Search This Blog

Loading...

Friday, December 28, 2012

Библиски глупости

Покрај тоа што во Библијата има повеќе од 1001 контрадикторност во неа има и тешки нелогичности за кои е сосема неразбирливо како се протнале во„најстарата„ света книга.

На пример ,можеме да прифатиме дека Бог пуштил потоп на земјата и дека Ное со своето семејство се спасил ,земајќи со себе по еден пар животни од секој вид за да може потоа повторно да се размножат .

Но,не рекол дека ќе создаде нови животни. Видете како размислувал средновековниот ум.

БИТИЕ - ПРВА КНИГА МОЈСЕЕВА 
Глава  8  

19 И сите животни, сите лазачи, сите птици - сите созданија што се движат по земјата - излегоа од бродот, вид по вид.

20 И Ное Му изгради жртвеник на Господа; зеде од секое чисто животно и од секоја чиста птица и принесе на жртвеникот жртви паленици.

21 Господ го помириса пријатниот мирис и рече во Своето срце: „Никогаш повеќе нема да ја проколнувам земјата заради човекот; зашто човековите мисли се лоши од неговиот почеток; ниту некогаш ќе ги уништам сите живи суштества, како што направив.  

Значи Ное се измачил да спаси по еден пар животни:мајка и татко жирафа,мајка и татко слон,мајка и татко носорог,мајка и татко гулаб итн,за да може потоа да остават потомство.

Немале сите таква среќа.Веднаш штом излегле од бродот Ное на жртвеникот го цвикнал  таткото на „чистите животни„ како жртва така што кутрите женки останале без партнер за продолжување на родот.


Мозаик од базиликата Свети Марко во Венеција,13-14 век

Нема градење на никаква „арка„ (брод-ковчег) без средновековна пила.Илустрирано со мозаикот во базиликата Свети Марко во Венеција,13-14 век

Ное жртвува од СЕКОЕ „чисто„ животно по едно.мозаикот во базиликата Свети Марко во Венеција,13-14 век.

Највреден запис во „првата книга мојсеева„ преведена како „Битие„ или „Генеза„ а со оригинален назив    бил најстариот закон на земјата

Се знае,око за око ,заб за заб ,крв за крв односно „крвната одмазда„.

БИТИЕ - ПРВА КНИГА МОЈСЕЕВА
Глава  9 
   

5 А за вашата крв, за вашиот живот, ќе барам сметка: ќе ја барам од секое животно; и од човекот за неговиот брат; ќе барам сметка за човечкиот живот.
6 Кој пролее човечка крв, Човек ќе ја пролее неговата крв! Зашто Бог го создаде човекот Според Својот образ.
 7 А вие, плодете се и множете се, наполнете ја земјата и подложете ја под себе!”

Немало судии,трибунал ,ова она.

No comments:

Post a Comment