Search This Blog

Showing posts with label Ancient Greeks. Show all posts
Showing posts with label Ancient Greeks. Show all posts

Tuesday, January 8, 2013

Литоргија?

Етимолошкото толкување неретко се користи за да се замете трагот на некоја „непријатна„ вистина.

На пример „старозаветниот„ Исус Навин(НУН-риба,НАУН-Спасител) во англискиот јазик е „Џошуа„ а „новозаветниот„ е Џизс.




EN - King James - Jos. 1:1Now after the death of Moses the servant of the LORD it came to pass, that the LORD spake unto Joshua the son of Nun, Moses' minister, saying,

EN - King James - Jos. 1:2Moses my servant is dead; now therefore arise, go over this Jordan, thou, and all this people, unto the land which I do give to them, even to the children of Israel.
КНИГА НА ИСУС НАВИН
Глава  1


  1 По смртта на Господовиот слуга, Мојсеј, Господ му рече на Исуса, синот Навинов, на Мојсеевиот помошник:
  2 „Мојот слуга Мојсеј почина; затоа сега стани, помини преку тој Јордан, ти и сиот тој народ, во земјата што им ја давам на Израелевите синови.

EN - King James - Lu. 1:31And, behold, thou shalt conceive in thy womb, and bring forth a son, and shalt call his name JESUS. 

MK - Библијa 1999 - Лк. 1:31И ете, ќе зачнеш и ќе родиш Син, и ќе Му го дадеш името Исус.

Демек, непријатно ли било да се појави Спасителот-Исус од Новиот Завет рамо до рамо со старозаветниот Мојсеј?Секако.

Денес ,на пример, кога ќе се спомне зборот „оргија„ на сите им паѓа на памет некој порнич со групњак.

И тоа не е случајно.Зборот „оргија„ на „старогрчки„ -ὄργιον-оргион денес се опишува како форма на обожување на „старогрчките„ богови во „античките „ „старогрчки„ и „старолатинскоримски„ мистериозни култови.

Бидејќи никаква далечна „антика„ не постоела, (и не можела да постои во формата во која ни е претставена ), нормално е овие „пагански„ форми на поклонување на боговите да ги поместиме во „средниот век„ при што мора да имаме предвид и да прифатиме (колку и да ни е необично) дека тие егзистирале паралелно со Христијанството (не онакво какво што е денес) или биле дел од него .

Всушност суштината на ваквите „антички мистерии„ била да се надмине бариерата  помеѓу божеството и обичните луѓе-оргијашите-оргеонес.

Денес од средновековните фантазии  при описите на она што се се практикувало во овие  церемониитешко тешко може да разликуваме што е лага а што вистина (грчкото „оргија„ на латински е маскирано во „церемонија„) .

Тука имаме од опивање, дрогирање, жртвување на животни, фаќање змии, итн, па се до самокастрација, јадење живо месо(може и човечко) и слично.

Значи денешната употреба на зборот „оргија„ не е далеку од кобожемната „античка„ употреба на истиот.

Мене да ви кажам право зборот оргија ми звучи како дел од зборот литургија.

Иако „оргиите„ означувале мистериозни церемонии за поклонување на божествата, зборот „оргија„ се закочил во антиката.

Но затоа ( наводно) по осумсто години  се откочил  „античкиот „ збор Λειτουργία, заборавен во 4 век пред нашата ера (до времето на Свети Василиј Велики  329-379 г кој наводно во 4 век од нашата ера ја воспоставил христијанската „литургија„).

„Церемониите„ во современото Христијанство денес се нарекуваат „„Λειτουργία„  -литургија . 

Литургијата означува ритуал кој се практицира како „служба„ во православната,католичката, муслиманската и еврејската богослужба.

Многу тешко ќе се пробиете низ значењето на современиот поим „литургија„.

Наводно се работи за точно пропишани правила на „црковна служба„ а црквите кои немаат вакви правила се „нелитургиски„.

