Search This Blog

Loading...

Wednesday, December 7, 2011

Tabula Peutingeriana



MacedonКликни за зголемување


 

Tabula Peutingeriana

Или Мапата на Путингер е староримска карта на патишта (itinerarium) со впишани градови села и станици за одмор
 како и со впишана должина на патиштата.

Наводно старите римјани од време на време издавале мастер карта на сите патишта кои воделе во Рим .
Цезар и Марк Антониј ја нарачале првата таква мапа во 44 година ПНЕ.Зенодоксус,Теодотус и Полицитус (ха,хе,хо) 
биле тројца „грчки„географи кои биле најмени да прошетаат и да ја изготват првата туристичка карта  на римското
 царство(како патувале и освојувале се живо и диво претходно,не е познато).
Резултатот од нивниот потфат кој траел цели 25 години била карта изгравирана во камен во близина на Пантеонот
 во Рим од која патниците и трговците си правеле копии.

Самиот збор „ itinerarium „го менувал значењето низ вековите.На пример од  333 година НЕ постои т.н.Itinerarium Burdigalense 
(Дневник на Аџијата од Бордо,Франција, 333 AD), опис на патот до Светата Земја .Друг  пример е Itinerarium Alexandri 
листа од освојувањата на Александар .

Денес терминот означува  туристички дневник со листа на препорачани места кои треба да се посетат.

Интересна е мапата на Путингер .Tаа е единствената сочувана мапа на римските патишта(cursus publicus ).

Изработена е во 13 век од монах во Колмар на пергамент со големина 0,34х6,75 м ,составен од 11 делови.

Се претпоставува дека е репродукција на средновековен оригинал.Целата карта е во правец исток запад и на неа се впишани
 населби кои ги спојуваат патишта,реки,планини,мориња и езера.На неа се посебно обележени и украсени трите најважни градови 
во стариот Рим:Рим,Константинопол и Антиохија.Мапата се протега до Индија каде се обележени освојувањата на Александар.
На запад отсуствува Иберискиот полуостров па се смета дека 12 дел е изгубен(или воопшто не постоел ) но оваа загуба е 
надоместена со реконструкција на картата од 1898 година од страна на Конрад Милер (Види КОМПЛЕТЕН СКАН 1887-1888).

Друг познат itinerarium е Itinerarium Egeriae  или Аџилакот на Етерија (Peregrinatio Aetheriae ) напишан во 4 век а откриен во
 Codex Aretinus, напишан во Монте Касино во 11 век,а повторно откриен во 1884 година од италијанскиот учен Џани Франческо Гамурини
 кој го нашол манускриптот во монашка ќелија во Арецо,Италија.Текстуален itinerarium e Itinerarium Antonini.

Да ја погледнеме подобро римска Македонија на картата
 на Путингер.ТУКА1 и ТУКА 2 според  изданието од 1887.


Битола (Heraclea)

Скопје (Scupie , Scupi)

Охрид (Lignido)
На картата не постои никаква Грција.

RimРим

KonstantinopolКонстантинопол
AntiochiaАнтиохија

Ух ,да.Анахронизмите.На картата е прикажан Константинопол основан во 328 година (види погоре)
Но се разбира и моето омилено село Помпеи,затрупано од Везув во 79 година и никогаш повторно неизградено.Еве го
Pompeinovo
Светилник има ама не постои Александрија(таа е на два чекори од Антиохија),затоа па постои Вавилон сместен во близина на Мемфис.

Egipet
Гратче „претходно нарекувано Ерусалим„.

Erusalim
Интерактивно истражување на картата ТУКА

No comments:

Post a Comment