Search This Blog

Tuesday, December 4, 2012

Античката Црвена Брада

Веќе сум пишувал за опседнатоста со бради и црвени бради на „античките( и не само).
Никогаш не би помислиле дека маскирана во латински јазик „црвената брада„ всушност е Ahenobarbus,име презиме или којзнаешто на неколкумина антички римјани и на најстрашниот-Нерон.


Нерон-Црвенобрадиот со уметничко брадиче

Целосното императорско име на императорот кој „свирел на виолина додека горел Рим„ е кобожем  Nero Claudius Caesar Augustus Germanicus (15.12.37-09.06.68) но тој „всушност„ бил роден како Lucius Domitius Ahenobarbus, односно Величенствениот(Светиот) Куц Црнец од Германија всушност се викал Сјајниот Домаќин со Црвена брада.


Голобрадите победници

Варваринот Црвена Брада

Цезар,бради,ѕвезди и гости

Античка брада

Светониј-Животот на Нерон

„Од семејството Домаќини(Domitian) се прославија две гранки Ќелавите (Calvini) и Црвенобрадите (Ahenobarbi). Основач на расата на вториве беше Сјајниот Домаќин (Lucius Domitius) кому додека се враќал од село му се појавиле двајца близнаци, повеличенствени од обични смртници (Кастор и Полукс,м.з.), така се раскажува, и му наредиле на сенатот и народот на Рим да им однесе вести за победа која сеуште не се случила. А за да покажат знак на нивната божественост тие го удриле по образите и неговата црна брада ја претвориле во бронзено црвена. Овој знак бил пренесен и на неговите потомци од кои повеќемината имале црвени бради.„.

----------

„Нерон се роди во Антиум, девет месеци по смртта на Тибериј, 18 дена пред јануарските календи, на изгрејсонце , така што беше допрен од сончевите зраци уште пред да го легнат на земја. Многумина веднаш направија смели предвидувања од неговиот хороскоп а забелешката на неговиот татко Домитиан беше сметана за предзнак (omen) , бидејќи додека примал честитки им рекол на пријателите дека „нешто што не е одвратно и забрането за јавност не би можело да се роди од него и Агрипина„. Вториот предзнак за несреќната иднина на Нерон се случил на денот на неговото прочистување (крштение? м.з.) бидејќи кога сестрата го замолила својот брат Гај Цезар (ди уан м.з.) да му даде какво сака име  на детето тој погледнал во својот вујко Клавдиј (Куциот м.з.), кој подоцна станал император и го посвоил Нерона и му го дал неговото име. Ова тој не го сторил сериозно туку на шега а Агрипина го презирала предлогот бидејќи во тоа време Клавдиј бил предмет на потсмев во дворецот„



3 comments:

  1. Прочитав еден дел од англискиот превод (Suetonius: The Lives of the Twelve Caesars - http://penelope.uchicago.edu/Thayer/L/Roman/Texts/Suetonius/12Caesars/Nero*.html) и одма налетав на еден куп нелогичности. Суетониус, пред да почне да пишува за Неро(н), ни го прикажува прво неговото потекло и истакнува дека и неговите предци не биле баш многу фини луѓе. Но, треба да се запази следниов детал. Еден од предците на Неро(н), поточно неговиот пра-прадедо го повикал Гајус Цезар пред суд обвинувајќи го за прекршување на законите (His son (ова е синот на пра-пра-прадедото), who was praetor at the time, summoned Gaius Caesar to an investigation before the senate at the close of his consulship, because it was thought that his administration had been in violation of the auspices and the laws).Во латинскиот текст за Гајус Цезар стои C. Caesar(em). Подоцна, како што стои и во текстот на блогот, Гај(ус) Цезар (C.Caesar)бил замолен да му даде име на Неро. Дали е ова истиот Гај Цезар кој од Пра-прадедо му на Неро бил обвинет за непочитување на законите. Гај Јулиус Цезар живеел 56 години (од 100та п.н.е до 44та п.н.е). Ќе се договорат ли веќе еднаш историчарите што значи името Цезар - титула, лично име или што и да е?
    Исто така, се спомнува и дека веднаш по раѓањето на Неро, МНОГУМИНА се обиделе да дадат предвидувања според неговиот Хороскоп. Ова звучи како астрологијата и личните хороскопи да се вообичаена практика?!
    Понатаму, Неро, по објавувањето за смртта на Клаудиј, дента „почекал“ малку за официјално да стане цар, и тоа го направил помеѓу шестиот и седмиот час... (When the death of Claudius was made public, Nero, who was seventeen years old, went forth to the watch between the sixth and the seventh hour, since no earlier time for the formal beginning of his reign seemed suitable because of bad omens throughout the day). Хм, шестиот и седмиот час,... повторно магливо мешање на средновековни технологии и античка историја.

