Search This Blog

Loading...

Thursday, December 8, 2011

Теофан Исповедник (Theophanes Confessor 758/760 - 817/818 Н.Е.) -Историја (За Словените)

л. м. 6083, р. х. 583.

Следниот ден,  биле заробени од страна на Римјаните тројца Словени без железен оклоп, само со една гусла. Царот прашал каде биле и каде живеат.Тие одговориле дека потекнуваат од Словените, и живеат на работ на земјите од Западниот Океан . Каганот ги испратил како пратеници со подароци за нивните родоначалници, за да се борат со него против Римјаните. И началниците  на Словените испратиле одговор на каганот, дека поради големата оддалеченост не може да му испратат одред за поддршка. Овие Словени, рекоа дека  оделе 18 месеци се додека конечно не паднале во рацете на Римјаните. Тие рекоа дека носат гусли, а не се во можност да се облечат во оклоп, бидејќи нивната земја не знае за железо. Императорот се почуди на нивниот раст , ги пофали за нивниот величествен настап ,па ги испрати во Хераклеја .

L. М 6.117, стр X. 617.

Во оваа година Хозрој, царот на Персија, состави нова војска, прибирајќи  странци, граѓани и робови, и збирштина од секаков вид , и ги стави под раководство на Саин, присоединувајќи им уште девет илјади, остатокот од фалангата на Сарварос, кои ги нарече  носители на златни копја. Оваа нова армија, тој ја испрати против императорот а Сарварос со останатите војници го испрати против Константинопол, да се приклучи на  Западните Хуни, исто така наречени уште и Авари [со Бугарите ] Склавите, и Гипедите и со нив да оди во опсада на Константинопол .

++++++++++++++++++


Кај Теофан Исповедник се среќава формата Σκλάβοις. Грчкиот етноним доаѓа од *slovêne, од грчки Σλαβηνοί, но овој образец брзо се преправа во Σκλαβηνοί, бидејќи комбинацијата на звуци σλ за грчкиот јазик е необична. Заедно со втората форма се користи и поретко Σθλαβηνοί. Кога Σκλαβηνοί почнало да се  смета како придавка, етнонимот стекнува форма Σκλάβοι, која се јавува веќе кај Малала, во Пасхалната хроника, кај Свети Ѓорѓи Писидија, заедно со Σκλαβηνοί, кај Теофан и во "Чудата на Св.Димитрија Солунски ».
Словените во тоа време ја окупирале Далмација,Горна и Долна Мизија, Дакија,Дарданија и дел од Македонија (Στράτου. Βυζάντιον, τ Ι, σ 294-296;.. Dvornik Словените, стр 42.)

No comments:

Post a Comment