Search This Blog

Thursday, June 2, 2016

O Броех -Црноризец Храбар




Зошто покрај Глаголицата „словените„ за својот јазик ја создале и Кирилицата? Ова прашање можеби никогаш нема да биде одговорено.

При изучување на Кирилицата основното внимане им се обрува на буквите кои заради „полесна употреба„ биле смислени „по урнек на грчката Алфавита„. Постои тон литература за Буквите на Кирилицата од аспект на тоа какви се , од кои знаци се произлезени, за кои гласови се употребувани и слично. Се заборава еден друг аспект.

Добро е познато дека пред да се воведат тн „арапски цифри„ во сите „древни„ писма  буквите истовремено се и броеви. Во древната Кирилица, за да се разликува кога буквата означува број, над буквата се ставал еден знак-„титло„.

Кога ќе видите титло над некоја буква, значи дека таа не означува глас туку број.

Да го прочитаме „О писменех„ (За буквите)  на Црноризец Храбар според еден препис од 14 век (постојат 120 „преписи„ и неколку „преработки„ на ова дело, публикувани од руски научници, пронајдени од руски научници и се разбира чувани во руски библиотеки. Тестис унус, би рекле античките, тестис нулус).

Да се потсетиме и дека иако„ трактатот„ е најден како препис на Кирилица некои сметаат дека Црноризец Храбар  зборувал за Глаголицата бидејќи, „нели„, таа  наводно е постара од Кирилицата и всушност глаголицата ја смислил Св.Кирил а Кирилицата некој негов ученик кој ја „крстил„ според името на својот учител.

Јас би рекол дека  лага плус лага не може никако да стане вистина. Инсистирајќи тврдо на „вистинитоста „ на овој „трактат„ до ден денес си ги будалееме децата .


Ќе ни треба и таблица со броевите односно азбука,тое е едно исто само што над буквата се пишувала легната брановидна цртичка-титло:





Сите ја знаеме содржината на овој краток текст.Некој монах кој се викал Храбар или бил Храбар ја раскажува „историјата„ на Кирилицата.Вели вака:

Порано Словените немаа книги.Сеуште пагани(погани), тие читаа и гатаа со рецки. Се покрстија.Со римски и грчки букви требаше да се пишува словенскиот говор без правила.Но како може со грчки букви да се напише добро Бог или Живот или Ѕело или Црков или Чаание или Широта или Јад или Жду или Јуност  или Јазик или други зборови подобни на овие. И така беше многу години. Потоа човекољубецот Бог среди се'. И не оставајќи го човечкиот род без разум сите ги поведе кон разум и спасение.Го помилува човечкиот (?) род.И затоа му го испрати Константин Филозоф наречен Кирил.Маж праведен и искрен. 
И тој им создаде триесет и осум букви (напишано како Л со титло и осум) некои според грчките букви а некои според словенскиот говор. 
Од почеток почнува по грчки од алфа а ние од АС ,Аз од АЗ почнуваат двете.Ова се словенските букви како што треба да се пишуваат и читаат А,Б,В,Г( со титло)...(според друг препис...А,В,Г,Д,Б,итн) во словенските книги. 
Еден (во смисла самСвети Константин кого го нарекуваме Кирил (ами тој е нели е Св.Кирил а не Св.Константин?) ги создаде и буквите и преведе книги во малку години ( за кратко време,м.з.) а тие (грците?) многумина во многу години (многумина ги создавале грчките букви и долго време). 
9 (З со титло) се нивни букви а 70 (О со титло) се преведени.Затоа словенските букви се посвети и почисти.Бидејќи свет маж ги створил а грчките паганите (поганите) Елини. 
Ако некој рече дека не ги направил добро бидејќи сеуште се доправаат(?!), како одговор да им речеме:Истото се случува и со грчките
Многумина ги правеле, Акила и Симах, а потоа и многу други.Полесно е подоцна да се поправа отколку прво да се создава.Ако ги запрашаш, пак грчките книжевници: „Кој ви ги создал буквите и превел книгите или во кое време? - Тоа малцина од нив го знаат. 
А ако ги прашаш словенските книжевници (напишано-боукар) кој ви ги создал буквите и ви ги превел книгите , тоа сите го знаат(?!) и ќе ви речат Свети Константин Филозоф наречен Кирил (зошто упорно „наречен Кирил„ па „наречен Кирил„?) тој ни создаде букви и ни ги преведе книгите. 
И Методиј,неговиот брат (во друг препис стои „уште се живи оние кои ги виделе нив„) и ако ги запрашаш кога (во кое време) тие знаат и ќе речат:Во времето на Михаил, царот грчки и Борис, кнезот бугарски и Растиц , кнезот моравски и Коцел, кнезот блатенски во годината од создавање на светот 6363 (ЅТЗГ со титло) .
Преводов на  текстов е мој .Но ако го загледаме добро ќе забележиме дека над сите наведени поединечни букви стои титло.

Од овие 24 се слични на грчките букви и тоа  А,  В, Г ,Д , ЕЗ, И, І, К, Л, М, Н, О ,П,Р, ҀТ, Ѹ, Ф, Х ,Ѡ i ПѢ ,ХЛЪ ,ТЪ(24) а 38 ( ГИ со титло) по словенски јазик и тоа  Б  Ж Ѕ Л Ц Ч Ш Ъ Щ МЬ Ъ  Ѣ Ѭ  Ю  Ѧ.(15)

Од извадоков се добива впечаток дека „препишувачот„ е неписмен ,не знае да брои или испуштил некоја буква

Еве ја раната Кирилица:

А Б В Г Д Е Ж Ѕ З И І К Л М Н О П Ҁ Р С Т Ѹ Ф Х Ѡ Ц Ч Ш Щ Ъ  Ь Ѣ  Ѥ Ю Ѧ Ѫ Ѩ Ѭ Ѯ Ѱ Ѳ Ѵ

 Ако сега се запрашаме :„Колку букви навел „препишувачот„ во текстот? „ одговорот би бил-„Ниту една„. Сите букви се со титло,всушност - броеви(?).Но титлото може ли да има и друго значење?

Што значи „по словенску јазику„?Дали создавачот измислувал знаци за гласовите или позајмил букви од некоја друга словенска азбука?Храбар тврди дека Константин „создавал„-измислувал букви.Кој дел го „создал„?Грчкиот сигурно не го создал ами го превзел.Зошто да не помислиме дека и другиот дел (словенскиот) е создаден со превземање?

