Search This Blog

Showing posts with label Greeks or Jews. Show all posts
Showing posts with label Greeks or Jews. Show all posts

Friday, February 3, 2012

Грци или Евреи (3)


Спартанците и Јудеите се браќа (и сестри).Ништо чудно што приказната за јудејските маченици мајката со седум синови кои се жртвуваат за верата ,неодоливо потсетува на приказните за мајката Спартанка која двојно се жртвува (и себе и своите синови() за повисоки идеали.

Извадок од Книгите Макавејски(2 век ПНЕ)


5.А ова е препис на посланицата која им ја напиша Јонатан на Спартанците
6„Јонатан првосвештеникот и герусијата(собрание) на старците народот и свештениците и останатиот народ (δήµος) Јудејски на Спартанците браќа да се радуваат
7.Уште порано беа испратени посланици на Ониј првосвештеникот од Ариј вашиот цар дека сте наши браќа како што е преписот во прилог
8.И го прими Ониј испратениот( ваш) човек со слава, и ги прими посланиците во кои беше изложен сојуз и пријателство.
9.Ние значи иако немаме потреба во тоа имајќи ги за утеха Светите Книги кои се во нашите раце.
10.настојуваме да испратиме дека братството и пријателството со вас да го обновиме ,за да не се оттуѓиме од вас,бидејќи помина многу време од кога ни пишавте
11.Затоа ние во секое време непрекинато и за празници и во останати установени денови се сеќаваме на вас над жртвите кои ги принесуваме и во молитвите како што е праведно и личи да се сеќаваш на свои браќа.
12.И й се радуваме на вашата слава.
13.Нас пак не обиколија многу невољи и многу војни и војуваа на нас царевите кои се околу нас.
14.Сепак не сакавме да ги вознемируваме и останатите сојузници и наши пријатели во тие војни
15.Бидејќи имаме помош од Небото која ни помага, и се спасивме од нашите непријатели,и се поништија непријателите наши.
16.Го избравме пак Нуминиј синот на Антиох и Антипатер синот на Јасон и (ги) пративме кај Римјаните да го обновиме со нив поранешното пријателство и сојуз

17.И им наредивме да дојдат кај вас и да ве поздрават и да ви ги предадат нашите посланија за обновување на нашето пријателство.
18.И сега добро ќе сторите ако на ова ни одговорите„
19.А ова е посланието кое тие(Спартанците) му го испратија на Ониј
20.„Ариј царот на Спартанците,на Ониј големиот свештеник-да се радува!
21.Се најде во списите за Спартанците и Јудеите дека се браќа и дека се од родот на Аврам
22.И сега кога го дознавме ова добро ќе сторите да ни напишете за вашиот мир.
23.А ние вам ви отпишуваме:нашата стока и нашиот имот е ваш,а вашиот е наш.Заповедаме да ви соопштат вака„
Грци или Евреи (1) http://kontraistorija.blogspot.com/2012/01/1.html
Грци или Евреи (2) http://kontraistorija.blogspot.com/2012/01/2.html

Knjige makavejske komplet


Анд зис ис Јудеја


Зум на „античка„ карта на Јудеја



Или антички кажано


Wednesday, January 4, 2012

Грци или Евреи ? (2)

Дали Исус зборувал грчки?

Колосјани 3:11

„каде нема веќе Грк ни Јудеец, обрезание и необрезание, варварин, Скит, роб, слободен, туку Христос е сè и во сè.„

Во раната хебрејска традиција народите на светот „не-Евреи„(хебрејски „goyim„,или „nokhri „,грчки „ἔθνη„или „етне„ ,„етноси„, латински „gentilis„,„gentes„ народ,клан, племе) биле срдечно третирани од Евреите.Израелските мажи се женеле со не-Еврејки какви што биле Рут и Батшеба.

Но ,кога Евреите се вратиле од вавилонското заробеништво праксата на мешани бракови завршила и станала забранета (Езра 9-12 :Затоа не ги давајте вашите ќерки за нивните синови, и не земајте ги нивните ќерки за вашите синови; не посакувајте ги никогаш нивниот мир и нивната среќа, за да станете силни, за да ги јадете најдобрите плодови на земјата и за да им ја оставите засекогаш во наследство на вашите синови).

