Search This Blog

Showing posts with label Hellenes. Show all posts
Showing posts with label Hellenes. Show all posts

Monday, June 18, 2012

Голобрадите „победници„



Ахил(без брада),ПАТРОКЛО (со брада)


Ахил го преврзува Патрокло 500 г ПНЕ


Ахил пред умирање,Кристоф Вејрие 17 век


Ахил,Тишбајн 19 век

Гневот на Ахил,Жак Луј Давид -19 век

Бред пит како Ахил во филмот Троја ,21 век


Вистински садизам е, да простите, да му наредиш некому да се бричи во Бронзено Време (3600-600 ПНЕ) кога не  постоеле жилети туку најмногу што можело да има (се разбира доколку некому му паѓало на памет да се бричи) се некакви полутапи бронзени ножиња.
Неколку пати сум пишувал за „античката брада„ и фасцинираноста на „античките„(всушност средновековни) автори со истата.

На пример зборовите:Барбар,Бербер,Варвар -сите означуваат брадосан човек.Овој збор сигурно има тесна врска и со зборот БРАТ (FRATER,BRUDER,BROTHER,FRERE итн ) но и со зборот ТАТКО (ПАТЕР).

Нема да го најдете Ахила небричен на ниедно место.Педантно се избричени и Александар Македонски а и повеќето римски императори.

Верувам дека и во денешни услови кога мажите имаат „д бест дет мен кен гет„ услови за бричење-бричењето им претставува товар.
Да си замислиме сега дека Ахил станува наутро под ѕидините на Троја( 13 век ПНЕ) , се огледува во бронзениот  штит ( немало  огледала)  се сапуњави со нешто (немало сапуни и пена за бричење) и се бричи со тапо бронзено орудие.
Си замисливте?
Садизам парекселанс.
Безбрадост без мака-тоа е ќосавост.Ќосав може да биде некој поради некаква генетска девијација ( ретко) инаку пубертетот си го прави своето.Безбрадост без мака и тенок глас имаат и кастратите.Безбради се момчињата пред пубертет.

                                                                     Хектор,Троја 2004

Пријам и Хектор

Хектор ,6 век ПНЕ



Ахил(горе),хектор(долу) итн

Ахил го влече со коњи телото на Хектор


                             Делфи,Енеј и Хектор(со бради) против Менелај и Ајакс-без бради, 6 век ПНЕ



Римска чаша I  век ПНЕ,Пријам (со брада) му бакнува рака на Ахил(без брада)


Брадосаниот,тоа е силен човек обично непријателски настроен.Кога би гледале онака широко метафорично брадосаниот е татко и постар брат (Патрокло е постар од Ахил).Победата на голобрадиот над брадосаниот е предпубертетски занес во кој малолетникот си замислува како ги победува возрасните мажи.

Но нешто не штима во оваа слика.Како на возрасни луѓе кои пишувале „историја„ им влегла чивијата со „победата на голобрадиот над брадосаниот„(во Библијата, Давид и Голијат) како идеал за култура,храброст и мажественост ?Храброст можеби,мажественост,можеби но сеуште не.

Но,култура?


Давид со главата на Голијат Доменико Фети,17 век

Џузепе Калети,Давид со главата на Голијат,17 век

Да се потсетиме и дека Александар значи „бранител на  мажите„.Романтичниот Александар не е маж и токму затоа е голема неговата слава.Тој е голобрадо момче кое го освоило светот.Сетете се дека неговиот татко Филип насекаде се гордее густа брада.


                                                               Филип II Македонски

Алегоријата со „победникот над мажите„ е некако разбирлива. Но срамнувањето на културни достигнувања со безбрадост (Грците -Елини,ги нарекувале некултурните народи варвари-барбарос) е многу,многу необично .

Мое убедување е дека зборот „варварин„ во грчкиот јазик влегол во средниот век од латинскиот исто како и зборот Вулгар (Бугар) кој значи „обичен прост народ„(веројатно и брадосан народ,ВЛГ БЛГ БРГ БРД БРК БЛД БЛК)

Голобрадите, тоа е одбрана елита.Можеби кастрирана елита,можеби само обрежана елита. Денес делува малку чудно некој Зумбуљ-ага со пискав глас да издава наредби на огромна војска и да освојува села и градови.Но ако се задлабочите во историските извори на „антиката„ и средниот век- тие се преполни со храбри евнуси-скопци.

