Search This Blog

Thursday, December 8, 2011

Миланскиот едикт

Од илјадагодишната „Византија„ се останати помалку од 1500 архивски  „документи„.

Човек да се запраша,а постоела ли воопшто Византија?

Не само што целокупната пишана архива е „исчезната„ во војни пожари и наводна „небрежност „ на „Византијците„ туку и никој друг не бил заинтересиран да пишува за „Византија„.

Замислете ,во архивите на Османлиите постои само 1,со зборови ЕДЕН документ за тн „Византија„.

Се што се однесува на Византија е фикција преточена во архивска граѓа.Не,не,не е ОК. Најзачуваните „документи„ за Византија се по манастирите,Патмос,Света Гора итн ,а најголемиот број од нив се фалсификати (по 14 век) кои се однесуваат на имотите на манастирите ( ја осигуруваат  сопственоста на имотите на црквата).

Монасите се разбира не измислиле топла вода.Истото се случувало и во Италија.

Можете ли да замислите ,овој документ најсериозно се смета за историски оригинален.Леле мале.

Императорски декрет на Константин Велики во врска со Христијаните.Не се битни телесните страдања  и спасот во царството небесно ,најбитни се имотите.Во 313 година го издава овој едикт со кој прокламира верска толеранција,бла,бла,бла...


МИЛАНСКИ ЕДИКТ

Кога јас, Константин Август, како и јас, Лициниј Август, се сретнавме во близина ма Медиоланум (Милано), и размислувавме за сето она кое се однесува на јавната благосостојба и безбедност, размислувавме, меѓу останатото за она за кое сметавме дека ќе биде за доброто на многумина, дека прописите кои се однесуваат на почитување на Божествата треба секако да се направат први, така што би можеле да им дадеме на Христијаните и другите целосна дозвола да ја почитуваат религијата која ја претпочитаат; за секое Божество кое е седнато на небото да може да биде поволно и љубезно расположено кон нас и сите оние кои се ставени под наша власт.




И така со овој целокупен совет и повеќето исправни одредби помисливме да уредиме никому да не му се ускрати можноста да го даде своето срце на почитувањето на Христијанската религија, на религијата, онаа која тој смета дека е најдобра за него, така што Врховното божество, кон чие обожување слободно ги отвораме нашите срца) може да ја покаже во сите нешта својата вообичаена услуга и добродушност.

Затоа, вашата Богослужба треба да знае дека ни претставува задоволство да се отстранат сите услови, кои беа претходно официјално пропишани ,во врска со Христијаните и сега секој еден од вас кој сака да ја почитува христијанската религија, може да го стори тоа слободно и отворено,без малтретирање.

Ние сметавме дека е прикладно да ги препорачаме овие нешта најцелосно на вашето внимание за да се знае дека сме им дале на Христијаните слободна и неограничена можност на верско обожување.

Кога ќе видите дека ова ви е дадено од нас, вашата Богослужба ќе знае дека ние, исто така, им го признавме и на другите религии правото на отворено и слободно почитување и богослужење за доброто на мирот на нашето време, и секој да има слободна можност да богослужи како што му е угодно; овој пропис е направен да не може да се повлече од било достоинство или било која религија.

Покрај ова, особено во случајот на Христијаните проценивме дека е најдобро да наложиме дека ако се случи некој досега да ги купил од нашата ризница, или од било кого, оние места каде што тие претходно имале обичај да се собираат, во врска со што е издаден декрет и официјално му е испратено писмо, да биде вратен на христијаните ,без плаќање или какво било побарување на компензација и без било каков вид на измама или залажување, оние, пак, кои го имаат добиено истото(имотот) како подарок, исто така треба веднаш да го вратат на Христијаните.

Покрај ова, и оние кои го купиле и оние кои го обезбедиле со подарок, нека се пожалат на свештеникот ако тие бараат некоја доплата од нас, за да можат да бидат надоместени преку нашата милост.

Сиот овој имот треба да и бидат даден веднаш на заедницата на Христијаните преку посредување, и без одлагање.

И бидејќи за овие Христијани се знае дека ги поседуваат не само оние места во кои се навикнати да се собираат, туку, исто така, и друг имот, односно на цркви, кои им припаѓаат на нив како на здруженија, а не како на поединци, сите овие работи кои ги вклучивме во рамките на погорниот закон, ќе наредите да се вратат, без никакво колебање или контроверзија ,на овие Христијани, односно здруженија и нивните религиозни групи: обезбедувајќи, се разбира, дека погорната одлука ќе се следи, така што оние кои враќаат без плаќање, како што рековме, може да се надеваат на надомест на штетата од наша награда.

Во сите овие околности ќе треба да дадете најефикасна помош на заедницата на Христијаните, за нашата одлука да може да стапи на сила што е можно побрзо, при што, згора на тоа, преку нашата милост,да може да се обезбеди јавниот ред.

Нека се направи ова, така што, како што рековме погоре, со Божествена наклоност кон нас, која, во повеќето важни околности веќе ја искусивме, и некае, за сите времиња,се зачуваат и да просперираат нашите успеси заедно со доброто на државата.

Покрај ова , со цел изјавата на оваа уредба на нашата добра волја да може да дојде на внимание на сите, овааа изјава, објавена како ваш декрет , ќе биде објавена насекаде и ќе се даде на знаење на сите, така што овој декрет, на нашето благоволие, не може да биде сокриен.

No comments:

Post a Comment