Очигледно е дека „создавањето„  всушност е некаква техничка работа.На пример,кодифицирање азбука за словенско писмо со кое може да се преведуваат книги.

Ако претпоставиме дека сите „древни„ азбуки: грчката ,латинската и словенската се создавани во периодот 12-13 век и сите се системи буква=број тогаш тоа се езотерични симболи.Нема да ја вклучуваме овде математиката со овие букви-броеви(трудна работа бидејќи не постои никаков декаден систем а за да напишеш 6363 доволно е и местото на бројот да го исполниш со соодветна буква која има гласовно и бројно значење)

Прво што ми паѓа в очи е бројот 6363 (6+3=9,6+3=9 6363=99 ).Да се сетиме на „ИС ХС= 90 99
Наводно 6363-5500=863 г НЕ. Но ова и според традиционалната хронологија е анахронично.Според „византиската календарска ера„ (ера е период од многу години кои започнуваат од една фиксна дата),од настанокот на светот,светот настанал 5508-5509 години  пред раѓањето на Христос.Значи 6363=854-855г.Според „александриската ера„ светот настанал 5493 години пред „инкарнацијата„.Значи 6363-5493=870 г.Не е важно.Корестената ера во овој „трактат„ со 5500 години од настанокот на светот е според некој Хиполит Римски (170-235).Кај го прочитал Црноризец Храбар Хиполита Римски?И зошто упорно вели „наречен Кирил„ оа „наречен Кирил„ ?Да не е навистина само наречен Кирил (господар,вледетел,мајстор?) од грчки  κυριος (кириос).

Бројот 6363 е без сомнение „магичен„ број и е исцицан од мал прст што се однесува до реалноста на датирањето на собитието на „измислување„ на словенските букви од еден човек.(тоа се веќе измислени букви).

Да се потсетиме дека и во Житието на Константин Филозоф,Филозофот кабалистички толкува натпис на соломонова чаша во црквата Св.Софија го растолкувал„пророштвото за Христос„:„од дванаесетта година на владењето на Соломон до царството Христово 900 и 9 години.


Постои и една чаша во Света Софија од скапоцен камен, направена од Соломон, и на неа букви еврејски и самарјански напишани на страна, кои никој не би можел ни да ги прочита ни да ги преведе.Зел Филозофот и ги прочитал и ги превел.
Во првиот раб пишувало: "Чашо моја, чашо моја, пророкувај додека (сјае) ѕвездата.Напој го Бога, Првородениот, буден во ноќта. "Потоа, на другата страна: "Да се причести и Господ, создадена од едно дрво, да пие и се опие од радост и да возгласи:. Алелуја".А на третата страна : "Еве го -Принцот ќе ја види сета слава негова, и царот Давид во средината на нив " и потоа напишан бројот на 909.
Пресметал тенко Филозофот и открил: од дванаесеттата година од владеењето на цар Соломон до владеењето на царството на Христос 909 години.И ова е – пророштвото за Христос.


Ако Кирил ја сковал Кирилицата, не е јасно кој ги измислил броевите содржани во кириличните букви?Буквата Буки-Б на пример не означувала ништо а А Ас Аз-1?Буквата В- Веди=2 .Зошто?

Случаен ли е изборот на буквите кои означуваат броеви?Не.

Ц-900
Фита,Тета-9

Гледаме дека означувањето на кириличните броеви е некако „по грчки„





Разликата е во само две букви .Во Кирилицата:
Ч=90
Ц=900

Во грчката азбука „античките„
Коппа =90
Сампи=900


По хебрејски





Гледаме дека не толку според грчките „броеви„ колку според „хебрејските„ се конструирани бројните вредности на буквите во Кирилицата.Нема никаква разлика

Ч=90 ,тоа е хебрејското ЦАДЕ-90

Ц=900 според хебрејските броеви е Коф Тау Тау  100+400+400

Што пишувало на „чашата„ (која била со 4 страни) во букви ? ЦЧ?СК?ЦТ?ЦФ,CMIX?


Латините  биле поинвентивни.
I(И)=1 
V(В,У) =5 
Х(кси)=10
L(Л ,ламбда ,ламед)=50
C(Р,Ро,Коф)=100
D(Д,делта,далет)=500
М(М)=1000

Се поставува прашањето.Дали латините живееле на Марс?Од каде ги зеле броевиве?Наводно од Етрурците.(Турците?)






Боетиус ( 6 век НЕ ) и Питагора (6 век ПНЕ) се натпреваруваат во пресметување(Аритметика 1503 г)


На сликата Боетиус (користи „арапски„ броеви) и Питагора (користи „антички„ абакус) се натпреваруваат во сметање.Од каде Боетиус видел арапски броеви во 6 век ?како пресметувал Питагора со абакус 1/2 плус  2/3 ?















Monday, June 10, 2013

Береш од Македонија и облечените македонски војници

Според Теагенес, антички автор роден на недефинирано место на историската скала, спомнат од Стефан Византиски , кобожем 6 век од нашава ера на скалата, кобожем  напишал географски атлас на светот по азбучен ред наречен ПЕРИ ПОЛИОН или на латински ДЕ УРБИБУС односно ЗА ГРАДОВИТЕ, исто така познат само преку делото ЗА АДМИНИСТРАЦИЈАТА НА ИМПЕРИЈАТА на Константин Порфирогенет, кобожем 10 век на историската скала, прв пат напечатен од Алдус Мануциус во 16 век (1502 г), овој Береш од Македонија да ти бил син на Македнос и татко на две ќерки, Миза и Берија и син Олганос. Според оваа Миза бил именуван град от во античката Македонија каде Аристотел го подучувал Александар. Селото Миза  се наоѓало кобожем покрај денешниот грчки град Науса , денес претежно населен со антички Власи.

Антички театар во Миза(Науса)

Македонски гроб со двоспратна фасада.Во горниот дел многу крстови.

Меркур,Хермес,втор од лево го води македонскиот војник во долниот свет

Македонскиот војник оди на „страшен суд„

Наводно сцената на одење на „страшен суд„ е според приказната раскажана од Платон,во неговиот дијалог „Горгиас„ (Ѓорѓија) ,дека душите треба на суд да одат голи а не обечени,за судиите да не бидат излажани од нивниот убав изглед(инаку по „судот„ едните души оделе на убав остров а другите во Тартар те антички пекол).Имајќи предвид дека ренесансните сликари навистина ги сликале и судиите и судените угол голи,значи дека Платон сеуште не бил роден кога се сликани овие гробови инаку Аристотел би бил многу глуп ученик.Или обратно-Платон бил многу „ренесанен„.

