Search This Blog

Loading...

Friday, December 9, 2011

Панонски легенди-Житие на Свети Методиј



Во месец април 6 ден
спомен и житие на нашиот татко
и учител Методиј
Моравскиот Архиепископ
Благослови ме, Оче

1. Бог милостив и семоќен, кој создаде битие од небитие се видливо и го украси со сета убавина, за која, ако некој сака да размислува, мал дел може разбере и познае ,од Оној кој беше создал толку многу и прекрасни суштества. Бидејќи според величината и убавината на суштествата преку размислување се познава нивниот Создател, за кој пеат ангелите со трисвети гласови и( кој ние) верниците го славиме во Света Троица, односно во Отецот, Синот и Светиот Дух, што значи во три подобија, кои може да ги наречеме три лица, но во едно божество.Впрочем, пред секој час, време и година и вон од секој разум и нетелесно поимање Таткото самиот го создаде Синот , како што вели Премудроста : 
"Пред сите ридови ме роди Мене" . И во Евангелијата зборува Божјото Слово од пречиста уста, отелотворено во крајно време за нашето спасение: "Јас сум во Отецот и Отецот е во мене" Од тој Отец и Светиот Дух произлегува, како што рече Синот Божји со гласот: "Духот на вистината, кој од Отецот произлегува„. Овој Бог го создал секое создание, како што вели Давид , "Зборот на Господ го стврдна небото и здивот од устата негова е сета сила негова.Затоа што Он рече, и започна, Он нареди,и се создаде ". 
Пред се го создаде човекот, земајќи прав од земјата, и од себе вдахновувајќи душа со животворен дух.И кога му даде разбирање на говор и слобода на волјата, го воведе во рајот,поставувајќи му како тест заповед ,ако ја зачува, ќе остане бесмртен ,ако ја прекрши, ќе умре по сопствена воља, а не според Божјата заповед.

Кога ѓаволот виде дека на човекот му е укажана таа чест, и му е доделено тоа место од каде што тој падна поради својата гордост, направи така ,тој(човекот) да ја прекрши заповедта.
И (Бог) го изгони човекот од Рајот , и го осуди на смрт.И од тоа време започна ѓаволот да ја мами човечката раса со многу интриги , но Бог во својата голема љубов и милосрдие не го напушти човекот до крајот , туку во секоја година и во секое време избра маж и им ги покажа на луѓето неговите дела и подвиг, да станат подобни на нив, и охрабрувани да прават добро.


