Search This Blog

Loading...

Thursday, December 8, 2011

Благодарност

Шета атеист по шумата и се восхитува:
- Какви прекрасни дрвја!
- Каква прекрасна река!
- Какви прекрасни животни!
Додека така шета крај реката, слуша шушкање во грмушките. Се врти и гледа гризли од три метри како го напаѓа . Почнува да трча најбрзо што може по патеката. Гледа преку рамо,мечкиштето се повеќе му се приближува. Се сопнува и паѓа. Почнува да станува и гледа мечокот се наведнува над него и ја подига шепата да го зграпчи.
Во тој миг атеистот почнува да цимоли "O, БОЖЕ МОЈ!"
Неочекувано ,времето запира. Мечката се замрзнува во место. Шумата стивнува. Се појавува силна светлина, а од небото грми глас:
- Го негираш моето постоење цел живот, ги учиш другите дека не постојам, а создавањето на животот и го припишуваш на некоја космичка случајност.Очекуваш ли да те спасам од оваа невоља? Треба ли да те сметам за верник?
Атеистот со трепкање погледнува во светлината.
- Би било лицемерно сега од тебе да барам да ме сметаш за христијанин,но,можеби би можел мечокон да го направиш верник?
- Добро,рече гласот.
Светлината ја снема. Шумата оживе. Мечката ја спушти шепата, ги склопи рацете, ја подигна главата кон небото и рече:
- Господи, благослови ги даровите кои ги примам . Амин.

No comments:

Post a Comment