Поделбата меѓу Евреите и не-Евреите станала многу строга и непријателска.
До периодот на  Новиот Завет таа станува комплетна па затоа Исус се обидува да го „сруши ѕидот„.

Во времето на Исус,во Јудеја се говореле три јазици : Арамејски -народен јазик,хебрејски-јазик на свештенството и старогрчки „коине„ -лингва франка на Римската империја (зачудувачки е како и колку Римјаните не успеале да го воведат латинскиот јазик како говорен јазик.Многу е веројатно дека латинскиот никогаш и не бил говорен јазик,но тоа е друга приказна).

Овде ќе прифатиме дека по освојувањата на Александар грчкиот јазик ,коине ,се проширил како говорен јазик во сите „елинистички„ региони,нешто што исто така е нон-сенс бидејќи до времето на Александар „елинизмот„ ,4-1 век ПНЕ, всушност опаѓа а не расте).

Всушност Евреите  зборувале  два јазици-грчки и арамејски а некои можеле да читаат и хебрејски.Латински не знаеле.Исус не знаел латински.Тогаш,на кој јазик Исус разговарал со Пилат?Пилат веројатно не знаел арамејски.Ако разговарале без преведувач сигурно разговарале на грчки(да разговарале со преведувач би било забележено).
Кога Исус разговарал со римскиот центурион ,на кој јазик разговарал?Центурионот можел да говори секако, но ,ако дошол од Рим во Италија ,тешко дека знаел арамејски.
Исус имал и два апостоли со типично грчки имиња,Андреј и Филип.Всушност тие веројатно биле „елинисти„ односно„Грци„.

Кои и какви биле овие "елинисти" односно ,според латинскиот превод на зборот -„Грци„?

Дела на светите апостоли 6.1


 1 Во тие денови, кога учениците се намножија, елинистите се побунија против Евреите, зашто нивните вдовици беа запоставувани при секојдневното делење на помош.

Дела на светите апостоли6.2-8


 2 Тогаш Дванаесетмината ги повикаа сите ученици и рекоа: „Не е право ние да го оставиме Божјото Слово и да служиме околу трпезите.
  3 Затоа, браќа, најдете меѓу себе седум мажи, добро посведочени, полни со Дух Свети и мудрост, на кои да им ја довериме таа должност,
  4 а ние и натаму ќе им се посветиме на молитвата и на службата на словото.
  5 И предлогот му се допадна на целото множество, па ги избраа: Стефана, маж полн со вера и со Светиот Дух, потоа: Филипа, Прохора, Никанора, Тимона Пармена, и Никола, прозелит од Антиохија.
  6 Нив ги поставија пред апостолите; а овие, кога се помолија, ги положија рацете на нив.
  7 А Божјото слово растеше и бројот на учениците во Ерусалим се зголемуваше многу. И големо множество свештеници и се потчинија на верата.
  8 А Стефан, полн со благодат и сила, правеше големи чудеса и знаци во народот.

Овие „Грци„ се всушност Евреи кои зборуваат грчки.Ова се потврдува во Делата на светите апостоли 9.29 каде се вели

29 проповедајќи смело во Господовото име. Зборуваше и се препираше со елинистите, а тие гледаа да го убијат.

„Грци„ или „елинисти„ се всушност Евреи ,кои имале свои синагоги ,дури и во Ерусалим.

Значи,дали Исус и Апостолите зборувале грчки?

Веројатно ,да.

На пример Исус патува во Тир и Сидон и разговара со една жена -Сирофеничанка.
Евангелие според Марко 7
24 Се крена оттаму и отиде во Тирскиот и Сидонскиот Крај. Влезе во една куќа и сакаше никој да не го дознае. А не можеше да остане скриен.
25 Кога чу за него една жена, чија ќерка беше опфатена од нечист дух; таа дојде и падна пред Неговите нозе.
26 А таа жена беше Елинка, родум Сирофеничанка. И Го молеше да го истера бесот од ќерка и.
27 А Тој и рече: „Остави прво да се наситат децата, зашто не е добро да им се земе лебот на дечињата и да се фрли на кученцата.”
28 Таа пак одговори: „Да, Господи! но и кученцата под трпезата јадат од трошките на децата.”
29 И и рече: „Заради тој збор - оди си - бесот излезе од ќерка ти.”

