Search This Blog

Showing posts with label fake history. Show all posts
Showing posts with label fake history. Show all posts

Monday, January 28, 2013

За античките пистолероси




Се подразбира дека на сите ви е познато оти античкиот пиштол се нарекувал чатал.

Читајќи го Аристотела и неговото дело „За Небесата„ открив дека  „Аристотел„ во 4 век ПНЕ видел некој човек што ракувал со пиштол.А бидејќи не се разбирал добро во овие работи си извел од виденото сопствени „филозофско-физички„ заклучоци.

Имено, вака вели во книга 2,глава 7 на погоре спомнатото дело

„Имаме пример со проектилите, имено , додека се движат тие се толку снажно исфрлени (испукани? м.з) така што оловните топчиња (куршуми? м.з.) се стопени а ако тие се стопени тогаш и околниот воздух мора да претрпел слично влијание (се запалил? ,м.з.).„ 
Додека проектилите (куршумите?,м.з) СЕ ТОПАТ поради нивното движење низ воздухот, кој се претвора во оган поради придвижувањето предизвикано од нивното движење, горните тела се носени од подвижна сфера, така што иако тие самите не се испукани сепак воздухот под сферата на кружно движечкото тело неопходно се загрева од неговото движење а особено во оној дел на кој сонцето е закачено за него.„

Немам намера да проверувам и да се смеам на тоа во кој дел било „закачено„ сонцето , доволно е што сфатив  дека сета оваа „филозофија„ за движењето на „небеските кристални сфери„ е смислена дури по измислувањето на огненото оружје.(Александар можеби  носел и пиштол во тангата).

Тешко е веројатно дека некој може да стопи оловен куршум со негово „испукување„ од  антички чатал.Освен Голијат ,не е опишано во „античките медицински книги„ дека некој настрадал од рана од олово исфрлено од чатал  , односно од „оловен желад„ (glandes plumbae)- како што го нарекувале „античките„ .

49 Давид посегна со раката во торбата, извади камче од неа, и го фрли од праќката. И го погоди Филистеецот во челото; камчето му се закачи во челото, и тој падна ничкум на земјата .
50 Така Давид со камче и праќка го победи Филистеецот: го удри Филистеецот и го уби, а немаше меч во раката.



Денес не уверуваат дека ова било „фантазија на Аристотел„(дека оловото може да се стопи од снажно триење со воздухот). И  Аристотел не бил единствен.Вака на пример „фантазирал„ „Девствениот костен„ ака Публиус Виргилиус Маро во својата Енеида:


LXXV. With broidered scarf of Spanish crimson, stood A comely youth, young Arcens was his name, Sent by his father, from Symaethus' flood, And nurtured in his mother's grove, he came, Where, rich and kind, Palicus' altars flame. His lance laid by, thrice whirling round his head The whistling thong, Mezentius took his aim. Clean through his temples hissed the molten lead,And prostrate in the dust, the gallant youth lay dead.
 Во слободен превод

„НИЗ неговото чело чисто прочрчори стопеното олово
и тој се спружи во правта,галантниот младич лежеше мртов„

Извинете мој штован читателе ама да можеше со чатал затегнат со рака да се пројде „низ чело„ кому ќе му требаа пиштоли?

Додека библискиот Колозов бил повнимателен па камчето „се закачило„ во челото,„Девствениот„ бил похрабар па му го протнал „стопеното олово„ низ челото.

Самата деформација на оловото не може да се случи никако освен со негово исфрлање со моќно експлозивно полнење.Дури ни барутот за ова не бил способен па до 18 век  куршумите (за пиштол) од чисто олово сосема одговарале.Нивното исфрлање од употреба поради деформација се случило подоцна, кога како иницијално експлозивно полнење почнале да се користат помоќни средства па оловните куршуми се деформирале и на крајот или останувале во цевката или патувале по лоша траекторија.

За стопено олово од триење со воздухот немам намера ни да разговарам.Оловото се топи на температура од 327,5 C а за да се стопи „во воздух„ треба веројатно да биде исфрлено со суперсонична брзина.