Облечен судија 2


Кај Микеланџело,на пример,сите се голи како што е ред

Според втората сестра Берија бил именуван грчкиот град Верија или Бер.Според синот Олганос нема ни село ни град.Единствен остаток од неговото постоење е потпишана римска биста кобожем од 2 век од нашава ера.


Олганос ,плукнат Александар.не можеле да се решат па едно време бистава ја викале „Олганос-Александар„



Олга ,Олег ,Хелга значи „свет„,света„ или „холи„.Етимолошки поверојатно од хебрејското „ал,ел,ил„,-бог а не од некаков „прото-германски„ јазик.



Friday, March 22, 2013

ВИЗАНТИЈА

Што значи зборот Византија?

Наводно Byzantium е латинизација на старогрчкото Βυζάντιον име на антички град и легендарен антички крал со тракиско или илирско име „Бизас„.Што точно значи имево никој појма нема.Според легендата ,Тракиецот или Илирец, Бизас ,кој потекнувал од Мегара (во близина на Атина) во 657 г п.н.е. го основал градот .Пред да го основа се консултирал со пророчиштето во Делфи и тоа му рекло да го направи градот „спроти слепците„.Кога дошол на Босфор сфатил дека на спротивниот брег се наоѓал градот Халкедон-Χαλκηδών.Бизас го направил градот на спротивниот (европски )брег наспроти „слепците„ кои одбрале место без врска за својот град.

Античките Римјани го уништиле градот во 196 г н.е.(2 век) а потоа го „обновиле„.Во 330 н.е. Константин уште еднаш го „обновил„ и го преименувал во Нов Рим (Nova Roma).По неговата смрт градот го нарекле „градот на Константин„ односно Κωνσταντινούπολις-Константинуполис.Турците градот го нарекувале Истанбул (официјално вака градот е преименуван во 1930г).

Разгледувајќи случајно еден речник  печатен во Венеција во  1612г (17 век) случајно открив што всушност значело Византија .




 Еве го и местото


Вака вели: БИСАНТЕ,античка монета ,на која,во принцип,се изгравирани двајца светци.Н.ант 6.6.(некој извор) "Одете сега и донесете ми 100 БИСАНТИ од злато".Ги нарекуваме БИСАНТИ,или БИСАНТИНИЈА извесни тенки и многу тенки кругчиња од злато или од друг метал со златна боја,кои ги ставаат како украс за закопчување на облеката.

БИСАНТЕ= БИ САНТЕ? Двајца светци?

Каков превод од грчки на латински на некаков „Бизантион„ кога преводот буквално би звучел и гласел VIZADION бидејќи на грчки не постои Б а комбинацијата на буквите НТ секогаш се чита како Д  во грчкиот и обично означува дека зборот со оваа комбинација на букви веројатно е преведен од странски јазик.Во случајов италијански. 

Всушност, ситуацијата е сосема обратна.Италијанското BI-SANTI (двајца светци) на грчки поради созвучие ќе се преведе како  Βυζάντι -ВИЗАНТИ.

Еве ги „бисантиските „ парички со по "двајца светци".




Кога се реконструира „антиката„ никогаш не се зема предвид дека народот никогаш не зборувал   латински јазик и дека си зборувал некаков италијански дијалект или дијалект на друг јазик .
Зборот „sanctus„ од кој наводно потекнува италијанското „santo"   како именка во латинскиот потекнува од преводот на новиот завет на латински при што άγιος  -агиос е преведен како „санктус„ инаку е придавка која означува нешто „свето„.


MK - Библијa 1999 - Фил. 4:22
Ве поздравуваат сите свети(светци), а особено оние од Ќесаревиот дом.


άγιος  во стариот завет одговара на קדוש -КДВШ(КДУШ,КДОШ).


Tuesday, March 19, 2013

Двојнички

Секогаш сум се прашувал што значи тоа гнездото на главите на античките скулптури.
Ја земам „божицата„ Венера (Афродита) како пример.

Венера од Милос или Милоска Венера, откриена на островот Милос во 1820, денес во Лувр, дело на Александар од Антиохија, кобожем 130-100 г. ПНЕ. Како е добиена оваа дата не е јасно. Прво се залетале да ја направат дело на Праксител од 4 век ПНЕ, ама бидејќи статуата која на островот си прележала, од никого незабележана едно 20 века (ја нашле некои овчари),  си имала постамент  на кој пишувало дека автор е некој Александар, син на Менидес од Антиохија на Меандер(Анадолија), отпаднало. Потоа паднал бесрамен предлог постаментот да се прогласи за фалсификат, но и тоа не поминало па според „обликот на буквите и градот на авторот„ однесена е во „хеленистички период„. Подоцна дури и табличката со постаментот мистериозно „исчезнала„, и денес постои само на цртеж. Венера била висока 2 метри а Реноар ја нарекол „крупен џандар„ не претерано одушевен од нејзината убавина.


                                                        Фризурата на Милоската Венера

"Сестрата" на Милоската Венера е Венера Медичи.По годиште се тука некаде.Само што оваа имала постамент на кој пишувало на грчки „Клеоменес синот на Аполодорус од Атина„и се претпоставувало дека е копија на Афродита од Книдос на Праксител(4 век п.н.е),а зошто така ,не се знае.Важно се знае дека името „Клеоменес„ многу се фалсификувало на скромни скулпторски дела од18 век.

Венера Медичи 1 век пне,недокументирано потекло ,„позната„од 16 век наваму.
Афродита(Венера) од Книдос.На сликава копија реставрирана од Иполито Буци ,17 век.Пронајдената склуптура кобожем  од 1 век п.н.е имала само торзо и бутина,останатото е дело на Буци.Оваа поза е тн Венера Пудика,(Venus Pudica)„срамежлива Венера„затоа што раката ја држи на извесно место.

Да не е трагично ,многу би било смешно колку апокрифи на 16-17 век се исплетени околу овие Венери и однесени во „антиката„.Да не зборуваме за фалсификати како на пример оваа „античка„ паричка од Книдос на која се гледа „токму„ Венера на „Праксител„.


