Search This Blog

Thursday, May 31, 2012

Шопенхауер ,Ниче ,Вагнер? Не -Медисон Грант.


                                                                    Медисон Грант


Адолф Хитлер
Од училишните клупи ни останал силен впечаток дека нацистите на чело со Хитлер некако сами-самички ја измислиле теоријата за „вишата раса„ и „надчовекот„ и започнале да ги истребуваат луѓето -„полуживотни„ особено Евреите.
Како низ магла ќе се присетиме и дека некаква улога тука има библиофилијата на Хитлер кој ги читал Шопенхауер ,Ниче и уживал во контрапунктите на Вагнер.Каква романтика.

Силен впечаток  оставаат историските учебници.Така е и готово.Хитлер бил чудовиште.

Никој не се обидува во 21 век да расчисти по учебниците од каде му дошло на човеков таквото злобно и крвожедно учење.



Од сите книги во библиотеката која останала по Фирерот,се гледа дека најголемо влијание врз неговиот мисловен склоп извршила книгата на Медисон Грант„Крајот на големата раса„ преведена на германски во 1925 година. Медисон Грант бил американски историчар,антрополог,адвокат и „еугенист„.Во својата книга тој се обидел да докаже дека нордијската раса,произлезена од Скандинавија практично ја завојувала цела Евроазија неколку илјади години наназад благодарение на својата грамадна интелектуална и физичка надмоќ.Во последните илјада години оваа„голема раса„ божем станала генетски заслабната и загадена од „ниските раси„.Потпирајќи се на природните закони Грант сметал дека сентименталноста треба да се отфрли и чистотата на расата да се зачува со убиство на несовршените новороденчиња и стерилизација на возрасните „несовршени„ единки.



Грант напишал: "Гледиштата дека црниот роб е несреќен внук на белиот човек, но поцрнет од тропското сонце, и лишен од благодатите на христијанството и цивилизацијата, одиграло значајна улога во сентименталноста на Граѓанската војна. Потоа ни требаа 50 години да сфатиме дека способноста да зборуваш на англиски јазик, да носиш добра облека и да одиш на училиште не го прави црнецот бел . "
Во книгата Грант предупредува дека  исто така дека „треба да се внимава на полските Евреи, чии "џуџести фигури, посебен менталитет и безмилосна концентрација на сопствениот интерес се неразделни карактеристики на нивната нација"



Од истата книга, Хитлер ја извлекол легендарната изјава за "високите, синооки, руси" нордијци. (Ова исто така, потсетува на еден пропаганден филм од годините на пропагандната војна , каде што "високи,со сини очи и руси," луѓе се споредени со појавата на Хитлер, Геринг и Гебелс, не во корист на вториве, се разбира). 



Овие синооки Нормани, наводно, во праисторијата дојшле од Скандинавија и се рашириле низ речиси целиот свет, се до Кина. Грант тврдел дека достигнувања на античките Грци и Римјани, Персијци и Индијци во целост се должат на фактот дека владејачките класи во овие земји се состоеле исклучиво од претставници на Северната раса.Тука тој ги спомнува сино-зелените очи на Дариј .Падот на големите империи, Грант ги објаснува со фактот дека нордиската раса со време се расипувала од инфериорните гени на „локалците„ . Падот на Светата Римска Империја на германската нација на пример ,за него дошол како резултат на Триесетгодишната војна 1618-1648, што резултирало со уништување на две-третини од домородното население на Германија кое било „заменето„ со "инфериорни" раси од уг и исток.  Грант пишувал дека од 70-милионското население на Германската империја, само 9 милиони биле чисти Тевтонци, како што е оценето од бојата, формата и структурата на черепите. Грант, згора на се, ја напишал својата книга за време на Првата светска војна и му било многу жал што на двете страни загинале огромен број на претставници на нордиските раси. Тој дури и ја нарекол Првата светска војна, "граѓанска", односно војна меѓу претставниците на една расаа (Хитлер зборувал со жалење за истото кога Велика Британија влегла во војната).  





Некој ќе помисли дека делото на Грант било некакво ретко тајно учење, мистика и езотерија  со кое се занимавал Хитлер(често може да  налетате на „дела „ во кои Хитлер е поврзан со „мистични сили„,НЛО,библиски Антихристи,Сатани и сл).Не.Во своето дело Грант ги искомбинирал популарните расни теории и „ еугенетиката„ пребирајќи по демографските показатели и историјата,создавајќи своја уникатна но неписмена расна теорија.
Книгата на Грант станала основа на расистичката идеологија на идниот вожд,а со него и на цела нацистичка Германија.