Литургијата во католичката црква кобожем означува церемонија во која се вклучени верниците (народот) па оттаму и превземениот збор кој во „античката„ Атина означувал „народна работа„ ( λειτουργία или  λῃτουργία, leitourgia, од λαός / лаос, "народ" и коренот ἔργο /ерго, "работа" ). Во православието литургијата била и „заедничарење„ односно гозба.

Гледаме дека античкото значење на поимот „литургија„ е всушност „res-publica" односно „република„.

Наводно во античката Атина богатите граѓани ја финансирале државата со свои сопствени средства (делумно доброволно,делумно присилно).

Kажано со прости зборови античката литургија означувала данок наметнат на богатите граѓани.

Нели е некако необично „републиката„ да излезе од пазувите на христијанската црква?
Нели е чудно „ре-публиката„ (на грчки „политис„-градска работа) ,да се преименува во „молитва„ ?

Како можело ,почитуван мој читателе, античкиот данок врз богатите или позамрсено -„јавна та обврска која вклучува  трошок„ , да добие значење на христијанска церемонијална молитва?

Ќе се сложите дека ова не е можно по природен пат.

Без да навлегувам во историјатот на значењето на латинскиот збор „република„, за да не ни дојде премногу ,само ќе забележам само дека зборот „лит-оргија„ има повеќе логика- тоа е „народна оргија„ односно зближување на народот со Бога преку „церемонијално рушење на бариерата„.

Намерното извртување на непријатната вистина е видливо во тн „Златоустова литургија„.


Ѓаконот
Μὲ εἰρήνη ἂς παρακαλέσουμε τὸν Κύριο.

Хорот
Κύριε, ἐλέησον.

„Кирие елеисон„ е фраза на грчки која означува „Господи помилуј„.ἐλέησον-од ἐλεέω ἔλεος што значи милост ,сожалување (или на англиски pity односно средновековно француски pite.Асоцира на името на пророчицата Питија кое божем доаѓа од  Πυθία-скапува)


Покрај тоа што „хорските приредби„ биле дел од античкоатинската „литургија„,како „антички драмски приредби„, зборот „елеисон„ е созвучен со „елеуса„ -„елефса„-„елевсински мистерии„ за кои "се признава" дека се одржувале до 4 век од нашава ера(?) кога императорот „Теодосиј„(Богдан) официјално ги забранил..



Елефса кобожем бил град во близина на „античката„ Атина каде се одржувале „мистериите„ .


                                                              Елефса во 1850 г.

До него водел „светиот пат„ .

Кога одиш по патот прво го гледаш гробот на  Антемокритус(Павсаниј,Опис на Грција),потоа гробот на Молотус,потоа гробот на Кефисодорус, противникот на последниот македонски цар со име Филип, потоа гробот на Хелиодорус Халис (чиј портрет (икона?) висел во големиот храм на Атина), потоа гробот на Темистокле,потоа светото место на Лациус(латињанецот?), потоа гробот на истакнатиот харфист Никокле, потоа гробот на Теодорус познат актер во трагедии од 4 век пред нашата ера (сеуште атракција ,во времето на Павсаниј, односно 2 век од нашата ера- по 600 години ), покрај реката имало статуа на Мнесимаха, потоа најголемиот и најубав старогрчки гроб на Питониче , куртизана во Атина и Коринт , направен од нејзиниот љубовник -македонецот Харпалус кој војувал со Александар.Потаму имало група скулптури на Аполо, Атина и Деметра и храм на Афродита од неделкан камен, потоа потоци од морска вода наречени Реити кои ја делат земјата на Елефсинците од онаа на Атињаните. Зад потоците бил гробот на тракиецот Еумолпус, потоа реката Кефисус и така натаму.
Елеуса доаѓало од името на херојот Елеус,син на Хермес и Даеира.