Одиме понатаму,има уште двојнички


Венера Капитолинска,пронајдена на ритчето Виминал во 17 век


Фризурата на Венера од Капитол


Афродита(Венера) од Менофантос ,кобожем 1 век п.н.е,најдена во манастир во Рим ,потекло недокументирано .

Венера од бањите на Хадријан,ископана 1920 г.

Бидејќи сите Венери(Афродити) се голи,единствено нешто кое„ ги издава„е фризурата.

Сетете се дека ни една од овие венери-Афродити не им била позната на сликарите од „Ренесансата„.Тие си ги сликале голите современички под името Венери и никогаш не се грижеле какви точно фризури и облека носеле античките. Одиме вака.

Кобожем Ботичели 1486 г ја гледал Венера во дворот на Медичи па ја насликал својата


Кој од кого копирал?Ботичели не можел да извади ни добар цртеж од Венерава.Торзото слично другото,ништо,брада.


Јан Госарт,Jan Gosssaert,1521

Нешто подобро од Ботичели,Тицијан(1490-1576),„Обожувањето на Венера„ ,урнек е веројатно Венера од Менофантос,или обратно


Парис Бордоне 1500-1571 г(16 век),оригиналната фризура на Венера Капитолинска .

Бордоне,детал, фризурата на Венера од Капитол

Ова не е стилизација ни богата фантазија.Такви биле фризурите од времето на Бордоне.На главата некаква купче машничка направена од коса.










На здравје шишање.


Friday, March 15, 2013

Маскирани Словени

Веќе пишував дека Римјани всушност значи Славјани. Ова доаѓаше од името на АВРАМ односно АБ РМ-славен , возвишен, висок татко.

Сосема случајно, читајќи го Филон Александриски (околу 20-50 г НЕ ), наводно современик на Исус а всушност ренесансен автор, барем судејќи според она кое го „напишал„, сфаќам дека тој исто така размислувал како мене.

          Слика на Филон (Philo Iudeus)според Нирнбершката хроника-Liber Chronicarum 1493
Слика на „разубавен„  и „постар„ Филон сто години подоцна,1584 г


Имено, секогаш сум се сомневал дека авторот на библијата (според средновековните „мислители„ вклучувајќи го и Филона),„ Мојсеј законодавецот„ имал на ум некакви „џинови„ и дека овде (Битие 6,4) се работи за некаква грешка во преводот. Еве го спорното место за кое Филон, уште додека Исус одел по земја, напишал цел „трактат„ наречен  „За Гигантите„"Περι γιγαντων. De gigantibus, збунет од земните „џинови„ и обидувајќи се да сфати и образложи „што сакал да каже авторот„.


 БИТИЕ 6


  1 Кога луѓето почнаа да се множат по земјата и им се народија ќерки,
  2 Божјите синови гледаа дека човечките ќерки се убави, па си ги земаа за жени, кои ќе ги избереа.
  3 Тогаш Господ рече: „Мојот Дух нема да остане довека во човекот; човекот е телесен, па векот нека му биде сто и дваесет години.”
  4 Во оние времиња - а и подоцна - на земјата беа Нефили(џинови), кога Божјите синови општеа со човечките ќерки, па тие им ги раѓаа оние деца. Тоа се оние, од стари времиња, по сила прочуени луѓе.
  5 Господ виде колку е голема човековата расипаност на земјата и дека секоја мисла во неговата памет секогаш е само зло.
  6 Господ воздивна и се натажи во Своето срце дека го создаде човекот на земјата.
  7 Господ рече: „Ќе ги истребам луѓето што ги создадов од лицето на земјата - од човекот до ѕверот, ползачите и птиците во воздухот - зашто се покајав што ги создадов.”

Можеби ќе се смеете ако ви кажам дека целиот овој дел означува дека монасите(божјите синови) се фрлиле на разврат со„паганките„ за да се родат деца како што мислеле тие во „стари времиња„ по сила прочуени луѓе(Херкулеси,итн) но тоа е најнајнајверојатната претпоставка..Еве така смета и „Филон„ само во поблага форма:


XIII.(58) "И имаше гиганти на земјата во тие денови." Можеби некој тука ќе помисли, дека законодателот зборува загадочно и алудирајќи на бајки изречени од страна на поетите за гиганти, иако тој е човек кој е колку што е можно далеку од било какво измислување на бајки и  човек кој смета дека е пристојно да се оди исклучиво по патеките на вистината

(59) па како последица на овој принцип, тој ги протерал од својот закон, кој го воспоставил, оние славни и убави уметности на вајарство и сликарство, бидејќи тие, лажно имитирајќи ја природата на вистината, кријат измами и примки, со цел, преку медиумот на очите, да ги измамат душите кои имаат природа да бидат лесно придобиени.
(60) Затоа тој не раскажува приказни во врска со гигантите, но тој сака да го поставите овој факт пред вашите очи, дека некои луѓе се родени од земјата, а некои се раѓаат од небото, а некои од нив се родени од Бога: тие кои се родени од земјата, се ловци на задоволствата на телото, посветувајќи се себеси на уживањето и неговото реализирање, и се желни да си ги обезбедат сите работи кон кои тежнее секој од нив. Оние кои се раѓаат од небото се мажи на вештината и науката и посветени на учењето, бидејќи небеснииот дел од нас е нашиот ум и умот на секој еден од оние лица кои се родени од небото ги проучува енциклично гранките на образованието и секоја друга уметност на секој опис, острејќи се , и практикувајќи, и вежбајќи се себе си, и прикажувајќи се себе си постојано во сите оние прашања кои се предмет на интелектот.
(61)И на крај, оние кои се родени од Бога се свештеници и пророци, кои не размислувале дека е соодветно да се измешаат со поредокот на овој свет, и да станат космополити, туку кои себе се издигнале над сите предмети на чисто надворешните сетила, заминале и ги насочиле своите погледи кон оној свет кој е воочлив само со интелектот, и се населиле таму, обележани во состојба на нераспадливите бестелесни идеи.

 Да не заморувам со филозофирањето на Филон како „родените од Бога„се женеле со  „човечките ќерки„-„родени од земјата„ и од нив порано се раѓале „полубогови„ (луѓе прочуени по сила)па тоа на Бога не му се допаднало и ги потопил.

