Search This Blog

Loading...

Friday, December 9, 2011

Што пишува на Каменот од Розета

Секогаш сте сакале да знаете што пишува на зафркнатиот камен од Рашид (Розета) а не сте смееле да прашате?



Скратен превод:

Превод на демотскиот текст на каменот од Розета

[Година 9, Ксантикос ден 4],кој е ист со египетскиот , втор месец перет, ден 18

Јас Царот, кој го создаде Египет, го направи просперитетен,( титутлититули-блаблабла): денес, давам налог на МРСН свештениците и ХМНТР свештениците , и оние кои влегуваат во светилиштето да ги облекуваат боговите, и писарите, и другите писари од храмовите од Египет , за фестивал за прием на власта на царот Птоломеј,( титутлититулиблаблабла), кои се собраа во храмот во Мемфис и кои рекоа:

Царот Птоломеј,титулиблабла,сака да им направи многу услуги на храмовите во Египет, и на неговите поданици, блабла титули, кој им даде многу пари и жито на храмовите во Египет,, многу се поарчи за да створи мир во Египет, да направи храмови и ги награди сите;

и некои даноци укина а некои намали, за народот да просперира во негово време и намали од даноците што и се должеа на круната, голема сума, ги укина;

луѓето што беа во затвор ги ослободи;

нареди колку да им се дава на храмовите годишно, а колку на боговите од лозјата и овоштарниците, дека треба да останат имотите во нивна сопственост;

свештениците да не плаќаат за да бидат свештеници како што беше во време на татко му;

ги ослободи луѓето што работат во храмовите да не одат секоја година во Александрија;

нареди да не се собираат морнари принудно;

го отфрли данокот во морска свила што го плаќаа храмовите, стави се на свое место, се погрижи добро да се услужат боговите, оствари правда над луѓето како Тот;

нареди оние војници што учествуваа во немирите да се вратат дома, и да им се вратат имотите;

испрати пешадија, коњица, и бродови против непријателот што го напаѓаше Египет од вода и копно, потроши многу пари и жито на непријателот,

за да бидат сигурни храмовите и народот во Египет; отиде до местото каде беше утврден непријателот и непочитувачот на кралот и боговите;

ја освои брзо тврдината ;

ги победи бунтовниците,и ги уби како ПРЕ и ХОРУС синот на ИЗИДА што стори претходно;

боговите му дадоа да ги победи бунтовниците кои ги ограбуваа храмовите и за време на прославата на неговото крунисување во Мемфис ги уби на дрво;

ги отфрли даноците кои му се должеа до деветата година;

многу пари и жито, и данокот во морска свила од храмовите до тоа време;

се откажа од данок во вино и жито ,им направи услуги на Апис и Мневис, и на други свети животни во Египет, повеќе од оние пред него, бидејќи им беше посветен, a им даде се за нивните закопи, обезбеди се за храмовите и му се гореа жртви,и останато што е потребно;

врати се во ред со храмовите во Египет како што треба;

даде многу злато, сребро,жито, и друго за Местото на Апис;

ги украси со нови и прекрасни градби (доградби);

направи нови храмови светилишта и олтари, ги поправи старите како што биле претходно, бидејќи е добар бог кон местата за богови, ги обнови како што му личи на Цар;

а боговите за возврат му дадоа сила, победа, успех,просперитет,здравје и се што може да дадат како услуга, за царството да му се утврди него и на неговите наследници засекогаш.

Со добра среќа! Соодветно свештениците на Египет, сметаа дека треба да му напраат чест на Птоломеј, титулипретциблабла;

дека треба да му се направи статуа на Кралот Птоломеј, титулибла,која ќе се вика 'Птоломеј кој ја заштити Сјајната Земја', што значи 'Птоломеј кој го сочува Египет' – заедно со статуа на локален бог, да му се даде сабјата на победата, во секој храм, во јавниот дел од храмот, да бидат направени во египетски стил;

а свештениците да им оддаваат почит три пати дневно, и тие треба да ги стават светите предмети пред нив и да ги направат за нив работите кое е вообичаено да се направат, како што се прави за другите богови на прославите, поворки, и именуваните празници;

и треба да се направи култна слика на Кралот Птоломеј, Пројавениот бог чија извонредност е прекрасна, синот на Птоломеј и кралицата Арсиное(Арсенија), боговитатковциблабла, заедно со олтар во секој храм, и да се постави во светиот дел заедно со другите олтари;

а кога ќе дојдат големите фестивали, на кои боговите се носат во поворка(процесија),олтарот на Пројавениот бог чија извонредност е прекрасна треба да се носи во процесијата заедно со нив;

а за да се познае олтарот, сега и во времињата што доаѓаат, десет златни дијадеми треба да се додадат – со по еден уреус (кобрата што плука отров) на секоја од нив, како што се прави вообичаено со златните дијадеми – на врвот на олтарот, наместо уреусите што се на другите олтари; а двојна круна треба да се стави на средина на дијадемите, бидејќи тоа е таа со која Царот се круниса во Мемфис, што беше направено вообичаено како при Примање на Владеењето;

и треба да се стави на горната страна од квадратот надвор од дијадемата, а наспроти златната дијадема опишана погоре, папирус растение и трева острица;

а уреусот да се стави над корпа со трева острица под неа веднаш настрана од врвот на олтарот, а уреусот со кошницата под него да се стави врз папирусот на лево, што значи 'Царот го осветли Горен и Долен Египет';

