Search This Blog

Loading...

Thursday, December 8, 2011

Житие на Константин Филозоф-Свети Кирил

14 фебруари,житие живот и дела, во светите отци,на нашиот татко Константин Филозоф прв наставник и учител на словенскиот народ.



Во моментов има 48 житија на Константин кои потекнуваат од XV-XVIII век. Во основата на преводот е житие од збирка од XV век.  (Отдел рукописей Российской Государственной библиотеки, ф. 173, № 19) ).Ова е едно од најраните житија, ослободено од сите траги на подоцнежната обработка, кои се идентификувани во јужнословенските житија од XV век. Напишано од Владислав Граматик.

1.Бог милостив и дарежлив, кој сака да се покае човештвото, за сите да бидат спасени и да ја спознаат вистината, бидејќи Тој не ја сака смртта на грешниците, туку покајание и живот, но дури и да е (човекот) најмногу склон кон зло, да не му дозволи на човечкиот род да падне од слабост, да подлегне на ѓаволското искушение и да умре, но во сите години и времиња не престанува да создава милост како првично, така  и сега, прво преку патријарсите и отците ,по нив преку пророците, а потоа преку апостолите и мачениците, и праведните мажи и учители, со нивно избирање од овој многу бурен живот.

Затоа што Господ ги познава неговите, и тие Него, како што рече: "Моите овци го слушаат Мојот глас и Јас ги познавам и ги нарекувам по (нивното) име, да одат по мене и им давам живот вечен " . Како што стори (и) за нашата генерација, издигајќи ни таков учител, кој го просветли нашиот народ, затоа што нашиот ум беше во сенка на слабост, па дури и повеќе ,на зајадливиот ѓавол, и не сакавме (ние) да одиме во светлината на Божјите заповеди.Житието негово, иако овде кратко раскажано, покажува како (се') било, за некој кој сака да го слушне, почнe да го имитира, примајќи храброст и отфрлајќи ја мрзеливоста, како што вели апостолот: "Бидете подобни на мене, како што јас сум на Христос".

2.Во градот Солун бил некој маж, богат и од добро семејство, по име Лав, ракоположен за друнгариј под (некој) стратег. Исто така бил и благоверен и праведен и ги одржувал сите Божји заповеди, како некогаш Јов.Живеел со својата сопруга, родил седум деца, од кои најмлад беше седмиот, Константин Филозоф, наш наставник и учител.Кога го родила неговата мајка , го дале на доилка, за да го дои, но детето не сакало никако да земе туѓи гради, но само на мајката, и не било надоено.И тоа било според желба на Бог, за добра гранка од добар корен да не се отхрани на лошо млеко.Потоа добрите родители се согласиле да не живеат едни со други, да се воздржуваат, и така живееја во Господа, како брат и сестра, повеќе од 14 години додека смртта не ги раздели, не прекршувајќи ја оваа одлука.Кога (Лав) требаше да оди на суд (Божји), мајката плачела над детето , велејќи: "За ништо не се грижам освен за ова дете, како ќе порасне?" А тој и рекол: "Верувај ми, жено,се надевам на Бога , дека Бог ќе му даде татко и чувар кој се грижи за сите христијани. ". Така и се случи.

3.Кога детето имаше седум години, тоа виде сон и раскажуваше на татка си и мајка си, и рече : "Стратегот, собирајќи ги сите девојки во нашиот град,ми рече," Одбери си една од нив, која сакаш,за брачен другар ,за помош и твоја врсничка. "Јас пак ,гледајќи и разгледувајќи ги сите, видов една поубава од сите, со насмеано лице, украсена со злато и бисерни ѓердани, и сите убавини, какво што беше нејзиното име ,Софија, која е мудрост, и јас ја одбрав.
 "Слушајќи ги овие зборови, неговите родители му рекле: "Сине, задржи го законот на татка си и не ја оставај мајка си, бидејќи заповедите на законот – се светлина, и се свети.Кажи и на мудроста: биди ми сестра запознај ме со мудроста . Мудроста свети посилно од сонцето и ако ја земеш неа, како своја сопруга, со неа ќе се ослободиш од многу зло ".
Кога го дадоа на учење книга, во науката успеваше повеќе од сите сите ученици благодарение на меморијата и големата вештина, така што сите беа воодушевени.Еден ден, според обичајот на синовите на богатите луѓе да одат на лов, појде со нив во полето, земајќи го со себе својот јастреб, и кога го пушти, според волјата на Бог , се крена ветер, го потфати и го однесе.Момчето од тоа време падна во очај и тага, и два дена не јадеше леб. Бог милосрден со своето човекољубие, не сакајќи, да се привикнува на световни работи, лесно го фати како во старина што го фати Плакида во лов со елен, овега - со јастреб. Размислувајќи во душата за суетата на овој живот, се покаја, велејќи: "Таков ли е овој живот, каде место радост се раѓа тага?Од овој ден ќе тргнам на нов пат , подобар, и во возбудата на овој живот , своите денови нема залудно да ги потрошам. "

И започна да учи, седејќи во својата куќа, учејќи ги книгите во спомен на свети Григориј Богослов.

И тој направи знак на крстот на ѕидот, и напиша пофалба на Свети Григориј вака:
"О Григориј, со телото - маж а со душата - ангел! Ти, иако со телото човек, се покажа како ангел.Твојата уста е, како еден од серафимите кои го слават Бога и го осветлуваат целиот свет со продолжување на вистинската вера .Така прими ме и мене , кој ти припаѓам со љубов и вера, и биди мој учител и просветител. "И така го фалел Бога.

Кога стапил (во светот), на многуте расудувања и возвишени мисли (на Григориј) и не можел да ја дознае нивната длабочина, паднал во голема депресија.(Григориј Богослов бил најдобар другар на Василие Велики м.з) Таму беше и некој странец, кој знаеше граматика, и (Константин) му пријде, и паѓајќи му под нозете, му рече: ". Направи добро,научи ме на уметноста на граматиката".Овој го беше закопал својот талент и му рекол: "Не труди се, момче.Си дадов завет себеси - никого да не го подучувам во мојот живот. "Момчето повторно со поклони и со солзи, рече, "Земи го сето мое богатство ,од куќата на татко ми ,кое ми припаѓа на мене, само научи ме."И (кога) тој одби да го послуша, отиде дома и остана во молитва за да ја исполни желбата на своето срце.

Скоро Бог ја исполнува вољата на оние кои се бојат од Него.За убавината негова, и мудроста, и ажурноста во науката, кои му биле карактеристични ,слушнал управителот на цезара, наречен логофет, и испратил по него, за да учат заедно со цезарот(исто како василие велики што учел заедно со Јулијан Отстапник,да не заборавиме дека Кирил=Василие и значи цар  а Василие велики пак делувал во времето на императорот Константин,па видете сега вие до каде одела фантазијата м.з. ).Момчето кога слушнало за ова, среќно тргнало на пат ,по патот клекнало на колена и се молело, велејќи: "Боже на нашите отци, милосрден Боже, кој со слово си создал се и со својата мудрост си го создал човекот, да владее со содадените од Тебе суштества , дај ми мудрост која се наоѓа на работ на Твојот престол,за дознавајќи што ти е угодно, да достигнам спасение, зашто Јас сум син на твој роб и син на твоја робинка. "

И потоа го кажа остатокот од молитвата на Соломон, и стана и рече: "Амин".

4.Кога дојде во Цариград, го дадоа на учење кај наставниците .И во 3 месеци завладеа со сета граматика и зеде друга наука, го научи Хомер, и геометрија, и дијалектиката на Лав и Фотија , и сите филозофски учења, а озгора и реторика, и аритметика и астрономија и музика и сите други елински ученија.И така изучи се ,како што не изучил никој ,така што брзината се спои со вниманието, помагајќи си едно на друго со подобрување на науката и уметноста.
И повеќе од (способноста за) учење, тој покажа благ темперамент: разговараше со оние со кои беше корисно, а ги избегнуваше оние кои скршнуваа на крив пат.И [мислеше] како, ќе ја замени земјата со небото, ќе отстапи од ова тело и ќе живее со Бога.

Кога го видел логофетот дека е таков, му дал власт над својот дом и (дозволил), без страв да влегува во царските палати.И тој го прашал еден ден, велејќи: "Филозофе, би сакал да знам што е филозофија" . Тој (со неговиот) искусен ум веднаш на господарот му одговорил: "Знаењето за нештата божествени и човечки, за да може човек да пријде поблиску до Бога, кој го учи човекот да биде по образот и делото на неговиот Создател . " И од тогаш го засакал уште повеќе, и постојано го прашал за се овој толку голем и чесен човек.Тој, исто така го подучувал и филозофија, изразувајќи длабоки мисли во неколку зборови.

Престојувал во чистота, и колку повеќе му угодувал на Бога, толку повеќе го засакувале сите луѓе.

И логофетот му даде достојна чест и му даде многу злато,но тој не го прифати.Еднаш му рече: "Твојата убавина и мудрост ме присилува да те сакам уште повеќе.Имам ќерка,прекрасна и духовна, која ја крстив, убава и богата, од добар и голем род.Ако сакаш, да ти ја дадам за жена, а од цезарот пак , ќе добиеш особена чест и власт, а очекувај и повеќе, бидејќи наскоро стратегот си оди. "

Му одговори Филозофот: ". Голем е подарокот за оние кои го сакаат тоа, за мене не постои ништо над учењето, благодарение на него собрав знаење, сакам да го барам богатството и честа на прадедовците ".Слушајќи го неговиот одговор,појде логофетот кај кралицата и и рече: "Овој млад филозоф не го сака овој живот, но сепак нема да го пуштам од (нашето)општество, туку потстрижувајќи го во свештеник ќе му дадам служба, нека биде библиотекар на патријархот во Света Софија,можеби така ќе го задржиме. "И така со него и сториле.
Минувајќи малку време со нив, отиде на Тесното море (Босфор) и избега тајно во еден манастир, го бараа 6 месеци и едвај го најдоа, и бидејќи не можеа да го принудат насилно на истата служба, го замолија да биде ракоположен за наставник ,да предава филозофија на своите и на странци со секоја поддршка и помош.И на тоа се нафати.

5.Еднаш патријархот Аниј (наводно Јован Граматик 837-842 м.з.) подигнал ерес говорејќи дека не треба да има им се дава чест на светителите [икони].И собраа собор, го осудија дека не ја кажува вистината, и го симнаа од престолот.

Тој рече: " насилно ме симнаа, бидејќи никој не може да им одолее на моите зборови."Цезарот пак со патријарсите,подготвувајќи го Филозофот, испрати порака до него, велејќи: ". Ако можеш овој млад човек да го оспориш, повторно ќе те вратиме на престолот". Но тој, кога го виде Филозофот, толку млад на тело, и, не знаејќи колку години има во умот, и на оние кои беа испратени во него ,им рече: "Вие не сте достојни на моето подножие, како ќе се расправам со вас?" Филозофот му рече: "Не држи се до човечките навики туку гледај на Божјите заповеди, затоа што ти си - од земјата а душата (твоја) е создадена од Бога и сите ние на земјата сме во потрага, не гордеј се човеку."

Повторно, Аниј одговорил: "Не е достојна есента да собира цвеќе, ниту еден стар човек Нестор во војна да се тера, како некој младич."Филозофот му одговори: "Самиот одиш против себе.Кажи ми на која возраст душата во телото е посилна "Тој одговорил:"?. Во својата старост "И рече Филозофот: "На каков вид на војна те тераме, телесна или духовна" ? Тој рече: "Духовна."Филозофот одговорил: "Тогаш ти ќе бидеш посилен, и не ни кажувај приказни, бидејќи ниту цвеќе во невреме бараме, ниту на војна те тераме."

