Search This Blog

Thursday, December 8, 2011

Лав Ѓакон-Историја



Свјатослав I Игорович

Лав Ѓакон e византиски историчар и хроничар. Кобожем роден околу 950 во Калое во Мала Азија и се школувал во Константинопол, каде станал ѓакон во царската палата. Додека бил во Цариград ја напишал својата "Историја" која го покрива  владеењето на Роман II, Никифор II,Јован Цимиски, и почетокот на владеењето на Василиј Втори. Често, неговите забелешки се базирани на неговите искуства како очевидец(?) на настаните кои ги опишува. Неговиот стил на пишување е опишан како "класичен", бидејќи употребувал јазик кој потсетува на оној на Хомер и други антички грчки писатели како Агатиас. 

Лав е особено познат за неговите описи како очевидец на Свјатослав I од Киев, кој ја нападнал Бугарија во 969 година и се борел против силите на Византија за оваа територија.

Превод

8. Многу проблеми ја вознемируваа душата на царот Јован(Цимиски,м.з.), пред него лежеа три пата, а тој не знаеше кој да го избере за да не отстапи од вистинската насока. Недостатокот на резерви со храна и насекаде раширената глад за три години ја проголта Римската држава , за загрозеноста  ништо добро не предвидуваше и  инвазијата на Русите , Картагените и Арапите планираа да ја нападнат ново освоената од Ромеите сириска Антиохија . Во врска со  заканата  од  неодоливото зло -  гладта, тој [Јован] со брза испорака на резерви од сите пристаништа претпазливо го пресече влијанието на оваа катастрофа. Инвазијата на  Агарјаните(муслимани?,м.з) тој ја запре со помош на источната војска под команда на патрикијот Николај , кој, како дворски евнух на  царот, беше насобрал многу борбени искуства во воените работи.

А со катархонтот на  војската на  Русите, Сфендослав, тој реши да се преговара. И потоа [Јован] испрати до него посланици да му кажат дека тој  откако го добил ветеното од царот Никифор за нападот на Мизија , да се оддалечи во својата област на Кимерискиот Босфор , оставајќи ја Мизија , која е во сопственост на  Ромеите и одамна се смета за дел од Македонија. Велат дека Мизите, се отселиле од северните Котраги (кутригури,м.з) , Хазари и Хуни и , ги напуштиле своите домови и талкале низ Европа а  ја зафатиле  во времето на владеење на  тогашниот римски цар Константин наречен Погонат оваа [област], и се населиле во неа; по името на својот основач Булгар  земјата станала позната како  Бугарија .

9. Има околу нив и друга приказна, отприлика со следнава содржина. Кога Леонтиј му го отсекол носот на царот  на римјаните Јустинијан, (Јустинијан Втори- застанал на престолот во 685 соборен во 695 прогонет на Херсон, тој избегал прво кај Хазарите, а потоа и во Бугарија. Во 705 година Јустинијан доведе бугарски војници , отиде на Цариград и го собори Тибериј III. Убиен е во 711 м.з), и го избрка во  Херсон, тој смислено, избега во Меотида (област на Азовско море,м.з) и го сврте на своја страна народот на Мизија , ветувајќи им големи награди, ако тие го вратат на власт.Мизите го следеле [Јустинијан втори], и кога тој повторно дошол на престолот, ја добиле од него  областа на тој дел од Македонија, каде што тече Истр (Дунав, м.з. Овде наводно Лав Ѓакон прави грешка бидејќи според Теофан и Константин порфирогенет на Бугарите Јустинијан им ја дал територијата во областа Загорје(денешен Сливен) ,a Георги Арматолос-Грешник вели дека" Јустинијан му дал на Тервел многу дарови и областа Загорје",ако е така,и ако областа веќе се викала Загорје,значи дека била населена со словени или домородно население кое нема врска со словени,м.з.). Тие се преселиле таму и, како и секогаш милитантни, ги нападнале границите на Тракија, нанесувајќи голема штета на ромеите, и земајќи луѓе во ропство. Сепак, Римјаните се бореа против нив,   и тие [Мизите] не можејќи да одолеат на смелите [Римјани],  се криеа во шумите во  заседа и ги поразува на незгодни борбени места. Од тогаш имало многу битки, во кои загинале храбри воини, како стариот цар Никифор ,кој  исто така, загина од Мизите, само Константин Копроним (Константин V, син на царот Лав III, се искачил на престолот во 741,м.з) ја  победи Мизија, а по него - неговиот внук Константин, синот на царицата Ирина, и во наше време царот Јован(Цимисхи) го  освоил нивниот град. Историјата не зачувала спомен за некој друг странец,освен Римјаните, кој ги победил на нивната земја Мизија . Но, толку [да се напише] за нив.
10. Сфендослав бил многу горд на неговите победи над Мизите,тој  многу цврсто ја завладеа нивната земја , и сите ги задои со варварска дрскост и ароганција. Опфатените со ужас и исплашени Мизи(Бугари,м.з.) тој ги убиваше со вродена свирепост: тие велат дека,во битката за завземање на Филипополис (денешен Пловдив), тој, во неговата брутална жестокост набил на кол дваесет илјади преостанати  жители на градот , а со тоа и го смирил [обуздал] секој отпор и обезбедил послушност. На римскиот пратеник  [Сфендослав] му одговорил горделиво и дрско: "Јас ќе си заминам надвор од оваа богата земја, но не пред да примам голем паричен данок, и откуп на сите заробени од мене за време на војната за градот и сите негови затвореници. Ако Римјаните не сакаат да го платат она што го барам,  веднаш нека се чистат од  Европа, на која тие немаат право, и да си се приберат во Азија,  во спротивно нека не се надеваат да склучат мир со Тавроскифите(Скити,м.з).

