Search This Blog

Loading...

Thursday, December 8, 2011

Свадбата на Александар


Измислен портрет од 17 век на Лукијан (Λουκιανὸς ὁ Σαμοσατεύς,  Lucianus Samosatensis 125-180 Н.Е.) сиријски реторичар и сатирист кој пишувал на грчки јазик.
Херодот и Етион (извадок)

Сепак, јас не треба да ги цитирам античките реторици ,историчари и хроничари и како погоре, во прилично скоро време сликарот Етион наводно донел своја слика,Свадбата на Роксана и Александар, да ја изложат на Олимпија, и Проксенидес, високиот служител на Игрите во оваа прилика , бил толку воодушевен од овој  гениј што  му ја дал својата ќерка за жена.Тоа мора да била многу убава  слика, како да слушам дека некој вели , за да направи високиот служител да ја даде својата ќерка на непознат човек. Па, јас сум ја видел,таа е сега во Италија-, така  да можам да ви раскажам.

Убава соба, со брачен кревет  во неа; Роксана седи, и голема убавица е, попарена во очите, вознемирена од присуството на Александар, кој стои. Повеќе насмеани Амори. Еден стои зад Роксана, и го влече превезот од главата за да ја покаже на Александар, друг и ја собува сандалата, што укажува на време за в кревет, трет ја држи наметката на Александар и го влече со сите сили кон Роксана. Кралот и нуди венец, а со него како поддржувач и  кум  е Хефастион, држи факел и се наведнува кон многу убаво момче, тоа е Хименеус, претпоставувам,  не постојат букви за да се каже. На другата страна на сликата, повеќе Амори си играат меѓу оклопот на Александар, два го носат неговото копје, како носачи што носат тешка греда. Уште два ги фатиле  рачките на штитот, влечејќи го заедно со уште еден кој се потпира на него, играјќи си цар, претпоставувам, а друг пак влегол во штитникот за гради, кој лежи  со вдлабнатиот дел нагоре, тој е во заседа, и ќе му даде на кралскиот пар добар уплав, кога ќе му дојде на дофат.

Сето ова не е непотребна фантазија, за која сликарот се фрлил во непотребни маки, тој  алудира дека Александар има и една друга љубов,  војната. Иако тој ја сака Роксана, не го заборава својот оклоп. И, патем, има и екстра брачна вредност во самата слика , надвор од кралството на фантазијата, затоа што сликата го направи додворувањето место Етион. Тој замина со својата свадба како еден вид приврзок на онаа на Александар, неговиот кум беше Кралот, а цената на неговата брачна слика-беше брак.


Интересен опис на делото кобожем на некој си Етион.И се би било во ред кога Лукијан би живеел во 16-17 век а не пред или малку после Христа.Според описот сликава на Етион е типична за врвот на ренесансата и маниризмот.Таа всушност  и е насликана прво како фреска од Содома (Giovanni Antonio Biazzi 1477-1549)  во вилата на богат банкар од Сиена.Содома бил претходник на Леонардо и Рафаел,а истата слика ја има насликано подоцна и Рубенс.Содома,како што се гледа од името,не бил по свадбите.



Првиот превод на Лукијан од грчки е во Фиренца 1496.Можно е Содома да го прочитал Лукијан, ако не бил зафатен со сликање на бенедиктински манастири или забава со млади дечки.

Погледнете сами:




Делото на Содома


Делото на Рубенс(1557-1640)

No comments:

Post a Comment