Search This Blog

Friday, December 9, 2011

Таен чевларски говор

Разговорот меѓу двајца чевлари од прилепско(Петре и чичко му Ристе) во  ЗБОРНИКОТ НА НАРОДНИ УМОТВОРЕНИЈА(Софија 1892) е оквалификуван како "таен" еснафски говор,или чевларски Арго,жаргон,сленг.Што е сленг што не е ,не можев да одредам.Секоја помош за "преводот" е добредојдена.



Петре. Á бре Ристé апо, ако се трзаш на шaрена, за да се сajкалиш, ви́кни ме и́ мене.

(Абе чичо Ристе, ако одиш во црква да се молиш, викни и мене.)



Ристе. Пýна и́мам: ќе вáрам óрденка, да зá тоа не ќе сé трзам.

(Работа имам: ќе варам ракија, затоа нема да одам.)



П. По áпсико би би́ло, апо, да ја óстаиш пýната и да се одгýраме на шáрена; како што сме пóсни, да го слýшаме мрмóрецот, што ќе м́рмори.



(Подобро би било, чичо, да ја оставиш работата и да одиме в црква, бидејќи сме  христијани, да го слушаме свештеникот ,што ќе чати.)



Р. Мóре, áрно ет, внýчко, да се от́рзаме на шáрена, ами пи́љавќи си нéмам прво за пáнтик да си кýпам да нáранам манýката со манучи́њата, — áкиваш, што ти кáжуам?



(Подобро  би било, внучко, да одиме во црква, но пари немам прво за леб да си купам, да си ги нахранам жената и дечињата, — разбираш, што ти кажувам?)



П. Мòре, за пи́љафќи, áпо, нéкоја мáка било зер?



(Море, за пари,чичо, некоја мака имало?)



Р. Е, é, мóре внýчко, зá тебе ни́што нé сет пиљáфќите, оти ýште нéмаш на лéјката кóлиба и во коли́бата мáнука, да му нóсиш пáнтик, да ќе ќи́ваш, да ли не ќé имаш мáка за пи́љавќи и за пýна.



(Е, е, море внучко, за тебе ништо не се парите, оти уште немаш на главата куќа и во куќата  жена да и́ носиш леб, та ќе видиш, дали нема да имаш мака за пари и за работа.)



П. Кóлку за тóа, тáка си́ е, стри́ко Ри́сте, ама пак треба да се т́рзаме на шáрена, за да гýраме пиљавќи.

(Колку за тоа, така си е, чичко Ристе, ама пак треба да одиме во црква, за да даваме пари.)



Р. Море, áпсико гýраме пи́љавќи, туку глави́тиот, што беше глáвит, да лéва дáмќите на шáрена, си́те дамќи, што и лéваше, áфтуте и стори, сáнќим сéга ет стрáден за цéкан, и ордéсалник се стóри тој, а манýката му пак се стóри пердашáлница.



(Море си даваме пари, туку епитропот, кој беше првиот да прима пари во црквата, сите пари, кои ги земаше, ги изеде; сега веќе страда за еден грош, и пијаница стана, а жена му пак стана курва.)



П. Арно си го камни́суал, дека стрáшен ордéсалник бéше: дури беше кóтоман, се што да му пáднеше, ќе опчéшаше, ама негдé-годе и пéрдав јадеше, чýнќи нáбрго се матосýаше. Стрáшен жéгалник бéше на бéлушка и шóре; за тáков пéрдав, пéрдав сакаше, да от пердав да се óдгурит на стáфандос, во тафтаќои да се стóреше.



(Добро си го познал, дека беше страшен пијаница: дури беше епитроп, се што ќе му паднеше, ќе украдеше; но, ама понекогаш и ќотек јадеше, бидејќи брзо се опиваше. Страшен пијаница беше на ракија и вино. За таков ќотек, ќотек сакаше, па од ќотек да умре, за да се скрие на гробиштата.)



