Search This Blog

Loading...

Thursday, June 2, 2016

O Броех -Црноризец Храбар




Зошто покрај Глаголицата „словените„ за својот јазик ја создале и Кирилицата? Ова прашање можеби никогаш нема да биде одговорено.

При изучување на Кирилицата основното внимане им се обрува на буквите кои заради „полесна употреба„ биле смислени „по урнек на грчката Алфавита„. Постои тон литература за Буквите на Кирилицата од аспект на тоа какви се , од кои знаци се произлезени, за кои гласови се употребувани и слично. Се заборава еден друг аспект.

Добро е познато дека пред да се воведат тн „арапски цифри„ во сите „древни„ писма  буквите истовремено се и броеви. Во древната Кирилица, за да се разликува кога буквата означува број, над буквата се ставал еден знак-„титло„.

Кога ќе видите титло над некоја буква, значи дека таа не означува глас туку број.

Да го прочитаме „О писменех„ (За буквите)  на Црноризец Храбар според еден препис од 14 век (постојат 120 „преписи„ и неколку „преработки„ на ова дело, публикувани од руски научници, пронајдени од руски научници и се разбира чувани во руски библиотеки. Тестис унус, би рекле античките, тестис нулус).

Да се потсетиме и дека иако„ трактатот„ е најден како препис на Кирилица некои сметаат дека Црноризец Храбар  зборувал за Глаголицата бидејќи, „нели„, таа  наводно е постара од Кирилицата и всушност глаголицата ја смислил Св.Кирил а Кирилицата некој негов ученик кој ја „крстил„ според името на својот учител.

Јас би рекол дека  лага плус лага не може никако да стане вистина. Инсистирајќи тврдо на „вистинитоста „ на овој „трактат„ до ден денес си ги будалееме децата .


Ќе ни треба и таблица со броевите односно азбука,тое е едно исто само што над буквата се пишувала легната брановидна цртичка-титло:





Сите ја знаеме содржината на овој краток текст.Некој монах кој се викал Храбар или бил Храбар ја раскажува „историјата„ на Кирилицата.Вели вака:

Порано Словените немаа книги.Сеуште пагани(погани), тие читаа и гатаа со рецки. Се покрстија.Со римски и грчки букви требаше да се пишува словенскиот говор без правила.Но како може со грчки букви да се напише добро Бог или Живот или Ѕело или Црков или Чаание или Широта или Јад или Жду или Јуност  или Јазик или други зборови подобни на овие. И така беше многу години. Потоа човекољубецот Бог среди се'. И не оставајќи го човечкиот род без разум сите ги поведе кон разум и спасение.Го помилува човечкиот (?) род.И затоа му го испрати Константин Филозоф наречен Кирил.Маж праведен и искрен. 
И тој им создаде триесет и осум букви (напишано како Л со титло и осум) некои според грчките букви а некои според словенскиот говор. 
Од почеток почнува по грчки од алфа а ние од АС ,Аз од АЗ почнуваат двете.Ова се словенските букви како што треба да се пишуваат и читаат А,Б,В,Г( со титло)...(според друг препис...А,В,Г,Д,Б,итн) во словенските книги. 
Еден (во смисла самСвети Константин кого го нарекуваме Кирил (ами тој е нели е Св.Кирил а не Св.Константин?) ги создаде и буквите и преведе книги во малку години ( за кратко време,м.з.) а тие (грците?) многумина во многу години (многумина ги создавале грчките букви и долго време). 
9 (З со титло) се нивни букви а 70 (О со титло) се преведени.Затоа словенските букви се посвети и почисти.Бидејќи свет маж ги створил а грчките паганите (поганите) Елини. 
Ако некој рече дека не ги направил добро бидејќи сеуште се доправаат(?!), како одговор да им речеме:Истото се случува и со грчките
Многумина ги правеле, Акила и Симах, а потоа и многу други.Полесно е подоцна да се поправа отколку прво да се создава.Ако ги запрашаш, пак грчките книжевници: „Кој ви ги создал буквите и превел книгите или во кое време? - Тоа малцина од нив го знаат. 
А ако ги прашаш словенските книжевници (напишано-боукар) кој ви ги создал буквите и ви ги превел книгите , тоа сите го знаат(?!) и ќе ви речат Свети Константин Филозоф наречен Кирил (зошто упорно „наречен Кирил„ па „наречен Кирил„?) тој ни создаде букви и ни ги преведе книгите. 
И Методиј,неговиот брат (во друг препис стои „уште се живи оние кои ги виделе нив„) и ако ги запрашаш кога (во кое време) тие знаат и ќе речат:Во времето на Михаил, царот грчки и Борис, кнезот бугарски и Растиц , кнезот моравски и Коцел, кнезот блатенски во годината од создавање на светот 6363 (ЅТЗГ со титло) .
Преводов на  текстов е мој .Но ако го загледаме добро ќе забележиме дека над сите наведени поединечни букви стои титло.

Од овие 24 се слични на грчките букви и тоа  А,  В, Г ,Д , ЕЗ, И, І, К, Л, М, Н, О ,П,Р, ҀТ, Ѹ, Ф, Х ,Ѡ i ПѢ ,ХЛЪ ,ТЪ(24) а 38 ( ГИ со титло) по словенски јазик и тоа  Б  Ж Ѕ Л Ц Ч Ш Ъ Щ МЬ Ъ  Ѣ Ѭ  Ю  Ѧ.(15)

Од извадоков се добива впечаток дека „препишувачот„ е неписмен ,не знае да брои или испуштил некоја буква

Еве ја раната Кирилица:

А Б В Г Д Е Ж Ѕ З И І К Л М Н О П Ҁ Р С Т Ѹ Ф Х Ѡ Ц Ч Ш Щ Ъ  Ь Ѣ  Ѥ Ю Ѧ Ѫ Ѩ Ѭ Ѯ Ѱ Ѳ Ѵ

 Ако сега се запрашаме :„Колку букви навел „препишувачот„ во текстот? „ одговорот би бил-„Ниту една„. Сите букви се со титло,всушност - броеви(?).Но титлото може ли да има и друго значење?