„Свет пат„ имало и во „антички Рим„.Тој бил кобожем дел од Виа Апија(веројатно целата улица се викала „свет пат„) и покрај неа се наоѓале гробовите на славните патрициски фамилии од „антички Рим„ но и на христијански светци и папи.


Повеќе од очигледно е дека „античката Елефса„ е „опишана„ на база на средновековниот Рим кога ходочасниците оделе по „светиот пат„ се до Колосеумеот кој веројатно до 12 век воопшто не постоел бидејќи е игнориран од античките (средновековни) писатели.


Виа Апија,фантазија на 19 век



                                 Вистинската Виа Апија (копија на античкогрчката Елеуса,Елефса) во 19 век

Други гробови покрај „светиот пат„-„Via Sacra"




Идеја на Пиранези(18 век) за тоа како се градел гробот на Цецилија Метела 100-69 година пред Христа,односно како и само како можел да се изгради.
Не се гледа каде завршуваат јажињата од макарата.Да не имале и чекрек античкиве?




Monday, November 26, 2012

Но Атхенс Но Веек Но Нотхинг

Во првиот модерен „атлас„ од 1570 го има Скопје а ја нема Атина. Ја има Троја но ја нема Атина. Го има Штип,но ја нема Атина. Море и Кратово го има бе. Зачудувачки но вистинито.

Абрахам Ортелиус „Театарот на земјината топка „ Theatrum Orbis Terrarum„(кликни на линкот).

Прашањето за непостоење на „античката„ Атина во 16 век е исто толку загадочно како прашањето дали одмарале и што всушност правеле античките Грци и Римјани во Недела (се мисли на денот) ако немале седум дневна недела (како што можеби немало до 16 век бидејќи во булата со која се наредува „грегоријанската„ реформа Папата вели „да се одземат од месец октомври на тековната 1582 година 10 дена и тоа од третиот ден пред ноните (5 октомври) до претходниот ден на идите (14 октомври)„ ) .

Значи Римјаните имале а Грците немале календи се до 16 век?А што имале?

Ова едноставно прашање за тоа од кога потекнува именувањето на деновите во неделата и недела од 7 дена е толку заплеткано што оди вака. Кобожем античките Грци имале седумдневна „недела„ а деновите ги именувале според античките седум планети, видливи со голо око, односно според „боговите„: Сонце,Месечина, Арес, Хермес, Зевс, Афродита и Хронос.

Латините пак имале 8(9) дневна недела (со 8-от како пазарен ден) но меѓу 1-3 век „грчката„ недела од 7 дена толку им се допаднала што ја превзеле а потоа сите понатаму копирале од „Римјаните„.Или така некако. Неверојатно.

Папата Гргур кој правел реформи на календарот на Цезар микако ли не можел да каже „одземете ги деновите од 5ти до 14ти октомври„ во 16 век?Не можел затоа што 

Или како тоа „античките„ императори во раката држеле глобус ? Нели земјата тогаш била плоча на три кита? Или не? Како минува времето „античките„ се повеќе стануваат  исти и подобри од „средновековните„. На пример , откриен е нов Птоломеј. Се разбира во ракопис од 14 век. Човеков за јулијански календар нема појма  но барата со астрологија и се занимава со хронологија како да живеел во 16 век. Нема научно-културна еволуција на човештвото. Што знае Ветиус Валенс  што се 14 века.Земал напишал.

Антички император држи „Глобус некруцигер„
Нејсе.







Monday, October 15, 2012

Спарта или Лакедаимонија-Земја на демонските слуги

Зборот „Спарта„Σπάρτη  значи „узда„ исто како што „Albalonga" значи „бела узда„.


Другото име за Спарта е Лакедаимонија-Λακεδαίμων. Ако го разделиме зборов добиваме Λακε-δαίμων.Наводно Λακε значело „вика,рика„- со корен од 'lasko-вреска или 'lakizo-кине. Значи „врескачки дух„ или„ дух што кине„. Бидејќи ова не е стрип со Загор тешко дека Спарта била „земја на врискачките духови„.

