Search This Blog

Loading...

Friday, December 9, 2011

Како се калеа нациите на Балканот


„И така на почетокот на 1871 година започна да излегува весникот „Призрен„на два јазика турски и српски.

Таа есен поплавата беше нанела големи штети во нишкиот мутесерифлах,и уште по други места во призренскиот вилает,па така,Сафет-Паша* беше принуден лично да го пропатува својот подрачен вилает и да ги издаде потребните наредби.Поаѓајќи на пат по вилаетот*,тој зеде со себе и неколку броеви „Призрен„,кој како што веќе рековме,започна скоро да излегува.Кога Сафет-паша стигна во Ниш тој помеѓу останатото ги запраша првите нишки граѓани ,а по име токму Мика Адамуѓевиќ,дали можат да го прочитаат и да го разберат она што го пишува во „Призрен„? На ова Мика и сите останати му одговорија дека тоа е нивен јазик ,со кој говорат и кој од своите мајки го научиле,па затоа и потполно го разбираат.

Сафет-паша тогаш превзеде пат по својот валилак ,и секаде од христијаните доби благодарност што званичниот весник на валилакот излегува на нивниот јазик.Тој ги помина Пирот,Лесковац,Врање,а потоа го обиколи и целиот скопски мутесерифлах,кој го сочинуваат Куманово,Кратово,Штип,Радовиште,Кочани,Криворечка паланка и др. и дојде во Скопје.

Тука, на конак, му дојдоа  да го поздрават со добредојде ,неколкумина христијани мештани меѓу кои и некој Тодорче ќурчијата.Покрај останатиот разговор,Сафет-паша се фалеше како секој ден ќе биде се подобро во неговиот вилает,а помеѓу веќе постигнатите успеси на подобрување на состојбата тој го спомна и тоа дека почнал да се издава  весникот „Призрен„.

Тодорче ќурчијата беше потплатен од бугарската пропаганда и за 150 турски лири беше се одрекол од својата српска народност и го примил бугаризмот.Поради ова тој му одговори на Сафет-паша дека е добро што почнал во Призрен да излегува весник ама е лошо што –вели-ние не го разбираме,затоа што не е на бугарски јазик.Кога ја виде пашата дрскоста на Тодорче,се сети дека тој е бугарски платеник,па веднаш им нареди на луѓето да најдат некој христијанин ,првиот кој ќе го сретнат на улица ,само да е писмен и родум од Скопје,а Тодорче и неговите другари ги задржа и понатаму во конакот.

Не минаа ни 10 минути а луѓето на пашата доведоа пред него некој Скопјанец .Пашата тогаш му донесе еден број од „Призрен„ ,го ослободи да седне и го замоли да прочита еден напис со српски текст,а потоа да му преведе на турски и да му објасни што прочитал.Пашата го контролираше преводот читајќи го истиот напис на турски.Скопјанецот му прочита и на турски јазик му кажа на пашата што прочитал.Пашата го задржа да остане и понатаму со другите мештани,кои дојдоа со Тодорче.Пашата тогаш го праша Тодорче и останатите ,дали тој Скопјанец е од овде и дали го познаваат.Сите одговорија дека тој е од старо Скопјанец ,дека се од иста вера и народност а имаат и исти соседи.Откако го слушна ова,пашата го извади од својата торба бугарскиот весник „Дунав„,кој тогаш излегуваше во Рушчук и беше званичен орган на Дунавскиот вилает *и му го даде на Тодорче,покажувајќи му со прстот извесно место ,да го прочита,да му го објасни и преведе на турски.Тодорче го зеде „Дунав„,почна да чита, се стутка и после прилично пелтечење не можеше да разбере што прочитал.Сафет тогаш по ред на сите другари на Тодорче им даде да читаат и ниту еден не можеше да објасни што прочитал од „Дунав„.Сафет тогаш многу се налути и почна да го кара Тодорче пред сите:

-Ти си лош човек,ти си вистински узевир(интригант).Така пашата му се наврте на Тодорче што овој стана со своите другари и замина без збогум.бидејќи за време на оваа сцена беше присутен и скопскиот мутесариф ,паѓата во присуство на тодорче и сите останати му нареди на мутесарифорт да обрнестрого внимание на однесувањето и работата на Тодорче,бидејќи ,вели,се уверил дека тоа е лош човек.

