з.), и се што се случуваше на овие места, и причините за нив, и учеше се од таков вид во духот на филозофијата, поради што доби име кое одговара на потрагата на која тој се посветил: за името Абрам, се толкува, дека означува  возвишен татко, и е име кое многу му доликува на татковскиот ум, кој во секоја насока мисли возвишено и на небесните нешта,бидејќи умот е татко на нашето сложено битие, достигнувајќи високо до небото па дури и подалеку. 
(63) Но, кога тој стана подобар(!), и требаше неговото име да се промени, тој потоа стана човек роден од Бога, според пророштвото кое му беше изречено : "Јас сум твојот Бог (Ел Шадај.м.з ), оди по Мојот пат и биди непорочен. (Битие17:01.} 
(64) Но, ако Бог на светот, е единствениот Бог, е исто така и особениот личен Бог на секој човек индивидуално, тогаш нужно е за човекот, исто така, и тој да мора да биде Божји човек, затоа што името Авраам, ако се толкува, значи, "избраниот татко на звукот", разумот на добриот човек, зашто тој е избран од сите, и прочистен, и татко на гласот со кој зборуваме, и бидејќи е таков, тој е доделен на само еден Бог, чиј слуга, станува тој , и така ја прави патеката на целиот свој живот исправна, користејќи го навистина кралскиот пат, патот на единствениот крал кој владее со сите нешта, не вртејќи се настрана и не отстапувајќи ниту накај левата рака, ниту накај десната.



   Ако не разбравте за што се работи ќе повторам:

  „затоа што името Авраам,(АБРАХАМ) ако се толкува, значи, "ИЗБРАНИОТ ТАТКО НА ЗВУКОТ"„ 

Звукот= словото односно „ТАТКО НА СЛОВЕНИТЕ„

и повеќе нема да се викаш Аврам (Висок Татко), туку името ќе ти биде Авраам (Татко на Множество), зашто те поставувам за татко на многу народи. 

Вистинскиот превод би гласел

И повеќе нема да се викаш Абрам (татко на Славјаните) туку името ќе ти биде Абрахам(татко на Словените).

Многу е смешно Филон да ни зборува дека Мојсеј ги „протерал и вајарството и сликарството„ многу векови пред „нашата ера„ а неговите зборови значат дека Мојсеј најверојатно живеел во времето на „иконоборството„ .За вистинскиот обем и изглед на ова „иконоборство„ на Мојсеј тешко можеме да добиеме некаква јасна слика ако не заклучиме правилно што всушност значат овие зборови.Традиционално кулминацијата на иконоборството во „Византија„ е 7-9 век.Веројатно во овој период настануваат зачетоците на поделбата на „  божјите луѓе „ на православни, католици(латини) и муслимани кои се разликуваат во степенот на почитувањето на „вајарството и сликарството„иако и  оваа хронологија е многу сомнителна .Видовме дека Во 7-9 век е толку темно и толку се многу апокрифни  „изворите„ за овој период па немаме со што да прогледаме во мракот.Но слепи не сме.Интелигентното човечко око се адаптира и на темнина.


Monday, January 21, 2013

РИМЈАНИ = СЛАВЈАНИ


и повеќе нема да се викаш Аврам (Висок Татко), туку името ќе ти биде Авраам (Татко на Множество), зашто те поставувам за татко на многу народи. 
 6 Ќе те направам многу плоден; ќе произведам народи од тебе и цареви ќе произлезат од тебе.
  7 Го склучив Својот Завет меѓу Мене и тебе и твоето потомство, после тебе - Свој вечен Завет за векови: Јас ќе ви бидам Бог тебе и на твоето потомство, после тебе.
  8 Ви ја давам, тебе и на твоето потомство после тебе, земјата, во која престојуваш како придојденец, целата Ханаанска Земја, во вечна сопственост, а Јас ќе им бидам Бог.”
  9 Уште Бог му рече на Авраама: „А ти чувај го Мојот Завет - ти и твоето потомство по тебе низ сите родови.
10 А ова е Мојот Завет, со тебе и со твоето потомство после тебе, што треба да го чувате: секое машко меѓу вас нека биде обрезано.
11 Обрезувајте се и тоа нека е знак на Заветот меѓу Мене и вас.
12 Секое машко среде вас, низ вашите поколенија, кога ќе наполни осум дена, нека биде обрезано, како она што е родено во вашиот дом, така и она што е купено со сребро од некој странец, кој не е од вашата крв.
13 Да, и родениот во твојот дом и купениот со сребро треба да биде обрезан! Така Мојот Завет на вашите тела ќе остане вечен Завет.
14 Машкото што не ќе биде обрезано, нека биде истребено од својот род: зашто го нарушило Мојот Завет.”
15 После Бог му рече на Авраама: „На твојата жена Сара не и е повеќе името Сара: името ќе и биде Сбра.
16 Ќе ја благословам неа и ќе ти дадам син од неа; ќе излеам благослов врз неа и ќе стане мајка на многу народи; цареви на народи ќе произлезат од неа.”
17 Авраам падна ничкум и се насмеа и рече во себеси: „Зар може да му се роди дете на оној, кој има сто години? Зар Сбра ќе раѓа во деведесеттата година?”
18 Авраам му рече на Бога: „Нека поживее Исмаил пред Тебе!”
19 А Бог рече: „Сепак твојата жена Сбра ќе ти роди син; дај му име Исак. Својот Завет ќе го склучам со него; вечен Завет со него и со неговото потомство после него.