Нашиот средновековен Плутарх од кинењето си направил приказна дека некое спартанско момче си ја искинало утробата со голи раце(пих) за да не признае дека украло лисица(?!) . Предложено е и етимологија од 'likos-волк. Волчји дух. Покахонтас.

Кобожем а и меѓудругото и статуата на Хермес кој го носи в раце детето Дионис стоела на „плоштадот „ во Спарта. Ваква скулптура е откриена во 19 век во Олимпија. Наводно „дело„ на Праксител (4 век ПНЕ).


Спарта бил град без тврдина.Нема останато ни камен кој би посведочил са некаква „античка„ величина на градот.Освен два три ѕида од „антички„ театар од „римски период„ не е пронајдено ништо друго.


ΚΑΤΑ ΜΑΤΘΑΙΟΝ 9:32 Greek NT: Greek Orthodox Church
Αὐτῶν δὲ ἐξερχομένων ἰδοὺ προσήνεγκαν αὐτῷ ἄνθρωπον κωφὸν δαιμονιζόμενον·

Додека тие излегуваа, ете, Му доведоа човек нем и опфатен од демон. 

MK - Библија 1990 - Мт. 9:32
Додека тие излегуваа, ете, доведоа еден човек нем и бесен. 

BG - Библия 1940 - Мт. 9:32
И когато те излизаха, ето, доведоха при Него един ням човек, хванат от бяс. 

BG - "Цариградска" - Мт. 9:32
И когато те излезваха, ето, доведоха му един человек нем и беснуем. 

BG - "Синодален" - Мат. 9:32
Когато пък тия излизаха, ето, доведоха при Него един ням човек, хванат от бяс. 

SR - Дан-Караџић - Мт. 9:32
Кад они пак изиђоше, гле, доведоше к Њему човека немог и бесног. 

RU - Russian Bible - Мт. 9:32
Когда же те выходили, то привели к Нему человека немого бесноватого. 

EN - King James - Mat. 9:32
As they went out, behold, they brought to him a dumb man possessed with a devil. 


Мнозина од нив велеа: „Опфатен е од демон и безумствува, зошто Го слушате?”


ΚΑΤΑ ΙΩΑΝΝΗΝ 10:20 Greek NT: Greek Orthodox Church
ἔλεγον δὲ πολλοὶ ἐξ αὐτῶν· Δαιμόνιον ἔχει καὶ μαίνεται· τί αὐτοῦ ἀκούετε;
  

Многу биле глупи овие преведувачите на Септуагинтата во Александрија.Од „добар дух„ направиле „ѓавол„. Впрочем, зборот „демон„ во ниедна смисла  го нема во Стариот Завет. 
Таму најмногу има „зол дух„ и „господов дух„ кој влегува во „пророците„ односно „јасновидците„.Само во Новиот Завет има некакви „дајмони„

Наводно „δαιμον„ во „класиката„ не означувало „зол дух„туку духовност а εὐδαιμονία-значело „среќа„. Божествената инспирација на Сократ,Платон ја опишал како „демонска„. Нека биде така.

Но што правиме со зборот „лакеј„( lackey, lacquey) кој наводно во значење на „униформиран слуга„ потекнува од 16 век.

Зборот е со нејасна етимологија.Има неколку теории

1.Од Средновековен Француски- laquais во значење на војник пешак,слуга
2.Од турски „ulak„-гласник
3.Галски-келтски-leac-kamen

λακε-денес( од каде и како не се знае) на грчки значи „лакеј„ -слуга.

Познато е дека простиот народ(староседелците) врз кој владееле Спартанците се нарекувал Илоти-Εἵλωτες,со статус „меѓу робови и луѓе„ .Името им е  навистина „божествено„ бидејќи ИЛ(Бог)-оти.