Посрамениот старец го сврте разговорот во друга насока и рече: "Кажи ми, момче, зошто, ако крстот е скршен, не Му се поклонуваме, не го бакнуваме, а вие, ако сликата доаѓа само (е насликана) до градите, им правите чест, како на икони, а не се срамите (од тоа)? "
Филозофот одговорил,"бидејќи крстот е таков, и ако еден дел изгуби нешто, го губи својот лик, а на иконата е лицето и подобието , на оној за кого е нацртана. Впрочем, кој гледа, го гледа лицето не на лав, и не на рис (туку лицето на светецот) ". Повторно старецот рече: "Како тоа (ние) се поклонуваме на крст, без натпис (на него), иако постојат и други крстови (со натписи), а вие , ако на иконата не се напише името на лицето кое е прикажано, не и правите чест?"
Филозофот одговорил: "Секој крст е сличен на крстот на Христос, а сите икони немаат една слика."

Старецот рече: "Ако Бог му рече на Мојсеја, не создавај секакво подобие ,како вие тоа го правите и им се поклонувате (на иконите)" .Одговори Филозофот: "Ако тој рекол, не создавај никакво подобие, ќе беше во право, но тој рече -не секакво ,што значи само пристојно. "Против ова ништо не можеше да се спротивстави старецот и замолкна, засрамен.

6.Потоа Агарјаните кои ги нарекуваме Сарацени , похулија на Света Троица, велејќи: "Како вие, христијаните, верувајќи дека Бог е еден, повторно го делите на три, велејќи дека [е] Татко, Син и Свети Дух? Ако можете да покажете дека тоа е јасно, пратете човек со кој може да се зборува за тоа -да се расправи со нас " Тогаш Филозофот имаше 24 години.

Цезарот свикувајќи собор, го викна Филозофот, и му рече: "Слушаш [ли] Филозофе, што велат лошите Агарјани против нашата вера.Бидејќи ти си служител на светата Троица и ученик, оди и спротивстави им се, и Бог, изведувачот на секое дело, прославен во Светата Троица, Таткото, Синот и Светиот Дух, нека ти даде благодат и сила во зборовите и да те постави против Голијат, како еден нов Давид, кој победи со три камења (и) ќе ни те врати како достоен за царството небесно. "

Кога слушнал (Филозофот) рекол: "Со задоволство ќе одам (да се борам) за христијанската вера.Што е за мене послатко на светот од тоа да умрам и да живеам за Светата Троица? .
"Му го доделија секретарот Ѓорѓија и го испратија . Кога дојдоа таму, на надворешната страна на вратите на сите христијани беа насликани слики на демони, искривени и подбивни.Го прашаа Филозофот, велејќи: "Можеш ли ти Филозофе, да разбереш, што значат овие знаци" Тој рече: "Гледам слики од демони и мислам дека овде живеат христијани .Тие не можат да живеат со нив внатре и бегаат надвор.И каде нема такви знаци надвор, останале внатре. "

На вечерата седеа Агарјаните (Hagrites м.з), луѓе паметни и добро начитани, учени во геометријата, астрономијата и други учења, и да го испитаат, го прашаа, велејќи: "Гледаш, ли Филозофе вистинско чудо, како пророкот Мухамед, кој ни ја донесе добрата вест од Бога привлече многу луѓе (во верата) и сите ние го задржавме својот закон, без да го прекршиме.Вие пак го почитувате законот на Христос, вашиот пророк, и го исполнувате на начинот кој му одговара на секој од вас - еден вака, а друг -онака. "
Филозофот одговорил: "Нашиот Бог – е како морската длабочина а пророкот вели за него:" Родот Негов кој ќе го знае?Бидејќи Неговиот живот бил однесен од земјата. "

А барајќи го Него, многумина одат во длабочината и со силен ум со негова помош стекнуваат духовно богатство, и пливаат назад, и се враќаат, а од оние кои се обидуваат да преминат на скапани бродови, некои тонат, и други едвај се спасуваат , потопени од немоќна мрзеливост. Вашето (море) – е и тесно, и лесно, и може да го скокне секој, мал и голем.Нема (во него ништо) над нормалната човечка (активност), но само она што секој може да го направи.Нема ништо што (Мухамед) ви го забранил.Ако не забранил да ги задржувате својата лутина и желби, туку ви ги дозволил, тогаш во каква пропаст ве втурнал , може да се сфати.Христос пак не е таков, но тешко од дното-нагоре се искачува, на верата и делата на Бог се учи човекот.Впрочем, тој, Создателот на се, го создаде човекот во средината меѓу ѕверовите и ангелите, одвојувајќи го со говорот и умот од животните, а со гневот и желбите од ангелите. И кој на што му се приближува, станува сличен на повисокиот или на понискиот. "

Повторно го прашаа истото: "Како тоа вие, иако Бог е само еден , го прославувате во три.Кажи ни ако знаеш ,еднаш Отецот го викате, и Син, и Свети Дух.И ако така говорите, дајте му и сопруга и дозволете му да се расплоди во многу богови . "

Филозофот одговорил: "Не зборувајте таква нумесна хула.Ние научивме добро од татковците, пророците и учителите ,да ја фалиме Пресветата Троица,бидејќи Отецот и Словото и Светиот Дух -се три лица во едно суштество.Но, зборот е отелотворен во Девица и се родил за нашето спасение, како што Мохамед, вашиот пророк, сведочи, пишувајќи како што следува: "Ние го испративме нашиот дух на Богородица, бидејќи сакавме да роди.Потоа , јас ќе ви објаснам и за Троица. "


По овие зборови, губитниците, на друго се осврнаа велејќи: "Така ли е како што велиш госту.Ако Христос – е ваш Бог, зошто не правите како што вели тој.Напишано е всушност во Евангелието: "Молете се за вашите непријатели, правете им добро на оние кои ве мразат и прогонуваат и нападот заменете го со образ.Вие - не правите така, туку го острите оружјето против оние кои ви го прават тоа. ".

Филозофот одговорил: "Ако постојат во законот две заповеди ,кој го исполнува законот – оној кој исполнува една или оној кој исполнува две".

Тие одговорија: "Оној кој ги исполнува и двете."Филозофот рече: "Бог рече:" Молете се за нив (вас). "(Но) Тој исто така рече: "Во овој живот, никој не може да открие поголема љубов отколку да се положи сопствената душа за душата на пријателите(свои)". За доброто на пријателите ние и го правиме тоа ,со заробеноста на телото да не биде заробена и нивната душа. "

Повторно рекоа: "Христос плати данок за себе и за другите, како што вие не го правите она што тој го стори.И ако се заштитувате, зошто да не платите данок на овој голем и моќен народ на Ишмаил за своите роднини и пријатели.Ние не бараме ништо повеќе, само еден златник (по човек), и толку чини целата земја, да го спасиме светот заедно како никој друг. "

Филозофот одговорил: "Ако некој одејќи по стапките на учителот сака да оди по истиот пат по кој одел тој, ако го сретне некој и го заведе (од патот), дали е тој негов пријател или непријател?", Тие рекоа "Непријател". Филозофот рече: "Кога Христос плаќал данок, чија држава било тоа: на Ишмаелитите или на Рим".Тие одговорија: ".
На Рим".
Тој рече: "Тогаш не треба во нас да наоѓате вина, на Римјаните им го плаќаме сиот данок".

Потоа тие прашуваа многу други прашања ,го испитуваа во сите уметности, кои самите ги знаеја а кога и во тоа ги оспори, му рекоа: "Како ти го знаеш сето ова?" Филозофот им рече: "некој човек, нацрпувајќи вода од морето, го носеше во една мешина и гордо, им велеше на минувачите, "Ја гледате водата, никој друг нема таква,освен мене."Дошол еден човек од морскиот брег и му рекол: "Луд ли си ти што се фалиш со таа смрдлива торба?Ние имаме цело море. "Така постапувате и вие.Знајте дека сите уметности произлегоа од нас. "

Потоа, само за да го восхитат, му покажаа насадена градина , кој израснала некогаш од земјата.А кога им објасни како тоа се случило, му ги покажаа сите богатства и храмови украсени со злато и сребро, скапоцени камења и бисери, велејќи: "Гледај, Филозофе, чудо на чудата, голема е силата и огромно богатството на Амерум ,владиката (владетелот) сараценски."

А тој рече, исто така, со неговата филозофија: "Ова не е прекрасно , туку пофалба и слава на Бога што создал сè и го дал на луѓето за радост, затоа што сето тоа – е Негово, а не на друг."
(Потоа) повторно паднаа во злоба и му дадоа да пие отров,но Бог е милостив кој рекол„И ако испиете нешто смртоносно ,тоа нема да ви наштети„-го избавил и од ова и повторно го вратил здрав во неговата земја.


За кратко време се откажа од овој живот, живееше мирно во едно место,слушајќи се само себе си, а следниот ден ништо не остави, давајќи им се на бедните, оставајќи ги своите грижи на Бога, за сите да се грижи секој ден.Еден празничен ден, кога неговиот слуга тагуваше дека нема ништо за него на овој светол ден, тој му рече: "Оној кој еднаш ги нахранил Израелците во пустината, тој и сега ќе ни даде храна, па повели,повикај пет питачи, надевајќи се на Божја помош. "И кога дојде време за ручек, донесе [некој] човек секакво јадење и 10 златници.И плати за сето тоа со пофалби на Бога и (тогаш) појде на Олимп кај Методиј, неговиот брат, почна (таму) да живее и да се моли на Бога постојано, интересирајќи се само за книгите.

8.Дојдоа амбасадори кај царот од Хазарите, велејќи: "Од почетокот ние знаеме само еден Бог, кој (е) над сите, и Нему му се поклонуваме на исток, а во остатокот од времето ги држиме своите засрамувачки обичаи.Евреите не тераат на сила да ја прифатиме нивната вера и обичаи, а од друга страна, пак, Сарацените, нудејќи мир и многу подароци , не принудуваат да ја прифатиме нивната вера, велејќи: "Нашата вера - е најдобра меѓу сите народи "Поради ова, ви испраќаме амбасадори [поради сеќавање]на старите пријатели одржувајќи ја (заедничката) љубов ,затоа што вие – сте голем народ, од Бога царство држите.

Од вас бараме совет и бараме учен човек.Ако ги победите во разговор Евреите и Сарацените, ќе ја земеме вашата вера".

Потоа царот почна да го бара Филозофот и кога го најде, му раскажа во врска со случајот на хазарските пратеници велејќи: 'Оди, Филозофе, кај овие луѓе па дај им одговор и раскажи им за Светата Троица со нејзина помош,затоа што никој друг не може ова да го направи достојно ".Тој рече: "
Ако заповедаш,господару, со радост ќе одам на оваа работа и тоа бос и пешки и не земајќи ништо што Бог не заповедал неговите ученици да носат . 
Царот одговорил: "Ако сакаш вака самиот за себе да направиш, вистина ќе ми кажеше, но знај ја власта и достоинството на царот , и достојно оди со царска помош ".

Потоа тргна, и кога дојде во Херсон, научи таму да зборува и еврејски и преведе осум делови на граматиката, и од ова се здоби со уште поголемо знаење.

Живееше таму некој Самарјанин и доаѓајќи при него, разговараше со него, и ги донесе книгите самарјански , и му ги покажа .И го молеа.Филозофот осамен во куќата се предаде на молитва, и добивајќи знаење од Бога, почна да ги чита (овие) книги без грешка.Гледајќи го ова, Самарјанинот извика со силен глас и рече: ". Вистина оние кои веруваат во Христа, скоро и Свет Дух и благодет добиваат".И кога неговиот син беше наскоро крстен, и тој самиот се крсти и по него.