Таков беше Енос,кој со надеж прв го повика името на Господ.(Битие 5:6)
А, потоа, Енох, угодувајќи му на Бога, беше префрлен (на небото).(Битие 5:24)
И Ное беше пронајден праведен во својот род (и) потопот го избегна во ковчег, за повторно земјата да се наполни (со живи) суштества Божји и да се украси.(Битие 5:29)
Авраам, по поделбата на јазиците по која сите паднале во грев, Бога го позна и беше прогласен за другар (Божји) и положи заклетва: Блажени се сите народи (добиени) од потомството твое.(Битие 17:5)
Исак подобно на на Исус беше изведен на гората(да биде принесен) како жртва.(Битие 22:6-10),(Послание на Евреите 17-19)
Јаков ги уништи идолите на тестот и виде скала од земјата на небото, на која се вознесуваа и се спуштаа Божјите ангели, и со благослов на неговите синови, тој прорече за Христа.(Битие28-10;32:28-30)
Јосиф ги нахрани луѓето во Египет, покажувајќи се како (човек) на Бог.(Битие 42:1-6) 
За Јов овситидински Книгите говорат дека бил праведен,справедлив и непорочен: тој бил ставен на испитание ,го претрпел и бил благословен од Бога.(Јов 1) 
Мојсеј со Арон сред свештениците(иереите) Божји беше наречен Бог (од) фараонот, и беше подложен на мачење во Египет и го изведе (оттаму) Божјиот народ, одејќи дење по светол облак и навечер по столб од оган и го подели морето, и (тие) минаа на суво, и Египќаните се удавија, и во пустината безводна ги напои луѓето со вода и ги нахрани со леб ангелски и птици, и потоа откако разговараше со Бога лице в лице, како што луѓето можат да разговараа со Бога, им даде на луѓето закон напишан со Божјиот прст.(Излез)  
Исус Навин ја подели земјата помеѓу Божјиот народ по војната со непријателите.(Книга на Исус Навин)
Судиите, исто така се стекнаа со многу победи, добивајќи милост од Бога.(Книга за израелеви судии)
Самуил го постави и го помаза цезарот според словото Господово.(Самоил 1-2)
Давид беше кроток (вистински) пастир на народот и го учеше на песните на Бога (Цареви 1-2)
Соломон, надарен со мудрост од Бога повеќе од сите луѓе, создаде многу добри проповеди со параболи (приказни), иако тој самиот (сите) не ги следеше.(Пословици)
Илија со глад ја отфрли човечката лутина, и мртвото дете го воскресна и со збор снесе оган од небото, и изгори многумина и многу жртви изгоре со чудесниот оган и нечесните свештеници ги скрши и се вознесе на небото во огнена кочија и коњи, давајќи им на учениците двоен Дух.(Цареви2) 
Елисеј земајќи ја (неговата) мантија, два пати повеќе чуда сотвори.(Цареви 2-3)
Останатите пророци, секој во своето време, прорекуваа за прекрасните дела кои ќе се случат .
По нив, големиот Јован посредникот помеѓу Стариот и Новиот Завет стана Крстител и сведок на Христос и проповедник на живите и мртвите.(Нов завет,Евангелие според Јован)
Светите апостоли Петар и Павле со останатите ученици на Христос, минувајќи низ сиот свет како молња ја осветија целата земја.По нив, мачениците со крвта своја,ја измија нечистотијата, а наследниците на Апостолите, крстејќи го цезара, со многу дела и труд го скршија паганството.(Посланија на апостол Петар и Павле)
Многупочитуваниот Силвестер со 318 отци го зеде на помош своја големиот Цезар Константин и прв собор собра во Никеја, Арија го порази и го проколна него и неговата ерес, бидејќи тој се спротивстави на Светата Троица, како што некогаш Авраам со неговите 318 момчиња ги победи Кралевите и доби благослов и леб и вино од Мелхиседек, царот салимски, зашто тој беше свештеник на севишниот Бог.
Дамас, исто така, и Григориј Богослов со сто и педесет отци и големиот цезар Теодосиј во Цариград го потврдија светиот символ(на верата), (кој почнува со зборовите):Јас верувам во еден Бог, и го отсекоа (од телото на Црквата) Македониј, и ги проколнаа него и неговото богохулење, кој зборуваше против Светиот Дух. 
Селестин и Кирил со двесте отци и со вториот Цезар (Теодосиј) во Ефес го совладаа Несториј со сите заблуди кои ги говореше против Христос.
Лав и Анатолиј со правоверниот Цезар Маркијан и со шестстотини и триесет татковци го проколнаа лудилото во Халкидон и заблудите на Евтихиј.
Вигилиј со добротворниот Јустин (ијан?) и со сто и шеесет и пет татковци, се собраа на петтиот собор и (било какви грешки кои ги ) најдоа, ги проколнаа.
Агатон, апостолскиот папа со 270 отци, и со достојниот цезар Константин, кога на шестиот совет се крена многу возбуда, ги изгонија, и ги проколнаа сите кои создаваа метеж, именоТеодор Тарански, Сергеј и Пир, Кир Александриски, Онориус Римски , Макариј Антиохиски и други потчинети на нив, а христијанската вера, поставувајќи ја на вистината, ја потврдија. 
2.Но, по сите нив милостивиот Бог, кој сака секој човек да биде спасен и зачуван и да го достигне познанието на вистината во наше време, за нашиот народ, за кој никој и никогаш не се грижел, го поттикнал на добро дело нашиот учител, блажениот Методиј. 
Ако го споредиме него според сите доблести и дела со секој од овие светци,нема да се посрамиме, бидејќи тој на едни им бил рамен, од други малку помал, но а од трети подобар, оние кои биле познати по зборови, ги победил во дела, а оние кои станале познати со дела, ги надминал со збор.На сите ним подобен, станал олицетворение на сите нивни доблести: страв од Бога, чување на заповедите, чистотата на телото, посветеност во молитва и светост, силни и кротки зборови, силни за противниците а кротки за приемачите на проповедите, лутина и тихост, милост и љубов, страст и трпение, и тој им стана на сите се' , за да ги привлече.