Завршувам со цитат од ренесансниот апокрифист со прекар „Правилно заклучуваш„ или на грчки „Аристотел„:

„ доволно кажавме за ова „


Thursday, December 27, 2012

Античка таписерија

Еден од начините да дознаете како е фалсификувана историјата е да пребарувате обично-необични поими во  „античките пишани извори„.
На пример зборовите: кола , кочија, чаша, макара, чекрек, тепих, тули, час, часовник ,итн.
Нешта кои денес  изгледаат како секојдневна работа но биле мислена именка за 90% Македонци (и поголем дел од светот )  во 19-20 век а да не зборуваме за 18,17,16,15 и така натаму се до Адам.

Изборот ми падна на зборот „таписерија„ .Зошто?

Во средниот век (15-16 век)  вештината на ткаење го достигнала нивото на кое може да се изработи текстил кој раскажува приказна,практично- „слика од конец„.

Аристократијата која можела да си го дозволи овој луксуз -тотално полудела .Таписеријата била новото сликарско платно.Но ова сликарско платно имало и утилитарна функција.Во огромните средновековни замоци каде било влажно и студено таписериите не само што разубавувале туку и топлеле.Бидејќи просториите биле со гигантски големини, за изработката на овие таписерии,кои биле и завеси и слики и теписи и прекривки, требало да се користат огромни разбои,на нив работеле многу работници  и ова чинело многу. Затоа таписериите се изработувале само по нарачка.Сликите од конец биле приказ на богатството и моќта па за да замислиш дека некој масовно произведувал таписерии за продажба со векови пред или во времето на Исус (пред 20-тина векови ) треба да си голем морон.

Да не влегле таписериите во мода веројатно би задоцнила и „индустриската револуција„ која започнала со ставање во погон на првите ткајачки машини.

Како претходно се ткаеле секојдневни ткаенини за облека и кој и каква ткаенина можел да си дозволи знаеме од нашите баби и дедовци кои до 20 век (а некаде и денес) носеле тн „народна носија„-секојдневна облека која во голем дел сами ја изработувале.Во оваа смисла тие биле поназад и од библиските луѓе.

Дека шарениот текстил бил „чудо невидено„ докажува на пример Хенри VIII гордо „се сликал„ вака


Принцот Едвард,Хенри VIII и Џејн Сејмур околу 1545 година(16 век).Зад кралскиот престол -раскошна таписерија

Бидејќи сите до еден „антички автори„ се деца на „ренесансата„ не е чудо во својот восхит кон шарената таписерија тие несакајќи да „се издадат„ .Колку и какви кукавички  јајца положени на таписерија сум фатил ќе видите сега.

1.Хомер 850 г п.н.е

Дека Хомер не можел да се појави пред средновековните патувачки трубадури е повеќе од јасно и не само затоа што „ОДОС„ (на „словенски„ одам,ходи) има корен во библиско-античко- еврејско-арапскиот збор ХДМ-оди-Ὀδυσσεύς или латински Ulyssēs (слично на пример на нашето „улица„ кое на грчки се вели „одос„).  



Одисеј се враќа на Итака и итро разговара со својот татко да види дали тој ќе го препознае

Hom. Od. 24.3
Верувајте ми кога ви велам дека овој човек еднаш дојде  во мојата куќа додека уште си бев во мојата земја и никогаш кај мене не дошол човек кој повеќе сум го засакал.Тој ми рече дека е од Итака и дека неговиот татко се вика Лаерт, син на Арцесиус. Го пречекав домаќински и на располагање му го ставив  изобилството на мојата куќа а кога си замина му ги дадов сите ВООБИЧАЕНИ подароци.Му дадов седум таленти чисто злато, чаша од чисто сребро со изгравирани цветови. Му дадов 12 лесни наметки и исто толку парчиња ТАПИСЕРИИ ,12 еднослојни наметки,12 черги,12 убави мантии и ист број на кошули.

Значи ако занемариме што се е на број кабалистичко -астролошки по 12, „вообичаениве„ работи се чудесно нешто за периодот од пред 2900 години.Особено таписериите.
Хомер и во „Илијада„ исто така пее дека убавата Елена везела огромна таписерија со сцени од тројанската војна за време на истата таа војна.