АБ - РМ  ТАТКО -СЛАВЕН

Не толку „висок„(на пример над метро и осумдесет), колку„славен„ -еминентен  татко.Јидиш-АВ-РУМ

א ב ר ם

АБ-Р(Х)(Е)М-ТАТКО ШТО РАЃА (РЕМ-רחם-утерус -родница)



א ב רחם


Ќе те направам многу плоден; ќе произведам народи од тебе и цареви ќе произлезат од тебе.

Значи  ќе е плоден како родницата.

Во врска со Сара ,не знам од каде во македонскиов превод го извадија СБРА?


שרי-ШР-Ј(А)  ЦР-ЈА -ЦАРИЦА МОЈА



ЦРЕ-ЦАРИЦА


Значи Сара од лична царица на Аврам станала Царица на Утерусот-РЕМ од кого ќе се родат народите.

РОМУЛ-РЕМ  /РУМ-РЕМ,Рим,Романија,Румелија итн.

Кога Аврам го слуша ова го прашува Бога не само како ќе роди многу народи човек на 100 и жена на 90 години но и дека се надева дека Исмаил ќе поживее.Исмаил е син на робинката Агара(Хагар) кого таа го родила од Аврама бидејќи Сара била јалова.Рабинистичките коментатори тврдат дека Хагар била фараонска ќерка која фараонот и ја дал на хагар за робинка додека таа била во неговиот ХАРЕМ. ХАРЕМ(ХАРАМ)=ХРАМ срамно,свето,забрането место,знате она „Арам да ти е „ те „неалал„.Алал -халал значи „дозволено„.

ישמעאל Ј(И)ШМО-АЛ-ЌЕ ЧУЕ БОГ


Бог прво одговара дека на Аврам ќе му се роди Исак(насмеан) а за Исмаила вели:


יצחק-Ј(И)ЦХ(Е)К(Г)


20 Те послушав и за Исмаила. Еве го благословувам: ќе го направам плоден и ќе го размножам многу; дванаесет кнезови ќе произлезат од него и голем народ ќе направам од него.  
21 Но ќе го држам Својот Завет со Исак, кого ќе ти го роди Сбра, догодина во ова време.”

22 Кога го заврши разговорот со него, Бог замина од кај Авраама.
23 Потоа Авраам ги зеде: својот син Исмаил и сите кои беа родени во неговиот дом и сите што ги купи со сребро - сите машки домашни - и ги обреза во истиот ден, како што Бог му рече.
24 Авраам имаше деведесет и девет години кога се обреза,
25 а неговиот син Исмаил имаше тринаесет години кога го обреза.
26 Така во истиот ден беа обрезани Авраам и неговиот син Исмаил;
27 и сите машки во неговиот дом, како родените во неговата куќа, така и купените со сребро од странци - сите беа обрезани заедно со него.


Освен што најпрво  лично Бог (од името ЕЛ ШДЈ,שדד-ШДД -уништувач значи Бог Уништувач или од שד-гради ,те Бог Доител се сеќавате дека волчицата кобожем ги ДОЕЛА Ромул и Рем ) му најавува на Аврама за раѓањето на Исак, малку подоцна тоа го прават тројца „намерници„(две-три приказни споени една по друга) меѓу кои е и Господ кого Аврам (сега заменето со Авраам) чудесно го препознава.

Аврам кампува со шаторите во близината на Содом .Бидејќи во човековата историја не постои друг град уништен на начинот на кој се уништени Содом и Гомор претпоставуваме дека се работи за уништувањето на Херкуланум и Помпеи.Значи Авраам кампува во Италија.

16 Луѓето станаа и тргнаа кон Содом. Авраам тргна со нив, за да ги испрати.
17 Господ рече: „Зар да го кријам од Авраама она што ќе го сторам,
18 кога од Авраама ќе стане голем и броен народ, и во него ќе бидат благословени сите народи на земјата?
19 Зашто Јас го познавам него, тој ќе ги поучува своите деца и својот дом после него како да одат по Господовиот пат и да прават она што е праведно и добро, така да може Господ да го исполни она што му го вети на Авраама.”
20 Тогаш Господ продолжи: „Голема е викотница против Содом и Гомор, бидејќи нивниот грев е претежок.
21 Ќе слезам долу да видам дали прават навистина така, како што вели тужбата што стигна до мене. Сакам да разгледам.”

Значи тужбата за развратот во Содом „стигнала„ до Господа па тој се преправил во човек и со уште двајца дошол да разгледа што е работава.Не можел ли од горе да погледне?

Парафразирано приказнава оди вака


Таткото на Славјаните (Римјани)  кампува покрај Помпеи (или Херкуланум) во Италија.Претходно дошол од Египет (Африка но можеби Сицилија, или Шпанија ).Господ Уништител (кој ќе го срамни со земја Помпеи) му најавува дека ќе стане цар на многу народи а жена му царица.Аврам нема свои деца од царицата но има  од робинката Агар (Египетка те Шпанка или Сицилијанка) син Исмаил.Од Исмаила ќе потекнат Исмаелитите те муслиманите.Од синот кој ќе го најави Господ Уништител (или Доител) Исак-Насмеан ќе потекнат сите други славјански (римски) народи.Тие мора сите да бидат обрежани како знак дека со Господ Уништител склучиле завет.