или
Евангелие според Јован 12


20 Меѓу поклониците, дојдени на празникот, имаше и некои Грци.
21 Тие му пристапија на Филипа, кој беше од Галилејска Витсаида, и го помолија, велејќи: „Господине, сакаме да Го видиме Исуса.
22 Филип отиде и му кажа на Андреја; потоа Андреј и Филип отидоа и Му кажаа на Исуса.
23 А Исус им одговори: „Дојде часот да се прослави Човечкиот Син.
24 Вистина, вистина ви велам, ако пченичното зрно не падне во земјата и не умре, останува само; а ако умре, донесува многу плод.
25 Кој го љуби својот живот, ќе го изгуби, а кој го мрази својот живот на овој свет - ќе го запази за вечен живот.
26 Ако некој Ми служи Мене - нека Ме следи; каде Сум Јас, таму ќе биде и Мојот слуга. Ако некој Ми служи Мене; Мојот Татко ќе го почитува него.”

Филип и Андреј очигледно разбирале грчки .Исус кој живеел во Галилеја ,која била Галилеја
„ на народите„ односно на „не-Евреите„ ,очигледно мора добро да разбирал и зборувал грчки.


(Евангелие според Матеј 4


15 ”Земјата Завулонова и земјата Нефталимова, на пат кон морето, од другата страна на Јордан, Галилеја на народите;
16 народот, кој седеше во темнина, виде голема Светлина, и на оние, кои седеа во пределот и сенката на смртта, на нив им изгреа Светлина.”)

Да застанеме и да размислиме.Не се сочувани  ранохристијански документи на арамејски.
Најстарите документи и фрагменти на Новиот Завет се на грчки.
Наводно Папиас од Хиераполис изјавил дека Матеј ги собрал „изреките на Исус„ на арамејски.Но тоа арамејско издание никој не го видел.
Се што имаме е на грчки.
Дека постоеле Евреи и Евреи-Грци е повеќе од јасно од наведеното.
Дури и зборот „синагога„ за еврејските храмови е грчки- „συναγωγή ,синагоге„собир,собрание.


Етни(народ) значи не-Евреи.Грци-Елини,значи во суштина Евреи по род ,но ,Евреи кои зборуваат грчки.


Делува збунувачки.Но ,ова докажува дека проповедите на Исус и посланијата на Апостолите,веројатно се упатувани на Евреи по род од Палестина и од дијаспората (а тоа е целата „Грција„ како што видовме претходно а не на некој особен род -народ со име Грци).

Според раскажувањата на Филон Јудеецот ,во Александрија во 38 година НЕ,избувнал првиот бунт на Евреите во Римското царство.Причината била пристигнувањето на Херод Агрипа веднаш по неговото назначување на„ крал на Евреите„ (на сите земји,освен Јудеја)од страна на Калигула.Евреите го примиле со церемонијална помпа,но „Грците„ (читај -Евреи кои зборуваат грчки)го дотерале  познатиот идиот Карабас(зелка)и по него  извикувале „Марис!„ што на арамејски значи „Господару наш„!(Затоа што Херод зборувал арамејски,вели Филон).

Но зошто? Зошто им смета на „Грците“ некаков „крал на Евреите„ освен ако не се чувствуваат навредени што спаднале под негова власт?

За да ги избегнат консеквенците на несолената шега, било предложено во синагогите да си постават статуи на Калигула.

Мери Смолвуд во својата книга „Евреите под римска власт„ изјавува:Бидејќи Евреите беа про-римски расположени,„Грците„ станаа анти-семити„.

А кои тоа „Грци„?

Грци во Египет(а веројатно и пошироко) е само име за Евреи кои почнале да застрануваат од ортодоксната хебрејска религија и да прифаќаат делумно туѓа религија,обичаи и јазик.Оние на античките Македонци кои во Египет го донеле "елинизмот" ,старогрчкиот "коине "јазик како и дел од својот пантеон.Не е разумно да се смета дека во Александрија (или Египет)имало посебен народ со име Грци(Елини)кои не биле Евреи по род.

