Search This Blog

Loading...

Wednesday, January 4, 2012

Грци или Евреи? (1)


1Ова е родословието на Ноевите синови: Сим, Хам и Јафет, на кои им се родија синови после потопот.
2Јафетови синови: Гомер, Магог, Мадај, Јаван, Тувал, Мосох и Тирас.
3А Гомерови синови: Асханаз, Рифат и Тогарма.
4А Јаванови синови: Елисај, Тарсис, Китим и Доданим.
5Од нив се раширија народите по островите; според своите земји - секој со сопствен јазик - според своите племиња и народи.
6Хамови синови: Хус, Мицраим, Фут и Ханаан.
7А Хусови синови: Сева, Евила, Савта, Рама и Савтека. Рамови синови: Шева и Дедан.
8Од Хус се роди и Нимрод, кој стана прв велемоќник на земјата.





Во списокот на народите (Битие 10.1-32) ,кој ги наведува наследниците на Ное и народите кои потекнале од нив,Грците се јавуваат под името „Јаван„,кој е син на Јафет.
Јаван соодветствува на грчкиот збор „Јонија„,грчка област во Мала Азија.Јафет одговара на грчкиот збор „Јапет„ ,митолошкиот татко на Прометеј во грчките митови.

Два други „грчки„ народи се во списокот :Родијци ( Доданим или Роданим,се разликува во верзии на библијата) и Кипарци (Китим или Елишах).
Синовите на Шем,братот на Јафет,се Семити (името доаѓа од името Шем) вклучувајќи ги и Евреите.

Замислете си ја библиската верзија на историјата на Евреите.Во одредена точка од историјата,откако светот е уништен од потопот,народите започнуваат да се раѓаат од трите сина на Ное.Тие говорат еден ист јазик,јадат иста храна,го обожуваат истиот бог.




Согласно традицијата ,Евреите потекнуваат од Израелитите од Јужен Левант,кои имале неколку независни државички пред  да бидат освоени од Асирското и Вавилонското Царство .

Според хебрејската Библија Израелитите потекнуваат од Абрахам кој е роден во сумерскиот град Ур а емигрирал во Канаан* со семејството.Библискиот термин Израелити(или 12 племиња на децата на Израел) ја означува и историската популација на Кралството Израел.Во современа смисла Израелит значи припадник на еврејската вера.Терминот Евреи е синоним на Израелити.
*Канаан-knaʿn -χνα ,подоцна идентификувана со Феникија-Фојники/Φοινίκη .Област позната во античкиот грчко римски свет по поморска трговија и производство на црвена боја од морски полжави.

По многу генерации и по два века служење како вазална држава на Персијците,Јудеја наеднаш станува вазална држава на Македонија („грчка„ држава).

Александар ја освојува Персија а со тоа и поголемиот дел од познатиот свет.Бидејќи најголем дел од светот и припаѓал на Персија,и додека трепнеш,сега тој им припаѓа на „Грците„.
Но ова „грчко царство„не траело подолго од краткиот животен век на Александар.
По неговата смрт,царството се дели на три дела помеѓу неговите генерали.

Еден од генералите -Антигонус,а потоа и Птоломеј,го наследил Египет,друг-Селевк,го наследил Средниот Исток и Месопотамија.По два века мир под Персијците,Еврејската држава се нашла на средина меѓу борбите за моќ на две царства:Селевкидското со главен град во Сирија ,на север од државата на Птоломеите,со главен град во Египет ,на југ.

Уште еднаш Јудеја е освоена прво од едните,па од другите и го менувала вазалството од селевкидско до птоломејско.Помеѓу 319 и 302 година Ерусалим го сменил владетелот седум пати.

Како и сите други во регионот Евреите горчливо ги мразеле „Грците„.Тие биле најнеобичен народ кој дотогаш го сретнале.Во држава која била основана на чистотата на Еврејската религија,грчките богови изгледале длабоко навредливи.Во општество кое цврсто се спротивставувало на голотијата на телото,грчкиот обичај за борење без крпче облека сигурно изгледал ужаснувачки.За религија во која хомосексуалноста е криминал кон JHVH ,грчкиот однос кон хомосексуалноста ,дури и нивното преферирање на истата,сигурно изгледал неразбирливо.

