Search This Blog

Loading...

Wednesday, December 7, 2011

Була-Bulla

Наводно за време на „византискиот„ период, биле широко користени оловни були за запечатување и идентификација на испраќачот на писма и пратки.За да се отпечати сликата од оловната була ,се користел железен инструмент во форма на клешти-булотерион.
Потоа се обмотувал гајтан околу пакетчето на документот и краевите му се протнувале во каналче на празен оловен диск, печатот се ставал помеѓу изгравираните плочки меѓу вилиците на булотерионот.Булотерионот се удирал со чекан за да се остави отпечатокот и да се затвори каналот во кој се наоѓале врвките.Запечатена со ваква була ,пратката не можела да се отвори без видливо да се оштети или булата или гајтанот и така пратката со сигурност стигнувала неотворена до примачот.



Со проучување на печатите се занимава Сигилографијата како наукакоја и помага на историјата.
Поважните личности секако дека имале златни були .Наводно во 10 век Папата и  суверените на големите држави имале златен печат кој тежел две  „златни пари„( околу 9 грама) а кралот на Ерменија,патријарсите на Александрија , Антиохија и Ерусалим имале були со тежина од три златни пари.Печати со тежина од 4 златни пари биле резервирани за Калифот од Багдад а Султанот на Египет имал печат од 18 златни пари или цели осумдесет и два грама(CONSTANTINE VII PORPHYROGENITUS, DE CERIMONIIS AULAE BYZANTINAE)

No comments:

Post a Comment