И тој не беше од обете страни од лош род, но од добар и чесен, добро познат од почеток на Бог и на Цезар, и на целата Солунска земја, кое нешто го покажуваше и неговиот надворешен изглед. 
Поради ова и противниците, кои го сакаа уште од детството,  зборуваа со него како еднакви, а Цезар,откако [слушна]за бистрината негова , му даде да управува со славјанското кнежевство, велам, како што е предвидено, дека ќе го испрати до Словените како учител и прв архиепископ за да се научи на словенските обичаи и малку се се привикне нив. 
3.Кога минал во владеење многу години и видел многу случајни премрежија на овој живот, ја променил својата посветеност кон темнината на земјата со помислата на небото, бидејќи не сакал својата благородна душа да ја збуни со она кое не постои засекогаш, и наоѓајќи погодно време, се ослободил од кнезувањето и пошол на Олимп, каде што живеат светите отци, се потстригал и се облекол во црна риза. И ги почитувал со покорност и ги исполнувал сите правила на монашкиот живот , оддавајќи се на книгите. 
4.Дошло време, кога испратил цезарот по Филозофот(Константин Филозоф,Св.Кирил), неговиот брат, (да оди) кај Хазарите* и да го земе со себе на помош.Таму имало Евреи, кои силно хулеле на христијанската вера.Тој рекол дека е подготвен да умре за Христовата вера, и не послушувајќи, отиде да служи како роб на помалиот брат,покорувајќи му се.Тој со молитва, а Филозофот со зборови превзеле превласт над врвните и ги засрамиле. 
Кога Цезар и патријархот го виделе неговиот подвиг толку прикладен на божјиот пат, се обиделе да го убедат да се посвети во архиепископ на првото место, каде што има потреба од таков маж.И кога тој не сакал го принудиле и го направиле игумен во манастирот, кој се нарекувал Полихрон, со приход од 24 мери злато, и со не повеќе од 70 монаси. 
5.Се случило во тие денови, Ростислав, кнезот словенски, со Свјатополк да испрати од Моравија кај цезарот Михаил , велејќи: "Ние сме здрави по Божја благодат, и дојдоа кај нас многу учители, Италијанци и Грци и Германци, и не учеа на многу начини, и ние сме Словени, едноставни луѓе, и ние немаме (некој) кој ќе не води и ќе ни ја даде вистината и знаењето.Така, добар владико (господару), испрати ни маж кој ќе не води сите нас кон вистината "

Потоа цезарот Михаил му рече на Константин Филозоф:" Го слушаш ли, Филозофе, овој говор? Никој друг не може да го направи ова, освен тебе.Еве јас ќе ти дадам многу подароци и оди, земи го и својот брат игуменот Методиј.Вие сте Солуњани, а сите Солуњани чисто зборуваат славјански ". 
Потоа тие не се осмелуваа да го одбијат ни Бога, ниту Цезара според зборовите на Апостолот Петар, кој рече: "Бојте се од Бога, почитувајте го Цезара