Како и секогаш зачудувачки е што Илотите никогаш не кревале востанија иако биле безобразно третирани.на пример секој Лакедамонец(Спартанец) можел да ги убие без да одговара. Половина од заработката ја давале на „привилегираните„ и слично.Или биле ментално ретардирани или едноставно никогаш не постоеле ни едните ни другите туку приказната за дупликатот на  „Римјаните„ и „Словените„(за кои "Римјаните" имале готово име десетина века пред тие да се појават на историската сцена-sclave)  фантомски одлетала во минатото.


Tuesday, September 18, 2012

Дали Турците се античките Тројанци?(2)


Кон крајот на летото на 1462, девет години по освојувањето на Константинопол, султанот Мехмед II Освојувачот ги посетил "урнатините на Илион и остатоците од античка Троја" на својот пат кон островот Лезбос. Тој бил заинтересиран за " гробовите на хероите Ахил и Ајакс ", како што вели “vir doctus et Imbriota nobilis Hermodorus Michael Critobulus"(Михаил Критовулос)во неговата историја, напишана пред 1466. Критовулос продолжува дека Мехмед ги пофалил хероите на антиката за што успеале поет како Хомер да биде нивни панегирист(портпарол) (Критовулос за себе очигледно ова не го очекувал) а Мехмед ,очигледно го имитирал Александар Македонски, кој кога го посетил гробот на Ахил наводно извикал:. "О Ахил !, Како голем човек сте пронашле голем гласник кај Хомер ".

Но, тогаш говорот на султанот се променил во политички и во неговата изјава ја срочил својата идеологија и својата улога во историјата:

„Бог го резервира за мене, низ толку долг период повеќе години, правото да го одмаздам овој град и неговите жители. Зошто ги покорив неговите непријатели и ги ограбив нивните градови и ги направив на "плен на Мизијците". Хелените и Македонците и Тесалијците и Пелопонесците го пустошеа ова место во минатото, а нивните потомци сега, по долг период на години, преку моите напори ја платија казната за неправдата извршена врз нас Азијатите и во тоа време и многу често во подоцнежните времиња. „

Оваа изјава е интересна од повеќе аспекти и покренува различни прашања.

Зошто освојувањето на Византија, а особено на Константинопол може да се толкува како казна?
Слично на другите религии, со развиена есхатологијата, Евреите, Христијаните и Муслиманите веруваат дека несреќите од сите видови мора да се толкуваат како божја казна за гревовите. Познати примери во византиската историја се современите описи на немирите Ника или освојувањето на Константинопол од крстоносците во 1204 година , а подоцна византиските неуспеси во политичките односи на западните држави.

Интерпретацијата на триумфот на Отоманите над Византија во 1453 година како казна што е испратена од Бога е потврдена од страна на многу извори. Општото мислење на византиските историчари и други современици било дека Бог го дозволил освојувањето на Константинопол од страна на Турците во 1453 година како казна.

Историчарот Дукас на пример, верува дека нивниот најголем грев било прекршувањето на заклетвата во корист на унијата на црквите, која тие ја дале на Советите во Лион (1274) и Фиренца (1438/9), додека за Лаоникус Халкокондилес , навистина поради падот на Троја под Грците ,поради пред-христијанскиот грчки бес, следувала одмазда преку опсадата и освојувањето на Константинопол од страна на Турците. Според Критовулос ова последново било пострашно од освојувањето на Троја од страна на Грците (1209/8 година п.н.е.?!?), на Вавилон од Асирците (689 п.н.е.),на Рим од страна на Галите (387 п.н.е.), на Картагина од Римјаните (146 п.н.е.) и на Ерусалим од страна на Римјаните (70 н.е.). Толкувањето на Халкокондилес и Критовулос е поддржано и од Нестор Искендер, божем очевидец на освојувањето, кој вели дека Мехмед "ги уништил истребувачите на величествената Троја".

