Search This Blog

Loading...

Thursday, December 8, 2011

Ропство и принесување жртви во 13 век

Едно од шокантните сознанија за тоа како е продолжувана историјата и сите "непријатни" нешта се носени векови наназад во божем "паганското" минато на христијаните е следното.

Во пропагандата на бугарите за бугарска Македонија и непостоење македонци и нивниот"избор" на цитати од историски извори го пронајдов ова:


Византискиот император Андроник II Палеолог (1282—1388) наводно му подарува на охридскиот архиепископ плаштаница со натпис:

„Пастиру на б'лгарите, спомни си при жертвоприношенијата за владетелот Андроник Палеолог!"

(ДОК Документи и материали за историята на българския народ. - София: Изд-во на БАН, 1969)

Какви жртви принесувал охридскиот архиепископ во 13 век?

Жртвопринесувањето е карактеристично за муслиманите.
Христијанскиот архиепископ би требало да се воздржува од чин кој е забранет околу 13 века.

Послание до Евреите
Глава 10

  1 Зашто Законот ја има само сенката на идните добра, а не и самата суштина на нештата, и не може секогаш со истите жртви, што се принесуваат секоја година постојано, да ги усоврши оние, кои му пристапуваат.
  2 Инаку би престанале да ги принесуваат, зашто не би биле свесни за гревови оние кои служејќи така, еднаш се очистени.
  3 Но тие секоја година напомнуваат на гревовите
  4 зашто крвта на биковите и јарците не може да ги отстрани гревовите.
  5 Затоа, влегувајќи во светот вели: „Жртви и приноси Ти не посака, но ми приготви тело.
  6 Сèпалениците и жртвите за грев не Ти беа угодни.”
  7 Тогаш реков: Еве, доаѓам, во книжен свиток за Мене е напишано, да ја исполнам Твојата волја, О Боже.
  8 Додека погоре вели: „Ни жртви, ни приноси, ни паленици, ни жртви за грев не посака; ниту Ти беа угодни” - тие се принесуваат според Законот,
  9 потоа рече: „Еве, доаѓам да ја исполнам Твојата волја.” Така го отстранува првото, за да го воспостави второто.
10 Според таа волја осветени сме преку приносот на телото на Исуса Христа еднаш засекогаш.
11 И секој свештеник, навистина, стои секој ден, и служи принесувајќи ги многупати истите жртви, кои никогаш не можат да ги отстранат гревовите.
12 Но Тој принесе само една жртва за гревовите, и засекогаш седна оддесно на Бога,.... итн

Во овие "непријатни " документи спаѓа и продавањето на робови б'лгари во 14 век.Робови во 14 век? Па нели робовладетелството умрело со "стариот" Рим?

За ова -друг пат.

No comments:

Post a Comment