Р. А, море внýчко, мóре, áпсико си го камни́суал. Ти ќýти, не мрмори, оти стрáмота е како зà нас и греóта е да држиме в шарéната дарви́нговци, — на дрéнов запри́легал. Чќи́вни го нéкоаш, кога да мрмори, ќе го пóзнаиш, оти ет со три́ штици.



(А, море внучко, море, добро си го знаел. Ти молчи, не ломоти, оти срамота е како за нас и греота да држиме во црквата крадци, — заличил на циганин. Види го некогаш, кога говори, ќе го познаеш, дека е безумен.)



П. Ви́стина, стри́ко, тáков си́ ет, при́личен на ти́е со долзитé уши, — áко е кóтоман. При сé што е тáков, пак кога да óит пó пат, опкршуат, како вóлк.



(Навистина, чичо, таков си е, личи на тие—со долгите уши(магарињата),— ако е големец. При се што е таков, пак, кога да оди по пат, прди (се гордее), како волк.)



Р. Áми зер тој стрáм и́ма да? Чунќи éдно врéме óпчеша дáмќи от еден глáвит и го клáдоа мислáрница. Да нé знам како беше, што се и́счепил от мисларни́цата, пáче пýштиа óт сут со тéсни дч го пáшкаат. Врлија со пýкало, за да го óдгурат, ама не мý влезе во ди́вио некое бýмбарче, да го соши́еше.



(Ами зар тој срам  има де? Чунки едно време украде пари од еден богат и го ставија во затвор.Не знам како беше,што,   избегал од затворот па пуштија од суд  војска да го гони. Пукаа и со пушка, за да го убијат, ама не му влезе в газ  некој куршум, да го сошиеше.)



П. Страм да мý е от ви́тката и от пачéшката за џи́џос, кога стóри от кај што опкршýаат со џлзитé ували.



(Не се срами од чалмата и од брадата, ?)



Р. Мóре, лéли ет жéгалник, пáк ќе стóри нéшто и ќе го прáтат на големó село во тамóшната маслáрница, да и ýтот, ако сáка, нека го глéда, не ќе го óстајт, и́шала, шарéната да калóсуа дáмќите от пòсните.



(Море нели е пијаница, пак ќе стори нешто и ќе  го пратат во Цариград въ тамошната зандана, па и царот,ако сака, нека го види, нема да го остави, дај Боже, во црквата да јаде пари од христијаните.)



П. Мóре, лели е таков, м́ртов да се и́скенца на прв ден на Вéлигден,не вéруам Мóдрио да не го óдгурит, туку ќо се позáбаит. Пýната от дýќано му ет ми́токос, áко тој опкршуат. Мéне ми чýрит, оти не ќé можит сáмќим да цéцат лýѓето веќе, како што цéцаше нáпрет.



(Море штом е таков, мртов да се посере на прв ден на Велигден,не верувам Бог да не го убие,но ќе се позабави.Работата во дуќанот му врви ако тој скршнува.Мене не ми е грижа,белки нема да може повеќе да ги лаже луѓето ,како што ги лажеше порано.)



Р. Море, ќе сýши прóсо, лели му остáнало сáмо éдна кóлиба и манýката му си е пердашáлница, туку нéкој ден ќе áќиваш, оти и ши́тосал коли́бите. Пóсле нека сýши просо, ќе нéмат пет пи́љавќи да кýпи гóрчило за една сýчка да нáпраит и за едно ц́рно да пи́ет.



(Море ќе осиромаши, нели му останала само една куќа, а и жена му е курва , и некој ден ќе слушнеш, дека ги продал куќите. После, нека си е сиромав,ќе нема пет пари да купи тутун за една цигара да си направи и едно кафе да се напие.)



П. Брé, штó мерде ќéнтоско бил! Ич му дáват преперýгата посна да ет тáков?



(Бре,какво лајно кучешко бил! Ич му дава ли книгата христијанска да е таков?)



Р. Не мý данат преперýгата, ама кога е òптегнат, кога óди пó пат, одóшто е пóган, се мáндори, како нéкоі сýгалец кóзинав.



(Не му дава книгата, но бидејќи  е неранимајко и кога оди по патот, бидејќи  е безобразен, се гордее, како некој ?.)



