Search This Blog

Loading...

Friday, December 9, 2011

Лаокон и неговите синови


Едно од најинтересните вајарски дела во историјата,парадигма на естетика во уметноста-Лаокон или Λαοκόων,Лаоко(ва)н.Лаокон е овекот кој ги предупредил Тројанците дека не треба да им веруваат на Грците (дури и кога носат дарови) и да не го внесуваат во градот коњот -„подарок „.

Фрлајќи копје кон дрвениот коњ при што коњот не ни трепнал, од морето се појавиле две змии кои ги задавиле Лаокон и неговите два сина. Пријам, сметајќи дека змиите се казна затоа што Лаокон стрелал во коњот, го внел коњот внатре.Остатокот е легенда и почеток на светската „историја„.
Nec deinde multo plurimum fama est, quorundam claritati in operibus eximiis obstante numero artificum, quoniam nec unus occupat gloriam nec plures pariter nuncupari possunt, sicut in Laocoonte, qui est in Titi imperatoris domo, opus omnibus et picturae et statuariae artis praeferendum. ex uno lapide eum ac liberos draconumque mirabiles nexus de consilii sententia fecere summi artifices Hagesander et Polydorus et Athenodorus Rhodii

Репутацијата на некои уметници,познати по своите дела е затемнета од бројот на уметници ангажирани со нив за едноставни задачи,бидејќи ниту еден не ја монополизира славата ниту неколкумина може да се именуваат како еднакви.Ваков е случајот со Лаокован во куќата на императорот Титус,дело поубаво од било која слика или бронза.Лаокован,неговите деца и чудесната змија која ги стегнала  се направени од еден камен по претходно договорен план  од Хагесандер,Полидорус и Атенодорус од Родос.

Плиниј постариот ,Природна историја (36:38)
Ова е истиот Плиниј,починат во Херкуланеум од ерупцијата на Везув.

Кога ми текна на постов за Лаокон ,прво си се прашав дали ќе го најдам Лаокон во Помпеи.Се разбира:


Откриена во Рим во 1506, скулптурата наречена Лаокон и синовите ја стимулира имагинацијата на уметниците и хуманистите уште од шеснаесеттиот век "  бидејќи ја експлоатира темата на експресијата на човечкото тело под стрес„.

Изработката (најсериозно) се датира меѓу 120-60 ПНЕ од „римски„ скулптор по урнек на „старогрчки„ оригинал.

Во 16 век наводно било „пракса„ да се „поправаат„ ископаните „антички„ скулптури. Оваа пракса продолжила до 20 век .На пример,скулпторот Бартоломео Кавачепи (Bartolomeo Cavaceppi 1716-1799 ),бил вешт уметник кој се прославил со „поправање„-„реставрација„ на „античките„ скулптури. Кавачепи бил дилер со уметнички предмети, откупувал стари , ги поправал и ги продавал поскапо, додавајќи им ги изгубените делови.Со оваа занимација не се бавел тој ексклузивно .Кавачепи е само еден од долгата линија уметници и дилери со „антиквитети„ (за кои се лудувало во Ренесансата а секоја побарувачка си носи понуда ,со други зборови-мора да се најде макар и да ја нема).


Џовани Лоренцо Бернини „завршувал„ антички дела.Бертел Торвалдсен додавал парчиња на скулптурите во Афаја во Егина (колкави парчиња додавал ако било останато само постољето,може да си замислите).За Кавачепи ќе кажеме само дека ги украсил со „копии„ на антички рељефи Вила Медичи,Палацо Матеи,Казино Палавичини на Палацо Роспиљоси и многу други.

Во смисла на „поправањето„ ,на пример, Микеланџело сакал да ја додаде десната рака на пронајдената скулптура на Лаокон (без раце)свиткана накај грбот,онака како што тој сметал дека требало да биде.

Треба ли да се каже дека „претпоставката„ на Микеланџело се покажала точна откако во 1906 во некој двор е ископан фрагмент од „вистинската„ рака на Лаокон свиткана накај грбот.

Но,првобитно,наместо свиткана, раката на Лаокон и парчињата од рацете на неговите „деца„ се додадени испружени во „победничка„поза.

Како е пронајдена скулптурата?

Селанецот Феличе де Фреди,копајќи го своето лозје во околината на Рим,неочекувано наишол на подземна пештера и во неа била прекрасната скулптура од чист и бел мермер како да не лежела во земја.Вестите за пронаоѓањето на „најубавата скулптура на антиката „ брзо се расчуле. Во лозјето се насобале толку луѓе што било потребно да се постави обезбедување.Наскоро се појавила ватиканската стража бидејќи папата Јулие II веќе неколку години наназад решил да собира „антички„ скулптури.


Папата Јулие II бил еден од највоинствените папи во историјата.Тој водел војни со Франција и Германија.На негова страна биле Шпанија,Англија,Швајцарија,Венеција и групата необединети италијански кнежевства.Наводно ,тој ги фрлил клучевите на Св.Петар во Тибар и вадејќи го мечот извикал :„Нека не заштити мечот ,затоа што клучевите на Св.Петар се покажаа немоќни.„.