Тој пронајде тука Евангелие и Псалтир, пишувани со руски букви и најде еден човек кој го говореше тој јазик , и разговараше на јазикот на говорникот,и го сфати значењето на овој говор, и споредувајќи го со својот јазик, ги одвои буквите самогласни и согласни, и се помоли на Бога, па наскоро почна да ги чита и да ги изразува (нив), и многумина беа изненадени и му се восхитуваа,фалејќи го Бога.

Кога слушна дека Св Климент сè уште лежи во морето, се помоли, и рече:
"Верувам во Бога и се надевам во Свети Климент, дека ќе се најдат [неговите останки] и ќе (ги) изнесам од морето ".А кога го убеди архиепископот и сите свештеници, и побожни луѓе, се качија на бродови и отидоа на (тоа) место.И кога морето се смири, а (тие ) дојдоа, тие почнаа да ископуваат со пеење.Во исто време беа (осетиле) силен мирис, како од многу кандила, и потоа се покажаа светите мошти, кои ги зедоа со голема чест и слава, и сите граѓани ги внесоа во градот,како што е напишано за нивното откривање (на останките) .


Дошол со хазарската војска некој војсководец, го опкружил христијанскиот град и го опсадил.Дознавајќи за ова, Филозофот отиде кај него без двоумење и разговарајќи со него и поучувајќи го, тој вети дека ќе биде крстен, си замина без да предизвика никаква штета на овие луѓе.

Се врати и Филозофот од својот пат, и кога во првиот час тој се молеше, го нападнаа Унгарците, завивајќи како волци, сакајќи да го убијат.Тој не се исплаши, и не ги прекина неговите молитви,само велејќи: "Господи помилуј", додека ја заврши службата.Тие,гледајќи го ова , според Божјата заповед станаа кротки и почнаа да се поклонуваат пред него, и сослушувајќи ги од неговите усни зборовите на наставата,го пуштија со сите придружнци.

9.Качувајќи се во брод, отиде во Хазарија на Меотидското езеро и до Касписката врата на Кавказ. Хазарите испратија да го пресретне еден зол и расипан човек, кој зборуваше со него, и му рече: "Каков е тој зол обичај, да ставате место еден цар друг ,од друг род.Ние си ставаме од ист род ".
Филозофот му рече:" И Бог наместо Саула, кој не направил нешто угодно на Него, го избра Давида  да Му угоди, и неговиот род. "
Тој уште му рече : "Еве вие книги држите во рацете , од нив сите приказни ги собирате, ние не правиме така, но ја имаме сета мудрост во градите, како да сме ја проголтале,не се гордееме со пишувањето како вас."
Му рече нему Филозофот: "Јас ќе ти одговорам на ова прашање: ако сретнеш гол маж и тој ти рече: имам многу облека и злато , ќе му веруваш ли, бидејќи е гол "
А тој одговори:" Не ".
"Така јас и тебе ти велам: ако си ја проголтал сета мудрост, кажи ни колку деца се на Мојсеја, и колку години, владеел секој род? "
Не можејќи да одговори на ова ,тој замолча.


Кога дојде таму и кога требаше да седнат на вечера со каганот,го прашаа, велејќи: "Каков е твојот сон,какво достоинство сакаш да ти доделат? ", Тој рече" Јас имав дедо голем и славен кој стоеше во близина на (самиот) цар, и славата, која му беше дадена по своја воља ја одби и беше прогонет и, откако дојде во туѓа земја, осиромашен, тука ме роди.
Јас пак , дедовската древна чест ја барам, и не сакам да најдам друга, затоа што сум внук - на Адам ."
И му одговорија:". Достојно и исправно зборуваш, госту "
И од тоа време почнаа да му оддаваат уште поголема чест.

Каганот, исто така, зеде чаша и рече: " Пијам во името на еден Бог кој ја создал секоја твар"
Филозофот земајќи ја чашата, рече: "Пијам во [името] на еден Бог и Неговото Слово, кој ги стврдна небесата, и животворниот Дух, од кого излезе сета сила."
Каганот одговори:"Сите говориме една работа само разликата е во тоа што вие ја славите Троица, и ние - Еден Бог,како што научивме од книгите."

Филозофот рече:" Книгите го проповедаат и Словото и Светиот Дух.Ако некој те почитува тебе а на твоите зборови и на твојот дух не му оддава чест, а друг сите три нешта ги почитува,кој те почитува повеќе? 
Тој одговори:„(Оној) кој сите три ги почитува "
Филозофот одговори: "Така и ние, му правиме чест (на Бога), докажувајќи со аргументи и слушајќи ги пророците.Исаија кажа: "Чуј ме, о Јаков, Израел, кого го повикувам, Јас сум прв , Јас постојам вечно, Јас постојам и сега. Ме испрати Господ и Неговиот Дух,."
 Јудеите пак кои стоеја во негова близина ,му рекоа : "Кажи ми како може да се смести Бог во утробата на жена, која не може како него ни да изгледа , а не пак да го роди? "
Филозофот, пак, посочи со прстот кон Каганот и неговиот советник и рече: "Ако некој вели дека првиот советник не е во состојба да го служи Каганот и рече дека последниот роб може да дојде кај Каганот и да му прави чест нему, како ќе го нарекуваат, кажи ми, умен или луд "
Тие одговорија:". Сосема луд ".

Филозофот им рече: "Што е над сите видливи созданија"
 Тие одговорија:"Човекот, кој е создаден според Божјиот лик."
Повторно, им рече филозофот: "Толку се луди оние кои велат дека Бог не може да се смести во човек, (бидејќи) тој се сместил и во запалена грмушка и во оган и во облак и во бура, и во чад кога им се јави на Мојсеј и Јов.Како може да лечи некого оној кој е болен?Кога човечката раса би дошла до пропаст, кој друг ќе и донесе обновување ако не Творецот, кажи ми?Ако лекарот, сакајќи да стави облог на болниот го направи тоа на камен или дрво, дали од ова ќе излезе нешто (добро за болниот)? Како што рече Мојсеј (инспириран) од страна на Светиот Дух во својата молитва,раширувајќи ги рацете: "Од гром камења и труби не ни се појавувај повеќе, драги Боже туку всели се во утробите наши сопствени, симнувајќи ги (од нас) нашите гревови. "Така рече Аквила*"

*Аквила – божем еврејски учен, кој во I I в. н. е. направил буквален превод на Стариот Завет на грчки јазик. Овој превод наводно бил особено почитуван од Евреите кои при споровите со христијаните му давале предност пред оној александрискиот на „седумдесетте преведувачи„

Овде текстот на Аквила се разликува од преводот на септуагинтата(Излез. 34.9) во Септуагинтата: «Нека Господ мој се всели во нас». Буквалниот превод на Аквила Константин го користел како доказ за христијанската догма за воплотување на Бога во човечко тело.(Види Исаија 34.9 во македонската библија:9 Тогаш рече: „Господи мој! Ако придобив благонаклоност во Твоите очи, тогаш, о Господи, дојди со нас! Иако е народот со корав врат, прости ни ги нашите гревови и нашите опакости и прими нè за Свое наследство!” ).



И така си заминаа од вечерата, назначувајќи ден кога ќе зборуваат повторно за сето ова.

10.И кога седна повторно Филозофот со каганот, тој рече: "Јас сум меѓу вас - едно лице, без семејство и пријатели.Сепак, ние водиме спор за Бога, во негова рака е се ' и нашите срца.Нека оние од вас, кои се силни на зборови, во една беседа ни кажат што знаат и не знаат, нека прашаат и ќе им кажам. "

Одговорија Јудеите и рекоа: "Ние признаваме дека во Книгите се зборува за Словото и Светиот Дух.Кажи ни кому му го даде Бог својот закон најпрво :на Мојсеј, или на оној кој [вие]го следите ".
Филозофот рече: "Затоа ли не прашувате затоа што (вие) го следите првиот закон?"
Тие одговорија: "Така, првиот и треба (да се следи)."И рече Филозофот: "Ако сакате да го следите првиот закон, да се откажете во целост од обрежувањето."
Тие рекоа : "Зошто така зборуваш?" 
Филозофот рече: "Кажете ми, без резерва, првиот закон вели да се обрежува или да не се обрежува."
Тие одговорија: "Сметаме ,да се обрежува."
Филозофот рече: "На Ное ли Бог му го дал првиот закон после заповедите, по падот на Адам, нарекувајќи го законот завет.Бидејќи тој рече: "Еве јас ќе го кренам заветот мој од тебе и од твоето потомство, а од сите на земјата, поставен на трите Заповеди: се да јадете, како на зелената трева, се под небото, и се што е на земјата, и сето она (кое е) во вода, освен месо, во чија крв е неговата душа, (тоа) да не го јадете, и кој ќе пролее крв на човек, нека неговата крв се пролее наместо неа " (Комбинација од Битие 9:3,4,6,9)

Што би рекле наспроти ова, ако сами велите дека е потребно да се задржи Првиот закон "
Но, Евреите Му одговорија:"Го следиме првиот закон на Мојсеја.Тоа не го нарекол Бог закон туку завет, а прво (му дал) на човекот во Рајот,а пак му заповедал на Авраам - обрежување,бидејќи една работа е - законот, а друга - заветот, и затоа поинаку ги нарекол Создателот ".

Филозофот им одговори: "Ова ќе ви кажам тоа.Законот Творецот го нарекува завет. Впрочем, Бог му рече на Авраама: "Го давам законот мој на вашето тело" - и го нарече и знак (заветот), кој е меѓу мене и тебе. Тој, исто така извикува до Јеремија:
"Послушај го (словото на ) овој завет, затоа што ќе им зборуваш - рече - на Јудините синови и жителите на Ерусалим, и речи им:" Така вели Господ Бог Израилев: Проклет да биде човекот кој не ги слуша зборовите на овој завет што го заповедав на вашите татковци во денот кога ги изведов од Египетската земја ".
На ова одговорија Евреите : "И ние прифаќаме дека законот исто така се нарекува завет .Сите оние кои го почитуваат законот на Мојсеј, сите му беа угодни на Бога, и ние го чуваме и се надеваме дека така ќе биде со нас ,а вие, поставивте нов закон,и го нарушивте законот Божји. "
Филозофот им рече: "Добро постапуваме, зашто ако Авраам не се обрежал и го почитувал заветот на Ное, тој не би можел да се нарече себе си пријател на Бога, ни Мојсеј, кога повторно го напишал законот, не го следел првиот.Значи ние постапуваме на тој начин, и добивајќи закон од Бога, го почитуваме, бидејќи Божјата заповед е цврста.Впрочем, кога му го даде на Ное законот тој не рече дека (тогаш) ќе даде уште еден, но (рече) дека засекогаш Тој ќе остане во живите души.Ни кога му даде завет на Авраама не му рече, дека ќе даде друг на Мојсеја.

Како да се задржи првиот закон , ако Бог преку Езекиел извикува: "Ќе го променам и ќе ви дадам нов Закон " бидејќи Еремија јасно вели:" Еве, идат денови, - вели Господ - кога Јас ќе направам со домот Израилев и со домот Јудин нов завет, а не како заветот што го заклучив со вашите татковци кога ги зедов за рака за да ги водам надвор од земјата Египетска, затоа што тие не постапуваа во согласност со заветот мој, и јас ги замразив.