Она кое најмногу ми се допадна е следното:

XIV. (62) Според тоа, Авраам, додека тој беше постојано во земјата на Халдејците, така да се каже, по мое мислење, пред тој да го добие своето ново име, и додека сè уште беше наречен Аврам, беше човек роден од небото, ги испитуваше на возвишените нешта во височините (нели Аврам,„висок татко„ м.з.), и се што се случуваше на овие места, и причините за нив, и учеше се од таков вид во духот на филозофијата, поради што доби име кое одговара на потрагата на која тој се посветил: за името Абрам, се толкува, дека означува  возвишен татко, и е име кое многу му доликува на татковскиот ум, кој во секоја насока мисли возвишено и на небесните нешта,бидејќи умот е татко на нашето сложено битие, достигнувајќи високо до небото па дури и подалеку. 
(63) Но, кога тој стана подобар(!), и требаше неговото име да се промени, тој потоа стана човек роден од Бога, според пророштвото кое му беше изречено : "Јас сум твојот Бог (Ел Шадај.м.з ), оди по Мојот пат и биди непорочен. (Битие17:01.} 
(64) Но, ако Бог на светот, е единствениот Бог, е исто така и особениот личен Бог на секој човек индивидуално, тогаш нужно е за човекот, исто така, и тој да мора да биде Божји човек, затоа што името Авраам, ако се толкува, значи, "избраниот татко на звукот", разумот на добриот човек, зашто тој е избран од сите, и прочистен, и татко на гласот со кој зборуваме, и бидејќи е таков, тој е доделен на само еден Бог, чиј слуга, станува тој , и така ја прави патеката на целиот свој живот исправна, користејќи го навистина кралскиот пат, патот на единствениот крал кој владее со сите нешта, не вртејќи се настрана и не отстапувајќи ниту накај левата рака, ниту накај десната.



   Ако не разбравте за што се работи ќе повторам:

  „затоа што името Авраам,(АБРАХАМ) ако се толкува, значи, "ИЗБРАНИОТ ТАТКО НА ЗВУКОТ"„ 

Звукот= словото односно „ТАТКО НА СЛОВЕНИТЕ„

и повеќе нема да се викаш Аврам (Висок Татко), туку името ќе ти биде Авраам (Татко на Множество), зашто те поставувам за татко на многу народи. 

Вистинскиот превод би гласел

И повеќе нема да се викаш Абрам (татко на Славјаните) туку името ќе ти биде Абрахам(татко на Словените).

Многу е смешно Филон да ни зборува дека Мојсеј ги „протерал и вајарството и сликарството„ многу векови пред „нашата ера„ а неговите зборови значат дека Мојсеј најверојатно живеел во времето на „иконоборството„ .За вистинскиот обем и изглед на ова „иконоборство„ на Мојсеј тешко можеме да добиеме некаква јасна слика ако не заклучиме правилно што всушност значат овие зборови.Традиционално кулминацијата на иконоборството во „Византија„ е 7-9 век.Веројатно во овој период настануваат зачетоците на поделбата на „  божјите луѓе „ на православни, католици(латини) и муслимани кои се разликуваат во степенот на почитувањето на „вајарството и сликарството„иако и  оваа хронологија е многу сомнителна .Видовме дека Во 7-9 век е толку темно и толку се многу апокрифни  „изворите„ за овој период па немаме со што да прогледаме во мракот.Но слепи не сме.Интелигентното човечко око се адаптира и на темнина.


Monday, March 11, 2013

Рим во времето на Кирил и Методиј

Од книгата на Фердинанд Грегоровиус  „Историја на градот Рим во средниот век„

Забелешките во заградите се мои.