2.Херодот 484-425 п.н.е

Се раскажува и ваква приказна. Кога Ксеркс избега од Елада, тој му ја остави својата куќа на Мардониус . Павзаниј, гледајќи ја куќата на Мардониус со изложеното злато и сребро и весело обоени таписерии, им нареди на пекарите и готвачите да подготват вечера, како што биле навикнати да прават за Мардониус . Тие ја извршија наредбата, но Павзаниј, кога ги виде златните и сребрени каучи богато тапацирани и маси од злато и сребро, и сета прекрасна послуга на банкетот, беше изненаден од сјајот пред него и на шега заповеда неговите слуги да подготват и вечера во лаконски стил. Кога тој оброк, толку различен од другите, беше подготвен, Павзаниј пукна од смеење и испрати да ги повикаат грчките генерали. Кога овие се собраа, Павзаниј им укажа на начинот на кој е сервирана секоја вечера и рече: "Мажи на Елада, јас ве донесов тука, бидејќи сакав да ви ја покажам глупоста на водачот на Мидијците, кој со вакви услови на живот, како што гледате, дошол тука за да ни ги одземе нашите имоти кои се толку бедни. "На овој начин, се раскажува, дека Павзаниј им зборувал на генералите на Грците.

Зошто сум цврсто убеден дека Херодот е средновековен лажго? Покрај кукавичките јајца положени врз ѕидни таписерии и раскошен тапацирунг на златни сребрени каучи него го предава и изјавата дека има намера да докаже дека територијата на Македонија е „дел од Грција„ а Македонците се Елини.Зошто и кому тој му го „докажува„ ова во 5 век пред Христа?(да напоменам и дека „книгата„ на „Хер-одот„ те „Кир-одотус„-„господинот што одел  насекаде„ а која се однесува токму на Македонија е „изгубена„).

Mакедонија е библиско-арапско име кое значи „напаѓа ,навлегува„ а тоа овој „антички лажго„ не го знае.Или Херодот е ренесансен или библијата е пишувана во ренесансата.Или двете.Четврто нема.


מ ג י ד ו

МГИДУ

א ר מ גדון

АРМГДУН


Цитати од Стариот завет за илустрација.Новиот завет не го земаме предвид бидејќи е подоцнежен апокриф кој може разумно да се датира најнајнај-рано во 9 век од нашата ера.
Исус Навин: 17:11 На Манасиј му припаѓаа во Исахар и во Асир; Вет-Сан со своите села, Ивлеам со своите села, жителите на Дор со своите села, жителите на Мегид со своите села; и така: три подрачја. 

Судии: 1:27 Манасиј не ги освои Вет-Сан и неговите села, ни Тахана и нејзините села. Не ги изгони ни жителите од Дора и од неговите села, ни жителите на Ивлеам и на неговите села, ни жителите на Мегида и на нејзините села. Така Ханаанците останаа и живееја во земјата. 

1 Цареви: 4:12 Вана, синот Ахилудов, во Тенахом и во Мегидон, и во сиот Вет Сан, што е покрај Сартана подолу од Езраел, од Вет Сана до Авел Меол, и до преку Јокмеам. 
9:15 Вака беше со принудната работа што Соломон ја создаде за да ги изгради Господовиот Дом, својот дворец, Милон и ѕидовите на Ерусалим, Хасор, Мегидон и Гезер. 

2 Цареви: 23:29 Во негово време фараонот Нехаон, египетскиот цар, тргна против асирискиот цар, на реката Еуфрат. Царот Јосиј тргна пред него, ама тој го уби во Мегидон, при првата средба.  
23:30 Неговите слуги му го пренесоа телото со кола од Мегидон, го префрлија во Ерусалим и го погребаа во неговата гробница. Сиот народ на земјата го прими Јоахаз, синот Јосиев; го помазаа и го прогласија за цар место неговиот татко.
1 Летописи: 7:29 Во рацете на Манасиевите синови беа Вет-Сан со своите села, Танах со своите села, Мегидон со своите села, Дор со своите села. Во нив живееја синовите на Израеловиот син Јосиф.

Захарија: 12:11 Во оној ден ќе настане голем плач во Ерусалим, како плачот во Ададримон, во Мегидонската Рамница. 

Судии: 5:19 ”Дојдоа цареви, војуваа, бој водеа ханаанските цареви, во Танаха, во Мегидската Вода(?), но не добија ни малку сребро.

Исус Навин: 12:21 танашкиот цар, еден; мегидскиот цар, еден; 

2 Летописи: 35:22 Но Јосиј не го одврати лицето од него, туку се охрабри за да се бие со него; не послушувајќи ги Нехаовите зборови од Божјата уста, дојде да се бие на Мегидонското Поле. 

