Search This Blog

Loading...

Monday, May 21, 2012

Цезар,Бради,Ѕвезди и Гости



Тajanstvo srca i života zebe,. ne poznajem ništa, a najmanje sebe. 
(Тин Ујевиќ)  


Феноменот на „Римската империја„ не престанува да ме восхитува.На пример мешаницата помеѓу „Цезарите„ и „титулата Цезар„ во „Империјата„.

Прво ,никој не знае што точно значи и значело „цезар„ низ „вековите„.Божем титулата „цезар„ се доделувала „од ракав„ и така натаму .За ова подоцна.

Германското„кајзар„ кобожем е „очигледно„ изведено од „цезар„.Се знае што значело „кајзар„.Неприкосновен водач и владетел.
Исто така ,божем и „словенското„-„цар„ е изведено од „цезар„.Се знае што значело „цар„.Неприкосновен водач и владетел.

Но....

Сепак некако врската е нејасна.„цар„ и „кајзар„ не е баш исто што и „цезар„.Цезар е наводно нешто сосема друго.

Како?Екстремно ли биле глупави Германците и „Словените„?

Еве зошто ни ги претставуваат како дибеци.

Името на титулата „цезар„ -„цар„-„кајзар„,кобожем потекнало од „презимето„ на Гај Јулиј Цезар-„римски диктатор„.Тоа е смешно и сосема сигурно- невистинито.

Наводно името и презимето „Цезар„ во средновековна Италија или на италијански „Чезар-е„ (италијаните „ц„ преч „е„ го изговараат како „ч„ ,едноставно е така и никаков „антички латински„ не можел во Италија да биде поинаков.Исто како што Грците не можат да кажат „б„ наместо „в„ ниту пред стрелачки вод, нема Италијанец кој сега секогаш и во вечни векови „ц„ пред „е„ го изговарал како „ч„) се изговарало на античкоиталијански т.е. латински  [ˈɡaːjus ˈjuːljus ˈkajsar],Гајус Јуљус Кајзар.Оп,па тоа е германското Кајзар-Кајзер ?

Етимологијата на името Џиус Џулиус Чезар односно Gaius Julius Caesar (Јулиус Кесар или Цесар,Кајсар или Цајсар) е „непозната„.

Еве што знаеле античките за ова презиме.Наводно значењето на зборот „caesar на латински било „влакнест„-„рунтав„ односно „со многу влакна„.(Нешто што можеби повторно не враќа на „барба-роса„ и на опседнатоста на „античко -средновековните „ со „античката брада„)

Кога умрел Гај Јулиј Цезар (Џиус Џулиус Чезар)(100 ПНЕ-44 ПНЕ)наводно на небото се појавила комета,знак на неговата „божественост„.Кометата била „влакнеста„ со опашка односно со брада.Не е јасно како ова ја означува „божественоста„ на Цезар.Да се појавела кога се родил (што ни е познато од еден друг славен преседан) би имало логика.
Вака , нема логика.
Пораката на ѕвездата е „умре човекот бог – брада(цезар)„.
Што значи ова? Не ли е ова извртена приказна од онаа на „спасителот„ кој се родил со ѕвездата?Приказна создадена откако приказната за Спасителот веќе била добро легната(се знаеле сите евангелија а ѕвездата ја има само во Евангелието по Матеј-Матеј:2:2и рекоа: „Каде е Тој кој се родил, Царот на Јудејците? Зашто ја видовме Неговата ѕвезда на исток и дојдовме да Му се поклониме.” Матеј: 2:7 Тогаш Ирод ги повика тајно мудреците и внимателно го научи од нив времето, кога се појавила ѕвездата,
2:9 Тие, откако го ислушаа царот, тргнаа, и ете, ѕвездата, што ја видоа на исток, одеше пред нив додека не дојде и не застана над местото каде беше Детето.
2:10 И кога ја видоа ѕвездата, се зарадуваа со многу голема радост.)
 Се разбира Матејникаде не вели дека ѕвездата е „цезареста„ те „брадеста„ односно дека е комета. Веројатно ѕвездата од Евангелието е ѕвездата Деница,односно планетата Венера. Венера (Деница,Вечерница)е позната како "ѕвезда вечерница", кога се гледа по заоѓањето на Сонцето, односно "ѕвезда деница" кога се гледа пред неговото изгревање (Откровение: 8:10  Бездната.
22:16 ”Јас, Исус, го испратив Својот ангел, да ви го посведочи ова на црквите. Јас Сум корен и род Давидов; сјајната ѕвезда Деница!”
Откровение2:28 И ќе му ја дадам ѕвездата Деница. )
На создадената приказна за „ѕвездата Деница-водилка кон божественото новороденче„ се накалемило набљудувањето на некоја комета и можеби произлегла и легендата за „човекот со брада„.
Ѕвездата од приказната добила брада.(Обично за кометите велат дека имаат „опашка„ но тоа е пренасочување т.е. Може да се каже дека ѕвездата има брада(на пример како Бог што прво себеси си направил брада.Можеби ѕвездата е замислувана како Бог со брада кој ги води 
мудреците кон новороденчето Исус.Но можеби и се е продукт на кујната на 17-19 век).