Во времето во кое Никола бил папа, во Рим немало никакви внатрешни немири , напротив, насекаде се слушале пофалби за потполна благосостојба и богат род. Бедните добивале храна во изобилство, а како некогаш римскиот император(!), папата наредил да им се даде на оние што имаат потреба, марки потпишани од негово име давајќи им така право да се снабдуваат со храна. 
Од папата Никола биле возобновени(?) два водоводи (аквадукти): т.н. Точија и Трајана или Сабатина, последниот и испорачувал вода на Леонина и го нарекувале во тоа време „водовод на Свети Петар„. 
Бидејќи последниот водовод (аквадукт) бил обновен(?) од страна на Григориј IV, тогаш мора да се претпостави дека или водоводот бил разрушен(?) од страна на Сарацените, или Никола само ја подобрил насоката и дистрибуцијата на водата 
. Вештината на градење во тие денови била во опаѓање(?), и исправените структури брзо се рушеле(?). Никола морал повторно(?) да ги изгради дури и ѕидините на Остија, кои неодамна повторно(?) биле изградени од страна на Григориј IV, и да им обезбеди силна кула во која бил сместен гарнизонот. Навистина, поради стравот од пиратите Остија веќе била напуштена(?), но сеуште постоела корзиканска колонија во Порто. 
Од страна на Никола I биле направени неверојатно мал број црковни донации, како и цркви изградени од него, за што овој папа не можеме да го обвиниме. Според извештајот на неговиот биограф тој го изградил тремот на Света Марија во Космедим. Нема сомнение дека Никола бил ѓакон токму во таа црква и затоа и обрнал посебно внимание одошто на сите други цркви а освен просториите за папите споменати погоре, Никола изградил во оваа црква уште и прекрасен триклиниум (трпезарија-нешто како „античкиот„триклиниум, ама црковен). Живописите и мозаиците на Лав IV во ѓаконијата Света Марија Нова  му припаѓаат на Никола, во Латеранската палата тој изградил нова станбена зграда а во базиликата Свети Себастијан изградил манастир. 
Биографот на Никола I, очигледно, малку се разбирал во наука, и затоа не ни соопштува колку овој папа придонел за просперитетот на Рим. Биографот само му припишува заслуги на неговиот татко , кој бил пријател на слободните уметности и му дал шанса на својот син да се запознае со нив, проследено со соопштение дека Никола бил добро обучен во сите свети науки, па така, веројатно, биографот со ова го имал на ум само теолошкото знаење. 
Сепак унапредувањето на науката со цел да се ублажи варварскиот карактер(?) е особеност на ерата на Каролингите, нејзината убавина и слава. Генијот на Карло (Велики) и неговите следбеници, на кои им била позната класичната римска литература(!), бил моќен удар кој ја придвижил желбата за научно знаење а во иста насока дејствувале и неговите наследници. Брилијантен доказ за сето ова е указот (едикт) на Лотар I во 825г. 
Поразен од тоа што во Италија, како последица на недостатокот на длабинска анализа(?) од страна на оние кои се на власт, речиси насекаде престанала наставата во науката, наредил формирање на девет централни училишта во следните области: во Павија, каде подоцна училиштето станало познат универзитет - институција која, се разбира, неосновано му се припишува на Карло Велики - во Ивреја, Торино, Кремона, Фиренца, Фермо (за сполетското војводство ), Верона, Виченца и Форумот Јулија (Чивитале Фриули). Ваков дефинитивен показател за широкото исчезнување(!) на училиштата покажува дека образованието во Италија се наоѓало во жална состојба. За високообразовни институции не станувало ни збор, а она кое што се означувало со името "доктрина" вклучувало само верски прашања, а можеби дури и зачетоци на некакви секуларни знаења, веројатно граматика.
Указот на Лотар се применувал кон кралството Италија (указот не се спомнува никаде во папските документи), но не ја допирал Римокатоличката црква и провинциите. А тука владеело истото, ако не и поголемо, незнаење, како што се потврдува од страна на некои од одлуките на римските собори. Во 826 г Евгениј II наредил во сите епархии и парохии да има учени кои биле должни да подучуваат во науки и светите догми. Оваа класификација на знаењето укажува на тоа дека се обрнувало внимание и на секуларните науки (artes liberates?науки ослободени од што-од догмата), и дека меѓу нив и теологијата (sancta dogmata) требало да се направи должна разлика но едвај било возможно да се најдат наставници за секуларните науки. 
Овие науки, во целост биле во опаѓање (постоеле ли некогаш воопшто?), и кога Лав IV во 853г, го потврдил(?) указот на Евгениј, тој морал да го додаде следното: "Иако вообичаено наставници за слободни науки во парохиите се реткост,  за наставници за Светите писанија и црковна служба, недостаток на наставници не смее да нема" . На истото се жалеле и во Рим. 
Немало ни еден научник, ни едно училиште кое би уживало некоја популарност. Навистина, со текот на времето, откако Бенедиктинците се населиле во градот , во Рим постоеле монашки училишта, а меѓу другите и древното Латеранско, кој било формирано од страна на истите Бенедиктинци и кое им дало образование на многу папи. Но овие училишта не можеле да се споредат со училиштата кои постоеле во Германија и Франција, како што се школата на Фулда, Санкт Гален, Трир,Корвеј, или во Ломбардија, Павија, Рим не блескал имињата на познати личности како Џон Скот, Рабан Мавар, Агобард Лионски, Шкотот Дунгал во Павија или Луп Ферарски.
Од сите светски науки, само на јурисдикцијата се уште било можно да и се додели извесно внимание на Рим: според статутот на Лотар во Рим морало да има професори по право, тие ги познавале законите на Јустинијан, и го предавале својот предмет по компендум , адвокатите и нотарите нужно морале да ги познаваат франкските (Lex Salica) и ломбардските закони.
Многу папи доселувале грчки монаси во новите манастири , овие го обучувале римското свештенство во својот јазик, и иако елинската литература со ова не добила ништо(?), во Рим не помалку се поддржувало се што е грчко (како во „антиката„) , а папите имале можност на овие семинари да подготвуваат луѓе кои подоцна можеле да бидат пратени како папски амбасадори во Цариград, и таму да служат како секретари и преведувачи.
Некои цркви и манастири биле опремени со библиотеки. Латеранската библиотека се уште постоела (сеуште,зарем?), и чесната титула "библиотекар" опстанала дури и во ерата на најдлабокот незнаење(?). Во папските архиви се сочувани безброј (?) црковни акти и „регести„ или папски писма, и тие биле скапоцени основни извори за историјата и јазикот на времето - вистински производ на римската книжевност на првата половина од средниот век, а загубата на сите овие богатства, изгубени без трага во XII и XIII век (ги имало ли воопшто тие „безброј„?) , довела до тоа во нашето знаење за тоа време да се појави голема и непоправлива празнина.
Не може да има сомневање(?) дека во црковните и манастирските библиотеки во Рим се наоѓале и дела на латинската и грчка литература (а така ли?како знаеме?). Овој вид на преписи (codies) морало да се сочуваат,ту во едно ту во друго место ,во епохата на Готите (бре?), во текот на времето кон нив, се разбира, се присоединиле уште нови ракописи (несомнено нови а всушност „стари„!). 
Задграничните манастири во IX век имале многу книжевни сокривалишта, опатијата Центула или Св. Рикер во Галија, каде што бил игумен Ангилбер,се прославила во 831г (бре,се прославила?), со фактот дека имала 256 манускрипти, и многу е интересно да се знае кои книги хроничарот ги наведува меѓу секуларните : Aethicus de mundi descriptione, историјата на Хомер(?), вклучувајќи го Диктис и Дарес Фригиски , целиот Јосиф, Плиниј Помладиот, Филон, басните на Авиен, Вергилиј, и од "граматиците", за кои во тоа време имало најголема побарувачка, Цицерон, Донат, Присциан, Лонгин и Проспер. Но ако ваков вид на книги се наоѓале во Франција, уште повеќе тие морале да се наоѓаат и во Рим ( ма немој?). Во 855г, игуменот Луј Ферарски се обратил кон Бенедикт III да му го испрати делото на Цицерон De Oratore, Institutiones од Квинтилијан, коментарите на Донато кон Теренциј, ветувајќи дека сите ќе бидат вратени во целост веднаш штом ќе се направат копии на делата (што?да ги прати единствните „оригинали„ ?).
Но, во римските извештаи не се спомнува ништо за секуларни преписи (зашто немало такви ?), и ако во житијата на папите се спомнуваат книги, тоа се само евангелијата, антифонариите и мисалот, бидејќи се користеле во црквите. На таквите книги со право им се давало значење на богати подароци, и за нивно донирање се спомнува и во натписи на надгробни плочи . Пергаментниот препис чинел многу пари да се напише и илустрира а тоа барало многу мачна работа и уметност, многу повеќе отколку да се излие и позлати свеќник или вазна . 
Квалификуваните монаси го трошеле сиот свој заеднички живот да работат на составување такви преписи на Светото Писмо и делата на црковните отци. Овие преписи повеќе се цртале отколку што се пишувале,  со четка или со перо, со римско полуунцијално писмо, мајускула или минускула, дел со ломбардски букви, а потоа на места дури и се украсувале со минијатури, при што првата минијатура обично го претставувала препишувачот или игуменот- нарачател, или и двајцата заедно, како го држат во рака писмото и го даваат како подарок на некој светец. 
Комплексната форма на буквите самата по себе го отежнувала препишувањето и довела до употреба на цртање а исто така и високо уметничките почетни букви  на преписот се украсувале со злато и боја. За љубовта, посветеноста и внимателната уметност со која сето тоа било правено, покажува преписот на и денес познатата Каролиншка Библија, која се смета дека е напишана во IX век и се чува во манастирот на Свети Павле како најголемо богатство на манастирот.
Овие ракописи истовремено го разјаснуваат и карактерот на епохата. Уметноста тогаш требало да се бори со длабоко варварство(?), и влијанието на варварството се одразило врз уметничките дела во нивната несмасна и сурова форма. Како што го правеле древните Дорци, Египќаните и Етрурците( потполно исто само некои 12 до 25 века подоцна нели?), духот на деветтиот и следните векови е полн со мистерија, мистика и симболика, а тоа јасно го покажува природата на уметноста и пишувањето ,употребата на монограми на документи и монети, и љубовта кон арабески(?). Особено, на монетите се одразил општествениот живот на ерата, натписите и сликите на папските монети од овој период имаат страшен изглед (хехехех! ).