И еве го заветот, кој го склучувам со домот на Израел по оние денови - вели Господ, - Мојот закон ќе го ставам во нивната душа и ќе го напишам во нивното срце. И ќе бидам нивен Бог, а тие Мој народ.

И повторно истиот Еремија вели: "Така вели Господ Семоќниот," Застанете на патот и прашувајте каде е вечниот пат на Господа, и ќе видите кој пат – е вистинскиот, и одете по него, и ќе добиете очистување на вашите души ". 
А тие рекоа:" Не одиме. "
И поставив јас стража меѓу вас (за да ви рече): "Слушнете го гласот на трубата."
А тие рекоа: "Ние нема да слушаме."
И затоа што луѓето ќе го слушнат и овчарите со своите стада. "
И повторно:" Слушај, земјо, ќе им наведам на овие луѓе зло, плодови на нивното застранување, затоа што не го послушаа словото на моите пророци и Мојот закон, што беше проповедан од пророците,го отфрлија„ .Нема само со овие зборови да покажам дека законот се менува, но и со многу други аргументи директно од пророците"

Му одговорија нему Евреите: "Секој Евреин знае знае дека е така, но се уште не дошло времето на Помазаникот." (зборот Христос значи -помазаник м.з.)

Филозофот им рече: "Зошто велите така?Впрочем, можете да видите дека Ерусалим е срушен, а жртви не се жртвуваат, и се случи се што пророците пророкуваа за вас.Малахија јасно извикува: "Нема мое задоволство во вас, - вели Семоќниот Господ -и жртви на вашата рака не примам, бидејќи од излезот на сонцето и до запад моето име го слават народи, и во секое место темјан се нуди во мое име, жртва чиста,бидејќи е големо моето име меѓу народите, - вели Господ Седржителот ",


Тие одговорија: "Она што ти го зборуваш, значи дека сите народи ќе бидат благословени од нас и ќе бидат обрежани во градот Ерусалим "

И рече Филозофот:" Мојсеј рече: "Ако ме почитувате, и ќе го чувате во се' Законот, ќе биде вашата граница од Црвеното Море до морето на Филистејците и од пустината до реката Еуфрат ". И ние народите - ќе добиеме благослов од семето на Авраам, кое произлегува од коренот Јесеев, од наречениот "надеж на народите" и "светлина на целата земја и на сите острови ", и ќе бидеме образовани во славата на Бог, но не и со законот и не на местото (како што велите).(За ова) Говорат пророците .Бидејќи Захарија рече, : "Радувај се во голема мера, ќерко Сионова, ете твојот цар иде, кроток, седејќи на магаре, син на подјармените."И повторно: "ќе го истреби оружјето на Ефрема и коњите на Ерусалим, и ќе зборува за мир при народите, и Неговата моќ (ќе биде) од работ на земјата до крајот на универзумот ".Јаков рече:" Нема да се оддалечат од Јуда: ни царското жезло, ниту владетелската палка од неговите нозе, додека не дојде Оној, кому Му припаѓа, кому ќе Му се покорат народите. , а тој е надеж за луѓето ".


Гледате дека сето ова е завршено и исполнето, кого друг го чекате? Даниел, бидејќи рече , подучен од ангел: "70 недели, до водачот Христос", што значи 490 години, кога "ќе биде запечатено видението и пророштвото" . Какво ,по ваше мислење , би било железното царство ,кое го спомнува Даниел (во својата) слика "? Тие рекоа:" Римското ".Филозофот им рече: "А камен кој беше отсечен од планината без човечки раце, кој е тоа?"
Тие одговорија: "Помазаникот".
Повторно, тие рекоа "Ако се претпостави дека тој веќе дошол, како што велите, според зборовите на пророците и други аргументи, како тоа римското царство до ден денес владее"?
Им одговори филозофот: "Не владее повеќе, бидејќи помина, како и други(царства) во прикажаната слика, бидејќи нашето царство не е римско, туку на Христос, како што вели пророкот : "Небесниот Бог ќе подигне Царство кое никогаш нема да пропадне и не ќе помине врз некој друг народ. Тоа ќе ги разбие и ќе ги уништи сите оние царства, а самото ќе стои довека - " Не ли е христијанско царството кое се нарекува сега со името на Христос?
Римјаните се поклонуваа на идоли, а овие пак, некој од еден ,некој од друг народ и племе, владее во името на Христос, како што вели пророкот Исаија,"Своето име ќе им го оставите за клетва на Моите избраници: ‘Така ќе те убие Господ!’ А Своите слуги Тој ќе ги вика со друго име , кои ќе бидат благословени во земјата, зашто ќе ја благослови вистинскиот Бог, и кој ќе и се заколне на земјата ќе се колне во Бога на небото ".
Не се исполни ли пророштвото на пророците ,за кое е јасно е дека беше кажано за Христос?
Впрочем, Исаија ни кажува за неговото раѓање од девица, велејќи: "Еве девица ќе го прифати во цревото свое и ќе роди син и ќе го нарече Емануел, " што значи, Бог со нас. И Михеј рече:" А ти Витлееме, земјо на Јуда, не си помал сред владиците на Јуда, затоа што од тебе ќе дојде водач, кој ќе го избави Мојот народ на Израел.Неговото потекло е од почетокот, од памтивек.Затоа Господ ќе ги остави до она време додека не роди таа која има да роди .
Еремија рече" Гледајте и ќе увидите: дали мажот раѓа?Голем е тој ден ,како што не бил никој друг и тешко ќе биде времето на Јакова и тој ќе се спаси "
Исаија пак, рече: "„Пред да почне да се измачува, ете, родила. Пред да ги почувствува породилните болки, породила машко. ",
Уште еднаш, Јудеите рекоа : "ние – сме благословеното семе на Сим(Шем), благословени од нашиот татко Ное , а вие – не сте ".
Тој им го објасни и тоа и им рече: "Благословот на нашиот татко (Ное) - не е ништо друго, туку пофалба на Бога, и ништо од него не ќе ви биде, поради тоа што е (речено) вака:" Благословен е Господ Бог на Сим. "
А на Јафет, од кој ние доаѓаме,му рече:" Да го рашири Господ бог Јафета и тој да влезе да живее во сите села Симови " (И така долго) им изложуваше (аргументи) од пророците и од другите книги и не ги остави додека не рекоа: "Така е, како што велиш"

Тие рекоа повторно: "Како тоа вие имате доверба во човек и го благословувате (како Бог) а Книгите го проколнуваат тоа ",
 Одговори Филозофот:" А Давид – проколнат е или благословен ?"
Тие рекоа дека: "Дури и многу благословен."
Филозофот рече: "Ние се потпираме на истиот оној,на Кого и тој.Тој рече во псалмите: "Човек од мојот свет, се потпирам на него " .Овој човек е Христос, Бог, истиот оној кој верува во обичниот човек, и ние го колнеме ".
Потоа, предложија друга парабола, велејќи: "Како тоа вие христијаните може да го отфрлите обрежувањето, а Христос, не го отфрлил. "

Филозофот одговорил: "Оној што првично рече на Авраама: "Ова ќе биде, знак меѓу Мене и тебе", тоа и го направи, кога дојде (на земјата) и од тоа време (кога беше Авраам) се почитуваше (тој обред),но потоа не дозволи, да биде така, и ни даде крштевање. "

Тие рекоа: "Зошто другите (луѓе) порано морале да му угодат на Бога, иако не го правеле овој знак, а Авраамовиот?", Одговори Филозофот: "За ниту еден од нив не е познато дека имал две жени, но само за Авраам, и затоа го обрежал( Господ)неговиот пенис, да означува граница, која потоа не треба да се престапува , давајќи со првиот брак на Адама образец (за сите) понатаму другите како да правите.

Тој постапил на ист начин и со Јакова, пресекувајќи му ја жилата на колкот, бидејќи земал четири жени.Кога (тој) ја сфатил својата вина, за која (Бог) така постапил со него (Бог) му го даде името Израел, што значи ум, кој гледа во Бога.И повеќе не се знае дека тој живеел со неговата сопруга.Авраам ,пак, не го разбрал тоа. "

Повторно Јудеите го прашаа: "Како вие кои што се поклонувате на идолите, мислите дека со ова му оддавате почит на Бога "?

Одговори Филозофот:" Прво, да научите по име да разликувате што е тоа идол, а што е икона, и, знаејќи го ова, да не ги напаѓате христијаните.Впрочем, имате 10 имиња за слика на вашиот јазик. (Но) те прашувам: не ли е слика скинијата која Мојсеј ја видел на планината и ја донел(оттаму),и не направил ли тој (со својата) уметност слика на сликата, образ по (тој) образец за своите прекрасни украси (ќебиња), од кожа и волна (ткаенина), со сликите на херувимите?И затоа што го сторил тоа не треба ли да ви кажеме вам, според ова, дека им оддавате почит и се поклонувате на дрво, кожа и волна, а не на Бог, кој ја дал на времето оваа слика?Истото(може да се каже) и за Храмот на Соломон, затоа што имаше во него икони на херувимите и ангелите, и многу други слики.

Па така всушност ние, Христијаните,со создавање на слики угодни на Бога, им оддаваме почит и ги одвојуваме добрите од демонските слики.Впрочем, го порекнуваат Книгите принесувањето жртва на своите синови и ќерки и ветуваат (за нив), гнев Божји , но исто така (истовремено) фалат други,кои ги жртвуваат своите синови и ќерки. "
Повторно рекоа Јудеите : "Не ли му се спротивставувате на Бога со јадење свинско месо и зајачко?"
Им одговори: "Првиот завет заповедал," Јади сè, како зелена трева ", затоа што " за чистиот сè е чисто, а кај нечистите и совеста е нечиста ".


И бидејќи Бог вели во (книгата) Создавање: "Сето тоа е многу добро" (и само), поради вашата ненаситност исклучил нешто малку од ова правило.Зашто Тој рече: "Јадеше Јаков, и се задоволи, а отпадна (од Бога), саканиот"
И уште: "Седеа луѓето да јадат и пијат, и (потоа) станаа да играат" .

Од големиот дел на она (она што е кажано таму,) ние ставивме тука, скратено, малку поради сеќавање.И ако сакате целосно да побарате (запис) на беседите од светите , ќе ги најдете во книгите негови кои ги преведе нашиот учител и архиепископ Методиј, братот на Константин Филозоф и ги подели на осум слова, и ќе видите од нив колку се силни словата(вдахновени) со Божјата благодат, како пламенен оган над противниците.

Кога хазарскиот каган и неговите благородници ги слушнале сите овие зборови и слова негови,соодветни и пријатни, му рекле: "(Од самиот) Бог си испратен овде за усовршување на нашето сопствено познавање, и познавањето на сите Книги во тебе - од Него, како што доликува зборуваше за се и до ситост не наслади сите нас кои уживавме во медената слаткост на зборовите на светите книги.Ние -не сме луѓе од книгите, но ние веруваме дека тоа станало така ,според (волјата на) Бога.Ако сакаш уште повеќе да ги смириш нашите души, дај ни по ред објаснување во параболи за сè, за што прашувавме." И така тие отидоа на одмор.

11.Кога следниот ден (повторно, сите) се собраа, му се обратија нему, велејќи: "Покажете ни , чесен човеку, со цитати и параболи, каков вид на вера на сите папи(татковци?) е најдобра. "
Им одговори Филозофот: "Имало кај некој цар (на дворот), двајца брачни другари, кои тој многу ги почитувал и ги сакал.Кога згрешиле, ги прогонил праќајќи ги (далеку) од (нивната) земја.И живееле така многу години,и родиле деца во прогонство.И децата се собрале заедно, да се советуваат ,за начинот како повторно да стигнат до претходната ситуација.И некои од нив кажувале некој начин, други поинаку, а трети препорачувале свој начин.Кој совет треба да се прифати?Најдобриот нели? "

Тие рекоа дека: "Зошто така зборуваш?Впрочем, секој мисли дека неговиот совет е подобар од останатите: Јудеите сметаат дека нивниот е најдобар [ Сарацените – својот,и вие исто така - вашиот], и (сите) други.
Кажи ни, како да знаеме кој е најдобар ".Им рече Филозофот:" Огнот го тестира златото и среброто , а човекот со разум ја одвојува лагата од вистината.


