Search This Blog

Loading...

Wednesday, December 7, 2011

Јован од Ефес-Иоанн Эфесский , John of Ephesus oк.507-586 Н.E.(за Словените)

Друг извор од сиријски автори кои пишувале за Словените е "Црковна Историја", на Јован од Ефес. Овој автор живеел во VI век.Пишувал на  Сириски и на ист начин како Евагриј и сосема детално во своето дело пишувал за настаните од граѓанската историја, а особено  за надворешната историја и  борбата на источната Римска Империја со варварите.

На пример, кога го опишувал владеењето на царот Тибериј ,Јован од Ефес бил принуден специјално да се осврне  на карактеристиките на "проклетиот народ на Словените", кој во очите на авторот бил многу воинствен, и постојано напаѓајќи го Источното Римско царство бил извор на многу маки за животот на империјата во подолг период. За жал, не е зачувано се од овој интересен автор.

Подолу ви  претставувам еден фрагмент од книга број VI на  "Црковна Историја", на Јован од Ефес. Ненадоместлива загуба за науката е што не е  сочувано поглавјето 48 на оваа книга, која, во кое судејќи по насловот на  поглавјето («За освојувањето и уништувањето на државата на Словените"), бил даден детален опис на римската кампања против Словените, од една страна, и борбата на Словените со Источното римско царство - од друга страна. Сиријскиот текст е  предмет на еден подолг научен текст на германскиот научник Schoenfelder, кој во 1862 година го превел Јован од Ефес и го објавил на  германски јазик. Подоцнежна и попозната работа во европската литература за Јован од Ефес и неговото дело е труд на руски научник, АП Диаконов: "Јован од Ефес и црковно-историските творби, Санкт Петерсбург од 1908 година.

Извадок 43 VI, 25.

Во третата година по смртта на царот Јустин и сувереното владеење на Тибериј(околу 577 м.з) ,се пресели проколнатиот народ на Словените, кој ја помина цела Елада и Солун и Тракиските провинции, и завзеде многу градови и замоци, ги изгоре, ги ограби и ја освои земјата, заседна во неа, авторитативно, и без страв, како во своја сопствена земја. И за четири години, додека царот беше зафатен со Персиската војна и ги испрати своите трупи на Исток, целата земја беше предадена на самоволието на Словените, а тие ја завзедоа и се проширија, во време, кое што Бог го назначи. Тие пустошат, палат и ја  пленат земјата, дури до надворешните ѕидови, така што ги превзедоа сите кралски стада, многу илјади говеда, и друго. И гледајте - ​​сега е 895-та година - а тие живеат, седат и ги ограбуваат  римските провинции, без грижи и страв, убиваат и горат, па станаа богати, имаат злато и сребро, стада од коњи и многу оружје. Тие научија како да водат војна подобро од Римјаните, [и иако тие сепак] се едноставни луѓе кои не се осмелуваа да излезат од шумите и степите, и не знаеја што е тоа оружје, со исклучок на две- три стрели.





Djjakonov a Ioann Efesskij i Ego Cerkovno-Istoricheskie Trudy 1908//

No comments:

Post a Comment