Но, откако слушнаа за ова велико дело,се дадоа на молитва и со други, кои имаа иста мисла како нив. 
И Бог тука му го откри на Филозофот (Св.Кирил) словенското писмо.И тој брзо создаде букви и состави беседи , па замина за Моравија, земајќи го се себе Методиј.И тој повторно почна покорно да го почитува, да му служи на Филозофот и да учи со него.А кога поминаа три години, се вратија од Моравија, откако научија ученици. 
6.Кога дозна за овие луѓе апостоликот (папата) Николај испрати по нив, бидејќи сакаше да ги види како ангели Божји, (и) да го благослови нивното учење, ставајќи го славјанското Евангелие на олтарот на црквата на Свети Апостол Петар . И го посвети во свештеник благословениот Методиј.  
И таму имаше многу луѓе кои ги оцрнуваа словенските книги, велејќи дека ниту еден народ не треба да има свои букви, освен Евреите, Грците и Латините според натписот на Пилат, кој напишал на крстот Господов. Апостоликот ги проколнал, нарекувајќи ги пилатници и тријазичници, и на еден епископ, кој бил болен од истата болест му заповедал да посвети од учениците славјански три во свештеници и два во чтеци (читачи).

7.Минале многу денови, и Филозофот одејќи на суд (Божји) му рече на Методиј, братот негов "Еве, брате,бевме зедно впрегнати во ралото и оравме (иста) бразда, и јас паднав на полето, завршувајќи ги своите денови. Ти многу ја засака планината, но не смееш за планината да ја напуштиш својата настава, затоа што со што друго може подобро да се постигне спасението? " 
8.Коцел потоа испратил молба до апостоликот со барање да му го испрати Методиј, нашиот учител. И рече апостоликот: "Не само на тебе еден, но на сите земји словенски, ќе го испратам учителот од Бога и од Светиот апостол Петар, првиот намесник (од Христос на земјата) и носител на клучевите на царството небесно " и го испрати пишувајќи ја оваа порака: 
"Јас Адријан, епископ и слуга Божји,
на Ростислав Свјатополк и Коцел . 
Слава на вишниот Бог и на земјата мир и добра воља на луѓето. 
Слушнавме ние за вашата духовна (радост), која ја чекавме со нетрпение и желба и молитва за вашето спасение,за да ги подигне Господ вашите срца да го побараат Него и да ви покаже дека не само со верата туку и со добри дела треба да му служат на Бога, верата без дела е мртва ,и отпаѓаат, оние кои замислуваат дека го знаат Бога, а во делата се одрекуваат од Него. 
Бидејќи не само од светителскиот трон(?) ние побаравме учител , но, исто така, и од благоверниот цезар Маихаил ,да го испрати кај вас блажениот Константин Филозоф со братот, бидејќи ние не бевме подготвени ( да ви помогнеме).
Тие пак дознавајќи дека вашата земја е под надлежност на апостолскиот престол, не направија ништо спротивно на каноните,но дојдоа кај нас и ги донесоа со себе моштите на Св Климент.
Ние пак почувствувавмe тројнa радост замисливме, да се обидеме и да го испратиме во вашата земја, посветувајќи го заедно со неговите ученици,Методиј, нашиот син, совршен маж и побожен ум, за да ве научи,како што баравте, книги напишани на вашиот јазик и исполнувајќи ги сите црковни обреди(на него), и со Света миса, односно служба,и со крштение како што започна Константин со Божја благодат и со молитвите на Свети Климент. Ако некој друг може да пишува достоинствено и верно, тогаш тоа нека биде свето и благословено од Бога и од нас и од целата Вселенска и Апостолска Црква, за да може полесно да ги научите божјите заповеди.Само овој обичај да се задржи, така што за време на мисата прво ќе се чита Евангелието и Апостолот на латински а потоа на словенски.Да се исполни словото на писанието дека ќе го фалат Господа сите народи и уште: "И сите ќе започнат да зборуваат за големината на Бога на различни јазици, на кои Светиот Дух ќе им овозможи да вдахновуваат ". 
Ако некој од вас собраните учители,од оние кои им се додворуваат на ушите а од вистината одвраќаат со заблуди , започне, и се осмели да внесе раздор меѓу вас, порекнувајќи ги книгите на вашиот јазик, нека се одлачи не само од причеста, но, исто така, од Црквата, додека не се исправи.Бидејќи тоа се - волци, а не овци, и треба според нивните плодови да ги познаеме и да се пазиме од нив.
Вие, чеда возљубени, слушајте го учењето на Бог и не се оттргнувајте од црковно поучување за да станете вистински верници на Бога,нашиот небесен Татко со сите светии. 
Амин ". 
Го примил него Коцел со голема почест и повторно го испратил кај апостоликот и (со него) 20 мажи и именити луѓе, за да го посвети на епископство во Панонија на местото на Св. Андроник апостол, (еден) од седумдесетте, како што и бидна. 
9.Потоа истиот, стар непријател, горчлив непријател на доброто и непријател на вистината, го возбуди против него срцето на непријателот моравски, кралот(?), со сите епископи, (велејќи):"Во нашата област учиш" И тој одговори: "јас ако знаев дека таа е твоја, ќе одминев,но таа му припаѓа на Свети Петар.За волја на вистината, ако не ги престапувате старите граници, ги кршите каноните поради својата завист и алчност и го обесхрабрувате учењето на Бога,тогаш пазете се, случајно, сакајќи со закоскеното теме (главата) да пробиете железна гора ,да не си го истурите мозокот ". 
Му одговорија, велејќи со гнев:" Ќе ти биде лошо " 
Тој рече:" Вистината ја велам пред Цезарот и не се срамам. А вие правете според вашата волја со мене, бидејќи не сум подобар од оние кои во многу болка го изгубиле животот затоа што ја кажале вистината. " 
И кога многу зборови беа кажани и не можеа да одговорат, кралот рече преку усните: "Не го заморувајте мојот Методиј, тој веќе се испоти како во печка. "  Тој рече: "Да, господине,спорејќи со луѓе еднаш испотениот филозоф го прашаа: "Зошто се потиш".И тој рече: "Со неуки се расправам". 
И расправајќи околу овие зборови, се разделија, а тој беше испратен во Швабија и го држеа таму две и пол години.