Кажете ми: зошто се случи првиот пад, нели од изгледот на слаткото овошје , а не од желбата да се биде (еднаков со) Бог? ", Рекоа тие," Така е. "Филозофот рече: "Ако некој ќе се разболи,
јадејќи мед или пиејќи ледена вода , и ќе дојде лекарот и ќе му рече, јади повеќе мед и ќе се излекуваш, а на оној кој пиел вода, да му рече, по пиење ладна вода, да стоиш гол
на ладното и ќе бидеш исцелен.Другиот лекар пак не вели така, но ќе препише лек, спротивен(на болеста): наместо мед да пие горчливо, воздржувајќи се од храна, а место студ - топлина и греење.? Кој од двајцата повешто лечи "Одговорија сите:" Оној кој препишал против лек бидејќи за да се убие тагата на овој живот треба да се убие сласта на желба, а со смирение - гордоста, со спротивно спротивното се лечи,а ние овде зборуваме дрвото, што раѓа прво трн, потоа ќе роди слатко овошје. "


Повторно исто одговори Филозофот ", Добро рековте.Впрочем, законот на Христос ја покажува (сета) сериозност на животот (по заповедите) Божји, потоа во вечното живеалиште носи вечен плод . "
Еден од нив, (советник)на Каганот, кој ја знаеше сета злоба на Сарацените, го праша Филозофот: "Кажи ми, госту, зошто вие не го признавате Мухамеда? Тој многу го пофалил
Христос во своите книги, велејќи дека е роден од девица, сестра на Мојсеј, пророк голем, кој воскреснуваше мртви и ги исцелуваше сите болести со голема моќ ".


Филозофот нему му одговори: "Дозволете ни да расудиме Кагану.Кажи ми: ако Мухамед е пророк, тогаш како можеме да му веруваме на Даниел? Тој кажа: "Пред (да се јави) Христос ќе се прекинат сите виденија и пророштва. "Овој се јави после Христа, како тој може да биде пророк? Ако го наречеме пророк, тогаш Даниел ќе гоотфрлиме. "
Рекоа, многу од нив: "Она што го рече Даниел, го зборуваше од Божјиот Дух, а за Мухамед сите знаеме дека тоа е - лажго и погубител на општото спасение и дека најмногу од неговите заблуди тој излевал на злоба и дрскост. "
Рече првиот меѓу советниците и пријатели на Евреите: ". Со Божја помош овој посетител ја собори на земјата сета гордост на Сарацените, а вашата ја исфрли на друг брег, како нешто нечисто".И им рече дека сите луѓе: "како што Бог му дал власт над сите народи и совршена мудрост на христијанскиот Цезар, така му дал и најдобра од сите вера, и без неа никој жив не може да добие вечен живот.Богу нека е слава во веки. "

И сите тие, рекоа: "Амин".

Филозофот им рече на сите со солзи: "Браќа и татковци, и пријатели, и деца (мои).Од Бога - е сето знаење, и соодветен одговор.Ако има некој којне се согласува, нека дојде и нека победи во спорот,или ќе биде поразен.Кој ќе го послуша (советот), нека биде крстен во Светата Троица,но ако не сакате, тоа не е за мене грев, и тој (самиот) ќе види (што ќе се случи со него)на судниот ден, кога седнат (на престолот), на Старите денови судијата ќе им суди на сите народи. "

Тие одговорија "Не сме си непријатели, ние самите на себе, и така од овој ден , кој може да се крсти нека се крсти, ако сака.И оние од вас кои се поклонуваат на запад, или еврејска молитва читаат или ја држат верата сараценска, наскоро смртта од нас ќе ја примат ".

И така тоа се разотидоа со радост.Се крстија од нив двесте луѓе, откажувајќи се од омразата паганска и незаконските бракови.И му напиша Каганот на Цезарот вакво писмо:
"Ти ни испрати, господине, таков човек кој ни го покажа христијанската вера и  Света Троица во зборови и дела.И дознавме дека тоа е - вистинската вера, и наредивме  кој сака да се крсти, надевајќи се дека ќе дојдеме до истото.Сите ние - пријатели и познаници на твоето царство, сме подготвени за твоја служба, кога ќе посакате"


Испраќајќи го Филозофот, каганот му даде многу подароци, но тој не ги прифати, велејќи: "Дајте ми ги затворениците Грци, колку што се тука и тоа е за мене е повеќе од сите подароци".Тие собраа дваесет и му ги дадоа.И тој со задоволство тргна на пат.


12.Кога дојдоа до пусти и безводни места, не можеа да ја издржат жедта.Најдоа солена вода, но не можеа да ја пијат бидејќи беше како жолчка.И кога сите се разотидоа по вода,му рече на неговиот брат Методиј, "Не можам повеќе да трпам жед, нацрпи од оваа вода.Оној кој порано на Израелците горчливата вода им ја направи слатка, мора да ни донесе утеха. "
Нацрпеа, и таа беше слатка како мед, и студена, па пиеја, и го славеа Бога, што прави вака за неговите слуги.**

(**исто како Мојсеј во пустината ,спореди :


ИЗЛЕЗ - ВТОРА КНИГА МОЈСЕЕВА
Глава  15   

23 Дојдоа до Мера, ама не можеа да пијат вода кај Мера, зашто беше горчлива. Затоа и се вика Мера.
24 Народот мрмореше против Мојсеја и зборуваше: „Што ќе пиеме?”
25 А тој Го повика Господа. Господ му покажа едно дрво. Го фрли тој дрвото во водата, и водата стана слатка. Таму Господ им даде закон и право и таму ги стави во искушение.)



Во Херсон пак, вечерајќи со Архиепископот му рече Филозофот: "Молете се, Оче, за мене, како татко ми што би направил. "Некои, исто така, го прашуваа зошто го стори тоа.
Филозофот одговорил: "навистина ќе си замине утре од нас при Господа , и ќе не остави "и се оствари неговиот збор.

Имаше кај народот Фулски голем даб, сплотен со цреша , а под него принесуваа жртви, нарекувајќи го Александар - и на женскиот пол не му било дозволено ниту да му пристапи, ниту пак (да принесе) жртви. И кога слушна за ова Филозофот, не штедеше мака и се упати кон него.И застана сред нив велејќи:„Елините отидоа на вечни маки поклонувајќи се на [како на Бога] небото и земјата, толку големи и добри творенија.Така и вие, кои на вакво кутро создание, дрво,подготвено за оган,му се поклонувате, како може да избегате од вечен оган? "


Тие му рекоа: "Ние не сакаме да правиме така, но (оваа практика) ни е од татковците, и затоа благодарение на него се исполнуваат сите наши барања, и повеќе има чести врнежи.А што сме направиле ние,што никој од нас не се осмелил да направи?Впрочем, ако некој се осмелува да го стори тоа, во исто време и смртта ќе не види, и така нема да видиме дожд до својата смрт. "

Тој им одговори со истата филозофија: "Бог говори за вас во Книгите, како може да го негирате? Еве,Исаија извикува од Господа, велејќи: "одам да ги соберам сите племиња и народи, и тие доаѓаат и ќе ја видат мојата слава, и ќе се постави знак на нив, и ќе појде спасението од нив кон народите: во Тарсис и Фул, и Луд , и Мосох и Фовел, и во Елада и на островите кои се далеку, каде што не го слушнале Моето име, и ќе влезе славата во мојот народ ".

Уште еднаш, рече Господ Седржителот:"Јас ќе испратам многу ловци во ридовите и карпите да ве фатат" Познајте го браќа Бог кој ве создаде.Еве го - Новиот завет, Божјото Евангелие, во кое што се крстивте. "

И така, со слатки зборови ги убеди, им нареди да се пресече дрвото и да се изгори.Му се поклони нивниот старешина, и го бакна Евангелието, и после него сите .И земајќи бели свеќи од Филозофот, со пеење отидоа до дрвото, и зедоа секира и го удри Филозофот триесет и три пати, и нареди да се искорне со се корења и да се изгори.Истата ноќ падна дожд од Бога.И со голема радост го славеа Бога, и Бог силно се радуваше.

13. Филозофот пак појде во Цариград и, откако се виде со Цезарот, живееше тивко, молејќи се на Бога, во црквата на Светите Апостоли.

Постои и една чаша во Света Софија од скапоцен камен, направена од Соломон, и на неа букви еврејски и самарјански напишани на страна, кои никој не би можел ни да ги прочита ни да ги преведе.Зел Филозофот и ги прочитал и ги превел.

Во првиот раб пишувало: "Чашо моја, чашо моја, пророкувај додека (сјае) ѕвездата.Напој го Бога, Првородениот, буден во ноќта. "Потоа, на другата страна: "Да се причести и Господ, создадена од едно дрво, да пие и се опие од радост и да возгласи:. Алелуја".А на третата страна : "Еве го -Принцот ќе ја види сета слава негова, и царот Давид во средината на нив " и потоа напишан бројот  909.

Пресметал тенко Филозофот и открил: од дванаесеттата година од владеењето на цар Соломон до владеењето на царството на Христос 909 години.И ова е – пророштвото за Христос.


14.Kога така Филозофот многу се радувал во Бога, дошла друга работа, повторно, и работа не помала од првата.Ростислав, кнезот на Моравија, по научение на Бога одржал Совет со своите принцови и Моравјаните, и пратил кај Цезарот Михаил , велејќи: "Иако нашите луѓе го отфрлија незнабоштвото и го чуваат законот христијански, немаме таков учител кој на нашиот јазик ќе ни ја претстави вистинската христијанска вера па и другите земји, угледувајќи се , да станат како нас . Па прати ни Господине, епископ и учител таков. Бидејќи од вас за сите земји произлегува добар закон .

И Цезарот, собирајќи совет, го викна Константин Филозоф, му го даде ова на знаење и рече: "Филозофе, знам дека си уморен, но ќе треба да одиш таму, затоа што оваа работа никој не може да ја направи, само ти."Филозофот одговорил: "Моето тело е уморно, и јас сум болен, но ќе одам со задоволство, ако тие имаат букви за својот јазик ".
И Цезарот му рече: "Мојот дедо и мојот татко и многу други сакаа да ги пронајдат но не ги пронајдоа,како можам јас да ги пронајдам (измислам м.з.) "

Филозофот рече:"Кој може да да запише беседа на вода и (кој би сакал да биде) жигосан еретик?" Му одговори на истото Цезар повторно, со својот вујко, Вард , "Ако сакаш, тогаш можеби тебе ќе ти ги даде Бог, кој им дава на сите кои бараат без сомнеж и му отвора на оној кој тропа ".