2 Цареви: 9:27 Кога јудејскиот цар Охозиј го виде тоа, избега кон Вет Хаган (Градинска Куќа), но Јуј го гонеше и нареди: „Погубете го и него во колата!” Го ранија во колата на брдото Гур, што се наоѓа кај Ивлеам. Но избега во Медигон, и таму умре. 

Откровение: 16:16 И ги собра на местото на еврејски наречено Армагедон” (Рид на Мегидо)
3.Плаут 254-184 п.н.е

Pl. Ps. 1.2

Сега, значи, освен ако сите не обрнете внимание на ова обвинение, ако не ги отстраните поспаноста и мрзеливоста од градите и очите, ќе направам вашите грбови да бидат темелно обележани со драсканици, толку многу што ќе бидат пообоени од кампанијска(!) прекривка и од александриска таписерија од пурпур извезена целата со ѕверови .



4.Катулус 84-54 п.н.е.

Овој веќе зашол

Но, овој замок, низ неговите најскриени скривалишта за богатите членови на кралското семејство, блеска во сјај на злато и со сребро. Слоновата коска се белее на седиштата; пехарите светкаат на полиците; целата куќа воодушевува во раскошот на кралско богатство. Поставен во средината на зградата е невестинскиот кревет на божицата, сјајен од индиската слонова коска и покриен со црвено, обоен со розова боја на рибата- школка. Оваа ТАПИСЕРИЈА извезена со фигури на луѓе од античкото (!!!) време со воодушевувачка уметност ја отсликува храброста на хероите.
„Рибата школка„ всушност е полжав тн „Мурекс„ од кој се добивала црвена-пурпурна боја(која денес ја нарекуваме лилава или слично,а нашите стари ја нарекувале „пембе„) која била недостапна за простите народни маси и се користела само украс на  царската облека.

Пурпурна боја од полжавот Мурекс


5.Тит Ливиј 59 п.н.е.-17 н.е


  1. Заробените кралеви, Персеј и Гентиус, со нивните деца, најпрво беа донесени во Рим, и ги ставија во притвор а потоа и другите затвореници, потоа оние од Македонците и главните мажи на Грција , на кои што им беше наредено да дојдат во Рим, бидејќи од овие, не беа повикани со писмо само оние кои  си седеа дома , туку  дури и оние за кои се вели дека биле во дворците на кралевите.

    По неколку дена откако Паулус беше однесен по реката Тибар до градот, во кралска галија со чудесна големина која беше движена од шеснаесет нивоа на весла и украсена со македонскиот плен кој се состоел не само од убави оклопи, ТУКУ И ОД ТАПИСЕРИЈА, која била сопственост на кралот;...

Персеј е македонскиот крал а Гентиус-илирскиот.Победени од „Римјанинот„Емилиус Паулус.Мила моја мори мајчице.Овој Персеј имал и таписерија како Хенри осми.


6.Плутарх (царот) 46-120 н.е.Александар

Да не знаеш дека е „Плутарх„ ќе се заколнеш дека е „Шекспир во приказни„:


Plut. Alex. 49

Како резултат на ова тој беше уапсен и доведен на испрашување, другарите на царот стоеја наоколу за време на тортурата а Александар слушаше позади една обесена таписерија . Тука, како што се раскажува, слушајќи го Филота како му се заканува на Хефестион со бедни и плачки и молби, тој рече: "Со толку слабо срце си бил, Филота, и така мекушав, како си можел да ставиш рака во ваков голем потфат?„   
Откако Филота бил казнет со смрт, Александар веднаш го испратил и Парменио во Медија, човек чии достигнувања со Филип беа многу и кој беше единствениот од постарите пријатели на Александар, или главниот од нив, кој се заложи за неговиот премин во Азија, а кој од своите три сина, виде двајца убиени на претходната експедиција и сега замина во смрт заедно со третиот.
     
Шекспир „Скротување на фуријата„
         Комбинација на „Плутарх„ , „Плаут„ и „Катулус„
Gre.
First, as you know, my house within the city
Is richly furnished with plate and gold;
Basins and ewers to lave her dainty hands:
My hangings all of Tyrian tapestry;
In ivory coffers I have stuff'd my crowns;
In cypress chests my arras counterpoints,
Costly apparel, tents, and canopies, 

Fine linen, Turkey cushions boss'd with pearl,
Valance of Venice gold in needlework, 

Pewter and brass and all things that belong
To house or housekeeping: then, at my farm
I have a hundred milch-kine to the pail, (360)
Sixscore fat oxen standing in my stalls,
And all things answerable to this portion.
Myself am struck in years, I must confess;
And if I die to-morrow, this is hers,
If whilst I live she will be only mine. 

