Search This Blog

Friday, December 9, 2011

Фолклорот на Исламбул



Еднаш пишував за Евлија Челебија.Во записите на Евлија Ефенди стои и народната легенда за основањето и името на градот Истанбул.

Вели вака


„Тој беше прво изграден од Соломон, како што е опишано од илјадници историчари.Датумот на неговото основање е содржан во оние зборови на  Куранот "Благородниот град..." а некои од коментаторите на Куранот ги додаваат следните зборови:" Нели Грците(Јунанлар) беа протерани до најдолните краеви на земјата????" и "Извонреден град,таков каков што никогаш не бил создаден".И старогрчките историчари се согласуваат дека тој бил најпрво играден од Соломон,синот на Давид, 1600 години пред раѓањето на Пророкот, велат дека тој наредил да се изгради висока палата од Гениј, на местото кое денес се нарекува Сераглио, за да ја задоволи ќерката на Саидун,суверен на Ферендун,остров во Западниот Океан.

Вториот градител бил Рехобоам (Синот на Соломон) а третиот Јанко,синот на Мадијан,Амалекитот,кој владеел 4600 години по изгонувањето на Адам од Рајот а 419 години пред раѓањето на Искандер Руми (Александар Велики), и бил прв од Батилисах(?) на Грците(Јунанлар).Имало четири светски владетели од кои двајца муслимани и двајца неверници.Првите двајца биле Сулејман (Соломон) и Искандер- зул -карнеин (Дворогиот Александар),за кој исто така велат дека бил пророк,и вторите двајца биле Бахту-н-наср,уништувачот на лицето на земјата,и Јанко Ибн Мадијан кој живеел сто години во земјата на Адим(Едум)...
Четвртиот градител на Истанбул бил Александар Велики, за кој велат дека го прокопал протокот Себтах, кој го врзува Белото море со Океанот.Некои велат дека белото море се протега од Азак (Азов), до протокот на Исламбул, морето на Рум а оттаму до протокот Гелиболи(Галиполе,Хелеспонт) ,'ртот на двете мориња каде се изградени два замоци од султанот Мохамед Освојувачот и сето подолу го формира Белото море(Средоземно море).
----
Петтиот градител на Константинопол бил кралот на Унгурус (Унгарија) наречен Пузантин,син на Јанко Ибн Мадијан, во чие време градот бил уништен од силен земјотрес и ништо не останало освен замокот изграден од кралот Соломон и храмот на местото на Света Софија.Според Пузантин, Исламбул порано бил нарекуван Пузентех (Византиум).
Шестиот градител бил еден од римските императори:истиот оној кој ги изградил градовите Конија, Никдех и Кесарија (Цезареа).Тој го обновил Исламбул кој 70 години бил куп камења, гнездо на змии , гуштери и буфови 2288 години пред да биде освоен од султанот Мухамед.
Седмиот градител на градот Македун (Македон) бил, како што се согласуваат сите антички историчари Везендун, еден од внуците на Јанко Ибн Мадијан кој 5052 години по смртта на Адам, бидејќи бил светски монарх, ги натерал сите кралеви на земјата да помогнат да се изградат ѕидините на Македун кои се протегале од Сарај буруну (Сераглио) до Силивеи(Селимбриа) јужно и северно до Теркос и Црно море,пат од 9 часови.
Осмиот градетел на градот бил кралот наречен Јагфур,син на Везендун кој поставил не помалку од 366 талисмани,еден за секој ден во годината блиску до морето, кај Сарај буруну,и уште толку на брдата на брегот за да го вардат градот од секое зло и да го обезбедуваат со секаква риба.
Деветиот градител бил Константин, кој го освоил стариот град и му го дал своето име на новиот град.Тој ја изградил познатата црква каде денес стои џамијата на Мохамед II  и голем манастир посветен на Св.Јoван на ридот Зирек -баши, со цистерна во близина, како и цистерна на Султан Селим, Сиваши течихејси, до Маџунџи Маалеси и Кедек-паша.Тој изградил столб на таук-базар (пазар за живина) и многу други талисмани.....
Имињата на Константинопол на разни јазици
На латински јазик било Македонија, потоа Jанковичах на сириски, од неговиот основач Јанко.Потоа на хебрејски (Ибри), Александира(Александрија), потоа Пузентех (Византија), потоа од Франките-Јагфурије. 
Кога Константин го изградил последен пат тој се нарекувал Пузнатијам, на јазикот на Грците (Јунанлар) и Костантанијех, на германски-Константин-опол,на јазикот на Мусковитите -Текуријах, на јазикот на Африка-Гирандувије, на унгарски Визенду-вар, на полски -Канатурја, на бохемски (чешки ) -Алијана, на шведски (Есфај) -Кираклибан, на фламански- Истегханије, на француски -Аграндона, на поругалски Косатија, на арапски -Костантина, на персиски -Кајзари Земин, на индиски -Тахти Рум (тронот на Рим), на монголски -Хакдуркан, на татарски -Сакалиба, на јазикот на Османлиите -Исламбул....„

Не сум знаел дека Истанбул некогаш се викал Македон.

Реката Дунав, Евлија ја нарекува Дон. Збунувачки за официјалната хронологија и историографија е градот на "латински" да се нарекувал Македон , на "хебрејски " Александрија а на јазикот на Грците (Јунанлар) да се нарекува Константиније.

 Апсолутно е неверојатно е како официјалната историографија некои глупави средновековни приказни ги прифаќа како чиста вистина а другите ги отфрла како глупости.Демек Евлија бил глуп и не знаел што зборува.Никој на училиште не го учел правилна историја.Дека зборот "Александар" не е хебрејски,"Македон" не е латински,а "Констант" нема врска со грчки.Или Евлија Ефенди бил ептен дибек или неко меџу нама није наш.

Патувањата на Евлија ефенди том 1,том 2 (англиски).


Евлија Челебија




No comments:

Post a Comment