Да ја илустрираме приказната за „Витлеемската ѕвезда„.

Џото,Поклонение на Волшебниците






Да се вратиме на Gaius JuliusCaesar (Џио Џулио Чезаре односно Џиус Џулиус Чезар).

Плиниј Постариот(божем 23 НЕ-79 НЕ за кој знаеме дека е средновековен автор ,сум пишувал претходно) тврдел дека презимето Caesar (Цезар,Чезар) потекнува оттаму што Цезар бил роден со „царски рез„ односно од зборот caedere,caes- кој на латински значи „сече„.
Бидејќи во „античкиот Рим„ операција како „царски рез„ била неизводлив чин,може едноставно да си претпоставиме дека Цезар доаѓало од „месар,касап„ или „кољач„„вешт во сечење-касапење„. Historia Augusta (наводно компилација на „дела на антички автори„ од 15 век,антички како да не) има три верзии
1.Од caesaries -густа коса (Цезар е полуќелав,барем според мојата и претставата на антиквизираното средновековие )
2.Имал сјајни сиви очи -oculis caesiis
3.Убил слон-caesai -на Маварски.(Цезар чеканел пари со слонови ,наводно му било мило што викале дека цезар значи „слоноубец„.Деца ли сме ,што ли сме,не знам)

Зошто тогаш по ѓаволите токму презимето кое значи „бујна коса„„лепе очи„ и „слоноубиец„ би го одбрале и Латините Не-латините за титула на неприкосновен владетел?

Навистина нашите претци биле идиоти.Или можеби некој смета дека ние сме идиоти?
Цезар и според официјалната „наука„ бил ќелаица.
Измислен портрет на Гај Јулие Цезар,Џио Џулио Чезаре 

Колкумина слушнале дека Клеопатра VII (69-30 ПНЕ,само таа е најпозната,другите „Клеопатри „ спијат во мракот на историската „наука„ и служат само за да се збуни непријателот т.е. ние) му била љубовница на Цезар?Дека Клеопатра била Фараон?Дека откако го убиле Цезар ,му била љубовница на Марк Антониј и противничка на Октавијан Август?Сите.
Колкумина чуле дека всушност името на Октавијан Август е Гај Јулиј Цезар ?Веројатно никој.
Добро,умрел ли Цезар во 44 ПНЕ или не?



Измислен Портрет на Клеопатра VII

Не,продолжил да живее како Gaius Octavius Thurinus (63 ПНЕ-14 НЕ) кој божем му бил внук кого го посвоил „постхумно„ односно со тестамент и му го дал своето целосно име а не само презимето.

Измислен портрет на Октавијан

Зошто е потребно ова?
За кога ќе прочитате дека Цезар бил жив и во новата ера,да не се чудите.Тоа не е воскреснатиот Цезар ами внук му .

Да разјасниме скратено:


Gaius Octavius Thurinus(Џиус Октавиус Туринус) му бил внук на Gaius Julius Caesar(Џиус Јулиус Чезар).Вториов „постхумно„ го посвоил па Џиус Октавиус Туринус со тестамент и тој  станал Џиус Џулиус Чезар или Џиус Џулиус Чезар Октавиус.


Подоцна Октавиус(во превод,осмиот) ја добил титулата „Август„.Augustus -величенствениот.Оваа титула не означувала ништо ,односно не носела никаква служба или канцеларија.Само онака тој бил нарекуван Величенствен-Август односно Осмиот(Октавиан) -Величенствен(Август).

OПА.Еве го и Осман Величествениот основачот на „Османовата„ популарно „Османлиска„ империја.(наводно етимологија од „ Атаман„,од Fr. Ottoman, од It. Ottomano, од Ar. 'Uthmani "арапско машко име 'Uthman," кое на турски се изговара Othman (види Osmanli), име на основачот на династијата. Крајот изменет на италијански со формирање лажен сингулар, бидејќи -i е инфлексија за множина во италијанскиот. Бајрон го користел Othman, но малкумина го следеле).Осман Гази (гази,газва значи пљачка,напаѓа се бори(види подолу за гостин). Осман веројатно е турска варијанта на Октавијан.

Со името Август се опишувала концентрацијата на невообичаена моќ во едно лице.Оваа титула наводно најмногу и легнала на аристократијата на Светото Римско Царство (962-1806).Латинската титула на царот на Светото Римско Царство била Imperator Augustus.

Преводот на грчки на Август е „Себастос-Севастос„.Од 1-7 век во „источното римско царство„ Севастос„ се употребувало како ознака за „римските императори„.Во 7 век императорите ја усвоиле титулата „базилеус„ а „себастос„ го заборавиле па повторно во 11 век „го оживеал„ Константин IX Мономах,(1042-1055).Оттогаш божем титулата им се давала на личности кои ги симпатизирал византискиот император.Себастос значело дека тие се во роднинска врска со виизантискиот император.

