Search This Blog

Wednesday, May 23, 2012

Фортуна или Божја Воља





Во римската митологија, Фортуна (еквивалент на грчката божица Tyche) била персонификација на среќа,и ја претставувала каприциозноста на животот, можела да биде претставена скриена во вел и слепа, нешто како модерната претстава за правдата.

Во римскиот календар, 11 јуни било празник на Фортуна, со голем фестивал Fors Fortuna на 24 ти  .

Кобожем Фортуна била почитувана  од мајките а нејзиниот култ бил воведен во Рим од страна на Сервиус Тулиус(6 -ти век ред нашата ера). Фортуна имала храм во Форумот Боариум, јавно светилиште на Квиринал, како старателка на Римјаните, Fortuna Populi Romani,"Фортуна на римскиот народ" имала и „пророчиште„ во Пренесте каде иднината ја претскажувало мало момче со бирање на дабови прачки на кои била испишана иднината.

Фортуна била почитувана низ целиот римски свет  ,со голем број на храмови под различни имиња.Фортуна не била секогаш позитивна: имало Сомнителна Среќа (Fortuna Dubia), или "Кратка Среќа" (Fortuna Brevis), или Лоша Среќа (Fortuna Mala).





Дамата Среќа-Фортуна му се појавува на Бокачо



Нејзиното име наводно потекнувало од италската божица Вортумна(вртимна ,вртимна, вртам-не треба посебно објаснување на коренот на зборов )„онаа која ја врти годината„.(го врти тркалото на годината).

Ништо не се променило од 6 век пред нашата ера до 14-15 век од нашава ера,односно 20 века.Фортуна и натаму се почитувала во „средниот век„ и покрај тоа што во средниот век наводно Христијанството било она кое триумфирало.

Но ,за да постои некаков пример кој го врзува 6 век ПНЕ со 14 век од НЕ се наведува некаков божемен филозоф од 6 век НЕ наречен Боетиус.Боетиус бил типичен средновековен сезнајко кој знаел се:филозофија,аритметика,астрономија,геометрија,музика а бил и извонреден теолог плус маченик (празникот му е на 23 Октомври).

Неверојатно е какви умови имало некогаш.

Главно дело на Боетиус е Утеха на Филозофијата во кое е изложена идејата за теолошката каузалност односно дека случајното и често уништувачко вртење на Тркалото на судбината всушност е неизбежно и веќе запишано и дека и најслучајните настани се дел од скриениот божји план кој никој не би требало да се осмели да го измени.Настаните,личните одлуки,влијанието на ѕвездите,се само спроведувачи на Божествената Воља.Веројатно,бидејќи светото писмо не можело да ги одговори сите прашања на животот,била прифатена Фортуна.И тоа како прифатена.Кобожем под влијание на делото на „Боетиус„, Тркалото на среќата се појавувало насекаде,од ситни минијатури во ракописните книги до огромни витражни прозорци како на пример оние на катедралата во Амиен (најголемата готска катедрала во Франција).Дамата Фортуна (Среќа) обично е претставувана во натприродна големина за да се нагласи нејзината важност .

Тркалото традиционално има 4 лопатки (поделено е на 4 дела ) кои ги означуваат стадиумите на животот претставени со човечки фигури.

Лево regnabo(ќе владеам) на врвот regno(владеам),десно надолу regnavi(владеев) и најдолу на дното sum sine regnoез власт сум).



Средновековните претстави за Среќата ја нагласуваат нејзината дуалност и нестабилност,таа е слепа но без вага,слепа за правдата.Неретко нејзината шарена облека и дрска појава означува проститутка.Таа била асоцирана со рогот на изобилство,кормило на брод,топка и тркало.