Но папата бил и штедар мецена.По негова наредба Браманте започнал да ја гради црквата Св.Петар (интересно,таа продолжила да се гради за време на владеењето на уште 22 папи), Микеланџело ја насликал Сикстинската капела итн. Папата го наградил селанецот „пронаоѓач„ со 600 златни дукати а потоа го повикал Микеланџело да ја „проучи„ скулптурата.

И покрај зборовите на Плиниј дека е иззвајана од едно парче мермер ,се покажало дека таа е направена од две парчиња мармер. На скулптурата Микеланџело пронашол и врски со помош на кои биле врзани двете парчиња (а штом биле најдени врските се претпоставувало дека скулптурата е изработена по урнек на бронзен оригинал,па така и првата копија на Лаокован направена е во бронза ,по восочен модел на Браманте).

Наводно прв „реставратор „на скулптурата бил Бачо Бандинели во 1515 кому папата Лав X му нарачал копија на Лаокон за францускиот крал .Својата „реставрација„ Бачо не ја направил на самиот оригинал туку направил копија (Денес неговата копија се наоѓа во Уфици).

Нејсе, рацете на скулптурата Лаокон се интересна работа.Значи ,скулптурата првобитно била без раце. Не знаеме како изгледала. Потоа,некој „реставратор„ , наводно ученикот и помошникот на Микеланџело, Џовани Монторсолиги извајал рацете во „победничка„ поза , кренати високо нагоре . Или можеби по сугестија на мајсторот,свиткани накај грбот .Не е јасно што се случило.Наводно биле предложени неколку проекти за реставрацијата а се смета дека Монторсоли извајал само „глинени„ раце. 


Да речеме дека ова се случувало во 1506-та кога Папата Јулие II ја поставил скулптурата (заедно со други од неговата збирка во која подоцна е додаден и Аполо Белведере) во Градината Белведере (Cortile del Belvedere ) во палатата Ватикан во Рим. Во 1506 градината сеуште била само во цртеж на Браманте (читај,не постоела,само што почнала да се прави).Скулптурата била сместена во една од четирите ниши на вилата,направени на еден крај на Белведере.

Наводно ,„реставрирањето„ на подигнатата рака врз оригиналот е направено дури во 18 век од Корнакини (За жал ни тој не можел да ја види куќата на Менандер во Помпеи каде бил насликан „античкиот„ Лаокон со подигната рака ,бидејќи умрел во 1754 а Помпеи почнале да се откопуваат дури 1763).

Во 1796 Наполеон го земал Лаокон и си го однел во Париз.Таму тој престојувал 20 години.

До денес не е публикувано ни едно сериозно научно дело за „реставрацијата„ на античките скулптури.

Лаокон во 1506 (не е сигурно)




Марко Денте дел Равена,гравура(ран 16 век)


Цртеж на франческо де Холанда.Лаокован во нишите на Белведере (средина на 16 век)
Вердиѕоти ,Венеција 1560



Во 1950 Ватиканскиот музеј решава дека треба да се искористи раката чувана 45 години во подрум,се кршат додадените победнички раце и се става свитканата рака според „визијата„ на Микеланџело.


.

Интересно е како им текнало да се постави исправената „победничка рака„ на Лаокован во 1506 ако Помпеи било затрупано под земја во тоа време.Дали навистина раката  била „свиткана„ ? Ако е така ,како му текнало на сликарот на ѕидовите во Помпеи да ја направи исправена во иста поза како на „реставрираната„ скулптура?Како истата поза со стегнатата змија им „паднала на памет„ и на многумина други во 16 век?





Тицијан (1488-1576),немал појма дека луѓето настанале од мајмуни (Дарвин дошол подоцна).Ама гарантирано знаел дека раката е свиткана (види ја раката на горилото).Можеби  го исмевал Микеланџело а можеби е нешто друго во прашање.Лаокован неодоливо потсеќа на една од скулптурите на олтарот во Пергамон.Треба ли да кажеме дека таму раката е свиткана?)


Поверојатно е дека со својата макотрпно изработена карикатура сакал да ни каже дека навистина сме мајмуни што веруваме во „античко„ вајарство од овој калибар.



Во 2005 Лин Катерсон аргументирано тврдеше дека Микеланџело, наводно присутен на ископувањето на скулптурата , (славниот уметник имал напати идеи да претвора нови скулптури во „антички„) е автор на ова дело.Се разбира,науката е железна.Лаокован е „антика„.

Ако е така, крајно време е раката да се исправи.Помпеи се неумоливи.Или пред нашата ера или 18-19 век од ерава.

Ќе заборавев.Постои и руски Лаокован.Изработен 1870 година.Кутриот веќе 1973 мораше да се реставрира.Просто,го подјаде забот на времето за 100 години.Римскиот е ОК иако е стар повеќе од 2000.Чудесно.


No comments:

Post a Comment