Што значи „по словенску јазику„?Дали создавачот измислувал знаци за гласовите или позајмил букви од некоја друга словенска азбука?Храбар тврди дека Константин „создавал„-измислувал букви.Кој дел го „создал„?Грчкиот сигурно не го создал ами го превзел.Зошто да не помислиме дека и другиот дел (словенскиот) е создаден со превземање?

Очигледно е дека „создавањето„  всушност е некаква техничка работа.На пример,кодифицирање азбука за словенско писмо со кое може да се преведуваат книги.

Ако претпоставиме дека сите „древни„ азбуки: грчката ,латинската и словенската се создавани во периодот 12-13 век и сите се системи буква=број тогаш тоа се езотерични симболи.Нема да ја вклучуваме овде математиката со овие букви-броеви(трудна работа бидејќи не постои никаков декаден систем а за да напишеш 6363 доволно е и местото на бројот да го исполниш со соодветна буква која има гласовно и бројно значење)

Прво што ми паѓа в очи е бројот 6363 (6+3=9,6+3=9 6363=99 ).Да се сетиме на „ИС ХС= 90 99
Наводно 6363-5500=863 г НЕ. Но ова и според традиционалната хронологија е анахронично.Според „византиската календарска ера„ (ера е период од многу години кои започнуваат од една фиксна дата),од настанокот на светот,светот настанал 5508-5509 години  пред раѓањето на Христос.Значи 6363=854-855г.Според „александриската ера„ светот настанал 5493 години пред „инкарнацијата„.Значи 6363-5493=870 г.Не е важно.Корестената ера во овој „трактат„ со 5500 години од настанокот на светот е според некој Хиполит Римски (170-235).Кај го прочитал Црноризец Храбар Хиполита Римски?И зошто упорно вели „наречен Кирил„ оа „наречен Кирил„ ?Да не е навистина само наречен Кирил (господар,вледетел,мајстор?) од грчки  κυριος (кириос).

Бројот 6363 е без сомнение „магичен„ број и е исцицан од мал прст што се однесува до реалноста на датирањето на собитието на „измислување„ на словенските букви од еден човек.(тоа се веќе измислени букви).

Да се потсетиме дека и во Житието на Константин Филозоф,Филозофот кабалистички толкува натпис на соломонова чаша во црквата Св.Софија го растолкувал„пророштвото за Христос„:„од дванаесетта година на владењето на Соломон до царството Христово 900 и 9 години.


Постои и една чаша во Света Софија од скапоцен камен, направена од Соломон, и на неа букви еврејски и самарјански напишани на страна, кои никој не би можел ни да ги прочита ни да ги преведе.Зел Филозофот и ги прочитал и ги превел.
Во првиот раб пишувало: "Чашо моја, чашо моја, пророкувај додека (сјае) ѕвездата.Напој го Бога, Првородениот, буден во ноќта. "Потоа, на другата страна: "Да се причести и Господ, создадена од едно дрво, да пие и се опие од радост и да возгласи:. Алелуја".А на третата страна : "Еве го -Принцот ќе ја види сета слава негова, и царот Давид во средината на нив " и потоа напишан бројот на 909.
Пресметал тенко Филозофот и открил: од дванаесеттата година од владеењето на цар Соломон до владеењето на царството на Христос 909 години.И ова е – пророштвото за Христос.


Ако Кирил ја сковал Кирилицата, не е јасно кој ги измислил броевите содржани во кириличните букви?Буквата Буки-Б на пример не означувала ништо а А Ас Аз-1?Буквата В- Веди=2 .Зошто?

Случаен ли е изборот на буквите кои означуваат броеви?Не.

Ц-900
Фита,Тета-9

Гледаме дека означувањето на кириличните броеви е некако „по грчки„





Разликата е во само две букви .Во Кирилицата:
Ч=90
Ц=900

Во грчката азбука „античките„
Коппа =90
Сампи=900


По хебрејски





Гледаме дека не толку според грчките „броеви„ колку според „хебрејските„ се конструирани бројните вредности на буквите во Кирилицата.Нема никаква разлика

Ч=90 ,тоа е хебрејското ЦАДЕ-90

Ц=900 според хебрејските броеви е Коф Тау Тау  100+400+400

Што пишувало на „чашата„ (која била со 4 страни) во букви ? ЦЧ?СК?ЦТ?ЦФ,CMIX?


Латините  биле поинвентивни.
I(И)=1 
V(В,У) =5 
Х(кси)=10
L(Л ,ламбда ,ламед)=50
C(Р,Ро,Коф)=100
D(Д,делта,далет)=500
М(М)=1000

Се поставува прашањето.Дали латините живееле на Марс?Од каде ги зеле броевиве?Наводно од Етрурците.(Турците?)






Боетиус ( 6 век НЕ ) и Питагора (6 век ПНЕ) се натпреваруваат во пресметување(Аритметика 1503 г)


На сликата Боетиус (користи „арапски„ броеви) и Питагора (користи „антички„ абакус) се натпреваруваат во сметање.Од каде Боетиус видел арапски броеви во 6 век ?како пресметувал Питагора со абакус 1/2 плус  2/3 ?















No comments:

Post a Comment