Лисицата Рејнарт како Папа и Антихрист  ,Германија (ок.1470-80)

Во втората половина на XIII век, во Couronnement де Renart (Крунисувањето на Ренарт), лисицата ќе биде прогласена за крал со одобрение на кралот пред умирање, Нобел(благороден), занесена од Гордоста, Зависта, и Renardie (= Итрината), симболична приказна која го отсликувала она што може да се случи на дворот на Фландрија, ако не се воспостави  закон, приказна која отсликува свет каде што старите доблести се мртви, каде триумфираат егоистичните амбиции, предавството и лицемерието , и каде што авторот е во согласност со добро востановената традиција против пороците на векот. 
И на крајот на истиот век, во Renart le Nouvel(Новиот Ренарт), Ренарт сонува за убиството на кралот, со цел да се качи на неговиот престол , и Нобел се одвојува од Бога со формирање на алијанса со Ренарт, и потоа му го препушта своето место на Ренарт кој е крунисан  од Фортуна. Ренарт ле Нувел е приказна во која Жакмарт Жиле (средновековен трубадур) покажува како лисицата  успева со својата итрина да доминира во светот: тоа е крик до светот да се разбуди и да внимава на злото кое „го расипало времето„.

Значи имаме синусоида антика, „Стар Рим „-расипано време,„мрачен среден век„-високо морално христијанско време,10-14 век повторно „расипано време„ па од 16 век-реформација-„високо морално христијанско  време„.Чудно,необично, или можеби времето секогаш било паралелно и „расипано„ и „високоморално-христијанско„ .





Среќата била сеприсутна во средновековието.Во „Пеколот„ на Данте,во седмото пеење,Виргил ја објаснува природата на среќата..Бокачо во  De Casibus Virorum Illustrium ,За животите на славните мажи, раскажува за тоа како славните мажи биле донесени до дното на тркалото.Дамата Фортуна е опишана во главата 25 од „Принцот „на Макијавели, каде тој вели дека Фортуна управува со половината од животот на човекот а со другата половина управува неговата воља.Макијавели го потсетува читателот дека Среќата е жена и дека и треба цврста,дури и насилна рака и дека таа повеќе ги сака агресивните и храбри младичи од срамежливите старци.Дури и Шекспир во својот 29 сонет пишува за дамата Фортуна


When in diſgrace with Fortune and mens eyes,
I all alone beweepe my out-caſt ſtate,
And trouble deafe heauen with my bootleſſe cries,
And looke vpon my ſelfe and curſe my fate.
Wiſhing me like to one more rich in hope,
Featur'd like him,like him with friends poſſeſt,
Deſiring this mans art,and that mans skope,
With what I moſt inioy contented leaſt,
Yet in theſe thoughts my ſelfe almoft deſpiſing,
Haplye I thinke on thee, and then my ſtate,
(Like to the Larke at breake of daye ariſing)
From ſullen earth ſings himns at Heauens gate,
   For thy ſweet loue remembred ſuch welth brings,
   That then I skorne to change my ſtate with Kings.  



Тркало на среќата од манускриптот Кармина Бурана,13 век


Бидејќи јас не верувам во антички Рим,онака како што е претставен ни дека постоела  некаква весела,среќна и организирана паганска религија со празници за разни божества пред Христијанството (Прахристијанството се појавило во најтемните делови на човечката историја.Денешното Христијанство во разни верзии е последица на некоја првобитна верзија.И не само тоа туку сите религии се последица на првобитното „христијанство„-еднобоштво) сметам дека Фортуна е измислица на „мрачниот среден век„ кога биле измислени и Фортуна и тркалото а потоа тркалото нашло широка примена а Фортуна како вештерка била палена на клада.

Тркалото е епохално откритие,есенцијално за секојдневниот живот,а не постојат податоци за негов култ или посебно обожавање.Тоа на пример е многу необично.





Прва асоцијација на Среќата во тркало и четирите стадиуми на животот ми е тн ТЕТРАМОРФ слика на Исус опколен со симболите на четирите евангелисти.




Св. Матеј е претставен како човек,Св.Марко како  лав,Св.Лука како бик а Св.Јован како орел(сокол)