Според зборовите на Шерлок Холмс , по елиминирање на сите нелогичности она кое останува мора да е вистина,колку и да ни изгледа неверојатно. Евреите во Римската империја го измислиле"антисемитизмот",и тоа "погрчените" Евреи ,таканаречените "Грци".

Грци или Евреи? (1)


1Ова е родословието на Ноевите синови: Сим, Хам и Јафет, на кои им се родија синови после потопот.
2Јафетови синови: Гомер, Магог, Мадај, Јаван, Тувал, Мосох и Тирас.
3А Гомерови синови: Асханаз, Рифат и Тогарма.
4А Јаванови синови: Елисај, Тарсис, Китим и Доданим.
5Од нив се раширија народите по островите; според своите земји - секој со сопствен јазик - според своите племиња и народи.
6Хамови синови: Хус, Мицраим, Фут и Ханаан.
7А Хусови синови: Сева, Евила, Савта, Рама и Савтека. Рамови синови: Шева и Дедан.
8Од Хус се роди и Нимрод, кој стана прв велемоќник на земјата.





Во списокот на народите (Битие 10.1-32) ,кој ги наведува наследниците на Ное и народите кои потекнале од нив,Грците се јавуваат под името „Јаван„,кој е син на Јафет.
Јаван соодветствува на грчкиот збор „Јонија„,грчка област во Мала Азија.Јафет одговара на грчкиот збор „Јапет„ ,митолошкиот татко на Прометеј во грчките митови.

Два други „грчки„ народи се во списокот :Родијци ( Доданим или Роданим,се разликува во верзии на библијата) и Кипарци (Китим или Елишах).
Синовите на Шем,братот на Јафет,се Семити (името доаѓа од името Шем) вклучувајќи ги и Евреите.

Замислете си ја библиската верзија на историјата на Евреите.Во одредена точка од историјата,откако светот е уништен од потопот,народите започнуваат да се раѓаат од трите сина на Ное.Тие говорат еден ист јазик,јадат иста храна,го обожуваат истиот бог.




Согласно традицијата ,Евреите потекнуваат од Израелитите од Јужен Левант,кои имале неколку независни државички пред  да бидат освоени од Асирското и Вавилонското Царство .

Според хебрејската Библија Израелитите потекнуваат од Абрахам кој е роден во сумерскиот град Ур а емигрирал во Канаан* со семејството.Библискиот термин Израелити(или 12 племиња на децата на Израел) ја означува и историската популација на Кралството Израел.Во современа смисла Израелит значи припадник на еврејската вера.Терминот Евреи е синоним на Израелити.
*Канаан-knaʿn -χνα ,подоцна идентификувана со Феникија-Фојники/Φοινίκη .Област позната во античкиот грчко римски свет по поморска трговија и производство на црвена боја од морски полжави.

По многу генерации и по два века служење како вазална држава на Персијците,Јудеја наеднаш станува вазална држава на Македонија („грчка„ држава).

Александар ја освојува Персија а со тоа и поголемиот дел од познатиот свет.Бидејќи најголем дел од светот и припаѓал на Персија,и додека трепнеш,сега тој им припаѓа на „Грците„.
Но ова „грчко царство„не траело подолго од краткиот животен век на Александар.
По неговата смрт,царството се дели на три дела помеѓу неговите генерали.

Еден од генералите -Антигонус,а потоа и Птоломеј,го наследил Египет,друг-Селевк,го наследил Средниот Исток и Месопотамија.По два века мир под Персијците,Еврејската држава се нашла на средина меѓу борбите за моќ на две царства:Селевкидското со главен град во Сирија ,на север од државата на Птоломеите,со главен град во Египет ,на југ.

Уште еднаш Јудеја е освоена прво од едните,па од другите и го менувала вазалството од селевкидско до птоломејско.Помеѓу 319 и 302 година Ерусалим го сменил владетелот седум пати.

Како и сите други во регионот Евреите горчливо ги мразеле „Грците„.Тие биле најнеобичен народ кој дотогаш го сретнале.Во држава која била основана на чистотата на Еврејската религија,грчките богови изгледале длабоко навредливи.Во општество кое цврсто се спротивставувало на голотијата на телото,грчкиот обичај за борење без крпче облека сигурно изгледал ужаснувачки.За религија во која хомосексуалноста е криминал кон JHVH ,грчкиот однос кон хомосексуалноста ,дури и нивното преферирање на истата,сигурно изгледал неразбирливо.

