Search This Blog

Thursday, December 8, 2011

Секси Хилда '63



Хилда е дело на Двејн Брајерс (Duane Bryers )(повеќе за него подоцна,хмм,можеби). Неговата сликарска техника е беспрекорна, апсолутно екслузивна. Брајерс имал шанса да стане еден од најголемите Pin-up артисти на Америка, но веројатно неговата страст кон складно пополнетите жени му ја уништила шансата. Неговото дело ги има сите карактеристики на класичната голема Pin-up уметност: лабави, безгрижни потези на четката ја бојат позадината на светот на Хилда, со многу детали и чувствителност оставајќи простор за точката од примарна важност ( самата Хилда )
Заднинските тонови на секоја од седумте илустрации (една на секои два месеца, вклучувајќи ја и корицата погоре) се студени светлински и пригушени тонови умно избрани да помогнат во зголемувањето на температурата на топлата Хилда со златно тело и жар црвена коса. За жал вештините на г-дин Брајерс не биле баш совршени во континуитет (кое нешто тој самиот го признал). Нејзиното лице и тело станувале различни од календар во календар, а често и од страница до страница.Мистерија е дали воопшто артистот успеал да го задржи истиот модел да позира за неговите илустрации?

Фасцинантен е фактот дека Двејн Брајерс (Duane Bryers) не го направил она што би можело да се очекува од уметник од политички некоректното минатото , т.е. да создаде понижувачки пози или забавни ситуации за ѕиркање во расцутената фигура на Хилда . Би било очекувано да ја завртите страницата и да ја видите Хилда како се обидува да ја исфрли задницата од буренце во кое случајно паднала.Но, Хилда е портретирана како секси, игрива и бујна женска,која инспирира силни сексуални сензации кај секој вљубеник во црвенокоси крупни цурици. Фактот дека уметникот се воздржал од цртање на , да речеме, голем, црвен кловновски нос и се решил за убаво лице имплицира дека неговата намера била да го заведе гледачот. Фактот што таа е полуоблечена во поголемиот дел од времето, го потврдува ова. Единственото нешто што е омаловажувачко во врска со оваа прекрасна дама е нејзиниот име.

Името Хилда звучи како име на некоја строга, бесполна, матрон- фрау, што очигледно оваа девојка не е.

Хилда е единствената раскошна женска во pin-up историјата . И да, таа многу добро се квалификува како икона. Според некои истражувања, таа постигнала одредена слава во 60-те, што е потврдено со нејзините слики на чаши , карти и фенси постери украсени со нејзиниот лик. Издавачите Браун & Бигелоу никогаш не престанале со печатење на календари со уметноста на Двејн Брајерс.

Ако дoсега не сте ја запознале неговата уметност преку Хилда,време е да ја запознаете.Уживајте.



















No comments:

Post a Comment