Да се потсетиме дека Ахил влегувал во женските одаи и се преправал дека е жена(се облекувал во женска облека) и дека Светониј за Цезар рекол дека бил „маж на сите жени „но и „жена на сите мажи„.Се сеќавате и дека Брут (БРТ) го уби ќосавиот Цезар .Брутус од Троја е и легендарниот основач на Британија.

Ахил на дворот на Ликомед,Помпео Џироламо Батони 1746 г
Ахил(со мечот)облечен како жена „служи „ во женските одаи.Во женските одаи се знае кој служи.Зумбуљ.


Според зборовите на Исус има три вида скопци.


ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ
Глава  19


 7 И Му рекоа: „Зошто тогаш Мојсеј заповеда да и се даде разводно писмо на жената и да се остави?”
  8 Им рече: „Заради вашето закоравено срце, Мојсеј ви дозволи да ги оставате вашите жени, но во почетокот не беше така.
  9 Туку ви велам: „Кој ќе ја остави својата жена - освен за прељубодејство - и се ожени за друга, прави прељуба; и кој ќе се ожени со напуштена, прави прељуба.”
10 Учениците Му рекоа: „Ако е тоа причината меѓу мажот и жената, подобро да не се жени.”
11 А Тој им рече: „Сите не можат да ги сфатат тие зборови, туку оние, на кои им е дадено.
12 Зашто има скопци, кои се родени така од мајчината утроба, и има скопци, кои се скопени од луѓе, и има скопци, кои самите се скопиле заради небесното царство. Кој може да прими, нека прими!”
13 Тогаш доведоа дечиња при Него, за да ги положи рацете над нив и да се помоли; но учениците ги укорија.
14 А Исус рече: „Оставете ги децата и не им пречете да дојдат при Мене, зашто на таквите им припаѓа небесното царство.”
15 И ги положи рацете на нив, и си отиде оттаму.


Скопството е рамно на невиност-девственост (во Русија во 19 век постоела христијанска секта тн Скопци)

И евнуштвото,скопството има синусоидна историја.Се воздига па опаѓа па се воздига па опаѓа итн.
Наводно во „антиката„ тие се слуги со ниско (варварско)потекло.Амијан Марцелинус ја опишува „римската куќа „ како „преполна со слуги -евнуси стари и млади„.А наводно „западните римјани„ не негувале ваква традиција туку таа им дошла заедно со луксузот "од Азија".Константин Велики во 4 век со закон го забранил кастрирањето но најголемата слава на евнусите е од 2-5 век.Во 14 век кастрирањето било и казна и медицински третман и знак на побожност.Кастрирање за потребите на црковните хорови и италијанската опера имало до 19-20 век.

Има тони литература за „третиот род„ и нема да предам детали.Мене ме интересира кој  ги претвори скопците во симбол на култура и цивилизација?Веројатно средновековните монаси-скопци со бујна фантазија.

Wednesday, May 30, 2012

Диктис(Диктус) Кретенски




Dictys Cretensis (Δίκτυς ὁ Κρής) Диктис (Диктус) Критски од Кносос бил легендарен придружник на Идоменеус за време на Тројанската војна, и наводно автор на дневник на настаните од војната во кој се наведени некои од истите материјали кои ги обработил Хомер во својата Илијада. Со подемот во лековерноста во  Доцната Антика, приказната од неговиот дневник,  забавна  фантастика која била наменета за софистицираната Александриската публика, се сфаќала буквално.

Во 4 век од н.е. одреден Квинтус Септимиј (Петко Седмовски) го издал делото  Dictys Cretensis Ephemeridos belli Trojani, ("Диктус од  Крит, хроника на Тројанската војна") во шест книги, латински превод на грчката верзија. Главниот интерес за оваа книга лежи во фактот дека, како што познавањето на грчкиот слабеело и исчезнувало во Западна Европа, ова дело заедно со и De excidio Trojae на Дарес Фригиус биле изворите преку кои Хомеровите легенди стигнале до романтичната литература на средниот век.

Елаборирана приказна како пролог на латинскиот текст презентира детали како  преживеал ракописот на ова дело, напишано со феникиски знаци на таблички од  дрво или кора од дрво, имено,било затворено во оловна кутија и закопано со нејзиниот автор , според  негова желба.