    ReplyDelete
  2. Милан,мислам дека си забележал дека сум цврсто убеден дека сите „антички историчари„ :Светониј,Аријан,Тит Ливиј,Плутарх,ју нејм ит , се всушност апокрифи на епохата на „ренесансата„ па и подоцнежни.На пример кога ќе прочиташ дека некој„антички„ е „испечатен„ прв пат во 17 век имај во предвид дека тоа дело немало шанса да лежи некаде 20тина века.Тоа дело веројатно е продукт на истиот тој век.

    Прво на пример измислувале имиња на „античките„ а потоа почнале да ги мешаат.Истото се случува и со „црковната историја„,измислувале папи,светци и црковни дејци, а потоа почнале да ги мешаат.Или од едно име клонирале двајца,тројца,петорица-татко,вујко,син,брат.

    Тоа неретко и се признава (демек некој измислен антички се збунил во „средниот век„ во врска со некој друг поантички затоа што имале исти имиња и слични глупости).

    Апокрифите на кобожем „античките историчари„ вријат од анахронизми и бидејќи никој од авторите немал временска машина која ќе го однесе во минатото тој пишувал за „антиката„ како за своето време.Затоа таа „антика„ нам ни изгледа толку „современа„.Кога ќе читаш за поделбата на Македонија во 2 век пред нашата ера,чиниш дека таква организираност не постои ни денес:судии,сенатори,делегации,парламентарни сесии итн итн.Тоа не е ни ренесанса ,тоа се веќе идеалите на хуманизмот.

    Хороскопите се друга приказна .Можеби најантичка од сите.Човек кој не може да патува по земјата нормално е цели ноќи да гледа во небото.Многу од опишаните „антички„ и „библиски „настани се алегории на она што „се случувало„ на небото.На пример библиското име „Ерихон„ на еврејски ИРХ значи „месечина„.Има 12 хороскопски знаци и 12 апостоли,израелски племиња итн итн.

    Што се однесува пак до називот „цезар„ најлогична ми е теоријата на Морозов дека Цезар-Кесар е арамејското КШР-„цврст,постојан„ кое корен и на латинското име Констанс-Константин,на нашки Стојан,на грчки Евстатиј.Името „Стојан„ е „заштитно име„ детето треба да „стои„ да биде цврсто,да преживее(смртноста во 14-15 век на децата била над 60%).Името Стојан -Константин е име на кобожем 11 римско-византиски императори а во историјата се појавува почнувајќи од таткото на Константин Велики ,Констанциј Хлор(Постојаниот-црвенокос,црвенобрад)инаку „дарданец„-„наше горе лист „, што би се рекло,кобожем син на „Евтропиј„(со антонимно значење -променливиот).Преведувајќи од еден на друг јазик заклучуваш дека мал број зборови се рекомбинираат добивајќи безброј значења.Многу често тоа е плавокосиот,плавобрадиот(Флавиус) ,Црвенобрадиот(Ахено-барбус,Барба-роса)или Јулиус (ќос,со ретка брада) што е доказ дека колку апокрифистите и да имале фантазија не можеле да бидат претерано инвентивни . Машката брада ги држела првите места при именувањето.Логично е бебињата да не се раѓаат со брада па оттука може да заклучиме дека се до појавувањето на матичните книги децата во животот имале повеќе имиња а кога ќе пораснеле добивале и „брадести„ имиња-прекари.

    И така натаму и така натаму да не должам многу.

    Поздрави.

    ReplyDelete
    Replies
    1. Потполно те разбирам за „античкиве“, моја грешка е, не ставив наводници кога напишав дека се мешаат средновековни технологии и „античка“ историја. Според ова и терминот средновековни би требало да стои во наводници бидејќи кога нема „антика“ нема ни „средновековие“. Туку, поентата ми беше дека и во еден ваков текст кој Фоменко и другите ревизионисти не го ни спомнуваат има еден куп противречности со кои се доведува во прашање официјалната хронологија. Замисли само што може да се најде во помалку познатите или останатите „неважни“ записи.

      Delete