Пошол пак Филозофот, и по стариот обичај почнал да се моли со другите помошници.И наскоро му ГИ откри Бог, што ги слуша молитвите на Своите слуги, а потоа тој го создаде писмото, и почна да ги пишува зборовите на Евангелието: "Во почетокот беше Словото и Словото беше во Бога и Словото беше Бог "и понатаму.И се радуваше Цезарот, а во исто време и го славеше Бога со своите советници, и го испрати со многу подароци со пишување на вакво писмо до Ростислав : "Бог, кој сака секој да дојде до познанието на вистината и да достигне високо достоинство увидувајќи ја твојата вера и посветеност, создаде сега и во нашите години - букви за вашиот јазик - нешто што не му беше дадено (никому) од почетните времиња, за и вие да се приклучите кон големите народи кои го фалат Бога на својот јазик.И така ви го испративме оној на кого Бог му ГИ објави ,маж чесен и побожен, книжник и филозоф.Прифати го дарот , кој е повреден и поголем од сребро и злато, и скапоцени камења, и минливото богатство, и појди со него брзо да го зајакнеш делото и со сето свое срце да Го бараш Бога.И не го отфрлај заедничкото спасение, но подигни ги сите да не се мрзливи и да тргнат по патот на вистината за и ти,приведувајќи ги со својата грижа кон познавањето на Бога,добиеш награда за тоа во овој век и во иднина за сите оние души кои веруваат во Христа ,нашиот Бог, од сега па до крајот и да оставиш спомен на себе во идните генерации како големиот Цезар Константин ".

15.И кога дојде во Моравија, го прими Ростислав со големи почести и собра ученици и му ги даде да ги учат.И наскоро ја преведе целата црковна служба , и ги научи на утрената и и часовната, и обедната, и вечерната, и повечерната, и тајната молитва.
И се отворија за пророчкото слово и ушите на глувите ,за да ги слушаат зборовите на книгата и им стана јасно на варварите (оние што зборуваат неразбирливо м.з). И Бог се радуваше за ова а ѓаволот беше посрамен.


Кога почна да се шири учењето на Бога, стариот зол завидливец ѓаволот,не сакал да го трпи ова добро, па го зел своето оружје и почнал да подбуцнува многумина (против Светиот), кажувајќи им: "Не му служи ова на прославувањето на Бога.Ако му беше угодно,не можеше ли да стори, така (тие) од почетокот, да пишуваат букви на нивниот говор, фалејќи го Бога?


Но, тој беше [избрал] од јазиците само три, еврејскиот (грчкиот,латинскиот?), на кои треба да се фали Бог ", Така зборуваа Латинските и Франкските архиереи со иереите и учениците, и кога се бореше со нив, како Давид со туѓоплемениците, ги победуваше со зборовите од книгата, ги нарекуваше тријазичници , затоа што Пилат така напишал натпис на (крстот на) Господа.

И не само што зборуваа, туку учеа и на други злосторства, велејќи дека на под земјата живеат луѓе со ГОЛЕМИ ГЛАВИ(антиподи? м.з), и сите животни – се созданија од ѓаволот, и ако некој убие змија за тоа ќе му бидат простени девет гревови, и ако некој убие човек, нека пие три месеци од дрвена чаша, да не допира стаклена. Не забрануваа ни да се положуваат жртви според стариот обичај, ниту брак засекогаш не склучуваа.

Сето ова, како црн трн го намали и го изгоре со оган по збор, велејќи: "Пророкот вели вака: "Принеси на Бога жртва на пофалби и дај му ги на Семоќниот молитвите твои. Сопругите пак на младоста твоја младите не ги бркај, туку кога ќе посакаш да ги истераш воздржи се од нечестието на твоите желби - вели Господ Седржител. И сочувајте го вашиот дух, и ниту еден од вас да не ја напушти жената од неговата младост.И ако го правите ова, тоа јас го мразам, затоа што Бог беше сведок меѓу тебе и жената на твојата младост на која си и неверен, иако ти беше сопруга и твоја законска жена" А во Евангелието вели (Христос):Сте чуле дека им било речено на старите: ‘Не прави прељуба!’А Јас ви велам дека секој, кој гледа на жена со желба, веќе извршил прељуба со неа во своето срце." И повторно:"А Јас ви велам дека секој, кој ја остава својата жена, освен заради прељуба, ја прави да врши прељуба, и кој се жени со така напуштена, врши прељуба. "
И апостолот вели: "И ако Бог соединил две лица, нека не бидат разделени!”

И така 40 месеци помина во Моравија и отиде да ги ракоположи своите ученици . Го прими него по патот Коцел ,кнезот Панонски , и многу ги засака словенските букви, и ги научи и му даде педесет ученици, да ги научи, и му укажа голема чест ,и го испрати понатаму. И тој не зеде ни од Ростислав ниту од Коцел ниту злато, ниту сребро, ниту ништо друго според словото на Евангелието, освен храна. Само замоли од двајцата да ослободат деветстотини заробеници.


16.Кога беше во Венеција, се собраа латинските епископи, и попови, и чернорисци, како врани на сокол, и ја подигнаа тријазичната ерес, велејќи: "Кажи ни, како ти си создал писмо за пишување за Словените и ги учиш, и не ги измислил порано никој друг, ниту апостолот ниту Папата Римски,ниту Григориј Богослов, ниту Јероним, ниту Августин?Ние знаеме само три јазици на кое е достојно да се слави Бог со помош на писмо:еврејски,грчки и латински ".



Им одговорил Филозофот: " Дали паѓа дождот од Бога еднакво врз сите, а не сјае ли сонцето за сите, не дишиме ли сите ист воздух?Како не се срамите да признавате само три јазици,и на сите други народи и племиња да им велите да бидат слепи и глуви?Кажете ми, зошто го правите Бога немоќен, како да не можел да даде , или завидлив, како да не бил подготвен да даде?Ние знаеме многу народи кои владеат со уметноста на пишувањето и го слават Бога секој на својот јазик.Познати се овие :Ерменци, Персијци, Абхазијци, Грузијци, Согдијци, Готи, Авари, Турци, Хазари, Арапи, Египќани,Сиријци и многу други .Ако и ова не сакате да го разберете,нека ви судат книгите.Давид извикува ,велејќи, "Запеј на Господа целата земја;
Пејте Му на Господа нова песна: " И повторно:" Пејте кон Господа, по целата земја, пејте и радувајте му се " И на друго место вака:" Сета земја да те обожува тебе и да ти пее Тебе,нека го пее Твоето име, Севишен " И повторно:" Славете го Бога, сите народи,фалете го сите луѓе " И:" Секој здив да го фали Господа " Во Евангелието се вели:"на сите што го примија, им даде власт да станат Божји деца".

И повторно истото: "Не молам само за нив, но исто така и за оние кои веруваат во мене преку своето слово, нека бидат сите едно, како Ти, Таткото - во мене, и јас - за да бидат сите едно; како што си Ти, Татко, во Мене, и Јас во Тебе "а Матеј вели," Дадена ми е сета власт на небото и на земјата.Затоа одете и научете ги сите народи, крстете ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух и учете ги да чуваат се што сум ви заповедал, и Јас ќе сум тука со вас секогаш, до крајот на времето.Амин ".И Марко исто така вели:" И им рече: „Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание! .Кој ќе поверува и се крсти, ќе биде спасен; а кој не поверува, ќе биде осуден. А овие знаци ќе ги придружуваат оние, кои поверувале: во Мое име ќе истеруваат зли духови; ќе зборуваат нови јазици; ", исто така, вели за вас:" Горко ви вам, книжници, зашто го зедовте клучот од знаењето - сами не влеговте, а им попречивте на оние, кои сакаа да влезат.” 
И повторно:"рече Апостол Павле: Би сакал сите да зборувате јазици, а уште повеќе да пророкувате; зашто, оној, кој пророкува е поголем од оној, кој зборува јазици; освен ако ги толкува, та заедницата да добие надградба " 
А сега, браќа, ако дојдам при вас и ви зборувам на непознати јазици, каква полза ќе имате од мене, ако не ви соопштам или по пат на откровение, или знаење, или пророштво, или поука? И бездушните нешта, што даваат глас, како свиролот или харфата, ако не даваат различни звуци, како ќе се познае свирењето на свиролот или харфата? Ако трубата дава неопределен звук, кој ќе се подготвува за бој? Така и вие: ако со јазикот не изговарате разбирливи зборови, како ќе се разбере што зборувате? Ќе зборувате во ветер. Во светот има кој знае колку разни гласови, и ниеден не е без значење,или, ако не го познавам значењето на говорот, ќе му бидам странец на оној, кој зборува; а оној кој зборува, ќе ми биде туѓинец мене.Така и вие, бидејќи покажувате ревност за духовните нешта, настојувајте да ги имате во изобилство за надградба на црквата! Затоа оној кој зборува на јазик, нека се моли за да може да го толкува. Зашто, ако се молам на непознат јазик, мојот дух се моли, но мојот ум останува без плод.(од првото послание на Апостол Павле до Коринтјаните,м.з.)Што значи тоа? Ќе се молам со духот, но ќе се молам и со умот; ќе пеам со духот, но ќе пеам и со умот. Зашто ако ти благословуваш со духот, како неупатениот ќе рече: „Амин”, на твоето благодарење, кога не знае што зборуваш? Зашто, ти навистина благодариш, но другиот не се надградува. Му благодарам на Бога дека зборувам повеќе јазици од сите вас; но во заедницата повеќе сакам да речам пет збора со мојот ум, за да ги поучувам и другите, отколку десет илјади зборови на непознат јазик. Браќа, не бидете деца во умот, туку бидете младенци во злобата, а во умот бидете зрели луѓе! 

Во Законот е напишано: „Преку луѓе, кои говорат на друг јазик и преку усните на туѓинци, ќе му зборувам на овој народ, но и тогаш нема да Ме послушаат - говори Господ.” Затоа јазиците се знак не за оние кои веруваат, туку за неверниците; пророштвото пак не е за неверниците, туку за оние, кои веруваат. Ако пак целата црква се собере на едно место, и ако сите зборуваат на непознати јазици, и ако влезат неупатени или неверници, нема ли да речат дека зло творите? Но, ако сите пророкувате, а влезе некој неверник или неупатен, од сите е уверен, и од сите е осуден; тајните на неговото срце се откриваат. И откако ќе падне на своето лице, ќе Го прослави Бога и ќе исповеда дека Бог е навистина меѓу вас. Што тогаш, браќа? Кога се собирате, секој од вас има псалм, има поука, има откровение, има јазик, има толкување. Сè нека биде за создавање.Ако некој зборува на јазик; нека зборуваат по двајца, или најмногу по тројца, и тоа по ред, а еден нека толкува! Ако нема толкувач, нека молчи во црквата; и нека си зборува сам на себе и на Бога! Пророците пак нека зборуваат двајца или тројца, а другите нека толкуваат. Ако некому, од седнатите, му дојде откровение, првиот нека замолчи! Зашто сите можете да пророкувате, еден по еден, за да се поучуваат сите и за да се утешат сите. И пророчките духови им се покоруваат на пророците, зашто Бог не е Бог на безредието, туку на светот.Ова е – заповед на Господ.А кој не го разбира.Затоа, не браќа, не љубоморете на оние кои пророкуваат, и не им забранувајте да зборуваат на јазици.Туку подобро се во верата и според службата-нека биде"И повторно рече:" и секој јазик да исповеда дека Исус Христос е Господ, за слава на Бог Таткото ".Амин."(скоро цело послание на Коринтјаните.Зошто би им требала ваква поука на Коринтјаните кои зборувалеи  грчки и еврејски,не е јасно.Изгледа дека Константин Филозоф не бил баш така добар филозоф.Под „јазици„ не се подразбира говорење на странски јазик туку неразбирливо бладање кое го прават оние во кои наводно влегува„светиот дух„ па „пророкуваат„.Со други зборови ,сосема невалиден аргумент за да засрами било кого освен оној кој не знае за какви „јазици„ всушност пишувал Апостол Павле ,м.з)
И со овие зборови, многумина засрами и замина.