"Таму останале невознемирени со  векови, кога во тринаесеттата година од владеењето на Нерон, гробот се отворил од ужасен земјотрес,  кутијата била изложена и забележана од страна на некои овчари, кои констатирале дека таа не содржи богатство, како што од почеток се надевале, па му ја однеле на својот господар Еупраксис (или Еупраксидес), кој пак му ја предал на Рутилиус Руфус, римскиот гувернер на провинцијата, од каде и Еупраксис и ковчегот биле испратени на императорот. Нерон, кој откако разбрал дека писмото било феникијско повикал мажи вешти во тој јазик, од кои му била разјаснета содржината . 
Целиот дневник бил преведен на грчки( а зошто не на латински?), и бил  депониран во една од јавните библиотеки, и Еупраксис го испратиле натоварен со награди. "(Смит, Речник)

Грчкото "име" Еупраксис едноставно значи "вистински потег", познато име во дискусиите за етиката, и е интересно и соодветно име за пронаоѓачот на „ракописот„.

Прологот кој се карактеристечен за една ракописна традиција е заменет во друга главна група ракописи со писмо кое божем е напишано од страна на Квинтус Септимиј Романус до Квинтус Аркадиј Руфус, во која писателот, давајќи скратена верзија на приказната за откритието, го информира својот пријател дека бил предизвикан делото кое му паднало во рацете за своја сопствена забава и поука на другите да го преведе на латински.

Современиот уредник, Вернер Ајзенхат, претпоставува дека двете групи, од кои ниту едната не треба да се преферира пред другата, претставуваат две објавени изданија(?) во Доцната Антика.Постојат преводи на грчки со византиски датуми, кои се составен дел на универзалните истории,за кои Смит додава: "Ние може во овој правец да додадеме, дека авторите од византискиот период, како што се Јован Малала, Константин Порфирогенет, Ѓорѓи Кедрен, Константин Манасија, Јован и Исак Ѕеѕес (Цецес), и други, главно цитирале од Диктус и го сметале за автор од највисок и несомнен авторитет, а тој сигурно бил познат уште во времето на Елијан. (2 век НЕ)"

Личната копија на Петрарка од Ephemeridos belli Troiani, неговиот клуч за Хомер, сега е во Кодексот Паризинус Лат.5690, во Националната Библиотека. Првото печатено издание било рано но не после 1471 г.


Современите научници не се согласувале дали воопшто постоел грчки оригинал,но сите сомневања биле отстранети со откривањето на фрагмент на грчки меѓу Охирхинкус папирусите пронајдени од страна на Бернард Гренфел и Артур Хант во 1899-1900.

Овој фрагмент открива дека латинскиот бил близок превод од грчки.Друго големо изненадување било откривањето, во библиотеката на контот Аурелио Гиљелмо Балеани во Јеси, на ракопис на Диктус, во голем дел од деветтиот век, опишан и среден од Ц.Анибалди во 1907 година.

За средновековен извор на Тројанската војна кој е уникатен и независен од Диктус и Дарес и, видете го "Rawlinson Excidium Troie". 


Средниот век e вистинскa  “ренесанса„ на Хомеровите "Илијада" и "Одисеја".Практично секоја голема европска земја - Франција, Германија, Италија, Англија и Русија - имаат сопствена верзија на овие дела, особено на "Илијада". Поетите не ги прочитале грчките „оригинали„, а за „ големиот Хомер „знаеле само од прикажување.

Основните информации  средновековните автори ги црпеле од делата на Дарет и Диктус,, кои исто така не биле познати во оригинал. На пример делото на Дарет го знаеле само во прераскажана верзија на  римскиот историчар Корнелиј Непос.





Главни продолжувачи на Хомеровите епови се следниве:

"Де excidio Troiae Historia". Автор: Дарет Фригиски(Daretis Phrygii)
(оригиналот не е сочуван).

"Ephemeridos belli Troiani". Автор:Диктис(Диктис Критски)
(оригиналот не е сочуван).

"Падот на Троја." Автор: Квинт од Смирна (Квинт Smyrnaeus)
(Грција, CA. IV век. Н Е).

"Roman de Troie". Автор: Беноа де Сен-Маур (Беноа де Сент-Maure)
(Франција, околу 1160).

"Historia destructionis Troiae". Автор: Гвидо деле Колона (Guido delle Colonne)
(Италија,  1287).

"De bello Troiano". Автор: Јосиф Искан (Ioseph Iscanus или Јосиф од Ексетер)
(Англија, околу 1180).

