Search This Blog

Thursday, December 8, 2011

Жолтиот тапет

„John laughs at me, of course, but one expects that in marriage.
John is practical in the extreme. He has no patience with faith, an intense horror of superstition, and he scoffs openly at any talk of things not to be felt and seen and put down in figures.
John is a physician, and perhaps--(I would not say it to a living soul, of course, but this is dead paper and a great relief to my mind)--perhaps that is one reason I do not get well faster.
You see he does not believe I am sick!
And what can one do?
If a physician of high standing, and one's own husband, assures friends and relatives that there is really nothing the matter with one but temporary nervous depression--a slight hysterical tendency-- what is one to do?
My brother is also a physician, and also of high standing, and he says the same thing.
So I take phosphates or phosphites--whichever it is, and tonics, and journeys, and air, and exercise, and am absolutely forbidden to "work" until I am well again.
Personally, I disagree with their ideas.
Personally, I believe that congenial work, with excitement and change, would do me good.
But what is one to do?„


Во западните општества,пред дваесеттиот век, мажите ги доделувале и дефинирале женските улоги. Иако сите жени биле засегнати од утврдувањето на женското однесување од страна на мажите ,главно страдале жените од средната класа. Мажите создале идеолошки затвор кој ги подредил и замолчал.

Оваа идеологија, наречена Култ на Вистинска женственост,го  легитимизирала прогонувањето на жените.

Култот на домаќинлакот и Култот на чистота(сексуална) биле централните принципи на Култот на вистинската женственост.

Работејќи под привидната добродушност на Култот на домаќинлакот, жените биле затворени во домот или приватната сфера, слугинки кои  тежнееле да ги задоволат потребите на семејството. Понатаму, Култот на чистотата ги обврзувал жените да останат доблестни и чисти, дури и во брак, продолжувајќи да бидат скромни. Религиозноста, побожноста и покорноста биле како  верувања, повеќе периферни компоненти на идеологијата, иако претставувале неодвоив дел од  идеологијата на Вистинската женственост.

Вака мажите си ја осигурувале пасивноста и покорноста на жената. Религијата ги пацифизирала  сите желби кои би можеле да предизвикаат отстапување од овие стандарди, а потчинетоста ја претставувала ранливоста и зависноста од на жената од патријархалната глава на семејството(мажот).

Од друга страна, машкиот дел во општеството уживал мобилност. Мажите имале бенефиции не само во приватниот домен, туку биле слободни да го напуштат и да влезат во јавната сфера. Дома ,во приватната сфера,го добивале негувањето од жените. Во јавната сфера, тие си носеле одлуки кои ја подобрувале нивната позиција во општеството, а ја искористувале биолошката шминка и уцената за да ја направат жената неподвижна. Држени во заробеништво, жените не смееле да се вклучат во јавната сфера, каде што " не припаѓаат." Култот на вистинската женственост намерно не и оддавал признание на зголемената работна сила на жените, и не го поддржувал нивниот професионализам и кариеризам .

Жените биле обликувани како емоционални службенички чии животи се посветени на благосостојбата на домот и семејството ,и одржувањето на социјалната стабилност.

Поради  неверојатниот притисок од страна на мажите да ја задржат контролата врз нив , жените морале да протестираат. Тие се обиделе да ја соборат традиционалната дефиниција на својата улога,и успеале. Ја урнале идеологијата која им била наметната, на тој начин овозможувајќи им редефинирање на улогите, што резултирало со Новата женственост.

Шарлот Перкинс Гилмен, во "Жолтиот тапет", (1899),ја прикажува борбата на Гилман да ги отфрли стегите на патријархалното општество, со цел да може да пишува.

„Жолтиот тапет„ е симбол на Култот на вистинската женственост, кој ја врзува жената за домот и семејството. Како и во случајот на Шарлот Гилмен, жените се стегнати во поставените параметри кои ги утврдиле мажите. Жените се условени да ги прифатат овие граници и да останат на „своето место„ место, во приватната сфера.

Ако некој, маж или жена, се осмелил да експериментира со комплексните доблести од кои е сочинета Вистинската женственост, тој бил веднаш проколнуван како непријател на Бога, на цивилизацијата, и на државата  . Надминувајќи го жолтиот тапет, жените се спротивставиле на    расипаната надмоќ на мажите врз жените, избегале од нивниот затвор, и создале за себе нова идеолошка улога, со која се вклучиле во јавната сфера.

Жените, како оние кои Шарлот Гилмен ги портретирала во нејзините дела излегувале напред и се бореле против патријархалната идеологија. Жените можеле да се движат надвор од стегите на идеологија на Вистинската женственост.Постоењето на институцијата брак, во кој мажите играле доминантна улога и имале контрола, ги оставала жените на милост и немилост на нивните машки содруженици. Култот на Вистинската женственост им овозможувал на насилниците да бидат во бенефицирана положба повикувајќи ги на соучесништво жените во клеветење на самите себе. Но ,некои жени успеале да го направат одвојувањето на жените од приватната сфера реалност, и покрај пречката на женската биологија. Како реакција на угнетувањето жените се бореле против спроведувањето на традиционалните женски родови улоги и денес во 21 век,женственоста повеќе не може да се толкува преку Култот на Вистинската женственост.

Но,денес, романтизирањето на улогата на жената во семејството и домот ги сегрегира жените, со оглед на тоа дека за некои исклучувањето од  јавниот домен стана минато  но самата вклученост ,дополнителен товар.

Романтизираната и суровата форма на Култот на вистинската женственост и Новата женственост сеуште се судираат .

Долгото исклучување на жените од јавната сфера (држењето настрана на вистинските жени ) со Култот на вистинската женственост , цивилизацијата го плати со своето обликување од страна на мажите кои имаа машки полов орган,но женска душа(мажите хомосексуалци).

„Како хомосексуалците ја спасија цивилизацијата „-ТУКА

Иако денес борбата за правата на жените се изедначува со онаа на хомосексуалците и други маргинални групи,тоа е навистина неправедно и жените треба да се исклучат од таа споредба која ги става во жално-смешна положба.

Конечно Шарлот Гилмен  била позната, пред се, по својата хуманистичка работа и дела ,како студијата "Жените и економијата" која е веднаш преведена на седум јазици, а приказната "Жолтиот тапет" напишана  од лично искуство и со јасна цел да сврти внимание  на несоодветниот лекарски третман на тн хистерични пореметувања. Кога приказната за  жената која полудела од таквиот третман ја исполнила својата намена – Сајлас Вир Мичел, лекарот за чија метода станувало збор, наводно решил да го измени начинот на лечење, Гилмен извикала: "Не живеев залудно". Но, не ја пласирала лесно приказната, напротив.

Многу подоцна,во седумдесетите години на 20. век "Жолтиот тапет" наеднаш е  прочитан како приказна за односот помеѓу половите – и приказната станува, во вистинска  смисла на зборот ,култен текст на женското движење, а потоа и текст који се читал како парадигма на целокупната дотогашна феминистичка критика, нејзините иновации и ограничувања.

Во многубројните есеи и студии се разгледува  токму прашањето "зошто не била препознаена порано", вклучувајќи ја и дебатата со имплицитен сомнеж: "дали е тоа препознавање воопшто- добро?".Навистина-добро е.

Користен извор


Не постојат „вистински„ и „ невистински„ жени.

Искрено,без патронизирање,

Среќен 8 ми март на СИТЕ жени и на оние кои така се чувствуваат :)

No comments:

Post a Comment