17. Кога дозна за него Римскиот Папа, испрати по него. И кога тој дојде во Рим, го пречека самиот апостолик(папата) Адриан со сите граѓани, носејќи свеќи,бидејќи дознаа дека ги носи моштите на Свети Климент, маченикот и папа римски.И тогаш Бог почна да создава чуда, еден наслабен човек оздраве, и многу други се ослободија од различни заболувања. Исто така, затвореници, повикувајќи го Свети Климент,беа ослободени од заробеништво.Папата пак, земајќи ги словенските книги, ги благослови и ги положи во црквата на Света Богородица, која ја нарекуваа Фатне.

Пееја над нив Литургија.И потоа им нареди папата на дајца епископи, Формоза и Гаудерих да ги посветат учениците славјански.И кога ги осветија,тие пееја литургија во црквата Св. Петар на словенски јазик, а следниот ден пееја во црквата на Света Петронила и на третиот ден пееја во црквата на Свети Андреј, а потоа повторно во црквата на големиот учител на народите , апостол Павле , ноќта во црквата пееја на Света Литургија на словенски над светиот гроб, имајќи го на помош епископот Арсениј, едниот од седумте епископи, и Анастасиј библиотекарот. Филозофот пак со своите ученици постојано за ова му давал достојна пофалба на Бога.

Римјаните(?) пак постојано доаѓаа кај него, распрашуваќи го за се , и добиваа двојни и тројни објаснувања од него.Некој пак Евреин исто така дошол и се расправал со него,и му рекол еднаш: "Според пресметката на годините, сеуште не е дојден Христос ,за кој зборуваат книгите и пророците, кој ќе биде роден од девица" .Но, Филозофот, преку пресметување на сите години на Адам ,по генерации, му покажа суптилно дека дошол, и колку години поминале од тоа време до тогаш, и го научувајќи го,го пуштил да си оди.

18. Го стигнаа маките и почна да се разболува.И кога многу денови ја издржа неговата сериозна болест, тој одеднаш виде јавување на Бога, и затоа почна да пее: "Ми рекоа: ќе одиме во куќата Господова,и се развесели духот мој и срцето ми се израдува". И ја облече својата чесна облека ,и го мина така целиот ден, радувајќи се и велејќи: "Сега не сум слуга ниту на Цезара, или било кој друг на земјата, само на Семоќниот Бог.И бев и ќе бидам засекогаш. Амин " Следниот ден тој се облече на свет монашки начин и носејќи ја светлината во светот, си даде себеси име: Кирил.И во овој лик помина пеесет дена.

И кога се приближи неговиот час,да се врати од светот на вечниот живот ,тој ги подигна своите раце кон Бог и направи молитва со солзи, велејќи: "Господи Боже мој, ти кој ги направи сите ангелски чинови и бестелесните сили, и го распостели небото, и ја постави земјата, и сето тоа го донесе од ништо во битие, Ти,кој насекаде и секогаш ги слушаше оние кои прават по Твојата волја,се плашат од Тебе и ги чуваат Твоите заповеди, слушни ја мојата молитва и сочувај го твоето верно стадо во кое ме постави ,неспособниот и недостоен Твој слуга.Ти, кој ги спасуваш сите од секоја безбожна и еретичка злоба, а од секој еретички јазик, и многоречив и злословен, кој прекорува против Тебе, уништи ја тријазичната ерес и дај и на твојата црква да расте многу и собирајќи ги сите во еднодушие, создади совршени луѓе, обединети во идејата за вистинската вера, и со вистинска исповед.

Вдахни го во нивните срца словото на твоето учење.Бидејќи твојот дар кој ни го даде со проповедањето на Евангелието на твојот Христос, нам, недостојните, не подготви да правиме добри дела и она кое ќе те задоволи.Оние кои ми ги даде, како твои тебе ти ги предавам.Управувај ги со својата силна десница,покриј ги со покровот на крилјата твои, и нека сите го фалат и слават Твоето име.Таткото и Синот и Светиот Дух за секогаш.Амин. "
И бакнувајќи ги сите со свет целив, рече: "Благословен е нашиот Бог, кој не не даде нас, како плен,на забите на нашите невидливи непријатели, туку ги уништи нивните мрежи, и не избави од погибел ".

И така тој почина во Господ, а беше на четириесет и две, на четиринаесеттиот ден од февруари,индикт втори, во годината на создавањето на светот 6377.

Им заповеда апостоликот(папата)на сите Грци, кои беа во Рим, и на сите Римјани, исто така, да се соберат со свеќи да пеат над него, и да му направат таков погреб, како на папата.Така и сторија. Методиј, братот негов, го молеше апостоликот(папата ), велејќи: "Мајка ми ни даде заклетва,оној од нас, кој прв ќе појде на суд, неговиот брат да го пренесе во манастир и таму да го погреба ".(Дека Кирил и Методиј се браќа од една мајка не е баш многу сигурно.Сите христијани меѓусебно се нарекувале„браќа„ и „сестри„)


Заповеда папата и да се положи во сандак и да се затвори со железни клинци, и така го чуваа седум дена, додека се подготвуваа за патувањето.Тогаш му рекоа на апостоликот римските епископи: "Затоа што Бог, иако тој патуваше во многу земји,дојде тука и тука ја даде својата душа , тука е подобно да лежи како чесен маж.".Тогаш рече апостоликот: "Па заради неговата светост и љубов ќе го погребам во мојот гроб во црквата на Свети Петар, кршејќи ги римските обичаи ".

Одговори неговиот брат: "Ако мене не ме послушавте и не ми го дадовте ,ако ви е угодно, нека биде погребан во црквата на Свети Климент, со кој дојде тука. "

Заповеда апостоликот да се стори така, и кога се собраа сите епископи, и монаси,и сите луѓе да го носат со чест, и сакаа да го положат, рекоа епископите: "Отстранете ги клинците, да видиме дали е цел и дали е земено нешто од него."И многу се измачија но не можеа со Божјата волја да ги извадат клинците од сандакот.

И така со сандак го ставија во гробот од десната страна на олтарот во црквата на Свети Климент, каде што почнаа тогаш многу чуда се случуваат.Гледајќи го ова, Римјаните почнаа уште повеќе да ја почитуваат неговата светост и насликувајќи му икона над неговиот гроб, запалија над него и дење и ноќе, славејќи го Бога, славејќи , и оние кои Го слават, за Него и слава и чест засекогаш.Амин.
.....{*}


Неколку интересни моменти од Житието:

5.Патријархот „Аниј„.
Толку ли бил неписмен пишувачот (препишувачот) -Владислав Граматик (роден во Косово,те Бугарин те Србин,цел живот монах во манастир на Скопска црна Гора) за да го прекрсти Јован Граматик во„ Аниј„? Наводно Аниј било прекар кој му го дале „противниците„.Името потсеќа на познатиот средновековен доминикански фратар и јак фалсификатор Annius of Viterbo. Не знам што има погрдно во Аниј (annius) .На латински значи- енергичен.

По 843 наводно,откако се прифатило иконопочитанието, не станувало ни збор повторно некој да спори со „иконокластите„ .

6."Агарјаните кои ги нарекуваме Сарацени".Агарјаните се Хагрити ,племе на Ишмаелитите спомнато во Библијата (името им потекнува од зборот „хагар„ грчки-Άγαρ што значи „странец„). Агар е втората жена на Абрахам и мајката на Ишмаел,не-Еврејка и робинка.Агарјани-може да значи и Евреи.Во средновековието било нормално во христијанските кралства Евреите да се поврзуваат со потомството на Агар кој била робинка.
Овде, тие се муслимани односно „Сарацени„.Сарацени во среден век се оние кои го исповедаат исламот односно- сите Арапи.

"Тогаш не треба во нас да наоѓате вина, на Римјаните им го плаќаме сиот данок"-Не е познато дека Исус плаќал данок.Ако под Рим овде се подразбира Византија,што е логично,значи дека христијаните плаќаат данок на Рим.Но истовремено има и друг Рим за кој цело време се зборува во житието.Како да разликуваме на кој Рим се мисли?Никако.

„Знајте дека сите уметности произлегоа од нас„-од „Римјаните„ или од Грците?Или можеби од христијаните?

„Повторно паднаа во злоба и му дадоа да пие отров,но Бог е милостив кој рекол„И ако испиете нешто смртоносно ,тоа нема да ви наштети„-го избавил и од ова и повторно го вратил здрав во неговата земја„.-Да се подучуваат на ваков начин христијаните дека може слободно да пијат отров ако веруваат во Христа-е чиста будалаштина.

8.Хазарите( Потоа тргна, и кога дојде во Херсон, научи таму да зборува и еврејски)се Евреи кои не практикуваат Јудаизам (па како ,познато е дека Хазарите масовно го прифатиле Јудеизмот) и „во остатокот од времето ги држиме своите засрамувачки обичаи„-и имаат обичај сами да си го ругаат паганството?Абе не ,знаат за Бог и му се клањаат на исток?Паможе се нешто како  муслимани?

Но тие зборуваат  Еврејски и имаат граматика -„кога дојде во Херсон, научи таму да зборува и еврејски и преведе осум делови на граматиката„.А на кој јазик ја превел граматиката Константин?Ако е на грчки, им требало на грците превод на еврејска граматика?Па тие го превеле стариот завет уште во Александрија во Египет во 2 век пред нашата ера.Или ова е некој друг „еврејски„ јазик?Се тврди дека Хазарите од Хазарскиот каганат биле „туркојазично племе„?!?кое ги стиснало Бугарите едни да дојдат во денешна Бугарија (водени од Аспарух)а други да одат во Волшка Бугарија.Хм.

„Живееше таму некој самарјанин и доаѓајќи при него, разговараше со него, и ги донесе книгите самарјански„.Самарјаните ,Самаритани,Самарија,семитски народ од Самарија,Сихем,Асиро-Вавилонија.Самарјани во Хазарија едноставно-немало.Тие имале петокнижие напишано со посебни,самарјански букви ама во Египет Сирија и Месопотамија каде не е познато дека патувал Филозофот.

„Тој пронајде тука Евангелие и Псалтир, пишувани со руски (рошки) букви и најде еден човек кој го говореше тој јазик , и разговараше на јазикот на говорникот,и го сфати значењето на овој говор, и споредувајќи го со својот јазик, ги одвои буквите самогласни и согласни, и се помоли на Бога, па наскоро почна да ги чита и да ги изразува (нив), и многумина беа изненадени и му се восхитуваа,фалејќи го Бог„.Ај ова без големи проблеми зашто „сите солуњани чисто зборуваат славјански„.Ама „руски книги„ па уште Евангелие и Псалтир?Филозофот дали ги препишал словенските букви од русите,или русите немале словенско писмо па како што научил„ еврејски„ лесно научил и „руски„?

За ова има тон литература.„Научното„ објаснување е дека се работи за „соурски„-сириски книги-Евангелие и Псалтир.Во преписите стои«роушкии»«роускыи»«росъскы».Е добро ако е така.Сирискиот е лесен.

10.
„Тие рекоа "Ако се претпостави дека тој веќе дошол, како што велите, според зборовите на пророците и други аргументи, како тоа римското царство до ден денес владее"?
Им одговори филозофот: "Не владее повеќе, бидејќи помина, како и други(царства) во прикажаната слика, бидејќи нашето царство не е римско, туку на Христос, како што вели пророкот : "Небесниот Бог ќе подигне Царство кое никогаш нема да пропадне и не ќе помине врз некој друг народ. Тоа ќе ги разбие и ќе ги уништи сите оние царства, а самото ќе стои довека - " Не ли е христијанско царството кое се нарекува сега со името на Христос?
Римјаните се поклонуваа на идоли, а овие пак, некој од еден ,некој од друг народ и племе, владее во името на Христос„

Многу многу интересно.Христијаните им плаќаат данок на Римјаните,кои се поклонувале на идоли порано а во времето на Константина римското царство „поминало„ и дошло Христовото кое се нарекува со името на Христос-А кое е тоа име????