Општо земено,изгледа дека во прво време „Грците„ ги оставиле Евреите на мир.Тие ,исто како и Персијците ги оставиле сами да си ја водат државата, прогласиле дека законот на Евреите е Тората и се обиделе да ја зачуваат еврејската религија.Но селевкидскиот крал Антиох(215–164 ПНЕ), во 168 ПНЕ го ограбил Храмот,во него поставил статуа на Зевс,ја забранил тората и започнал да спроведува насилна „грцизација„ врз Евреите.Против ова се побунил Јуда Макабејски**,кој собрал армија бунтовници и со партизанска борба ги победил Селевкидите,откако прво се пресметал со „грцизираните Евреи„.„Макабеј„ на еврејски значи „чекан„.

По победата Макабејците влегле во Храмот и го исчистиле од паганските обележја.За обележување на овој настан се прославува еврејскиот празник -Ханука.

За краток период државата на Евреите е слободна.

**Приказната за борбите на Макабејците е опишана во првата и втората книга на Макабејците,кои се дел од „септуагинтата„.Првата и втората книга се канонски книги на католичкиот и источно-православниот стар завет на Библијата ,но не и на хебрејската Библија.Првата книга ја претставува борбата меѓу побожните Евреи и „одметнатите„,„хеленизирани„ Евреи.Втората книга ја акцентира борбата меѓу „јудаизмот„ и „хеленизмот„


Сигурно имало Евреи кои живееле во грчките градови и пред вавилонскиот егзил,но првите организирани еврејски заедници во Грција се етаблирани околу 400 г ПНЕ.Во времето на Александар Македонски еврејските имигранти ги преплавиле „грчките„ градови во Егејот и внатрешноста.„Грците „ биле многубошци и живееле гламурозно.Евреите биле монотеисти но многумина биле привлечени од „грчката „ култура и создале класа на асимилирани ,прогрчки Евреи.

Согласно првата Книга Макабејска 15.23 по револтот на Макабејците Евреите формирале заедници во Спарта, Делос, Сикион, Самос, Родос, Кос, Горинтија, Крит, Книдус,Егина,Тесалија,Беотија,Македонија,Етонија,Атика,Аргос,Коринт ,Кипар и други градови.

Евреите биле распрснати насекаде.И овде каде што се населиле тие веројатно говореле -ГРЧКИ.

Еврејската историја во овој период е распрсната во повеќе области.Јудеја,Месопотамија и други области на Средниот Исток како и Египет.„Распрснувањето„ на Евреите е последица на освојувањето на Кралството на Јуда и депортацијата на Јудеите во 597 и 586 ПНЕ од Набуходоносор,кралот на Вавилон.Овој настан, ,е главен причинител на еврејската „дијаспора„.

Во античкиот свет не било можно да станеш натурализиран жител на некој држава ако не си роден во неа. Така ,ако си Евреин роден во Јудеја и ако се преселиш во Вавилон, Египет или Тир, си остануваш „странец„. Грците ги вовеле поимите „натурализација„ и „жителство„ со формирањето на своите градови-полиси во кои доселениците добивале еднаков третман како сите жители и можеле да уживаат слобода и просперитет.


Грчкиот бил лингва франка во „хеленистичките„ кралства.Евреите кои живееле во нив, наводно го “заборавиле„ хебрејскиот јазик и го „употребувале„ грчкиот.Околу 260 г ПНЕ некои книги на Библијата почнале да се појавуваат во Александрија на грчки.

Најголемиот настан на „хеленистичкиот„ период е преводот на еврејската Тора на грчки во Александрија. „Грците„ ја посакале за Александриската  библиотека на грчки.

Македонско-Египетскиот крал Птоломеј наводно наредил целата Библија да се преведе на грчки од 70 преведувачи.Овој превод е познат како Септуагинта. Всушност,Евреите кои живееле во Александрија воопшто не знаеле хебрејски па не „веројатно„, туку сигурно преводот на грчки е направен за нивните потреби.

Оваа постапка ќе ја претвори еврејската религија во светска религија.