Откровение на Јован,2

17 Кој има уво, нека чуе, што им зборува Духот на црквите: „На оној, кој победува, ќе му дадам од скриената мана, ќе му дадам и бел камен и на каменот напишано ново име, што никој не го знае, освен оној, кој го добива.”
18 И на ангелот на црквата во Тиатир напиши му: „Ова го зборува Божјиот Син, Кој има очи како огнен пламен, а нозете му се како сјаен бакар.
19 Ги знам твоите дела, и твојата љубов и верата и службата, и твоето трпение, и твоите последни дела, кои се повеќе од првите.
20 Но имам нешто против тебе: што ја трпиш жената Језавела, која се наречува себеси пророчица и која ги учи и ги заблудува Моите слуги, за да блудствуваат и да јадат идоложртвувано.
21 дадов време да се покае, но не сака да се покае за своето блудство.
22 Еве, ќе ја фрлам на постела, и со неа оние, кои прељубодејствуваа со неа, во голема неволја, ако не се покајат за своите дела.
23 И ќе и ги погубам децата, и сите цркви ќе знаат дека Јас Сум Тој, Кој ги испитува бубрезите и срцата, и ќе му дадам секому од вас, според неговите дела.

Типична средновековна алхемија и суровост.Зошто?

Откровение на Јован,3


13 Кој има уво, нека чуе, што им зборува Духот на црквите.”
14 ”И на ангелот на црквата во Лаодикија напиши му: ова го зборува Амин, верниот и вистинскиот Сведок; Почетокот на Божјото создание:
15 ги знам твоите дела, дека не си ни студен ни врел. О, кога би бил студен или врел!
16 Вака, бидејќи си млак, и не си ниту врел ниту студен, ќе те изблувам од Својата уста.
17 Зашто велиш: богат сум и се збогатив, и ништо не ми треба, а не знаеш дека си беден и несреќен, и сиромав и слеп, и гол.
18 Те советувам да купиш од Мене злато, пречистено во оган, за да се збогатиш; и бели облеки, за да се облечеш и да не се појави срамотата на твојата голота; и очна маст, за да ги намачкаш своите очи, за да гледаш.
19 Јас ги укорувам и казнувам оние, кои ги љубам; затоа биди ревностен и покај се!



"Алхемијата има двојна природа, надворешна и скриена или езотерична. 

Езотеричната  алхемија се занимава со обиди да се подготви супстанција, камен на мудроста, или едноставно Камен, обдарен со моќта на претворање  на основните метали олово, калај , бакар, железо, и жива во благородни метали, злато и сребро. 

Камениот исто така, понекогаш е познат како Еликсир  или Тинктура, и е заслужен не само за моќта на трансмутација на металите туку и за  продолжување на животот на неодредено време. 

Верувањето дека  Еликсирот или каменот може да се добие само преку божествената милост довело до развој на езотеричната или мистична алхемија, и тоа постепено се развило во свет систем каде световната  трансмутацијата на металите станала само симболика на трансформација на грешниот човек во совршено суштество со молитва и потчинување на Божјата воља . 

Двата вида на алхемијачесто биле измешани и неразделни но сепак, во некои мистични трактати, јасно е дека авторите не се занимавале со материјални супстанци туку го користеле јазикот на надворешната алхемија со единствена цел - изразување на теолошки, филозофски, или мистични верувања и аспирации "

(EJ Holmyard, Алхемија, Лондон: Пингвин, 1957, 15,16).

Погледнете го тетраморфот и повторно прочитајте

 Откровение на Јован,4


 2 Веднаш се најдов во духот, и ете: на небото стоеше престол, а на престолот седеше Еден;

  3 а Оној Кој седеше изгледаше како камен јаспис и сард; и божилак околу престолот, на изглед како смарагд.
  4 И околу престолот имаше дваесет и четири престоли, а на престолите видов дваесет и четири седнати старешини, облечени во бели облеки, а на главите имаа златни круни.
  5 И од престолот излегуваа секавици и гласови и грмежи; а пред престолот гореа седум огнени светила, тоа се седумте Божји Духови.
  6 И пред престолот како стаклено море, слично на кристал; а меѓу престолот и околу, четири живи суштества, полни со очи и однапред и одназад.
 7 Првото живо суштество личеше на лав; а второто живо суштество на јунец; третото живо суштество имаше лице како на човек; а четвртото живо суштество личеше на орел, што лета.

 8 И секое од четирите живи суштества имаше по шест крила, полни со очи наоколу и одвнатре; и немаат починка ни дење ни ноќе, велејќи: „Свет, свет, свет е Господ Бог Сèмоќниот, Кој беше и Кој е и Кој иде.”  