11."Дајте ми ги затворениците Грци, колку што се тука и тоа е за мене е повеќе од сите подароци„.Откако прекрстил 200 души во Херсон кај што било каша попара со веросиповеста,побарал затвореници „Грци„ во смисла римјани,христијани,или што?

12.Народот„ Фулски„ и дрвото Александар.Веќе го сретнавме во пофалбата на Кирила од Климент,„епископ Римски„.
Залудно Бугарите сакаат да укажат дека преведувачот на житието од грчки бил глуп и дрвото било „бранителот на мажите„-па го превел како име Алекс-андар,Александар.Еми ,и Климент ли бил глуп и не знаел грчки па не му паднало ова во очи?
„и зедоа секира и го удри Филозофот триесет и три пати, и нареди да се искорне со се корења и да се изгори„-.Триесет и три се годините на земјата на Христос.Посимболично предание за тоа што се случило со големото дрво Александар кое било исечено и изгорено-здравје.Христијаните уништувале секоја трага од паганските обичаи врзани со Александар.Можеби гореле и книги,којзнае.
„Народот Фулски „ веројатно се жителите на градот Фул спомнат во книгата Исаија од Стариот завет.Се гледа дека„житиево е пишувано напамет со Стариот завет како „травелгајд „ на „Филозофот„ кој веројатно не мрднал од дома ако воопшто постоел .Еве зошто

Исаија66:19 Ќе им поставам знак и ќе ги испратам преживеаните од нив кон народите во Тарсис, Фул, Луд, Мошек, Рош, Тувал и Јаван - при далечните острови кои не чуле глас за Мене ниту ја виделе Мојата Слава - и тие ќе им ја навестуваат Мојата Слава на народите. 

Тарсис(Тарсус) бил родниот град на Апостол Павле(Савле од Тарсус).Но во библијата оригинално е Таршиш.Во Библијата Соломон тргува со Таршиш од каде набавува мајмуни,слонова коска и пауни и веројатно се мисли на град во Индија.Во септуагинтата и Вулгатата „Таршиш „е преведен како Картагина(Африка)?
2 Летописи9:21 Царевите бродови одеа од Тарсис со Хирамовите слуги; се враќаа секоја трета година и допловуваа тарсиските бродови донесувајќи злато и сребро, слонова коска, мајмуни и пауни.
Псалм72:10 Царевите на Тарсис и на островите ќе Му донесуваат подароци, владетелите на Арабија и на Сева ќе Му донесуваат данок. 
Исаија23:6 Отпловете во Тарсис, ридајте, жители на приморјето.
 Езекиел27:12 Заради твоето големо богатство дури и Тарсис тргуваше со тебе плаќајќи го со сребро и железо, со олово и со калај твоето производство. 

Фул(а) или Пул פּ֥וּל се спомнува уште неколкупати во билблијата но како име на Асирски цар.

2 Цареви15:19 Во негово време, Фул, царот на Асирија, ја освои земјата. Менаим му даде на Фула илјада таланти сребро за да му помогне да ја зацврсти царската власт во своите раце. 
1 Летописи5:26 Израелевиот Бог ги разбуди непријателството на асирискиот цар Фула и непријателството на асирискиот цар Телгат-Фелнасар. Тие ги одведоа во ропство Рувимовото и Гадовото племе и половина од Манасиевото племе. Ги доведоа во Ала, во Авор и покрај Гозанската Река до денешниот ден.
Асирија не постоела уште од 7 век пред нашата ера.Еве каде била  „Асирија„


Во некои манускрипти место Пул(Фул) стои Пут (Либија).
Во Стариот Завет често пати имињата на Царевите се имиња на градови или народи.Можеби така се именувале народите ,спрема името на царот 7 века пред нашата ера.Пример:

Битие10:2 Јафетови синови: Гомер, Магог, Мадај, Јаван, Тувал, Мосох и Тирас. 
1 Летописи1:5 Синови Јафетови: Гомер, Магог, Мадај, Јаван, Товел, Мосох и Тирас. 
Исаија66:19 Ќе им поставам знак и ќе ги испратам преживеаните од нив кон народите во Тарсис, Фул, Луд, Мошек, Рош, Тувал и Јаван - при далечните острови кои не чуле глас за Мене ниту ја виделе Мојата Слава - и тие ќе им ја навестуваат Мојата Слава на народите. 
Езекиел27:13 Јаван и Тувал и Месех тргуваа со тебе: даваа човечки души и бронзени садови за твоите стоки.
27:19 И Дан и Јаван од Узел за твојата трговија менуваа прекалено железо, цимет и слатка трска. 


1 Летописи5:4 Јоилови синови: неговиот син Семај, негов син Гог, негов син Симеј, 
Езекиел38:2 ”Човечки сине, сврти го лицето кон Гога, во земјата Магога, кон големиот кнез Рош на Месех и Тувал, пророкувај против него.
38:3 Речи: ‘Господ Бог зборува вака: „Еве ме против тебе, Гоже, голем кнезу на Рош Месех и Тувал!
39:1 А ти човечки сине, пророкувај против Гога и речи: ‘Господ Бог зборува вака: „Еве Ме против тебе, Гоже, голем кнезу на Рош, Месех и Тувал

Од овде станува појасно и кој е (нот) „народот  роушкии под власт на Гог.На хебрејски Рош е Кешет,: "Мошки,Кешет,Тубал " .Значи никакви Руси ,„никакви руски букви„ никакви глупости.
Освен ако не правиме крупни чекори па да речеме дека „Московија„ Мошовија од Мосок-Мошки а Русија од Рош.
Мапа на Московија ,Себастијан Мунстер наводно 1544.




Рускија и Московија,Пјер де Вал 1660

Русија,народно(вообичаено наречена) Московија,
TABULA RUSSIAE.
'Hesselo Gerardo M.DC.XIIII [1614]'
'Amstelodami, Excusum Apud Guiljelmum Blaeu.'

„Ростислав, кнезот на Моравија, по научение на Бога одржал Совет со своите принцови и Моравјаните, и пратил кај Цезарот Михаил „
Зглемено доле лево .Цезарот Михаил(?)Федорович(Теодорович)





Качувајќи се во брод, отиде во Хазарија на Меотидското езеро и до Касписката врата на Кавказ. Еве каде била „Хазарија„наводно големо средновековно „еврејско царство„.Тоа е всушност Русија?



Кога стинале во Херсон.„ Се препоставува дека се работи за Тавриски Херсон(Корсун) .херсон значи полуостров-χερσόνησος.Но бидејќи Херсон е име за полуостров,ги има повеќе може дасе работи и за Тракиски Херсон.меотидското езеро е тн Азовско море.



„Од вас бараме совет и бараме учен човек.Ако ги победите во разговор Евреите и Сарацените, ќе ја земеме вашата вера".
Бидејќи Филозофот „ги победил„ Евреите и Сарацените имаме впечаток дека Хазарите се покрстиле,преминале во христијанство
„И му напиша Каганот на Цезарот вакво писмо:
"Ти ни испрати, господине, таков човек кој ни го покажа христијанската вера и  Света Троица во зборови и дела.И дознавме дека тоа е - вистинската вера, и наредивме  кој сака да се крсти, надевајќи се дека ќе дојдеме до истото.Сите ние - пријатели и познаници на твоето царство, сме подготвени за твоја служба, кога ќе посакате"„

Наводно„Киевска Русија„(Варјаге Рус) ги покорила Хазарите во 10 век.Нели е логично таа и да ги покрстила?Од „Хазарите„ се останати само некои книги пишани на хебрејски а нивниот јазик е „исчезнат„.Зачуван е само еден збор напишан со турски руни кој значи „Прочитав!„"Читај ТУКА за Киевското писмо.Од него се заклучува дека јазикот на Хазарите бил некаков турки јазик.





Казарскиот каганат веројатно е проширена и разубавена но измислена верзија на Кримскиот каганат Qırım Hanlığı(1441-1783) .Тој бил мешаница од народи и вери меѓу кои биле и Кримските Караити приврзаници на караитскиот Јудаизам.Зборувале на Кипчак турки јазик близок на оној на Кримските Татари.



Никаква Мошовија ,Московија,немало во 10 век.Нити имало Хазарија.

Од редоследот на житиево ,народот Фулски се спомнува веднаш по пристигнувањето во Херсон .Или е безврска уфрлање на посебна приказна за Александар во житието .И Александар починал на 33 години(како Исус),Дарија го победил во 333 г пред нашата ера.Имајќи предвид дека 33 е магичен број користен во основата на создавањето современата хронологија од синот на Јулиј Цезар Скалигер-Јосиф Скалигер и неговото „исправање на времето„ (Opus de emendatione tempore ,1583;),„житиево„ не е пишувано пред 16 век.Ако читате внимателно ќе видите и други игри со броеви каде филозофот„тенко пресметува„.Ваквата окултна хронологија врзана со христијанството можно е да потекнала од кратенката на Исус Христос IС XС која прочитана латинично ги дава броевите 99 90








13.Цариград -си е Цариград,батали Константинопол и сл.
14."Мојот дедо и мојот татко и многу други сакаа да ги пронајдат но не ги пронајдоа,како можам јас да ги пронајдам"-Значи со генерации „грците„ сакале да измислат словенски букви,ама ете-не успеале се до Константина.
"Во почетокот беше Словото и Словото беше во Бога и Словото беше Бог "-оп трт-директно на Евангелие според Јован,„последното„, „небиографско„и „неисториско„.Евангелие-апракос(ἄπρακτος)-празнично.Најстарите споменици на старословенската литература на глаголица се„апракоси„-почнуваат со Евангелието според Јован.
15.„нека пие три месеци од дрвена чаша, да не допира стаклена„-Во девети век сите пиеле од стаклени чаши.
17.„Света Богородица, која ја нарекуваа Фатне„---јасли
18.„Насликувајќи му икона над неговиот гроб„-таква икона не е позната.

19.„Светата тајна„-венчавка е непозната за западната црква до 16 век, канонизирана е дури на Советот во Трент во 1563г .Имајќи предвид дека до 11 век црквата не била поделена што имале на Запад имале и на Исток.Така што поуките на Кирила за паганите од Моравија и сл се однесуваат на заштита на конкубинството,односно да не се брка на улица „жената на твојата младост„ која остарела  а ти си земал друга,помлада.Она кое го проповедале „латинските и франкските архиереи со иереите и учениците„ не било некаква си „варварска работа„.

Официјално православната црква го сместува посебниот обред на венчавање со крунисување на почеток на 10 век (и ова е далеку од Кирила) со одбивање да се дозволи 4та жена (по ред) на Лав VI во 925та година ,но ова во реалноста веројатно е многу далеку од состојбата „на терен„.

Смислата на поимот „брак„ бо библијата можеби е „законски склучен брак„но поверојатно е дека се работи за обичајно конкубинство (жената е сопственост на мажот) или обичајна „законска„ проституција.Ова земајќи предвид дека секаде каде што во библијата пишува „блудство„,„блуд„,„блудник„ е превод од грчкото „порни„-проституција.Маж,жена во библијата не значи луѓе венчани во црква со посебен обред.Такво нешто до 16 век едноставно-немало.


No comments:

Post a Comment