Често пати учените глави се прашуваат како можел прост човек како Шекспир да испрочита толку антички автори.„Какви бре антички „е точниот одговор на ова главоломно прашање.Веројатно многумина од „античките„ автори препишувале од самиот „Шекспир„.


Колку за илустрација.Еве го нивото на „таписериство„ во 11 век (но и ова датирање не е сигурно).

Таписеријата од Бајо-Безо,Bayeux Tapestry


Таписерија од Гирона ,Шпанија12 век

Детал од таписеријата

Thursday, December 8, 2011

Удоброт

До неодамна, Удо од Ахен го окупирал ќошето на историјата како поет, препишувач и теолошки есеист.Дури и датумите на раѓањето и смртта на овој средновековен бенедиктински монах се непознати, иако тој најверојатно живеел од околу 1200-1270 г. Една нова студија на неговата работа, сепак, довела до негово признавање како извонредно оригинален и талентиран математичар.



Додека Удо самиот е малку познат, едно од неговите дела е далеку повеќе од познато.Овој германскиот монах од 13-ти век е автор на песната наречена
Fortuna Imperatrix Mundi (Среќата, владетелка на светот) во колекцијата на средновековни андрграунд стихови сега познати како Carmina Burana.
Оркестрирана од композиторот Карл Орф во 1937 година, оваа песна на Удо денес е широко распространета како хорско дело , и „О Фортуна„ е користена од медиумите многу пати, од музика за филм до реклами за лосиони за бричење .




Првата индикација за неоткриените вештини на Удо била пронајдена од страна на математичарот Боб Шипке, пензиониран професор по комбинаторика.
На одмор, во посета на катедралата во Ахен , местото каде е погребан Карло Велики, Шипке видел нешто од што го фатило ужас.На мала сцена на Христовото раѓање која илустрирала ракопис од 13-ти век со божиќната песна, „О froehliche Weihnacht,„ тој забележал дека ѕвездата од Витлеем изгледа чудно.Испитувајќи ја до детали, видел дека позлатената слика изгледа како претстава на множеството Манделброт, една од иконите на компјутерската ера.


Откриено во 1976 година од страна на IBM истражувачот Беноа Манделброт, множеството Манделброт е најпознатиот фрактал (математички објект со својство на бесконечна деталност).Само откривањето на брзите компјутери можело да овозможи повторување на пресметките кои се вклучени - или барем така се сметало до сега.
"Бев запрепастен," реко Шипке "Тоа беше како да пронајдете слика на Бил Гејтс во свитоците од Мртвото Море .



Шипке ја посетил Баварија, каде што песните,Cantiones profanae (сега Кармина Бурана), се откриени во 1837 година.Напишани од скитници-научници и монаси во 13 век, тие биле собрани како антологија на бенедиктинскиот манастир во Беурон, во близина на Минхен, и Шипке ја започнал таму својата потрага .
Со помош на историчарот д-р Антје Еберхардт од Универзитетот во Минхен, Шипке добил пристап до црковните архиви, каде што го нашол документот наречен Codex Udolphus.Напишано на латински, со неформална маргиналија на грчки, Кодексот го носел потписот на Удо .



"И покрај тоа што бил откриен во 19 век, веднаш бил повторно одложен," рекол Шипке."