10.(Веста за ова) дојде до апостоликот(папата).И кога тој дозна, испрати до нив клетва, дека сите епископи на кралот не ја пееле мисата, односно службата,додека ја држат .И така го пуштија него, велејќи му на Коцел: "Ако тој биде кај тебе, нема да се спаси од нас на добар начин" .


Но, тие не избегаа од судот на Свети Петар, бидејќи четири од овие епископи умреа. 
Се случи тогаш, Моравјаните, осигурувајќи се, дека германските свештеници кои живеја меѓу нив, не им сакаат добро, туку правеа интриги против нив, ги изгонија сите, и испратија до апостоликот: "Како што порано нашите отци беа крстени од Свети Петар,тогаш дај ни го Методиј, архиепископ и учител. "И веднаш го испрати апостоликот. И кога го прими кнезот Свјатополк со сите Моравјани му ги даде сите цркви и духовници во сите градови.

Од тој ден, почна силно да расте силното учење на Бога и духовно да се множат во сите градови, а паганите - да веруваат во вистинскиот Бог, откажувајќи се од своите заблуди.Уште повеќе и Моравската држава почна да ги проширува своите граници на сите страни и да победува своите непријатели, не трпејќи пораз ,како што тие секогаш раскажуваат. 
11.Тој го имаше и дарот на пророштвото, затоа што многу од неговите пророштва се остварија,за едно или две ќе раскажам.

Многу силниот пагански кнез, седејќи на Висла, ги оцрнуваше христијаните и им наштетуваше.И испраќајќи делегација кај него (Методиј)му рече: "Сине, убаво е за тебе да се крстиш по своја воља во своја земја, за да не те крстат на сила во ропство во туѓа земја (кога така ќе биде) запомни ме. "Така и бидна. 