Од каде му дошла на Големиот Турчин,Мехмед идејата за оправдување или објаснување на неговите дела преку приказните за митското минато?Знаеме дека султанот бил заинтересиран во историјата,Критовулос раскажува на пример за посетата на Мехмед на Атина во 1458:



„Тој беше во голема мера вљубен во тој град и на чудата во него(?!?,какви чуда имало во Атина во 15 век само тој си знае), бидејќи тој слушал многу убави работи во врска со мудроста и доблеста,и за многуте прекрасни дела кои тие ги направиле во своето време кога се бореле и против Грците и против варварите(?!,кој се борел Атињаните против Грците?). Потоа тој беше нестрплив да го види градот и да ја научи приказната за него и за сите негови објекти, особено за самиот Акропол, и за местата каде тие херои го владееле и ги оствариле тие работи. Тој сакаше да научи за секоја локација во регионот, за нејзината сегашна состојба, а исто така и за фактите во врска со морето во близина , нејзините пристаништа, нејзините арсенали, и, на кратко, сè. Тој виде се и беше воодушевен, и го пофали, а особено Акропол, додека си заминуваше од таму. Од урнатините и остатоците, тој ментално ги реконструира старите згради(?! ментално?), бидејќи беше мудар човек и Филхелен и голем крал, и тој заклучи како тие мора да изгледале оригинално(?!? мозок бре) Тој го истакна со задоволство почитувањето на жителите на градот кон нивните предци, и ги награди на многу начини. Тие го добија од него она што го побараа. „

Но одејќи чекор понатаму, сепак, ние ќе го прочитаме она што било вистински фокус на интерес за Мехмед:

„Кога тој ...веќе ги имаше под своја власт најголемите и најдобрите делови од Азија и Европа, не веруваше дека овие се доволни за него, ниту тој беше задоволен со она што го имаше: наместо ова тој во своите пресметки веднаш го покори сиот свет и беше решен да владее со него и да ги надмине и Александар и Помпеј и Цезар и кралевите и генералите од нивната сорта ... Неговата физичка сила многу му помогна . Неговата енергија беше заинтересирана за сè, и моќта на неговиот дух му даде способност да владее и да биде крал. Во ова, исто така, му помогна неговата мудрост , како и неговото убаво познавање на сите работи за античките. Бидејќи тој ги студираше сите списи на Арапите и Персијците, и оние дела на Грците кои биле преведени на јазикот на Арапите и Персијците-мислам особено на делата на Перипатетиците и Стоиците. Така ,тој ги искористи најважните филозофии на учителите на Арапите и Персијците.„

Гледаме дека Мехмед многу се интерсирал за „античките„.А знаел и јазици.Џакомо Лангусто(Јакопо,Џакомо Лангуши) не уверува дека Мехмед знаел три јазици :Турски,Грчки и Словенски.Султанот наводно имал „скрипториум„ кој произведувал (?!?)манускрипти на грчки за неговата библиотека.

Во Јули 1453 хуманистот Лауро Квирини запишал дека Мехмед себеси се сметал за нов Александар но и го читал Аријан „скоросекој ден„.Еве што пишувал Аријан

Но Александар рече дека сака да им се одмазди на Персијците,како одговор на нината инвазија на грција,кога ја срамниле Атина до земја и ги изгореле нејзините храмови.Тој сакаше да ги казни Персијците и за другите дела кои тие ги извршиле врз Грците.Но ми изгледа дека Александар овој пат не делувал мудро,ниту пак сметам дека ова воопшто беше соодветна казна за античките Персијци.

Мехмед воопшто не се идентификувал со Ксерксес или Персијците.Наводно ,не сакал да биде тој кој губи бидејќи во „античките „приказни секогаш победуваат Грците.Затоа Мехмед се идентификувал со Грците.

Ќе се сложите дека ова нема никаква логика.Мехмед освојувачот кој се идентификува со Грците им се одмаздува на Грците(?!?)

