Search This Blog

Loading...

Wednesday, December 7, 2011

Кристодорус од Коптос


Christodorus (грчки: Χριστόδωρος,подарок од Христа), е наводно грчки епски поет од Коптос во Египет, работел во време на владеењето на Анастасиj I (491-518).


Според Suidas, тој е автор на Patria (Gr. Πάτρια), записи за основањето, историјата и антиквитетите од различни градови, Lydiaka (Gr. Λυδιακά), митска историја на Лидија; Isaurica (Gr. Ἰσαυρικά), прослава на победата на Анастасиј во тн Исавриска војна (492-497), три книги епиграми и многу други работи.

Во епиграмите тој опишува 80 статуи на богови,херои и славни луѓе во гимназиумот на Зеуксипус и Константинопол(Истанбул).(Ἔκφρασις τῶν ἀγαλμάτων τῶν εἰς τὸ δημόσιον γυμνάσιον το ἐπικαλουμένον τοῦ Ζευξίππου) текст од 416 хексаметри.

Пишувал во стилот на Хомер и Нонус(Nonnus) .Критичарите главно го сметаат за безвреден од историска митолошка и археолошка гледна точка.

Во својата колекција епиграми со опис на колекцијата статуи во Константинопол има опис на неколку римски статуи Јулие Цезар,Виргилиј(излеан како римски Хомер),Апулеј и Помпеј.

Статуата на Помпеј е комплетна аномалија на „збирката„ која наводно стоела во Константинопол.

Збирката наводно била правена од Константин велики со носење на статуи од градовите во цело„ римско царство „со цел да се украси „Новиот Рим„кој бил набрзина претворен во престолнина и немало време пополека да се накити како „стариот Рим„ во Италија.
Еве што напишал „неценетиот„ Кристодорус :

καὶ πρόμος εὐκαμάτων Πομπήϊος Αὐσονιήων,φαιδρὸν ἰσαυροφόνων κειμήλιον ἠνορεάων,στειβομένας ὑπὸ ποσσὶν Ἰσαυρίδας εἶχε μαχαίραςσημαίνων, ὅτι δοῦλον ὑπὸ ζυγὸν αὐχένα Ταύρουεἴρυσεν ἀρρήκτῳ πεπεδημένον ἅμματι Νίκης·κεῖνος ἀνήρ, ὃς πᾶσιν ἔην φάος, ὃς βασιλῆοςἠγαθέην ἐφύτευσεν Ἀναστασίοιο γενέθλην.τοῦτο δὲ πᾶσιν ἔδειξεν ἐμὸς σκηπτοῦχος ἀμύμωνδῃώσας σακέεσσιν Ἰσαυρίδος ἔθνεα γαίης.


Помпеј,лидерот на успешните Римјани во нивниот походпротив Исавријците,ги гази под нозе Исавриските,мечеви со значење дека тој го ставил врз вратот на Таурус оглавот на ропството и го врза со силен ланец на победата.Тој беше човекот кој беше светлина на сите и татко на благородниот род на ИМПЕРАТОРОТ Анастасиј. Ова мојот извонреден суверен им го покажа на сите, самиот уништувајќи ги со сопствените раце племињата на Исаврија.
Gnaeus Pompeius Magnus,попознат како Помпеј (106 -48 пне),римскиот Алаксандар Македонски(Плутарх),,не можел никако да биде ни татко на Анастасиј ни татко на родот на Анастасиј(491-518) бидејќи не само што ги делеле 500 години,туку Анастасиј бил „Илир„роден во Драч од татко Помпеј(?) и мајка Анастасија Константина .Имал едно црно и едно сино око и го викале „дикорос„-дуплоокиот.

Првата жена на на Помпеј била Јулија, ќерка на славниот Гај Јулие Цезар која умрела при породување а втората на непријателот на Цезар, Метелус Сципио со која имал син Секстус Помпеј.

Единствена поврзаност на Помпеј со Драч е опсадата и борбата за Драч (49 ПНЕ)меѓу Цезар и Помпеј (граѓанска војна).Помпеј победил и можеби оставил потомство во Драч.

Откако Помпеј изгубил од Цезар,побегнал во Египет каде бил убиен уште пред да стапне на брегот.Главата и прстенот му му ги испратиле на Цезар кој како благодарност ги убил неговите убијци (Плутарх).

Во друга приказна Цезар ја ставил главата на Помпеј во храм на Немесис во Александрија (Апиан).

Според трета, Помпеј си го предвидел обезглавувањето со претходно носење на свој огромен портрет опточен со бисери за време на неговиот најголем Триумф(Плиниј).

Значи,таткото на Анастасиј не можел да има статуа во Константинопол затоа што бил ноубади.
Помпеј не можел да биде ни татко ни дедо на Анастасиј.За што ни зборуваат стиховите на Кристодорус?

Не за историја ,туку за приказни и легенди кои вријат со анахронизми.Проста литература и фикција .И тоа не затоа што Кристодорус не бил доволно „ерудит„,туку затоа што науката не смее да се потпира на фикција во реконструирањето на историјата на човештвото пред 19 век.


No comments:

Post a Comment