Но Германија не била никаков „исклучок на правилото„ ниту изумител на топла вода.
Повеќе за Хитлер и неговата „лектира„ ТУКА (руски)

На интернет е објавен материјал и слики од историјата на американското еугеничко движење наречен: The Image Archive on the American Eugenic Movement www.eugenicsarchive.org/eugenics/.



Што е „Еугеника„?

Еугеника буквално значи „добри гени„.

Еугеника (Евгеника) тоа е "наука" на т.н. наследна дегенерација и методи на прочистување и зачувување на расата .

За да го постигне ова, еугениката препорачува насилно стерилизирање на ментално болните ,ментално ретардирани и епилептичните, слепи, глуви, сакати, сираци, скитници, бездомници и питачи.

Нејзините корени се во Британија во 1880 тите каде Сер Францис Галтон го кова терминот „добро потекло„.Галтон сметал дека биолошкото наследство на лидерските способности го одредило социјалниот статус на британската владеачка класа.

Од материјалите на сликите во архивата се гледа дека псевдонауката "еугеника" била длабоко вкоренета во народната култура на демократска САД.На почетокот на 20 век голем број на американски научници и политичари дошле до заклучок дека коренот на тешкотиите во општеството е исклучиво "наследната дегенерација" на оние кои Хитлер подоцна ги опишал како "речиси животни."Центар за истражување и експериментирање на еугенитаката станала лабораторијата во Колд Спринг Арбор (Cold Spring Harbor, NY) која работела во периодот 1900-1940.

Лабораторијата на пример пресметувала колку идиоти има меѓу имигрантите кои пристигнувале во САД.Поразуваат податоците со својата точност, и „научност„: меѓу руските емигранти 87% биле лица со ментална ретардација, меѓу Евреите - 83%, меѓу Унгарците - 80% меѓу Италијанците - 79% ...

Во текот на работата на Центарот за еугенични студии на присилна стерилизација биле подложени над десетици илјади "неразвиени" американски државјани.На пример,некој Џек Скинер бил подложен на стерилизација, како носител на вроден криминалитет. Три пати бил осуден за кражба на кокошки.


Во 1942, неговиот случај (Скинер против Оклахома) бил предмет на судска постапка. Потоа судијата Вилијам О Даглас ја забележал апсурдноста на фактот дека за кражба на кокошки повеќе од три пати поред законот на државата Оклахома може да се биде подложен на стерилизација, но и за тројна измама од големи размери - не.

Во друг срамен случај еугенистите процениле „погрешно наследство„ кај бебе штотуку излезено од лулка.

Во 20-тите и 30-тите учениците на средните училишта оделе навечер да го гледаат „едукативниот„ филм наречен „Црниот штрк„ .На неделните проповеди во црквите се проповедале бракови на „најдобрите„ со „најдобрите„.




Во некои држави имало закони кои предвидувале казназа прекршување на забраната за мешани бракови.Медисон Грант  напишал во својата книга (1916): "Децата родени како резултат на мешањето на белците и Индијанците се Индијанци, од мешање на црнците и белците се црнци. Општо земено, дете родено како резултат на расно мешање, ги наследува сите карактеристики на инфериорната раса ".

Според законот на Вирџинија, повеќе од 1/16 индијанска крв исклучувала голем број лица од "белите" и им забранувале да се мажат за белци.Законите за расно мешање биле укинати дури во 1963 година.

Популаризацијата на „еугеничката наука„ била финансиски поддржувана од најголемите американски корпорации.Во 1906 магнатот за овесни снегулки Џ.Х.Келог ја креирал „Фондацијата за подобрување на расата„ во Бетл Крик ,Мичиген која спонзорирала серија конференции во својот санаториум.Во 1918 е основано „Друштвото Галтон„ кое ја популаризирало еугенетиката преку свој весник „Новости во еугениката„ а исто така ја популаризирало со одржување серија меѓународни конгреси.
По 1914 студии по еугеника сте можеле да добиете на Харвард,Колумбија,Корнел и Браун.Повеќето од студентите меѓу 1918 и 1948 година ја сметале еугенетиката за легитимна наука.

Еугенетиката ,иако отфрлена како „псевдонаука„ го посеала своето семе популарната култура.
И не само во културата.Денешната „генетика„ на пример има многу сличности со еугениката откривајќи ги гените задолжени за разни интелектуални способности или социјални девијации.

Би рекол и јас дека треба да се внимава да не се повтори историјата но бидејќи не верувам во циклична историја и,ќе речам дека треба да се историјата на 19 век треба да се ревидира.Историја во која во мракот на времето грчки богови се бркаат со христијански пророци и во која  човештвото „заборава се„ па „повторно учи„е псевдо историја.

Псевдоисторијата на 19 век треба да замине во историјата ,исто како „еугениката„



No comments:

Post a Comment