Search This Blog

Tuesday, January 10, 2012

Антички краснопис

Сите знаеме дека перцето и пенкалото со мастило се откриени во 19 век.До тогаш луѓето за пишување се снаоѓале на разни начини.

Се смета дека луѓето во антиката пишувале на два начина:со перце од бамбусова трска или со римското стило(стилос)-метално стапче зашилено на врвот со кое се пишувало на таблички обложени со восок.Трската и стилото наводно биле заменети со перо од гуска (од лево крило)во среден век и така се пишувало десетина векови.Уставот на САД (1787),на пример,е пишуван со перо од гуска.


Но,не е се така едноставно.Изгледа дека старите Римјани сепак не пишувале со трска бидејќи во Помпеи(а каде на друго место) е пронајдено бронзено перце од 79 г НЕ.Перцето е многу слично на днешните.Покрај него е пронајдена и бронзена октогонална мастилница.Тие денес може да се видат во Британскиот музеј.





Мастилото на античките Римјани се нарекувало atramentum.
Бидејќи ова бил општ назив за супстанца која обојува,мастилото се нарекувало atramentum librarium ili scriptorium. Ова мастило се правело од јаглен ,коски , растенија  или земја.


Античките мастила биле многу поиздржливи од сите останати бидејќи 78% од колекцијата на Ханс кристијан Андерсен (19 век) веќе се распаѓа.


Останати чуда од Помпеи ТУКА(1) и ТУКА(2)
Како пишувале античките Македонци ТУКА








No comments:

Post a Comment