а во четвртиот месец Шему, последниот ден, кога се слави роденденот на Царот, веќе се воспостави процесија и прослава во храмовите, како и во вториот месец Перет, ден 17, на кој за него се прават церемонии за Примање на Владеењето – почетокот на добрите нешта кои им се случија на сите: раѓањето на Царот, вечно жив, и неговото примање на владеењето- нека овие денови, 17тиот и последниот, станат празници секој месец во секој храм во Египет; и нека се даваат жртви паленици, потурања со света вода, и останати работи кои вообичаено се прават на други прослави, на двете прослави секој месец;

а од на што ќе се понуди како жртва(?) да се раздаде вишокот(?) на луѓето кои служат во храмот; а прославата со поворката да се прави во сите храмови на цел Египет за Царот Птоломеј, вечно жив, Пројавениот Бог чија извонредност е прекрасна, секоја година, од првиот месец Акет ,ден 1, пет дена, со носење венци, жртви паленици и истурање света вода, и останати работи што треба да се прават;

а свештениците во сите храмови во Египет треба да се викаат 'Свештеници на Пројавениот бог чија извонредност е прекрасна додадено на другите свештенички титули, и тие треба да се пишуваат на секој документ, и тие треба да го напишат свештеништвото на Пројавениот бог чија извонредност е прекрасна на нивните прстени и да ги изгравираат;

и да им се овозможи и на приватните лица ако сакаат, да си направат слика на Пројавениот бог чија извонредност е прекрасна, како што беше речено погоре, и да си ја чуваат дома и да прават прослави и процесии како што е речено погоре, секоја година за да се знае дека жителите на Египет му оддаваат чест на Пројавениот бог чија извонредност е прекрасна како што обично се прави ;

а овој декрет да биде напишан на стела или цврст камен , со свето писмо, писмо за документи, и грчко писмо, и тој камен да се постави во храмовите од прва класа , храмовите од втора класа и храмовите од трета класа, веднаш до статуата на Кралот,вечно жив.


Превод од R.S. Simpson
Revised version from R.S. Simpson,Demotic Grammar in the Ptolemaic Sacerdotal Decrees(Oxford, Griffith Institute, 1996), pp. 258-71

Превод на грчкиот текст на каменот од Розета

Натписот е датиран на 4 ден од месецот Ксандикос(Април),18 ден од египетскиот месец  Мешир или Мекир,девета година од владеењето на Птоломеј V,Епифан,година во којаАјтус синот на Ајтус бил главен свештеник а Пира ќерката на Филинус и Арија ,ќерката на Диоген и Ирина ,ќерката на Птоломеј биле главни свештенички.

Првиот дел е титули и епитети на Птоломеј.

Вториот дел се записи од свештениците за придобивките на Египет од владеењето на 
Птоломеј V

1. Подароци во пари и жито на храмовите 

2. Подароци во земја на храмовите 

3. кратење на даноците на половина. 

4. Простување на половина од даноците. 

5. Простување на долговите кон власта. 

6. Ослободување на долгогодишните затвореници. 

7. Укинување на принудното одење во морнарица. 

8. Намалување на провизијата за станување свештеник. 

9. Намалување на данокот што го плаќаат храмовите на власта. 

10.Воспоставување служба во храмовите. 

11.Простување на бунтовниците, дозвола да се вратат и живеат во Египет. 

12.Испраќање на војска на копно и море против непријателите на Египет. 

13.Опсада и освојување на градот Шекан (Ликополис). 

14.Простување на долговите на свештениците од таму. 

15.Намалување на данокот на свила. 

16.Намалување на данокот за житни полиња. 

17.Реставрација на храмовите на Апис и Мневис  Бикови ,и други свети животни.

18.Повторна изградба на руинирани храмови, и подароци за истите.

Третиот дел е решение на советот на свештеници како да му се оддолжат на Птоломеј,вечно живиот и тие решиле

1.Да се направат статуи на Птоломеј како "Спасител на Египет," и да се стави по една во сите храмови во земјата.

2.Да се направат златни статуетки на Птоломеј, и да се стават на златни олтари,веднаш до олтарите на боговите и да се носат заедно со нив во процесија.

3.Да се разликува олтарот на Птоломеј со десет двојни-златни круни ставени на него.- 

4.Да се направат празници за роденденот и крунисувањето на Птоломеј во 17 и 30 ден од месецот Месоре,за секогаш.

5.Првите пет дена од месецот Тот да бидат празници засекогаш; да се прават жртви во храмовите, а сите луѓе да носат венци

6.Да се даде нова титула на свештениците, " Свештеници на добриот бог Птоломеј Епифанес кој се јавил на земјата"а ова да се напише на прстените на свештениците и да се стави во секој свештенички документ.

7.Војниците да можат да ги позајмат фигурите и олтарите на Птоломеј од храмовите, и да ги носат дома,и во процесија.

8.Копии од наредбата да се исклесаат во базалт на "писмо со говорот на боговите," хиероглифи и на она на кое се пишуваат книгите, народно, и на писмото на УЕИЕНИН(Јенин) т.е Грчки. "
карпите со овој декрет да се стават во сите храмови на Горен и Долен Египет заедносо статуите на Птоломеј,живиот бог.

E. A. WALLIS BUDGE. 

Department of Egyptian and Assyrian Antiquities, 

July 12th, 1913.

Последниот ред според преводот Тентов-Бошевски 2011
јави бде наше навезене мои назевее господал то ѓи е мои назееве господали и напај мои нажееве господалта најномо на денајве нареица вв шицато најнаѕееименца жо и бе ча на нашее име

нареди да биде навезено на камен со говорот на господарот и говорот на господарите,потоа со говорот на моите живи господари, а на крајот со данајско писмо во гранит .Фараонот,заштитник и потомок,сончева искра на нашето име



Превод на хиероглифскиот текст(со сликички) ТУКА

No comments:

Post a Comment