Максим Планудес наводно во 1305 ги превел „Метаморфозите„ на Овидиј а Мехмед едвај дочекал.Дознавајќи дека Рим е основан од неговите сонародници -Тројанците ,едвај чекал да го освои.
Дека Турците се античките Тројанци односно хомеровите „Теукри„ било општо прифатен факт.Исто така, Турците биле именувани и со други имиња како на пример Скити,Перси и др.

Веројатно Мехмед бил многу збунет околу своето „античко „ потекло.Од една страна морал да ја симне статуата на Јустинијан која стоела во Константинопол затоа што ја обележувала неговата победа над Персијците(Турци),а од друга страна да биде втор Александар.на пример тој сакал Европјаните да го нарекуваат „Кајзари Рум„-римски цезар а муслиманите Хакан или Султан ал бараин вал бахраин(Владетел/Султан на два континенти и две мориња).

Својата „историја „Критовулос му ја посветува вака:

Најголемиот Император,Крал над Кралевите,Мехмед Среќниот,Освојувач на трофеи,Триумфатор,Непобедливиот,Господар на Земјата и Морето според вољата на Бога„

имитирајќи ги(?) титулите на „античките„ римски императори.

Зошто Критовулос и други Грци(божем христијани),но и западни автори од 15 век со подготвено ги прифаќаат аспирациите на Мехмед ?Зошто директно ги охрабруваат неговите победи и им даваат екуменска историска димензија?Зошто грчките но и западните автори го опишуваат Мехмед како толку ингениозен карактер и личност?

Можеби затоа што христијанството и муслиманството се две сеуште млади фиданки од ист корен?

Еве дел од поезијата на Мехмед Освојувачот тн Диван:

Оној кој ја видел Галата не се вљубува во Фирдаус
Оној кој ја видел тенката и грациозна сакана не го спомнува повеќе името на друг љубовник
таму ја видов љубената како си го дава животот како Исус,со европски шарм,
Виталноста и живоста на нејзините усни ја прават да личи на Исус Христос,
------------------------------------------------------------------
Авни* зне дека тоа е саканата која те тиранизира
Кој ќе ја види нејзината коса на нејзиниот појас и нејзината локна на нејзиниот врат,не може да го негира ова

*Авни-поетски псевдоним на Мехмед.




Wednesday, September 5, 2012

Дворскиот шут-Терсит



Truth's a dog must to kennel; he must be whipp'd out, when 
Lady the brach may stand by th' fire and stink.  
The fool (King Lear)



Дека Илијада е средновековна поема нема никакво сомнение.Дури и да го занемариме опишаниот библиски обред на  жртвување на жртви паленици кои му се палат на Господа(Аполон) за да ги спаси од чума  а кои по печењето витезите подготвено чекаат да ги набодат на своите виљушки(!?) никако не може да се голтне епизодата со дворскиот шут Терсит со која започнува второто пеење.



Дворскиот шут не служел само за шеги и забава на ренесансните владетели туку и за критика на нивното однесување.Наводно Елизабета I од Англија,строго го критикувала својот дворски шут затоа што не бил доволно остар кон неа.
Само во ова светло( и никако поинаку) може да се разбере почетокот на второто пеење на Илијадата на Хомер.
Описот на Терсит е опис на вистински шут.Според „Хомер„,тој бил „најгрд од сета војска под Илион„,кривоног,подгрбавен,куц,со шилеста глава(?!).Јас богами шилеста глава не сум видел ама шилеста капа ми е нешто многу познато.

За илустрација, неколку „надгледни примери„ од 14,15 и 16 век.


Шутот покажува кон Господ на небото

Шутот танцува покрај библискиот Давид


Елена Тројанска на пат кон храмот на венера.Шутот (во преден план десно) на грбот носи мајмунче.