"Troy book". Автор: Џон Лидгејт (Јован Lydgate)
(Англија, 1412).

"Trojanerkrieg". Автор: Конрад фон Вирцбург
(Германија, на почетокот на XIII век.)



"Сказание о Троянской войне" или "Притча о кралех"
анонимна староруска приказна ТУКА(руски).



Небулозите на Диктус Кретенски кого го сметале за „автор од највисок и несомнен авторитет,„ прочитајте ги ТУКА(англиски)

Wednesday, January 4, 2012

Грци или Евреи? (1)


1Ова е родословието на Ноевите синови: Сим, Хам и Јафет, на кои им се родија синови после потопот.
2Јафетови синови: Гомер, Магог, Мадај, Јаван, Тувал, Мосох и Тирас.
3А Гомерови синови: Асханаз, Рифат и Тогарма.
4А Јаванови синови: Елисај, Тарсис, Китим и Доданим.
5Од нив се раширија народите по островите; според своите земји - секој со сопствен јазик - според своите племиња и народи.
6Хамови синови: Хус, Мицраим, Фут и Ханаан.
7А Хусови синови: Сева, Евила, Савта, Рама и Савтека. Рамови синови: Шева и Дедан.
8Од Хус се роди и Нимрод, кој стана прв велемоќник на земјата.





Во списокот на народите (Битие 10.1-32) ,кој ги наведува наследниците на Ное и народите кои потекнале од нив,Грците се јавуваат под името „Јаван„,кој е син на Јафет.
Јаван соодветствува на грчкиот збор „Јонија„,грчка област во Мала Азија.Јафет одговара на грчкиот збор „Јапет„ ,митолошкиот татко на Прометеј во грчките митови.

Два други „грчки„ народи се во списокот :Родијци ( Доданим или Роданим,се разликува во верзии на библијата) и Кипарци (Китим или Елишах).
Синовите на Шем,братот на Јафет,се Семити (името доаѓа од името Шем) вклучувајќи ги и Евреите.

Замислете си ја библиската верзија на историјата на Евреите.Во одредена точка од историјата,откако светот е уништен од потопот,народите започнуваат да се раѓаат од трите сина на Ное.Тие говорат еден ист јазик,јадат иста храна,го обожуваат истиот бог.




Согласно традицијата ,Евреите потекнуваат од Израелитите од Јужен Левант,кои имале неколку независни државички пред  да бидат освоени од Асирското и Вавилонското Царство .

Според хебрејската Библија Израелитите потекнуваат од Абрахам кој е роден во сумерскиот град Ур а емигрирал во Канаан* со семејството.Библискиот термин Израелити(или 12 племиња на децата на Израел) ја означува и историската популација на Кралството Израел.Во современа смисла Израелит значи припадник на еврејската вера.Терминот Евреи е синоним на Израелити.
*Канаан-knaʿn -χνα ,подоцна идентификувана со Феникија-Фојники/Φοινίκη .Област позната во античкиот грчко римски свет по поморска трговија и производство на црвена боја од морски полжави.

По многу генерации и по два века служење како вазална држава на Персијците,Јудеја наеднаш станува вазална држава на Македонија („грчка„ држава).

Александар ја освојува Персија а со тоа и поголемиот дел од познатиот свет.Бидејќи најголем дел од светот и припаѓал на Персија,и додека трепнеш,сега тој им припаѓа на „Грците„.
Но ова „грчко царство„не траело подолго од краткиот животен век на Александар.
По неговата смрт,царството се дели на три дела помеѓу неговите генерали.

Еден од генералите -Антигонус,а потоа и Птоломеј,го наследил Египет,друг-Селевк,го наследил Средниот Исток и Месопотамија.По два века мир под Персијците,Еврејската држава се нашла на средина меѓу борбите за моќ на две царства:Селевкидското со главен град во Сирија ,на север од државата на Птоломеите,со главен град во Египет ,на југ.

Уште еднаш Јудеја е освоена прво од едните,па од другите и го менувала вазалството од селевкидско до птоломејско.Помеѓу 319 и 302 година Ерусалим го сменил владетелот седум пати.