Еве каков изглед имале папските пари од времето на Никола I 








Сите папски монети се до времето на папата Јулие II (1417-1471г) со ретки исклучоци,го носат името на „папата„ проследено со „грчки крст„ и на сите пишува S.PETRUS (Свети Петар) а некаде и S.PAULUS (Свети Павле),од времето на папата Lав III (750-816г) на монетите се ставало и името на „Светиот римски император„(читај „германски„).

Вака продолжува Грегоровиус

Ако анонимниот патеписец од Салерно го посетел Рим во времето на Никола I, тој никогаш не би можел да наиде на големата група од 32 филозофи, кои ги запишал во 870г, во расцутот на Беневенто. Ерхемперт, продолжителот на историјата на Ломбардите на Павле Ѓакон, монах од манастирот Монте Касино ,(овој манастир бил познат по ученоста на неговите монаси, а во тоа време бил познат игуменот Бертариј), би бил шокиран од игнорантноста на монасите и римските кардинали, ако се случело да биде во Рим, а екскомуницираниот од Никола, грчки патријарх, Фотиј, според своето знаење во Рим би бил совршено чудо, бидејќи таму би се пронашол едвај еден научник, кој можел да се нарече со името на сеуште постоечките поцрнети и осакатени статуи на мудреци и поети на Форумот на Трајан (кој ги видел?)

