Search This Blog

Loading...

Thursday, December 8, 2011

Џон Дон-ама не спие,ѕвер е

WOMAN'S CONSTANCY

By John Donne

Now thou hast loved me one whole day,
Tomorrow when thou leav'st, what wilt thou say?
Wilt thou then antedate some new-made vow?
Or say that now
We are not just those persons which we were?
Or, that oaths made in reverential fear
Of love, and his wrath, any may forswear?
Or, as true deaths, true marriages untie,
So lovers' contracts, images of those,
Bind but till sleep, death's image, them unloose?
Or your own end to justify,
For having purposed change, and falsehood, you
Can have no way but falsehood to be true?
Vain lunatic, against these 'scapes I could
Dispute, and conquer, if I would,
Which I abstain to do,
For by tomorrow, I may think so too.
1633

ВЕРНОСТА НА ЖЕНАТА

Ej, ти ме сакаше цел ден еден
Утре кога ќе заминеш ,каков изговор ќе смислиш беден?
Ќе антидатираш ли некој завет новопечен?
Или, дека сега, ќе ми речеш

Ние едноставно не сме истите луѓе кои сме биле?
Или, дека заклетвите дадени во страв силен
Од љубовта, и неговиот гнев, може секој да ги скине ?

Или, како што вистинските умирачки,ги кинат вистинските бракови,
Така договорите на вљубените, нивниот одраз,
Врзуваат ,се дур дремката, сликата на смртта,не ги сотре?

Или за твојот крај оправдан да биде,

Зашто си имала намера за промена и лага,па вака
Немаш ти друг начин, но лагата вистина да ја правиш?

Горда лудачо, би можел против овој забеган акал
Да се бунам, и да победам, кога би сакал ,
Но се воздржувам чисто,
Затоа што до утре, може и јас да размислувам исто.

(Кај го најде па Ристо?)

1633 исто ко да е денес

1 comment:

  1. Џон Дон
    Верноста на жената

    Машала, па ти веќе си ме сакала цел ден еден!
    Утре ко`ќе заминеш, имаш ли изговор вреден?
    Или тогаш ќе извадиш некој завет новопечен
    според кој под стар датум ќе може да се рече
    дека денес во тебе нашето вчера веќе не тече?
    Или, од страв силен се роди љубовниот ќеф
    па затоа заветот може да се раскине од гнев?
    Или, како што умирачки браковите ги ништат
    така и љубовните завети врзувачки нé тиштат
    сал дур`не ги заборавиме во нашите сништа?
    Или, ти сал за измамна промена со мене се фати,
    за егленџе да ме гушкаш и блудно да се клатиш
    а сега немаш друг начин туку со лага да платиш?
    Суетна алапачо, јас твоите изговори, ако сакам,
    ќе ги победам со малото прсте на мојата рака,
    ама се воздржувам зашто може утре ќе морам
    ова твоето на некоја друга и јас да ú го сторам.

    ReplyDelete