Како и сите други во регионот Евреите горчливо ги мразеле „Грците„.Тие биле најнеобичен народ кој дотогаш го сретнале.Во држава која била основана на чистотата на Еврејската религија,грчките богови изгледале длабоко навредливи.Во општество кое цврсто се спротивставувало на голотијата на телото,грчкиот обичај за борење без крпче облека сигурно изгледал ужаснувачки.За религија во која хомосексуалноста е криминал кон JHVH ,грчкиот однос кон хомосексуалноста ,дури и нивното преферирање на истата,сигурно изгледал неразбирливо.

Општо земено,изгледа дека во прво време „Грците„ ги оставиле Евреите на мир.Тие ,исто како и Персијците ги оставиле сами да си ја водат државата, прогласиле дека законот на Евреите е Тората и се обиделе да ја зачуваат еврејската религија.Но селевкидскиот крал Антиох(215–164 ПНЕ), во 168 ПНЕ го ограбил Храмот,во него поставил статуа на Зевс,ја забранил тората и започнал да спроведува насилна „грцизација„ врз Евреите.Против ова се побунил Јуда Макабејски**,кој собрал армија бунтовници и со партизанска борба ги победил Селевкидите,откако прво се пресметал со „грцизираните Евреи„.„Макабеј„ на еврејски значи „чекан„.

По победата Макабејците влегле во Храмот и го исчистиле од паганските обележја.За обележување на овој настан се прославува еврејскиот празник -Ханука.

За краток период државата на Евреите е слободна.

**Приказната за борбите на Макабејците е опишана во првата и втората книга на Макабејците,кои се дел од „септуагинтата„.Првата и втората книга се канонски книги на католичкиот и источно-православниот стар завет на Библијата ,но не и на хебрејската Библија.Првата книга ја претставува борбата меѓу побожните Евреи и „одметнатите„,„хеленизирани„ Евреи.Втората книга ја акцентира борбата меѓу „јудаизмот„ и „хеленизмот„


Сигурно имало Евреи кои живееле во грчките градови и пред вавилонскиот егзил,но првите организирани еврејски заедници во Грција се етаблирани околу 400 г ПНЕ.Во времето на Александар Македонски еврејските имигранти ги преплавиле „грчките„ градови во Егејот и внатрешноста.„Грците „ биле многубошци и живееле гламурозно.Евреите биле монотеисти но многумина биле привлечени од „грчката „ култура и создале класа на асимилирани ,прогрчки Евреи.

Согласно првата Книга Макабејска 15.23 по револтот на Макабејците Евреите формирале заедници во Спарта, Делос, Сикион, Самос, Родос, Кос, Горинтија, Крит, Книдус,Егина,Тесалија,Беотија,Македонија,Етонија,Атика,Аргос,Коринт ,Кипар и други градови.

Евреите биле распрснати насекаде.И овде каде што се населиле тие веројатно говореле -ГРЧКИ.

Еврејската историја во овој период е распрсната во повеќе области.Јудеја,Месопотамија и други области на Средниот Исток како и Египет.„Распрснувањето„ на Евреите е последица на освојувањето на Кралството на Јуда и депортацијата на Јудеите во 597 и 586 ПНЕ од Набуходоносор,кралот на Вавилон.Овој настан, ,е главен причинител на еврејската „дијаспора„.

Во античкиот свет не било можно да станеш натурализиран жител на некој држава ако не си роден во неа. Така ,ако си Евреин роден во Јудеја и ако се преселиш во Вавилон, Египет или Тир, си остануваш „странец„. Грците ги вовеле поимите „натурализација„ и „жителство„ со формирањето на своите градови-полиси во кои доселениците добивале еднаков третман како сите жители и можеле да уживаат слобода и просперитет.


Грчкиот бил лингва франка во „хеленистичките„ кралства.Евреите кои живееле во нив, наводно го “заборавиле„ хебрејскиот јазик и го „употребувале„ грчкиот.Околу 260 г ПНЕ некои книги на Библијата почнале да се појавуваат во Александрија на грчки.

Најголемиот настан на „хеленистичкиот„ период е преводот на еврејската Тора на грчки во Александрија. „Грците„ ја посакале за Александриската  библиотека на грчки.

Македонско-Египетскиот крал Птоломеј наводно наредил целата Библија да се преведе на грчки од 70 преведувачи.Овој превод е познат како Септуагинта. Всушност,Евреите кои живееле во Александрија воопшто не знаеле хебрејски па не „веројатно„, туку сигурно преводот на грчки е направен за нивните потреби.

Оваа постапка ќе ја претвори еврејската религија во светска религија.