Кога Сафет-паша се врати од пат,веднаш го повика Т.Станковиќ и му рече дека се уверил оти во целиот вилает Христијаните  говорат на оној јазик на кој се печати „Призрен„.

Но,после неколку дена во „Дунав„ излезе еден грозен напис против преведувачот и уредникот на „Призрен„,кој напоменуваше дека преведувачот ниту преведува правилно од турски,ниту пак го употребува јазикот кој се говори во Призренскиот вилает туку „разигрува си руката„,така какви што се неговите уверувања и како што е добро за Србија и Српството бидејќи тој-преведувачот-не е ништо друго ,туку-српски агент.

Кога излезе ова во „Дунав„,Сафет-паша ги повика Станковиќ и Ставриќ и им го покажа бројот на „Дунав„ кој пишуваше против нив ,но истовремено рече дека тој знае,дека тоа не е вистина , и дека не треба ништо да одговараат ,но и тоа ,дека е уверен оти ова го сториле некои Бугари од пакост и омраза.

Увидувајќи, според се ова , бугарскиот егзарх и сета бугарска пропаганда,дека нема да им појде од рака да ги побугарат Србите од Скопскиот санџак додека Сафет-паша е во Призрен,тие најсериозно се впрегнаа,не жалејќи никакви жртви,и навистина конечно успејаа,и Сафет-паша  да биде преместен,а на негово место да дојде најголемиот бугарски пријател ,прочуениот бугарофил Абдураман –паша,дотогашниот нишки мутесариф.

Штом Абдураман –паша *стигна во Призрен,веднаш почна да ја излева својата омраза кон печатницата и уредниците на вилаетскиот весник.Во тоа време имаше раздор меѓу Србите и неколку поцинцарени,а сега погрчени Срби,поради црквата Св.Спас,која цинцарашите сакаа да ја срушат,да ја уништат таа српска старина,и да подигнат нова,токму да ја срушат Св.Спас и да подигнат нова црква.По повод овој настан Абдураман-паша,донесе во „Призрен„ еден напис за таа расправа,и соопштувајќи го тој раздор ,на едно место каде требаше да стои „овдешните Срби„,тој напиша „овдешните Бугари„.Но Ставриќ и Станковиќ преведувајќи го од турски тој став,место да преведат како што стоело во турскиот оригинал „овдешните Бугари„,го изменија тоа и го преведоа како „овдешните Срби„.

Кога го виде ова ,Абдураман-паша ги повика двајцата пред себе во конакот и почна да ги кара,а на Станковиќ дури и му се закани,дека ќе го испрати во Анадол,или во Видин во заточеништво, ако и понатаму во весникот го спомнуваат името Србин.

Станковиќ тогаш му забележа дека „овде нема Бугари,туку само Срби кои му се верни на царот„.

-Не е вистина,-викна Абдураман паша,-овде нема Срби,само Бугари.

Станковиќ му одговори дека не би било убаво,дури,би било срамота,еден званичен орган да не знае какви народности има во својот вилает.

-Србите се таму во Србија ,од Ниш ,од границата,-а овде ги нема-реше налутено пашата.

-Ве молам да ми го објасните ова –рече Станковиќ –кога Султанот би го покорил и би си ги вратил од Србија, Алексинце и Параќин,што би биле тие луѓе кои би дошле под ваша управа?

-Се разбира,тогаш тоа би биле Бугари-рече Абдураман-паша ,и така се изјасни дека тој под Бугари подразбира раја,значи оној елемент кој е покорен и понижен.

Тогаш Станковиќ му рече дека Н.В.Султанот има за свои верни поданици не само Бугари,туку и Срби,Грци,Цинцари и други народности,кои му се исто така верни,како и Турците,па не треба да им се ускратува да се нарекуваат со сопствено име и да пишуваат на свој мајчин јазик.

Изгледа дека ова објаснување малку го ублажи расположението на лошиот паша,но тој сепак остана на својата наредба во иднина да не смее да се спомнува во весникот српското,туку само бугарското име,кога станува збор за вилаетските христијани.

Но тој не застана на ова со својата омраза кон овие двајца Срби,па бараше згодна прилика да се ослободи од нив,и за уредник да донесе Бугарин.Но бидејќи рускиот конзул јастребов го мразеше него,многу е веројатно,дека на негова иницијатива тој беше преместен од Призрен ,и што е многу значајно,како Бугарофил ,да го добие местото на валија во Рушчук!