Зошто Октавијан Туринус бил истовремено и Цезар и Август?

За да го има во Евангелијата.

Лука: 2:1 А во она време излезе заповед од Цезарот Август за попис на сите жители.

EN - King James - Lu. 2:1
And it came to pass in those days, that there went out a decree from Caesar Augustus, that all the world should be taxed. 

 RU - Russian Bible - Лк. 2:1

В те дни вышло от кесаря Августа повеление сделать перепись по всей земле. 



Во Евангелието според Лука може Цезар да е титула а Август да е име односно Цезар да е име(неверојатно ама еве) а Август да е титула.Пологично е „цезар„ да е варијанта на „цар„ значи царот Август.Август е име.Или групна ознака.

Но чекајте,да провериме што вели „оригиналот„ на Евангелието според Лука-Τὸ κατὰ Λουκᾶν εὐαγγέλιον

Stephens 1550 Textus Receptus

egeneto de en tais hmerais ekeinais exhlqen dogma para kaisaros augoustou (?) apografesqai pasan thn oikoumenhn

Не е „Себасту„ туку „Аугусту„ .Веројатно лично име и непреводливо на Грчки јазик.

Но можеби и Цар на Туѓинците?

IE *ghosti- странец
 IE *ghostis туѓинец странец

На фреската е лошо забришано Василеос и врз него е напишано Елинон.Потоа Василеос е додадено врз главата на Александар.Всушност пишувало"Василе ос Александр ос Ромеон Август ос .Цар Александар Август на Ромеите.Се разбира дека Александар и ниеден римски Август не можеле да се сретнат ни под разно, бидејќи Август станало титула дури по Октавијан.Но да речеме дека ова е фреска па се е возможно.


Или на грчки- „страшен „.Страшен ,странец, се зборови со ист корен.

Sebasto од  "sebezome" од„sebo„ или на „словенски„ „зебу" зебем„-имам страв,се ежам,студено ми е.

Гај ,Гаиус,Каиус,Цаиус може да е веријанта на Јесус,Исус,Џисус,Џиус.

Суетониус (Светон,69/72-130 на кој се разбира исто како на Петрарка само дестина векови порано ,животна цел му било да пишува за животите на знаменитите мажи- De Viris Illustribus  ) (пријател на измислениот Плиниј Помладиот ,веројатно средновековен фантаста како и сите други „антички„ автори) го нарекува Цезара DIVVUS JULIUS -„ Божествениот Џулиус„бидејќи со „апотеоза„  Цезар бил обожен,деифициран,претворен во бог .Покрај другите бескрајни глупости кои Светон ги пишува во своето „дело„,Животот на 12 Цезарине може да се остане рамнодушен на „животот на Божествениот Чезаре„ на кој Чезаре Борџија може вода да му носи(1475-1507).

Покрај тоа што Цезар го реновирал Капитол неколку пати,изградил и школо за гладијатори а приредувал и борби на бродови со три реда весла (весла подолги од 20 метри за веслачите на третиот спрат,може да замислите какви џинови веслале со тие весла) во специјален базен изграден среде Рим (секогаш сум се чудел како базените на античките не им засмрдувале бидејќи немало технологија на прочистување на водата а биле користени интензивно за пливање.Изгледа не ги е било гајле за хигиена.Базен пак во кој се борат вистински бродови со три реда весла и фул екипаж,во претстава за поморка битка е надвор од умот.Оправдувањето  за Свето е:по малку се занел човекот,другото е жива вистина.Бог да чува).

Има и други чуда кај Светон  за Цезар ,како освојување на пола Европа во еден месец,реформа на календарот,лепење плакати низ Рим,пливање од копно до брод со нож во една рака над водата и наметка во забите,особена почит кон Цезар од Евреите ,комета која на првите игри во негова чест сјаела 7 дена а се појавила во 11 часот (душата на Цезар), итн,итн.

За неговиот љубовен живот Светон се изјаснил дека Цезар бил "маж на сите жени и жена на сите мажи„.Навистина божествен карактер.По антички -кога се било дозволено освен она што било забрането.



Опис на погребот на Џезар(англиски)



Народен еп на Тибет е „Приказна за кралот Гезар„,Џезар всушност Цезар ПОВЕЌЕ ТУКА .

Цезар ,за ,жал никогаш не бил на Тибет.Мистерија е Како Тибетанците добиле Цезар десетина века по Цезар.
Кај Тибетанците не е како кај нас.Тие немаат „белетристика„ во која би се вброиле народните усни умотворенија за Гезар.Се разбира во нивните „световни„ дела има многу фантастика,но таа фантастика се прифаќа како реалност кој без сомнение се случува или се случила.
Не гледам никаква разлика меѓу тибетанскиот и современиот „научен и историски„ шаманизам.

No comments:

Post a Comment