Царот Јован, кога добил таков одговор од Скитот, повторно испратил посланици,со  инструкции да му го кажат следново: "Ние веруваме дека Промислата ја контролира  вселената,и ги исповедаме сите христијански закони, а со тоа и ние веруваме дека тие не треба сами да го уништиме наследениот од татковците и неизвалкан ,  да бидеме благодарни за, воспоставениот и непоколеблив мир од Бога(ги има предвид мирните договори на Византија со русија од 907, 911 и 944 г,м.з.) .Тоа е причината зошто ние силно ве убедуваме и ве советуваме, како пријатели, веднаш, без одлагање или оправдувања, да ја напуштите земјата, која не ви припаѓа.Знајте дека ако не го послушате овој добар совет, не ние, но вие ќе бидете прекршители на склучениот мир во стари денови . Нека нашиот одговор не ви изгледа дрзок, ние веруваме во бесмртниот Бог - Христос, и ако не ја напуштите земјава, ние ќе ве изгониме од неа, против вашата волја. Верувам ,дека не си го заборавил поразот на твојот татко Ингор (Игор владеел од 912. Ги обединил источно словенските племиња меѓу Дњестар и Дунав, во 941 презеде неуспешна кампања против Византија, во 944 склучил договор со неа.м.з), кој кога ја презре заклетвата , доплови кон главниот град на нашата земја со една огромна армија од 10 илјади бродови,  а на Кимерискиот Босфор пристигна со едвај десетина брода, самиот предвесник на својата беда. Јас нема да ја  спомнувам [повеќе] неговата  лоша судбина, кога, откако тргна во поход против Германците , беше заробен од нив , врзан за дрвата и искинат на две парчиња. Мислам,ако и ти не се вратиш во својата татковина, ако ја принудиш ромејската сила  да ти се спротивстави - ќе те снајде несреќа тука, со целата твоја војска, и ни еден факелоносец нема да  пристигне во Скитија, за да извести каква страшна судбина те снашла ".

Оваа порака Сфендослава го налути, и тој  опфатен од разбојнички бес и лудило, го испрати овој одговор: "Јас не гледам никаква потреба за царот на Римјаните да  брза кон нас, и нека не си ги  исцрпува своите сили со  патување во оваа земја - ние сами наскоро ќе ги распнеме  своите шатори на Византиските порта  и ќе подигнеме силни бариери околу  градот , и ако тој дојде до нас, ако се осмелува да се спротивстави на ваквите сериозни тешкотии, ние храбро ќе го пресретнеме и ќе му покажеме на дело, всушност, дека ние не сме некакви занаетчии, кои произведуваат за живот со своите раце, туку мажи од крв, кои со оружје го поразуваат непријателот. Се прашувам зарем тој во лудилото свое ги смета Русите за жени и се труди да не преплаши со закани како да сме бебиња, кои се плашат од секакви страшила. "

11. Добивајќи го известувањето за овој безумен говор, царот одлучил веднаш со сета внимателност да се подготви за војна ,со цел да се спречи инвазијата  [на Сфендослав] и да го блокира неговиот пристап до главниот град. Тој веднаш собрал еден одред од храбри и одважни мажи, кои ги нарекол "бесмртни" и наредил да останат со него. Потоа тој му [наредил]на магистерот Вардас, наречен Склирас (ок. 920 — март 991,м.з.). брат на неговата покојна сопруга Марија,  маж, одважен и исклучително храбар, и патрикиј Петар, кого царот Никифор за својствената храброст и славни воени подвизи го назначи за стратопедарх (велат дека за време на нападите на Скитите во Тракија, кога Петар, и покрај фактот што бил евнух, се случило да стапи со своите војници против нив во една битка, во  простор меѓу редовите на коњ дојавал лидерот на Скитите, човек од голема височина, безбедно заштитен со панцир, и тресејќи го долгото  копје, почнал да повикува кој сака да се бори против него, и тогаш Петар, исполнение на смислата за храброст и одважност, силно се свртел и со таква сила  со двете раце  го забил своето копје во градите на Скитот ,што врвот го пробол телото и излегол  зад грбот, не успеал да го заштити гигантот ни панцирниот оклоп, и тој ,не испуштајќи никаков звук, се протегнал на земјата, а Скитите,поразени од необичниот, исклучителен спектакл, избегале.

- тогаш на [двата] генерали царот им нареди да ја соберат војската и да се упатат кон блиската граница со Мизиската земја. Тие добија заповед да ја поминат зимата таму , вежбајќи ги војниците и обиколувајќи ја земјата, за таа да не  претрпи никаква штета од скитската инвазија. Исто така, беше наредено да се испратат во [окупираните] области од непријателите ,луѓе облечени во скитска облека, кои ги владеат двата јазика , за да дознаваат за намерите на непријателот, а потоа да му го соопштуваат тоа на императорот. Откако добија  такви наредби од царот, [воените водачи] дојдоа во Европа.

No comments:

Post a Comment