Александар Mакедонски седи на тронот.Шутот се мува околу бунарот(фонтаната?).
Шутот тропа на вратата со своето жезло

Шутот јава на своето жезло


(Шутот) Терсит нема милост ни кон Ахил ,ни кон Одисеј ,ни кон Агамемнон.Прашање е како „обичен војник„ како Терсит се осмелувал да се дере и да 'ржи на Агамемнон.Кога Одисеј ќе истрча да го смири,оправдувањето што Терсит може да се провлече со остриот говор е неговиот изглед(?!?).Одисеј се заканува дека ќе му ја соблече „кошулата„ и плаштот и ќе го исфрли гол од собранието а потоа го удира со жезло по грбот (прашање е чие жезло?,веројатно жезлото е на шутот Терсит,бидејќи шутот секогаш носи жезло.Некои измислуваат дека жезлото е на Агамемнон,но тоа Хомер никаде не го вели) .Терсит добива грозна рана на грбот а сите други(иако тажни) паѓаат од смеење.(?!?)

Ако не сте убедени,прочитајте ја „Троил и Кресида„ на Шекспир.Знаејќи точно каков вид карактер е Терсит - типичен „шекспировски шут„



Thursday, January 26, 2012

Возвратна посета

Секогаш ме збунувало тоа што античките Грци често патувале во Египет но античките Египќани никогаш не им возвратиле посета.Цивилизацијата на Египќаните наводно била два милениуми постара од Грчката, античките Египќани имале бродови кои можат да пловат по море,но сепак Египќаните никогаш не нашле време да ја посетат Грција,нивната прва морска сосетка.

Чудно нели?Чудно е Феникијците и Минојците да можат да го крстосуваат Медитеранот а ваму,најстарата и најразвиена цивилизација на Египет-не!

Истово важи и за филозофијата.И Платон и Питагора тврделе дека тие и други грчки филозофи оделе во Египет на студии.Талес рекол дека египетските свештеници се веродостоен извор на знаење и информации.Платон студирал 13 години во Египет.Учител му бил Сехнупис,свештеник  од Хелиополис(Каиро).Подоцна кога Страбон патувал низ Египет,водичот му ја покажал куќата каде што живеел Платон.
Научниците се склони секое тврдење на античките писатели и филозофи кое не се совпаѓа со нивните теории да го сметаат за „дрдорење на старите„ .

Ама како така?Дрдореле и најголемите филозофи?

Јасно е како бел ден.Според нивните пишувања античките грци воопшто не се срамеле да кажат од каде и од кого го наследиле знаењето.За разлика од нив,на денешните научници овој факт им е мошне непријатен.

Грчките митови јасно укажуваат на фактот дека првите Грци биле всушност Египќани кои ги колонизирале островите и копното.Диодорус Сикулус вели дека Кекропс потекнувал од Египет.Тој ја основал Атина како колонија на египетскиот град Саис.Божицата Атена била всушност египетската Нет,односно "Ht".Ова се изговарало „Ат„ или „Ата„.Ова значи дека дури и во Саис во Египет ,„Нет„ се изговарало како „Атенет„.Без да се замараме со вербална гимнастика за тоа што Грците правеле со името на божицата ќе кажеме само дека хеленистичкиот писател харакс од Пергамон околу 200 НЕ изјавил дека жителите на египетскиот град Саис си го нарекувале својот град Атена.

Херодот раскажува и дека светилиштето во Додона е египетска идеја.Наводно кога бил во Египет му кажале дека Фениќаните грабнале две египетски свештенички од кои едната завршила во Додона.херодот тврди дека повеќепати слушнал во Египет дека грчката цивилизација е дете на реката Нил.

Како одговараат научниците на ова?

Одговорот е :Херодот бил голем лажго!

Сепак и за мистериите во Елеуса се смета дека се со египетски корен.Ерехтеус,нивниот основач ги направил како копија на мистериите на Изис и Озирис.

Интересно е прашањето, кој ги раздели Грците од Египќаните?