Сега сетете се на  regnabo(ќе владеам) на врвот regno(владеам),десно надолу regnavi(владеев) и најдолу на дното sum sine regnoез власт сум).

Дека откровението на Јован е средновековна мистична алхемија може да се види само од една реченица.Во времето на „откровението„ на Јован имало часовници кои мерат половина час
   
 Откровение на Јован,8


1 И кога го отвори седмиот печат, настана тишина на небото, околу половина час.  



Човек кој ќе напише „половина час„ има точна претстава за време според часовник,нешто кое не било можно пред појавата на механичките часовници.


Инквизиција на дело


Откровение на Јован,9

18 Од овие три зла - од огнот, од димот и од сулфурот, што излегуваа од нивните усти, загина третина од луѓето.
19 Зашто силата на коњите беше во нивните усти и во нивните опашки: имено, нивните опашки се слични на змиите, имаат глави и пакостат со нив.
20 А другите луѓе, кои не загинаа од овие зла, не се покајаа за делата на своите раце, да не им се поклонуваат на бесовите и на златните, сребрените, бронзените, камените и дрвените идоли, кои не можат ниту да гледаат, ниту да слушаат, ниту да одат.
21 И не се покајаа за своите убиства, ниту за своите вражања, ниту за своите блудства, ниту за своите кражби.




Тркалото е чудесна направија,се покажало и како корисно за измачување.  Се нарекувало Тркало за кршење или Тркалото на Катерина(наводно некоја Света Катерина од Александрија требало на него да биде измачувана ама кога ја ставиле на него тоа чудесно се скршило,па за секоја сигурност била обезглавена).Интензивно е употребувано во царска Русија во 18 век (можна врска на името со Катерина Велика) а го искусиле и црните робови на САД.
Во Германија(Прусија ) се користело до 1841(средина на 19 век).


                          Суровата смерт на Калас,скршен на тркало во Тулуз,во 1762

Тркалото за измачување кобожем било во употреба уште 5-6 века пред нашата ера.Се разбира дека ние не пиеме нафта па оние антички автори кои ни го пласирале ткалото на среќата и тркалото на несреќата како факт ги сместуваме во вистинското време кога живееле те во „мрачниот среден век„(кој гледаме дека според справиве за измачување траел до 18 век).

Некои од овие автори се Андокидес(440-390 пне) кој „тркалото за кршење„ на грчки го нарекува „трохос„,Антифон (480-411 пне)кој толку добро го познава инквизиторското тркало што ми иде се расплачам -ТУКА,Аристофан(446-386 пне) кој со „античкогрчкодрамскиот„ Хор предлага  некому многу многу средновековно на тркало да му се скршат нозете и рацете ТУКА и слично ТУКА,Хипократ(460-370 пне) употреба на тркалото додуша за лекување на криви коски-ТУКА,Тацит(Молчаливиот,56-117 не) критика на Цицероновото (106 -43 пне) „тркало на Фортуна„ ТУКА,Лукан (39-65 не) ТУКА,Тит Ливиј(59 пне-17 не) ТУКА итн.

Ќе забележите дека „тркалото “ многу „било популарно„ во 5-6 век п.н.е што ќе рече дека СИТЕ автори на „античката Атина„ и повторно подоцна околу 2 век п.н.е до 1 век н.е. кај „античките Римјани„ СЕ АПОКРИФИ на „мрачниот среден век„ поточно живееле  по измислувањето на ваквата „корисна направија„  најверојатно во Франција во 16 век.

Дека тркалото на среќата,односно Фортуна и Исус се две страни на една иста пара надгледно од тарот карта.Милан тарот вели:


Ѕверот и 4 те апостоли како животни.Во средина на местото на Исус ,тркалото на среќата.Така е наречена и тарот картата

Некој ќе си рече што мајка бара египетскана сфинга на картава?Сфингата е репрезентација на тетраморфот или на евангелистот Марко(лав).