Локалните историчари кои го пронашле очигледно не биле математичари, и го обележале како нејасна теологија. Но, во него има неколку големи изненадувања."
Во последниот свој извештај, Шипке и Еберхардт го утврдиле следното:
За првата глава, Astragali (Коцка) првично се мислело дека е дискурс за злото на коцкањето.Се покажало дека истражувањето на Удо е она што ние сега би го нарекле теорија на веројатност.
Во вториот дел, Fortuna et Orbis (Среќа и круг)е опишано определувањето на Удо на вредноста на „Пи „со расфрлање на еднакви стапчиња на размерена површина, и броење на пропорциите кои лежат преку линиите.Ова е претходница на техниката на Буфонова игла , именувана по математичарот од 18-ти век заслужен за нејзиното откривање.
Ова е многу тежок метод, но Удо успеал да добие респектабилно- но со многу среќа* - приближување до 866/275 (3,1418 ...) и имал доволно доверба во методот за да ја оспори вредноста на Пи = 3 -имплицирана во Библијата.
(*велиме среќа ", бидејќи методот на Буфон конвергира исклучително лошо, и можно е Удо да го постигнал овој добар резултат со исправно избирање на запирката - можеби под влијание на 3,1418 цитиран од страна на неговиот современик, Леонардо Пизано, инаку попознат како Фибоначи).
Шипке рекол: "Она што беше интересно е дека ние погледнавме повторно во зборовите на „ О Фортуна„, и одеднаш тие си дојдоа на место :
– О среќо/ како месечината / променлива во движењето / Фрлени сме надолу / како сламки по изорана нива / Нашите судбини мерат / вечен круг



  • ова е многу јасна алузија на методот со игла на Буфон„ .
Последната и најдолгата глава, Salus (Спасение), е најрадикалната работа на Удо. Множеството на Манделброт, седум века пред Манделброт.
Под описот била извлечена прва груба слика на множеството на Манделброт , која Удо ја нарекол "Divinitas" ("Бог"). Тој го поставил во една рамка120x120 , го нарекол "columbarium" и евидентирал дека му биле потребни девет години за да го пресмета, па дури и со ново увезената техника на "algorism, пресметка со арапски бројки наместо со абакус.
" Се зема здраво за готово", рекол Шипке: "Дека за множеството на Манделброт има премногу пресметки за тоа да се направи без компјутери. Она што треба да се земе предвид е чистата посветеност на монашкиот живот. Ова било труд на верата, и Удо бил подготвен да работи со години. "
Зошто делото на овој талентиран математичар останало толку долго незабележано? Шипке ја обвинува специјализацијата. "Кога Кодексот бил откриен во 1879 година,морало да го види математичар, за да знае во што гледа.
И покрај граничната природа на неговата работа, Удо го импресионирал својот претпоставен,игуменот на  манастирот на Свети Умбертус во близина на Ахен. Животот на монах од 13-ти век бил многу строг.
Во вулгарните Cantiones profanae песни биле забележени уживањата во сексот, јадењето,пиењето и коцката. Во фуснота на Astragali, Удо пишувал: "Моето набројување на начините[на коцкање] му помогна мојот игумен да печали триесет и два флорини и парична нова наметка од градоначалникот на  Ирендорф, и тој ми вети помошник за мојата работа ".
Но, Удо и неговиот помошник, Телониус, веднаш се скарале . Удо отсекогаш толкувал дека Манделброт го означува Бог. Телониус имал спротивен став:дека го претставува ѓаволот. Броевите што избегале до бесконечност, тврдел Удо, се душите кои летаат слободни на небото, и оние кои се фатени во орбитата паѓаат на дното на пеколот.
Удо истакнал дека нивните разлики довеле до тоа целата работа да запре, и, конечно овие двајца монаси биле укорени од игуменот во трпезаријата.
"За жал јас пишувам", запишал Удо на последната страница на Codex Udolphus ", дека poradi болката на екскомуникацијата морам да ja одложам настрана мојата работа и моите броеви. Сум го видел царството на небесната комплексност, а моето срце е тешко што вратата сега е затворена. "
Боб Шипке коментирал:. "Тажно е дека личните разлики ги прекинале  истражувањата кои би можеле да ја преселат математиката напред со векови, но за среќа, Удо не можел комплетно да го напушти предметот на својата работа .Со расфрлање на индиции во Cantiones profanae и цртежи во ракописите  тој ни оставил можност да ја откриеме неговата работа и да му оддадеме  признание кое го заслужува. "



Ме интересира колку луѓе во нашава држава,не само новинари, знаат кога во Европа почнале да се употребуваат арапските броеви

Сепак најголема мистерија е како со абакус и римски броеви ги граделе старите Римјани своите монументални градби како знаеле дека градбата нема да се сруши иако во неа нема заѕидано старо римско мајсторче.
Ако сметате дека нешто може да се изгради без пресметки сте се зезнале:


Витрувиус (80-15 ПНЕ) би ве демантирал со своето славно дело De architectura .