Еднаш Свјатополк повторно се бореше против незнабожците и немаше успех и се задржа, и (Методиј), кога се приближи мисата или службата на свети Петар, испрати по него,велејќи: "Ако ми ветиш дека денот на Свети Свети Петар со своите војници ќе го поминеш со мене во црква тогаш верувам во Бога, дека наскоро ќе ти ги предаде (во рацете). "Така и бидна. 
Некој од дружината ,богат советник (на кнезот), се оженил со својата кума односно јатрва и многу ги учел, им предавал, и ги тешел но не можел да ги разведе, затоа што други, преправајќи се дека се Божји слуги, тајно ги одвраќале и им ласкале поради нивниот имот и сосема ги оттргнале од црквата. И тој рече: "Ќе дојде време кога нема да можат да им помогнат овие ласкавци, и тие ќе се сетат на моите зборови, но (веќе) нема може да се стори ништо. " 
И одеднаш, кога отстапи од нив Бог, ги нападна болест, и беше невозможно да се најде место за нив (за покој), но некаков виор ја крена нивната пепел и ја  расеа.(Се случи) и многу (повеќе),слично на ова, и тој се јасно толкуваше во приказни.


12.Стариот непријател, кој го мразеше човештвото(ѓаволот), не можеше да издржи сето ова и подигна против него некои како Датан и Авирон против Мојсеј, едни -отворено, а други - тајно, (оние) кои ги нарекуваат хиопаторска ерес и ги заведуваа слабите од вистинскиот пат, велејќи: "Папата ни даде сила, а за овој вели да се истера заедно со своите учења. " 

Кога се собра сиот народ на Моравија,рекоа да се прочита пред нив (папската) порака за сите да слушнат за неговиот егзил. 
Луѓето како  што имаат обичај луѓето , сите жалеа и тагуваа,бидејќи беа лишени од таков свештеник и учител, освен слабите, кои (со) лага ги стави во движење, како ветрот -лисјата.Кога се прочитаа грамотите на апостоликот најдоа дека таму е напишано: "Нашиот брат Методиј, е свет и правоверен и прави апостолско дело а во неговите раце од Бога е апостолскиот престол на сите славјански земји а кого тој ќе го проколне нека биде проколнат, и  кого тој ќе го благослови, нека биде благословен ".И засрамените се расејаа посрамени ,како магла. 

13. Но, тоа не го спречи нивниот гнев, но рекоа да се каже, "Лут е на него Цезарот, и ако го фати, не ќе си го спаси животот ".

Но,Бог милостив, не сакајќи да, биде проколнат неговиот роб, се стави во срцето на Цезар, затоа што срцето на цезарот е секогаш во Божји раце, и му испрати Цезар две грамоти " Честни оче, многу сакам да те видам.Смилостиви се и потруди се да дојдеш кај нас сакам да те видам, додека сме (сеуште) на овој свет, и твојата молитва да ја примам. " 

И кога повторно се врати, Цезарот го пречека со голема чест и радост, и го пофали неговото учење, и задржа од неговите ученици поп и ѓакон со книги. И тој ги исполни сите негови желби  ,се што посака, и ништо не му одби а туку опсипувајќи го со подароци и љубезност,го поведе повторно со слава на неговиот престол.Исто така направи и патријархот. 

14.На својот пат тој попаднал во многу невољи од ѓаволот: во пустини од разбојници, на море од бранови, (покренати) од ветрот, реки од ненадејни вртлози, така што го исполнил зборот на Апостолот: невољи од кратци, од ненадејни вртлози на реките , невољи од лажните браќа, во труд и дела, често гладен и жеден, и во други невољи, за кои говори апостолот. 
15.Потоа тој ги отфрли сите возбуди (на светот) и ја стави својата тага во Бога.Уште порано постави двајца од своите ученици за попови брзописци и брзо ги преведе во потполност сите библиски книги и Макавејските од грчки јазик на славјански за шест месеци почнувајќи од месец март до 26 октомври. Завршувајќи,достојна слава и пофалба му даде на Бога кој пак нему му даде милост и среќа.И ја вознесе светата тајна со клирот свој, славејќи го споменот на Св Димитрија.Само Псалтирот и Евангелието со Апостолот ги воведе во избрана црковна служба и ги преведе од почеток со Филозофот. Потоа и Номоканонот кој значи правило на законот и книгите на отците ги преведе. 
16.Кога дојде во дунавскиот крај кралот на Венгрите(Унгарци) и иако некои говореа и претпоставуваа дека нема да си замине од таму без мака, тој појде кај него, и како што им личи на такви мажи да беседат, го пушти ,и милувајќи го и бакнувајќи го, со големи подароци, и му рече : "Секогаш спомнувај ме честни оче, во твојата света молитва. "