Општо земено,изгледа дека во прво време „Грците„ ги оставиле Евреите на мир.Тие ,исто како и Персијците ги оставиле сами да си ја водат државата, прогласиле дека законот на Евреите е Тората и се обиделе да ја зачуваат еврејската религија.Но селевкидскиот крал Антиох(215–164 ПНЕ), во 168 ПНЕ го ограбил Храмот,во него поставил статуа на Зевс,ја забранил тората и започнал да спроведува насилна „грцизација„ врз Евреите.Против ова се побунил Јуда Макабејски**,кој собрал армија бунтовници и со партизанска борба ги победил Селевкидите,откако прво се пресметал со „грцизираните Евреи„.„Макабеј„ на еврејски значи „чекан„.

По победата Макабејците влегле во Храмот и го исчистиле од паганските обележја.За обележување на овој настан се прославува еврејскиот празник -Ханука.

За краток период државата на Евреите е слободна.

**Приказната за борбите на Макабејците е опишана во првата и втората книга на Макабејците,кои се дел од „септуагинтата„.Првата и втората книга се канонски книги на католичкиот и источно-православниот стар завет на Библијата ,но не и на хебрејската Библија.Првата книга ја претставува борбата меѓу побожните Евреи и „одметнатите„,„хеленизирани„ Евреи.Втората книга ја акцентира борбата меѓу „јудаизмот„ и „хеленизмот„


Сигурно имало Евреи кои живееле во грчките градови и пред вавилонскиот егзил,но првите организирани еврејски заедници во Грција се етаблирани околу 400 г ПНЕ.Во времето на Александар Македонски еврејските имигранти ги преплавиле „грчките„ градови во Егејот и внатрешноста.„Грците „ биле многубошци и живееле гламурозно.Евреите биле монотеисти но многумина биле привлечени од „грчката „ култура и создале класа на асимилирани ,прогрчки Евреи.

Согласно првата Книга Макабејска 15.23 по револтот на Макабејците Евреите формирале заедници во Спарта, Делос, Сикион, Самос, Родос, Кос, Горинтија, Крит, Книдус,Егина,Тесалија,Беотија,Македонија,Етонија,Атика,Аргос,Коринт ,Кипар и други градови.

Евреите биле распрснати насекаде.И овде каде што се населиле тие веројатно говореле -ГРЧКИ.

Еврејската историја во овој период е распрсната во повеќе области.Јудеја,Месопотамија и други области на Средниот Исток како и Египет.„Распрснувањето„ на Евреите е последица на освојувањето на Кралството на Јуда и депортацијата на Јудеите во 597 и 586 ПНЕ од Набуходоносор,кралот на Вавилон.Овој настан, ,е главен причинител на еврејската „дијаспора„.

Во античкиот свет не било можно да станеш натурализиран жител на некој држава ако не си роден во неа. Така ,ако си Евреин роден во Јудеја и ако се преселиш во Вавилон, Египет или Тир, си остануваш „странец„. Грците ги вовеле поимите „натурализација„ и „жителство„ со формирањето на своите градови-полиси во кои доселениците добивале еднаков третман како сите жители и можеле да уживаат слобода и просперитет.


Грчкиот бил лингва франка во „хеленистичките„ кралства.Евреите кои живееле во нив, наводно го “заборавиле„ хебрејскиот јазик и го „употребувале„ грчкиот.Околу 260 г ПНЕ некои книги на Библијата почнале да се појавуваат во Александрија на грчки.

Најголемиот настан на „хеленистичкиот„ период е преводот на еврејската Тора на грчки во Александрија. „Грците„ ја посакале за Александриската  библиотека на грчки.

Македонско-Египетскиот крал Птоломеј наводно наредил целата Библија да се преведе на грчки од 70 преведувачи.Овој превод е познат како Септуагинта. Всушност,Евреите кои живееле во Александрија воопшто не знаеле хебрејски па не „веројатно„, туку сигурно преводот на грчки е направен за нивните потреби.

Оваа постапка ќе ја претвори еврејската религија во светска религија.


No comments:

Post a Comment