П. Чќи́вај вáмо, áпо, нé ет пýна за нас пóсните, да се цéриме за тáков: Мóдрио ќе го óдгурит и нáјпосле без пýрделќи ќе го óстаит, лели е таков.



(Гледај тука, чичо, не е работа за нас христијаните да се смееме за таков: Бог ќе го убие и најпосле без чевли ќе го остави, нели си е таков.)



Р. Мóдрио не забóраат; ќе му прáти некое ноќнó пиле некоі ден, за да го óтранчит.



(Бог не заборава;ќе му прати некој крадец (убиец) некој ден, за да го убие).



П. За на тáков, јас му го пунóсуам, за да го óтранчам, и ќе се стóрам ноќнó пиле, да сáкам.

(За таков, јас ќе  сработам, за да го убијам и ќе се сторам крадец, ако сакам.)



Р. Море, пунóсуј си óпути, жи́лај си ýшлинќи, бре внýчко, не ти́ треба да би́диш ноќнó пиле, за да не ти ја окршат ти́мбата и жèглите, ако те клáат в раце, као си вéш манýците. Чýкај си кли́нчиња, пýната да ти óдит áпсика, а не урýз-гурýз.



(Работи си обувките, работи си обувките, внучко, не ти треба да бидеш крадец, за да ти не ја скршат главата и нозете, ако те поминат низ раце, како што ги знаеш турците. Кови си клинчињата, работата да ти оди добро, а не лошо.)



П. Море, с не оти ќе  би́дам дáрвинко, за да ме óтранчат, како бéлиот, што шéташе со óпашка и пак го отрáнчи.



(Море,не оти ќе бидам крадец, за да ме убијат, како арапината, кој шеташе со коњ и пак го убија.)



Р. Ај потќи́ни , бре внýчко, немај срце песóсано; пó арно за нас мáмара, не чини́ му го лàвот на тáков кáмпелес и óпарак.

(Ај скрати, бре внучко, немај срце кучешко; подобро е за нас да молчиме; не му прави муабет на  таков неранимајко .)



П. Арно áќиваш за тáков три́ца мáнук и óптегнат. Нека го зéми париáреа, мáнук со пáчешка, препéруга да мрмори, камни́суа и пак што му пáдна от шáрена дамка в рàка, ја ки́лоса, како нерéница што калóсуа мéрдиња.



(Добро ми велиш, чичо, за таков мангуп и надуен. Нека го земе ѓаволот, со брада е, книга да чати знае, пак како му падна од црквата пара в рака, ја изеде, како свиња што јаде гомна.)



Р. É, бре внýчко, тýѓо калосýаше и пак скáнте бéше, ќрт цел бéше и сéга со шýк-шýк си ја т́рзат пýната.



(Е, бре внучко, туѓо јадеше и пак неранимајко беше, крт цел беше, и сега со бадијала си ја тера работата.)



П. Ех, што орди́-бозáн ет во нéкое собрáние, ако се ист́рзаше, како ýт стоеше, а за калосýање, како нéрен гнéтеше; ý него пàнтик чоек не кáлосал и не калóсуат.



(Ех, каков растурач  е! Въ некое собрание ако отидеше, като ут стоеше, а за јадење, како свиња  јадеше; кај него леб човек не јадел и нема да јаде.)



Р. Ете тáка пунóсуат, бре внýчко, ами пак ни́што не гó парка, зај гора; тýткун си́ е и ýште го крéпит еднонóгьиот.



(Ето така работи, внуче, ами пак не му е ништо лошо:; неспособен е и  уште го крепи Ѓаволот.)



П. Ќе го лýчнит еднонóѓио, ама ќе пóодит; лéли си́ е гýргут, лéли си́ е џ́ркол, како да е, ќе сќи́снит.



(Ќе го собори ѓаволот, ама уште малку ќе пооди; нели си е несвесен, нели си е стар-грозен, како и да е, ќе умре.)






Марко Цепенков.

No comments:

Post a Comment