17 .Кога така ги отстранил сите обвиненија од сите страни и им ја затворил устата на многуречивите,го завршил течението (на животот) и верата ја запазил, во очекување на праведниот венец,затоа што му угодил на бога и бил возљубен од него. 

И се приближи времето да прими мир од страстите и награда за големиот труд.
И тие го прашаа, велејќи: "На кого мислиш, татко и учителе, од твоите честни и ученици, кој би требало да те наследи во учителствувањето?"Тој покажа еден од своите најчесни ученици , наречен Горазд, велејќи: "Еве од вашата земја слободен маж,кој добро ги знае латинските книги,правоверен.И тоа ќе е во согласност со Божјата волја и вашата љубов, како и со мојата ". 
Кога на цветна недела се собраа сите луѓе, тој влезе во црква и беше болен, и се молеше за благослов на цезарот и књазот,и духовниците,и сите луѓе и рече: "Чувајте ме деца, до третиот ден."Така и беше.Кога на третиот ден почна да се разденува, пак рече: "Во твоите раце.Господи, мојата душа ја ставам " и на рацете иерејски почина на 3 ден од месец април во третиот индикт во 6393 година од создавањето на сиот свет. 
Неговите ученици, приготвувајќи го за погреб, и давајќи му достојна чест ја служеа  црковната служба на латински, грчки и словенски и го положија во катедралната црква,и тој се здружи со своите отци и патријарси, и пророците; и апостоли, учители, и маченици. 
Се собрале безброј луѓе и го спровеле со свеќи, оплакувајќи го добриот учител и пастир, мажи и жени, мали и големи, богати и сиромашни, слободни и робови, вдовиците и сирачиња, странци и домашни, болни и здрави - сите (жалеа) зошто им стана се на сите, за сите да ги придобие.


Ти, света и чесна главо, во своите молитви погледни кон нас, стремејќи се кон тебе,избави ги од секоја напаст учениците свои, кои го распространуваат твоето учење и ја гонат секоја ерес, за да живееме достојни на нашето звање,да застанеме крај тебе како твое стадо на десна страна на христа нашиот Бог,и вечен живот да добиеме од него.Нему слава и чест во веки веков.Амин.
Постојат 15 житија на Методиј,наводно од крајот на 12 и почетокот на 13 век.Во основа на преводот е едно од најстарите од збирка од почетокот на 12 век (Отдел рукописей Государственного Исторического музея. Синодальное собр.,№ 1063 ).Преводот е од руски превод со исправки на оригиналот и очигледни извитоперувања на текстот.Според современата хронографија браќата живееле во периодот 815-882. Што ќе рече,  најстарото житие на Методиј е (веројатно ) напишано минимум 250 години по неговата смрт или подоцна.

Неколку логични прашања:

Каде се потераа постарите житија ако славата на браќата  меѓу Словените(Славјаните) ја одржувале нивните бројни ученици веднаш по нивната смрт?


Има неколку интересни моменти во житиево.Најјако е следното.

Како тоа на грчкиот (византиски) цар Михаил III- "пијаницата"(на тронот 842-867) на Ростислав му се жали дека доаѓаат Грци да ги преобратат кога самиот е Грк ?Веројатно мисли на Грци во смисла на Елини-пагани.