Но, градот на Цицерон бил понижен во научното образование не само од Византијците, туку и од истите оние Арапи кои го ограбиле богатството на Свети Петар и Свети Павле, кои гордо можеле да укажат на нивните универзитети, нивните филозофи, теолози, граматичари, астрономи и математичари , во славните Каирван , Севилја, Александрија и Басра и Багдад - источната муслиманска Атина. Во Константинопол, големиот светски град на теолози и софисти, граматичари и академски педанти, го пронашол својот моќен меценат и самиот Цезар - Варда, кој го соборил Патријархот Игнатиј. Константинополските владетели Лав Филозоф, а подоцна и неговиот син Константин Порфирогенет биле големи љубители на науките а самиот Фотиј бил нов Аристотел и Плиниј на варварското време(!) и во својата позната "библиотека" имал цитати од дела на 280 автори, само мал дел од сето она што го прочитал(бре!).
Прилично одржуваната чистота на грчкиот јазик(неверојатно но кобожем вистинито, и денешните Грци не знаат „чист„ грчки) овозможила да се продолжи научната работа во тек на многу векови. Византијците, свесни за чистотата на својот јазик, се однесувале со презир кон Римјаните. Царот Михаил (оној кој ги испратил Кирил и Методиј на мисија меѓу Словените) во едно од своите писма до папата Николај I му се потсмева на латинскиот јазик на Римјаните и го нарекува јазикот на "варварите и скитите", и навистина, латинскиот, на кој тогаш зборувал народот (не е можно,народот никогаш не знаел „латински„,изговорот на италијанскиот е доказ,изговорот-артикулацијата, е постара од секој јазик) оној кој го знаеле нотарите, па дури и на него пишувале хроничарите, им давале на грчките учени доволна основа за потсмев. Но, папата – самиот тој или преку неговата канцеларија (!) владеел со добар стил - сосема правилно одговорил на латински (неверојатно,само папата бил исклучок на правилото.А од каде го знаел Михаил „народниот латински„? Тој за добриот латински стил  воопшто рекол дека е „варварски и скитски„ јазик бидејќи тоа го читал) , а тоа било најдобриот начин да се избегне потсмев. Понатаму папата со право му укажал на Михаил,дека не може да не биде смешно неговото барање да го носи називот „римски император„, на јазик кој не може да го зборува (италијански ли не знаел?ни папата не знаел добро латински), а само затоа овој јазик го нарекува варварски. Сепак основата на која папата ја изградил својата одбрана на јазикот на Цезар, Цицерон и Вергилиј (ги спомнува Грегоровиус а не папата) била земена исклучиво од христијанската религија, и произлегувала од фактот дека буквите на крстот на Исус I. Н Р I. биле наводно латински.(токму така,„наводно„,вели Грегоровиус).
Во меѓувреме, познавањето на латинскиот јазик и науката ги усовршувале(како?) дури и народите на Германија и Галија, кои Римјаните не престанале да ги нарекуваат варвари(па Французите и Германците подобро ли знаеле латински од Римјаните?Неверојатно,читателе,невозможно согласно официјалната историја!!!!) . Некојси Хинкмар од Ремс на римските кардинали им изгледал како чудо(веројатно тој бил автор на Псевдо-Исидоровите декрети на „чист„ латински јазик) .
Поезијата, и светата и световната , конечно замолкнала во Рим, кај Римјаните исчезнал(?) талентот да создадат дури и варварски стихови или некои натписи на мозаици во црквите, градските порти и надгробните споменици, а истовремено, Франкските хроничари како Ермолд Нигелус кој ја напишал својата историја во латински стих и германските поети, чии татковци биле сеуште пагани, создавале на можниот исконски јазик на германскиот народ сопствени евангелски хармонии, чија оригиналност до денешен ден не избезумува. Рим не давал повеќе(дал ли некогаш претходно?) ни никакви богословски дела. За да се запише историјата на градот и да се овековечи неговата извонредна судбина под Пипин и Карло Велики, не се нашол ниту еден хроничар. 
Германија, Франција и дури Јужна Италија, каде што историските записи се чувале во Монте Касино ни оставиле во наследство многу хроники.Но римските монаси биле толку рамнодушни кон историјата на градот па настаните што се случиле во тоа време, останале за нас обвиени во целосна темнина.
Но, во истиот период папството ревносно продолжило да ги води своите антички хроники (како,како? само антички хроники ,друго ништо?). Од формирањето на црковната држава - од времето кога се зголемила моќта не само на папите, туку и на епископите, чии имоти се претвориле во богати имунитети – уште повеќе почнала да се чувствува потреба да се предаде на потомството историјата на црквата во форма на поредок на смената на нејзините пастири (папите) и во форма на биографии на истите. Таква потреба, очигледно ,се почувствувала насекаде, бидејќи во овој период се создадени многу такви збирки во чија основа биле ставени листи на епископите, нивните писма или регести и други акти. Наспроти Рим, од Ањели била составена, иако варварска, но сепак вредна, историја на архиепископите на Равена, а од ѓакон Јован – биографии на епископите на Неапол. Така, се смета дека токму во овој период се собрала редактираната книга Liber Pontificalis (список на римски понтифекси-подоцна наречени „папи„) , и тоа од Анастасиј, чие име е тесно, иако неосновано,поврзано со оваа книга за папите.
Овој Анастасиј, кој ја понел титулата "Библиотекар", живеел во времето на Николај I и Јован VIII. Не е познато дали овој Анастасиј ги напишал биографиите дури и на оние папи кои биле негови современици. Животописите на папите во форма на белешки и календар на владеење, како и нивните дела биле водени веќе од II и III век(пфффф) .Од времето на Григориј Велики во овие описи веќе се користеле писма и актите на папите(?). Од истиот материјал, кој се повеќе растел, настанале официјалните биографии на папите. Најсодржинските од нив припаѓаат на ерата на Каролингите. Овие описи немаат карактер на летописи, и тешко е да се користат, тие се несмасна мешавина од многу прецизни забелешки за зградите, за донациите(најважното!) и за актуелните(кобожем) историски настани. Лошиот стил на животописите нема никаква врска со јазикот на римската канцеларија, кој во регестите на Никола I и Јован VIII, за среќа, дошле до нашето време, и не плени со својата елеганција(очигледно фалсификувана елеганција), јасност и сила. 
Меѓутоа, вредноста на биографиите, составени од најсигурни извори (леле) е од непроценливо значење и не е намалена дури и од страна на нарушувањата, кои во интерес на папството намерно се направени при изложувањето на фактите (што е факт а што лага кој ќе го знае?). Ако ги немаше овие животописи, за нас сеуште ќе останеа сосема непознати многу векови од постоењето и на папството и градот Рим. Од биографијата на Никола I, традиционалната „Книга на понтифекси„е прекината(овој „прекин„е многу значаен и укажува дека таа е напишана многу подоцна ,најверојатно по издавањетона нејзиното „продолжение„), и ние во понатамошната дискусија за историјата на градот не еднаш ќе зажалиме за отсуството на изворот(штета).
Библиотекарот Анастасиј го познавал и грчкиот јазик и ја превел „Хронографијата„ на Никифор, Ѓорѓи Синкел и Теофан и други дела на грчката црковна литература . Сограѓанинот на Анастасиј, ѓаконот Јован, исто така знаел грчки, и тој го напишал животот на свети Григориј Велики, при што користел акти од Латеранската архива.(оф бре,таа архива што подоцна била уништена и од неа нема трага). Мора да се напомене дека оваа монографија се појавила токму во ерата на Каролингите и на авторот големината и владеењето на „ папата„Никола и неговото дело му личело на она на Григориј Велики(Боже помагај).
Ова дело претставува самостојна работа и неверојатно се разликува од презентацијата на целосно суви биографии на папите. Во него се гледа автор, добро обучен во реториката и со жива фантазија(!), кој има тенденција, иако не сосема успешно, да постигне во своето излагање елеганција и полнота и открива некакво познавање на античката литература (по која веројатно тркнувал и до библиотеките преку граница бидејќи во Рим немало „античка„ литература )

Измислената„ Донација на Константин„ им послужила на секуларните претензии на римските понтифекси, но уште поважни за нив биле лажните Псевдо-Исидорови декрети. Оваа прекрасна измислица е составена од многу писма и акти кобожем напишани од „ античките„ римски понтифекси. Како автор на оваа „збирка„ бил прогласен познатиот Исидор од Севиља.Збирката се појавила во средината на IX век, и Никола I бил првиот понтифекс, кој ги користел фиктивните писма и акти. Благодарение на неговото дело Римската црква стекнала такви привилегии што ја направиле сосема независна од државата.

Кралската моќ станала многу помала од понтификалното(папско) достоинство подолу дури и епископското, и со овие измислени акти истовремено големиот римски понтифекс се довел на таква височина над епископите па на него не влијаеле решенијата на локалните собори.  Римскиот понтифекс станал врховен судија над сите архиепископи и епископи   и на негова команда целосно се потчиниле сите духовни чинови а од кралската власт тие се целосно се ослободиле. Големиот римски понтифекс станал диктатор на црковниот свет.

Нешто, почитувани ,со оваа груба слика не е во ред.Расколот на црквата на Источна и Западна односно латинска-католичка и грчка-православна не настанал дури ни два века подоцна и покрај тоа што „папата„ во 9 век веќе бил прогласен за недопирлив и глава на црквата (која нели во тоа време била една )? Невозможно!Се сеќавате на Теофилакт од Охрид од 12 век и неговото именување на римскиот понтифекс со „пребожествениот папа„? Тоа е сомнително и апокрифно до неиздржливост.
Според мене,„целокупноста„ на црквата и нејзината „поделба„ е многу подоцна измислена работа.
Самиот „ папа Никола„ веројатно е целосно измислен лик или лик пренесен „во минатото„ или пак вистинскиот лик на некој ваков римски патријарх е трансформиран до непрепознатливост.