Познатата египетска сфинга од Гиза(тело на лав,Св Марко)


Знамето на Венецијанската република ,Св Марко како „сфинга„




На пример познатиот „ламасу„ со тело на бик,наводно 8 век ПНЕ е Св.Лука
Свети Јован или „хиеракосфинкс„





Смоленски псалтир ,наводно 1395.Македонско царство,,Римско царство ,Вавилонско царство,Царство на ѕверот( во смер спротивно на стрелката на часовникот) .Во средина,нешто слично на магаре? Оф бре  :)Според книгата на пророкот Даниел 

 КНИГА НА ПРОРОК ДАНИЕЛ 
 Глава  7  
 3 Четири големи чудовишта излегоа од морето, секое поинакво. Првото беше како лав, а крилата му беа орловски.
  4 Додека го набљудував, крилата му се искубаа, тоа се крена од земјата и се исправи на нозе како човек, и му беше дадено човечко срце.
  5 Кога ете второто чудовиште: ете, сосем поинакво: како мечка, исправена од едната страна, три ребра и беа во устата, меѓу забите. И и беше речено: ‘Стани, најади се месо!
  6 Гледав натаму, и ете: третото чудовиште како леопард, на грбот му беа четири птичји крила: имаше четири глави, и му беше дадена сила.
  7 Потоа во ноќно видение, погледнав, кога ете: четвртото чудовиште, страшно, ужасно, вонредно силно: имаше големи железни заби; тоа јадеше здробуваше, а што ќе останеше, го газеше со нозете. Се разликуваше од претходните чудовишта и имаше десет рогови.
  8 Му ги набљудував роговите и ете: меѓу нив израсте едно мало роже; и пред тоа роже се откорнаа три поранешни рога. И ете, на тој рог имаше очи како човечки очи, и уста што зборуваше големи хули.
  9 Гледав: престолите беа поставени и Прадревниот седна. Облеката му беше како снег, влакната на косата како чиста волна, а Неговиот престол како огнени пламења и колцата како вжарен оган.
10 Огнена река течеше, извираше пред Него. Илјада илјади му служеа, десет илјади по десет илјади стоеја пред Него, судот седна, книжните свитоци се одвиткаа.


Што значи последната слика според сфаќањата на „историјата„ во 1395 (и според „Откровението„ на Јован и „прорекувањето„ на Даниел )?

Прво владеел Македонскиот цар ,па владее Римскиот цар (забележете го дијакритичкиот знак над ЦР,всушност ЦР(практично споено со ц) е кратенка на  Ц-ЕЗА-Р) па ќе владее Вавилонскиот цар ,па на крај  ѕверот (безвластие на земните цареви - sum sine regno).


Римскиот цар веќе долго владеел во 1395,едно 1700 години.Единствено нешто кое се сменило во тие 1700 години е преносот на престолот од италијанскиот Рим во Цариград.Ахм.


Се разбира никому на ум не му паѓа дека Рим е всушност Светата Римска Империја  Imperium Romanum Sacrum (IRS).
Во 1395 година цар на Светата римска империја е „добриот крал Венцеслас„(намерно извртено од Венци -слав,венец на словените,круна на словените).
Бајазит I го обезглавува Иван Шишман по битката на Косово (1394)
Јелена Груба е Царица на Босна по смртта на нејзиниот сопруг Стјепан Дабиша.
Формирано е Војводството Милано со купување на круна од Венцеслав.
Владимирската Богородица е пренесена од Владимир во Москва .Иконата според легендата,ја сликал лично Свети Лука(не би ме чудело ва да е  жива вистина а не само легенда).Преносот бил поради татарските напади на Тамерлен-Тимур(Турски „Демир„,англиски,големиот тамбураш Tamburlaine the Great ,или Аксак Тимур "Тимур Куциот"  ) .Наводно на гробот на Тимур пишувало:„Кога ќе станам,земјата ќе се стресе„.Исламот исто така проповеда „Страшен Суд„ .
Наводно клечењето на Вацилиј(цар) I Московски цела ноќ пред владимирската икона ја спасило Москва од татарските напади.Потоа иконата заради чудотворноста била задржана во Москва.






По смртта на Венцислав започнуваат тн Хуситски војни и првиот повик за религиозни реформи од Јан Хус.



Царот Венцеслав(Вацлав,Венцел) и неговата жена Софија од тн Венцел Библија(зачувани многу копии но од 15 век)

Други убави минијатури од Венцел библијата (15 век) ТУКА

No comments:

Post a Comment