"Ние сме здрави по Божја благодат, и дојдоа кај нас многу учители, Италијанци и Грци и Германци, и не учеа на многу начини, и ние сме Словени, едноставни луѓе, и ние немаме (некој) кој ќе не води и ќе ни ја даде вистината и знаењето".

Второ ,спомнувањето на „папата„ Силвестер кој му рекол на Константин да собере собор во Никеја  (види и Подарокот на Константин,фалсификат веројатно од 12 а откриен наводно во 15 век,види Liber Pontificialis).Многу е сомнително што наводно „првата книга„ во која се набројани римските „папи„ завршува со„ папата„ Адријан II (папа 867-872), истиот оној бискуп (епископ) од писмото во житието на Методиј кој го испраќа Методија кај Ростослав,Свјатополк и Коцел и наредува службата да се врши прво на латински па на словенски .Подоцна книгата е „продолжена„ но во различен стил во 15 век.Многу е поверојатно дека прво е настанато „продолжението„ (9-15 век) а подоцна е создаден „првиот дел „ (1-8 век).Можно е  и папата Силвестер I да не постоел  и да е измислица на „папата „Силвестер II,за да се потврди супремацијата на Рим над другите цркви.Можни се и други верзии.

Трето,именувањето на Горазд кој „добро ги знае латинските книги, правоверен„.(?)
Ништо без латинските „книги„.

Четврто:Целиот усвоен на библиски канон во уводот.Зошто?

Петто, „Уште порано постави двајца од своите ученици за попови брзописци и брзо ги преведе во потполност сите библиски книги и Макавејските од грчки јазик на славјански за шест месеци„.

Книгите „Макавејски„ две во „Вулгатата„ прогласени за канонски за западната црква дури на Советот во Трент (1546),ги има три во „Септуагинтата„ (најстарата библија на грчки) а прогласени се за канонски за православието дури во 1672 на Синодот во Ерусалим.Логичен заклучок:Житиево не е напишано пред 16 век.
„Оригиналот „ на книгите Маквејски бил само на грчки.Не постои превод на глаголица на стариот завет ниту на книгите Макавејски.Најстарион Номоканон (збирка црковни и световни правила)е на Јоан Схоластик(540-557) и се смета дека тоа е оној Номоканон кој го преведувал Методиј.Од 9 век е Номоканонот на патријархот Фотиј.
Како да го разбереме ова?Каде се книгите Макабејски на „словенски„ јазик? Испариле.

На сликата погоре и подолу наводно Св.Кирил и Методиј( погодете кој е кој ) ,како го носат ТЕЛОТО на Св.Климент во Рим. Безбрадите се наводно латински светци.Брадестиот светец (со ореол) е можеби Константин Филозоф-Св.Кирил.Методиј,другиот со брада, не е светец.Ако оној со тијарата е Адријан II,кој е седнатиот на престолот што држи книга на латински во рацете?Цезарот Михаил?Зошто Св.Климент изгледа како да ќе стане секој момент?
Фреска во базиликата на Св.Климент (изградена во 12 век).

Според приказните од 4 век Св.Климент е истеран во егзил на Крим од императорот Трајан.Таму работел во рудник и на крајот бил фрлен во морето со сидро околу вратот затоа што преобратил многумина во христијанство.Неговиот гроб се гледал еднаш во годината кога морето се повлекувало.Свети Кирил (Константин Филозоф) чудесно ги открил моштите при својата мисија кај Хазарите и ги донел Во Рим 868 а папата ги закопал во базиликата Сан Клементе-Св.Климент.



Под фреската пишува:Овде во Ватикан се прикажува папата Никола како со небесни химни и аромати(кадење) се закопува.

Не е возможно Св Кирил и Методиј некогаш воопшто да го сретнале папата Никола кој починал 867, ниту пак му присуствувале на погребот.Папата Никола исто така е поврзан со фалсификати ТУКА.Наводно за овие фалсификати во кои била вложена огромна ерудиција и неверојатен труд, папата немал појма.

Нормално -неко меџу нама није наш.

No comments:

Post a Comment