Search This Blog

Thursday, December 8, 2011

Три грации

Многумина се прашуваат дали постоела или постои временска машина .Потврден одговор и многу очебијни примери  можат да дадат оние кои кои добро ја познаваат литературата и уметноста .
На пример италијанецот Raffaello Sanzio da Urbino, попознат само под името Рафаел, користел временска машина за да отплови 1400тина години наназад, со цел да собере инспирација при прошетка низ античкиот град Помпеи (Pompeii) -комплетно уништен во 79 г. НЕ од ерупција на вулканот Везув .

Ерупцијата го закопала Помпеи во 4-6 метри пепел и лава и тој останал изгубен за останатиот свет кој немал соодветни времеплови, се до неговото случајно откривање во 1749 година , едно 220 години по смртта на Рафаел.




Rafael 3 gracii 1504ta

Рафаел, 3 грации 1504г.

Pompei freska pred 79 godina PNE

Три грации,фреска од Помпеи,Национален археолошки музеј во Неапол. 79 г .

Штета што Наполеон немал временска машина за да се врати во антички Египет и да собере папирус од делтата на Нил ,наместо залудно да го бара ова растение при своите воени походи.Имено,во Египет  не расте многу папирус.Ама затоа во изобилство го има на италијанскиот остров Сицилија.И ,чекајте малку,во   Херкуланеум затрупан од Везув истовремено со Помпеи ,е пронајдена цела вила полна со папируси .Вилата сеуште не е целосно откопана.Се разбира уште 1752 преку подземни тунели Бурбоните ги спасиле „античките„ папируси од вилата.

Египетскиот збор„ pa-per-ra„ нема врска со хартија и значи „сопственост на ра/(фараонот)„.

Грчкиот збор за папирус  е πάπυρος, но и βύβλος.Теофраст пишувал „папирос„ за растението кога се користело за исхрана а „вивлос„ кога се користело за друга намена(изработка на предмети) меѓу другото и на материјал за пишување.Наводно „вивлос„ се однесува на срцевината од која се прави папирусот. Самиот папирус како материјал за пишување е екстремно чувствителен на надворешни услови. Во европски услови тој може да „опстане„ максимум 200 години.А сепак,преживеал 2000 години во познатата вила.На чудата на природата им нема крај.

Плиниј Постариот (загинат во Помпеи) во својата Naturalis Historia детално го опишува процесот на производство на папирус.

Извадок од најпознатиот "βύβλος" на светот :

ИЗЛЕЗ - ВТОРА КНИГА МОЈСЕЕВА

Глава  2

1 Некој си човек од Левиевото колено отиде и се ожени со девојка Левијка.

2 Жената зачна и роди син. Откако виде колку е красен, го криеше три месеци.

3 Кога не можеше веќе да го крие, набави кошница од папирусова трска, ја намачка со смола и катран, го стави детето во неа и го положи во трските на брегот на Реката.

4 Неговата сестра застана подалеку, да види што ќе биде со него.


Koine exodus


Инспирацијa за трите грации можеле да бидат Четирите  вештерки на Direr (1497)Albrecht Dürer (1471–1528).

Наах,останува прашањето од каде добил инспирација Дирер за вештерките,очигледно запрепастувачка иронија на Грациите .Никогаш не престана да ме измачува глупоста на Дирер кој се занимавал со златни пресеци ,наместо да се заинтересира за тоа како се облекувале луѓето во антиката.




Арррр,сепак мотивот на трите грации нема толку врска со модата бидејќи „античките„ Халдејци (8 век ПНЕ) своите грации ги претставувале како допола риби -отпола девојки.




No comments:

Post a Comment