На негово место за валија дојде Хусни-паша,кој беше чесен и справедлив,па за негово време во вилаетот беше се мирно и во ред.Со рускиот конзул тој беше во добри,пријателски односи.Кога во една прилика дојде во печатницата Хусни-паша,го праша Станковиќ,кој е тој јазик,на кој покрај турскиот ,се печати весникот.Овој му одговори дека тоа е српски јазик.

-Многу добро-рече Хусни-паша-така и  треба да биде,овде има само царски Срби.И тогаш започна да зборува со доста познавање за минатото и историјата на српскиот народ.Беше доста образован,а грчки говореше како вистински Грк.

Подоцна ,на предлог на Абдураман-паша,укинат е Призренскиот валилак,и преместен е од Призрен во Битола,само за да им се угоди на бугарските насоки,нишкиот санџак да падне под дунавскиот вилает а исто и Прокупље,Лесковац,Врање,за во овие места да може да се изврши побугарување.

Весникот „Призрен„ имаше претплатници и надвор од призренскиот вилает,во Ќустендил,Прилеп,Охрид,Велес и Битола.Во Ќустендил претплатници беа браќата поп Новаковиќи,Синовите хаџи Трајковиќ,Коста Трајковиќ,попот Макарие поп Новаковиќ,а за уште 10 претплатници  учители и свештеници во околијата Ќустендил-бањска испраќани се уште десет броја преку Дојчин анџијата.„
Путне белешке по старој Србији (1871-1898)

Тодор П. Станковиќ (1852-1925), учесник во сите војни на Србија од 1876-1918 година. Национален работник, српски кралски конзул во Приштина, Скопје, Битола и Солун. Работел на организирање српска национална управа во јужна Србија. Политички ангажиран во Либералната странка и истакнат народен пратеник.

Тодор Станковиќ минува во Призрен околу три години, од 2. јуни 1871. година до половината на  1874. година. Во Призрен дошол кога имал  19 години, како преведувач од турски на српски јазик и обратно  во весникот “Призрен”, кој започнал да излегува на  2. август истата година, од едната страна на турски, а од другата на српски јазик.

Конзулатот на Кралството Србија отворен е во Приштина на почетокот на  1889. година, на основ на  Конзулската конвенција која Кралството Србија ја склучило со Турција. Првиот српски конзул во Приштина, Лука Маринковиќ, убиен е по неколку  месеци служба. На негово место доаѓа од Скопје Тодор Станковиќ и на  25. јуни 1890. година ја  превзема должноста во конзулатот по налог на генералниот конзул во Скопје, Владимир Кариќ. За време на своето прво конзулство, Станковиќ посебно внимание посветил на српските училишта и образувањето на  српските ученици.

Појаснувања :
Србија добива автономија 1830 (официјално 1878), истата година Грција добива независност.

Во 1864 Турција спроведува административна реформа; направени се нови вилаети, во Румелија е создаден Дунавскиот вилает (Tuna Vilayet, 1864), и вилаетите Јанина и Солун (1867).

*Дунавскиот вилает,Tuna Vilayet - Бугарија северно од Балкан пл. . – било експеримент. Под власт на Митхад -паша направена е печатница  (во главниот град Рушчук); направени се патишта и мостови,отворени се бугарски и турски училишта.

*Призренски вилает 1875-1878


* Tatar Saffet Paşa (Јануари 1871 година - ноември 1871)

* Abdurrahman Nureddin Paşa (Август 1872 - април 1873)

*Hüseyin Hüsnü Paşa (Мај 1873 - април 1874)

[gallery columns="2"]

Отоманска империја 1868

Румелија е назив за отоманските земји во Европа  (освен Босна и земјите северно од Дунав).

Румелија е етнички калеидоскоп; христијани  Бугари, Грци, Срби, Македонци,муслимани Турци,Албанци  како и заедници на Ерменци и Евреи  (мнозинство од населението во Солун), Власи .

Бидејќи империјата е исламска, доминира муслиманската заедница; немуслиманите плаќаат додатни даноци.
















































Македонија на страниците на српска „Политика„ 1904 (дел 1)














No comments:

Post a Comment