Search This Blog

Loading...

Thursday, December 8, 2011

О Мадара! (О мајко!-на афганистански)



Коњаникот од Мадара е познат барељеф откриен во близина на селото Мадара (во близина на " античките" бугарски престолнини Преслав и Плиска).Споменикот е заштитен од УНЕСКО.

Во 2008 во Афганистан беше откриен сличен барељеф со неверојатно слично име "Рагх е модар".Разликата е што бугарскиот под нозете гази лав а афганистанскиот гази змеј (змија).

Во Бугарија мадарскиот коњаник се поврзува со богот Тангра.Во Афганистан со богот Митра.Во бугарија коњаникот е од крај на 7 почеток на 8 век.Во Афганистан е од век и половина подоцна (10 -11 век).

Бугарите се трудат да ги докажат своите персиски корени откако со анализата на бугарската ДНК се покажа дека немаат скоро ништо од некаква словенска крв а по анализата на крвта на памирците и Афганите се доаѓа до заклучок дека постои сличност поголема од 40%.





Човек не може да не се запраша како народ кој имал писменост 20 века пред нашата ера (кунеиформите) не донел никаква писменост во новата татковина преку Дунав па под коњаникот "пишувал "на грчки?


Како од 702 (Хан Тервел со кој се поврзува рељефот на коњаникот) до 867 (Кирил и Методиј) овој народ го заборавил својот јазик и култура и почнал нагло да говори и да пишува "на славјански"?

Тоа е само век и половина .Ако е точно датирањето на Афганистанците,тогаш ги нема ни тие .Кирил и Методиј се современици на коњаникот.

Некој некаде дебело лаже.

Или Кирил и Методиј не измислиле никаква словенска азбука,или Бугарите и нивниот јазик немаат ништо заедничко со славјанската азбука и писменост.

Да ,крвта не е толку битна.Битен е мајчиниот јазик и културата за некакво национално самоспознавање.Кој бил мајчиниот јазик на луѓето кои денес немаат " словенски " гени а се фалат дека ја смислиле и распространиле словенската кирилица?

Веројатно афганистански .

No comments:

Post a Comment