Веќе сум пишувал за опседнатоста со бради и црвени бради на „античките( и не само).
Никогаш не би помислиле дека маскирана во латински јазик „црвената брада„ всушност е Ahenobarbus,име презиме или којзнаешто на неколкумина антички римјани и на најстрашниот-Нерон.
Нерон-Црвенобрадиот со уметничко брадиче
Целосното императорско име на
императорот кој „свирел на виолина
додека горел Рим„ е кобожем Nero
Claudius Caesar Augustus Germanicus (15.12.37-09.06.68) но
тој „всушност„ бил роден како Lucius
Domitius Ahenobarbus, односно Величенствениот(Светиот) Куц Црнец од Германија всушност се викал Сјајниот Домаќин со Црвена
брада.
Голобрадите победници
Варваринот Црвена Брада
Цезар,бради,ѕвезди и гости
Античка брада
Светониј-Животот на Нерон
„Од семејството Домаќини(Domitian) се прославија две гранки Ќелавите (Calvini) и Црвенобрадите (Ahenobarbi). Основач на расата на вториве беше Сјајниот Домаќин (Lucius Domitius) кому додека се враќал од село му се појавиле двајца близнаци, повеличенствени од обични смртници (Кастор и Полукс,м.з.), така се раскажува, и му наредиле на сенатот и народот на Рим да им однесе вести за победа која сеуште не се случила. А за да покажат знак на нивната божественост тие го удриле по образите и неговата црна брада ја претвориле во бронзено црвена. Овој знак бил пренесен и на неговите потомци од кои повеќемината имале црвени бради.„.
----------
„Нерон се роди во Антиум, девет месеци по смртта на Тибериј, 18 дена пред јануарските календи, на изгрејсонце , така што беше допрен од сончевите зраци уште пред да го легнат на земја. Многумина веднаш направија смели предвидувања од неговиот хороскоп а забелешката на неговиот татко Домитиан беше сметана за предзнак (omen) , бидејќи додека примал честитки им рекол на пријателите дека „нешто што не е одвратно и забрането за јавност не би можело да се роди од него и Агрипина„. Вториот предзнак за несреќната иднина на Нерон се случил на денот на неговото прочистување (крштение? м.з.) бидејќи кога сестрата го замолила својот брат Гај Цезар (ди уан м.з.) да му даде какво сака име на детето тој погледнал во својот вујко Клавдиј (Куциот м.з.), кој подоцна станал император и го посвоил Нерона и му го дал неговото име. Ова тој не го сторил сериозно туку на шега а Агрипина го презирала предлогот бидејќи во тоа време Клавдиј бил предмет на потсмев во дворецот„